Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ДИК

Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

Излезноста во странство е 25,38%, во затворите 60,46% за претседателските

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1.815.350 гласачи.На 31 гласачко место во дипломатско конзуларните претставништва во странство, 2.569 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаа можност да го остварат своето гласачко право за избор на Претседател на државата. Во дијаспората не се спроведе гласање за парламентарните избори поради неисполнетост на минималниот број гласачи пријавени за гласање за да може да се спроведе гласањето.Се уште се отворени шест гласачки места во дијаспората каде гласањето ќе трае до 19 часот според временската зона на земјата каде што се гласа.До 19 часот, според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство за претседателските избори изнесува 652 гласачи, односно 25.38 %. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени седум избирачки места каде што сеуште трае гласањето.14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2.147 гласачи за претседателските избори и 2140 гласачи за избор на пратеници во Собранието, се затворени. Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1298 гласачи или 60.46% од запишаните за претседателските избори, односно 1397 гласачи или 68.72 % за парламентарните избори.Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеа да го остварат и 2 гласачи кои се водат како внатрешно раселени и истите го оствариле своето право и за двата вида на избори. Гласачкото место во центарот за раселени лица е затворено.Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени за претседателските и парламентарните избори.Од вкупно 534 гласачи од 20 центри, гласале 401 гласач или 75.09 % за Претседател на државата односно 400 гласачи од 20 центри или 74.91% гласале за избор на пратеници.Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 8926 односно 80.45% болни или немоќни лица за претседател на државата односно 10036 или 92.04 % за пратеници во законодавниот дом.Потсетуваме дека Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на двата вида на избори на 1303 домашни, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, Х, Инстаграм и каналот на Јутјуб. Таму можете да најдете правовремени и точни информации поврзани со изборите.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

До 9 часот гласале над 20 илјади граѓани

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во своето прво обраќање информира дека гласањето утринава се одвива непречено, се гласа на 1.480 гласачки места во 80 општини, а право на глас имаат вкупно 1.814.317 граѓани.Од нив до 9 часот гласале 25.744 гласачи, па според тоа излезноста на првиот круг претседателски избори до овој пресек е 3,85% .Даштевски рече и дека до сега до нив стигнале 12 приговори за заштита на личното избирачко право, односно од лица кои не можеле да се пронајдат во избирачкиот список.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-10.55.02

Следете излезност во живо и проверете како котираат градовите и општините

Преку алатката на Државната изборна комисија, во живо можат да се следат резултатите во однос на излезноста. Според последните информации, до 9 часот правото на глас го искористиле 70.846 гласачи, од вкупно 1.814.317 избирачи.Следете во живо:

Македонија | пред 1 година

FotoJet-41

Упатство на ДИК за гласање

Државната изборна комисија изготви Упатство со правила за гласањето. Упатството е објавено на нивната ВЕБ страна.18 правила за гласање:1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП каде е определено дека може да се гласа.2. По доаѓањето на избирачкото место на граѓанинот најнапред му се проверуваат документите за лична идентификација, и тој се потпишува во изводот од Избирачкиот список. Потоа член на избирачкиот одбор му издава гласачко ливче на кое на предната страна мора да му стави печат.Избирачкиот одбор на гласачите им го објаснува начинот на гласање и им овозможува да гласаат.3. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право.4. Гласачот го приложува документот за лична идентификација – важечка лична карта или патна исправа, односно лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од 24 јули 2023 до 24 април 2024 година.Освен важечка лична карта или пасош за гласање не се прифаќаат документи како возачка дозвола, здравствена книшка, ученичка и студентска легитимација и друго.5. Гласачот става отпечаток од показалецот од десната рака на уредот за биометриска идентификација, а доколку гласачот нема десен показалец се зема отпечаток од показалецот од левата рака или во случај на гласачот да му недостигаат овие два прста се зема отпечаток од наредниот прст од десната рака.6. Доколку гласачот нема две раце гласачот се внесува во техничката опрема со пребарување преку неговиот единствен матичен број.7. Доколку УБИГ не може да најде совпаѓање на отпечатокот од прсти со отпечатокот од прсти на гласачот во електронскиот избирачки список, гласачот се внесува во УБИГ преку отчитување на личниот документ на МРЗ скенерот или преку внесување на единствениот матичен број (ЕМБГ), а потоа гласачот става отпечаток од прст на УБИГ.8. По потврдувањето на идентитетот, гласачот го става својот потпис во изводот од Избирачкиот список.Ако избирачот кој се наоѓа во Избирачкиот список е неписмен или има физички недостаток тој ќе стави отпечаток од десниот показалец на местото резервирано за потпис во изводот од избирачкиот список.Не смее да гласа избирач кој ќе одбие да се потпише во избирачкиот список.9. Гласачкото ливче се откинува од кочанот по нумерички редослед, се става печат на предната страна на местото определено за печат и потоа му се дава на гласачот.10. Гласачот добива едно гласачко ливче.11. Гласачот гласа сам, тајно зад гласачки параван.12. Гласачот гласањето го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред називот/името на листата со хемиско пенкало со мастило во сина боја.13. Превитканото гласачко ливче гласачот го става во гласачката кутија.14. Гласачот го подигнува документот за лична идентификација.15. Гласач кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со Изборниот законик, со себе има право да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето. Ако не доведе со себе лице кое ќе му помогне при гласањето, тогаш избирачкиот одбор ќе определи друго лице од редот на гласачите. Лицето не смее да влијае врз одлуката на гласачот.16. Забрането е семејното и групното гласање, како и гласањето за друго лице.17. Забрането е фотографирање на гласачкото ливче со мобилен телефон или апарат за фотографирање.18. Забрането е носење оружје на гласачкотoто место.Претставниците на подносителите на листите и акредитираните набљудувачи можат од непосредна близина да го следат утврдувањето на идентитетот на избирачот.Семејно и групно гласање и гласање во име на друг е забранетоНарушувањето на тајноста на гласањето е кривично дело. Со Уставот се гарантира правото на тајност на гласачите. Забрането е семејно и групно гласање и гласање во име на друг. Членовите на избирачките одбори се должни да ги спречат евентуалните обиди за нарушување на тајноста на гласањето. Семејното и групното гласање и гласањето во име на друг значат кршење на избирачкото право, претставуваат основа за нарушување на тајноста на гласањето и може да доведат до поништување на изборите.Член на изборен орган кој работи спротивно на одредбите на Изборниот законик може да заработи прекршочна пријава и глоба во износ од илјада до три илјади евра во денарска противвредност. Глоба во износ од 750 до 2.250 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на физичко лице кое гласа за повеќе лица или гласа во име на друг.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Заврши увидот во Избирачкиот список

Заврши увидот во Избирачкиот список како и можноста граѓаните да побараат промена, запишување или бришење на податоци во Избирачкиот список.Државната изборна комисија информира дека заклучно со 18.03.2024, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, увид на своите податоци во избирачкиот список направиле 6231 лице. 23 лица поднеле барање за промена на своите податоци, 29 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и 11 лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.Преку електронски пат заклучно со 18.03.2024, се провериле вкупно 56299 граѓани. Поднесени се 47 барања за промена на податоци, 9 барања за бришење на податоци и 24 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, ве информираме дека заклучно со 19 март 2024 година, до 9 часот, се пристигнати вкупно 2943 пријави од кои 2369 се прифатени, 396 се одбиени и 178 необработени пријави кои ќе бидат обработени во текот на денешниот ден.Регистрацијата на гласачите во дијаспората заврши денес, 19.03.2024 во 9 часот, поради продолжување на рокот за пријавување на гласачите. Причината за продлжување на рокот беше технички проблеми со интернет страницата www.dijaspora.sec.mk, кој траеше од 17 март 2024 година од 24 часот до 18 март 2024, 9 часот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

За да можат да гласаат: 7 лица поднеле барање за промена на податоци, 19 лица за запишување на податоци и 5 за бришење на податоци

Државната изборна комисија информира дека заклучно со 14.03.2024, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, увид на своите податоци во избирачкиот список направиле 4859 лица. 7 лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и 5 лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.Преку електронски пат заклучно со 14.03.2024, се провериле вкупно 22122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, 6 барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, ве информираме дека досега се пристигнати вкупно 1451 пријави од кои 1101 се прифатени, 159 се одбиени и 191 необработени пријави. Напоменуваме дека овие податоци се јавно достапни на веб страната www.dijaspora.sec.mk.Потсетуваме дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена , запишување и бришење на податоци од страна на граѓаните ќе може да се направи најдоцна до 18 март 2024 година, 24 часот.Апелираме, граѓаните да се проверат во избирачкиот список односно доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок.ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

За пратеник од дијаспората треба најмалку 5355 иселени гласачи да се регистрираат и гласаат

За избор на пратеник од седмата изборна треба да има најмалку 5355 гласачи кои ќе се регистрираат за гласање и исто толку треба да гласаат. Само вака, иселениците ќе ја добијат можноста да избираат пратеник од дијаспората.„За да биде отворено гласачко место во конзуларна канцеларија во странство, треба да бидат пријавени најмалку 10 гласачи. За да биде избран пратеник од седма изборна единица, треба да освои гласови колку што најмалку гласови имал пратеник од државата на последните избори - тоа значи дека треба има најмалку 5355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите дипломатски канцеларии во странство, за да има организирање на вакви гласови“, рече портпаролката на ДИК, Љупка Гугутчевска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Уште пет телевизии и три портали добија право на политичко рекламирање, на изборите ќе се гласа и со истечени документи

Државната изборна комисија на денешната 86 -та седница, направи измена и дополнување на Регистрите на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за избори за претседател на државата и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.Согласно чл.75 ѓ ст.11 од Изборниот закон, а врз основа на поднесени барања за упис и доставени корегирани ценовници кои радиодифузерите беа должни да ги достават во рок од 72 часа од моментот на приемот на известувањето, а истите беа навремено уредно доставени, Државната изборна комисија донесе одлука во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми(интернет портали) за избор на претседател на Република Северна Македонија и за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија да се впишат следните радиодифузери:ТЕЛЕВИЗИЈА ТВ КАНАЛ ВИСТЕЛЕВИЗИЈА 3 СКОПЈЕРАДИО 99 СКОПЈЕРАДИО ЗОНА М1РАДИО КАВАДАРЦИДржавната изборна комисија, согласно чл.75 ѓ ст. 7 од Изборниот закон, а врз основа на поднесени барања за упис и доставени ценовници, кои поради технички грешки беа испуштени да бидат впишани или беа погрешно напишани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми(интернет портали) за избор за претседател на Република Северна Македонија и избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, ги впишува односно корегира следните електронски медиуми ( интернет портали):www. timebalkan.comwww. infozona.mkwww. skopjeinfo.mkНа седницата, Државната изборна комисија ја извести јавноста дека согласно измените на изборниот законик, во избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на изборите, според актот за распишување на изборите, кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија. Податоците до Државната изборна комисија се доставуваат од страна на Министерството за внатрешни работи.Согласно преодната одредба од измените на изборниот законик која ќе се применува само за изборите во 2024 година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржување на изборите.На претседателските избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по било кој основ им истекле личните документи од 24.07.2023 година до денот на изборите односно до 24.04.2024 година.На парламентарните избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по било кој основ им истекле личните документи од 08.08.2023 година до денот на изборите на 08.05.2024 година.Државната изборна комисија на денешната седница одлучи да се направи измена на Упатството со Методологија за примена на член 21 став (2), (3) и (4) од Изборниот законик за избор на претседател, членови и нивни заменици во општинските изборни комисии и Изборната комисија на Град Скопје, врз основа на пресудата на Вишиот управен суд со која во општините во кои живеат најмалку 20% од граѓаните припадници на другите заедници каде се одразува принципот на соодветна и правична застапеност на сите заедници, изборот ќе се врши по национална припадност според Пописот на населението од 2021 година, притоа земајќи го предвид резидентното население.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-27-at-17.16.14

(Видео) Проверете дали ве има во Избирачкиот список

Државната изборна комисија на денешната седница го усвои Јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за избор на Претседател на Република Северна Македонија, 24 април 2024 и пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 08 мај 2024 година.„Државната изборна комисија ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија дека јавниот увид на податоците во избирачкиот список ќе започне на ден 28 февруари 2024 година и истиот ќе трае до 18 март 2024 година до 24:00 часот.Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа да го направат по електронски пат на официјалната веб страна на Државната изборна комисија, http://www.sec.mk или на следната адреса: https://izbirackispisok.gov.mk или лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список се поднесува писмено во подрачното одделение или канцеларијата на Државната изборна комисија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до Државната изборна комисија на следната адреса: upisis@sec.mk .Подрачните одделенија и канцелариите на Државната изборна комисија за време на траењето на јавниот увид, ќе работат секој ден во периодот 08:00 – 20:00 часот, вклучително во деновите сабота и недела како и за време на празници, а на 18 март 2024 година до 24:00 часот“, велат од Државна изборна комисија.?si=4RRr2Fby3obqgCmy

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-29-at-20.05.57

(Видео) Ги фати смеа во ДИК кога го читаа порталот „Слободни-благи десерти.ком“: Сме имале многу портали

Цели 14 минути и требаа на Димитрие Шеху од Државната изборна комисија за да ги исчита 249 портали, 37 телевизии и 35 радија кои се впишани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали кои смеат да прават платено политичко рекламирање. На момент, ја фати и смеа кога меѓу порталите се најде домеин со назив „слаткииблагидесерти.ком“ кој таа го прочита како „слободнииблагидесерти.ком“. На крајот, таа го искажа и својот впечаток, дека не знаела дека постојат сите овие портали во Македонија, кои сега чекаат кандидатите и партиите да се рекламираат кај нив. „Слушавте и вие, сите заедно, сме имале многу портали, што некои јас воопшто не ги знам. Овие портали ги исполнуваат условите“, рече Шеху.Одбиени се десетина портали кои не доставиле комплетна документација или документација која е со неважечки датуми. Требаше да се прочитаат сите медиуми и за вториот регистар, кој се однесува на рекламирање за време на парламентарните избори. За да се заштеди време, Шеху само резимираше.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања