Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Голем хакерски напад: Украдени податоци на речиси девет милиони луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarynmm28c7kfusecSt2Dit
Photo by Mika Baumeister on Unsplash

Хакери го нападнале централниот регистар со список на лица и нивните адреси во Данска, со што бил овозможен пристап до податоците на 8,8 милиони луѓе, соопшти данското Министерство за дигитализација.

„Националната управа за регистрација (CPR) утврди дека неовластени лица незаконски добиле пристап до имињата, адресите и CPR-броевите (еквивалент на бројот на социјално осигурување) на околу 8,8 милиони регистрирани лица (живи, починати, лица кои се иселиле и други)“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Истрагата е во тек, но во оваа фаза сторителите сè уште не се откриени, навел истиот извор. Пристапот до податоците бил овозможен преку легален пристап што го имала една данска компанија. Тој пристап во меѓувреме бил отповикан.

Управата во петокот била известена за „аномалија“ во системот CPR, која се случила „во текот на септември“.

— реклама —

„Ова е исклучително сериозен инцидент“, изјавила министерката Кристина Егелунд, се наведува во соопштението за јавноста.

— реклама —

„Заедно со сите релевантни институции, работиме на утврдување на целосниот обем на инцидентот“, додала таа.

По истекувањето на податоците, управата соопштила дека презела мерки за спречување слични инциденти во иднина.

Националниот регистар содржи податоци за 11 милиони луѓе. Освен лицата кои моментално живеат и престојуваат во Данска, во него има информации и за починати лица, како и за оние кои ја напуштиле земјата.

Лицата со заштитена адреса и име не биле опфатени со истекувањето на податоците, се додава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5n4c2jegf1a93g1Plnf

Данска ќе дозволи наставниците да применуваат физичка сила за одржување на редот во училиштата

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
mark-rute-1

Руте повика на смиреност по предупредувањето на Данска за руските закани кон НАТО

Свет | пред 1 месец

media-library305fakfeaf3c7CRRyVE

Данска со предупредување: Расте ризикот од руски напад врз НАТО

Свет | пред 1 месец

media-library5u2tjo7v93p733khP5v

(Видео) Во Данска, ако наполниш 25 години, а не си во брак, пријателите те врзуваат и те полеваат со цимет

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања