ДЕТЕ

lefkada-brza-pomos

Едноиполгодишно дете од Радовиш во болница – најверојатно испило таблета

Дете на возраст од една и пол година заврши во болница откако, според пријавата на неговиот татко, во семејната куќа во Радовиш најверојатно испило таблета. По укажаната итна медицинска помош, детето е пренесено во Клиничката болница во Штип.-На 07.09.2025 во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна на неговиот татко, околу 17:00 часот во семејната куќа најверојатно испило таблета. Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош, соопшти МВР.

Македонија | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Мопед удри 13-годишно дете во Лојане кое е тешко повредено, возачот побегнал

Вчера околу 21:10 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат од село Лојане кон граничниот премин Миратовац, кај селото Лојане во општина Липково, мопед удрил во 13-годишно дете од истото село. По ударот, возачот со мопедот го напуштил местото на несреќата.Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Куманово. На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот.

Македонија | пред 5 месеци

Vardar

И денеска се трага по тинејџерот кој потона во водите на Вардар

Потрагата по 16-годишното дете кое вчера потонало во водите на Вардар кај селото Улаци, Градско, продолжува и денеска.Ангажирани се екипите на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-нуркачи, како и Специјалните сили - Волци, припадници на Армијата. На терен има и тим од ДЗССВР Велес вчера информираше дека кај нив било пријавено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, паднале во водите на реката.26-годишната девојка била пронајдена жива и извлечена од водата, додека за 16-годишното дете сѐ уште се води интензивна потрага.

Македонија | пред 6 месеци

20180506_040611-1

Петгодишно дете питачи со таткото – пријава за запуштање и малтретирање

Маж од Скопје (30) е кривично пријавен поради сомнение за запуштање и малтретирање на дете. На 10 јули во Дебар, полицијата го затекнала додека питачел на улица заедно со неговата петгодишна ќерка.Повикани биле Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, а лицето било веднаш приведено. Случајот е процесуиран со кривична пријава по член 201 од Кривичниот законик.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-04-0670PM

Едногодишно дете од Липково хоспитализирано поради труење со лекови – полицијата ја истражува инцидентната ситуација

Едногодишно дете од селото Отља во Општина Липково било хоспитализирано поради сомнително труење со лекови, информира Секторот за внатрешни работи Куманово. Медицинскиот персонал од Општата болница Куманово го пријавил случајот вчера во 18:31 часот.Полицијата го спровела разговорот со лекарот и родителите на детето, а за настанот бил известен и јавниот обвинител.Од СВР Куманово посочуваат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расветлување на случајот и утврдување на точните околности на труењето.фото: архова/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

klinikimajka-tereza

Дете пронајдено во безсознание во базен во дворот – итно пренесено на Клиника

На 20 јули 2025 година, околу 20.30 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Општата болница „Борка Талески“ е донесено едноиполгодишно дете во безсознание.Според пријавата, родителите С.И. и Б.Т. од село Заполжани, општина Долнени, го пронашле детето во базен во нивниот двор и веднаш го однеле во болница. По укажаната лекарска помош во Прилеп, детето е префрлено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Полицијата работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 месеци

bitpazar

Нападнато 13-годишно дете со остар предмет во парк на Бит Пазар

Денеска (18.07.2025) во 00.10 часот, во СВР Скопје, Х.Е.(45) пријавил дека на 17 јули околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Бит Пазар, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од неколку машки лица.Едно од лицата употребило остар предмет и му нанело повреди на детето. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

skopje-zagadeno-zgradi

Дете падна од зграда во Скопје

Синоќа после полноќ во Итната медицинска помош било пријавено дека двегодишно дете паднало од втор кат од зграда во Скопје, информираше за Утринската програма на Телма претставник од лекарскиот тим на Итната медицинска помош.Детето е пренесено на Ургентен центар, нема тешки телесни повреди и е свесно. Засега нема информации како се случила несреќата.Според првичните информации, несреќата се случила во Аеродром, а по првиот повик до Итната помош, блиските го донеле двегодишното дете во поликлиниката Јане Сандански каде има дежурен лекар и пункт на Итната помош.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања