Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ДИК

media-library037322h8vt3r5RDEYYM

(Видео) Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка

Група граѓани се собраа на протест пред седиштето на Државната изборна комисија, а меѓу нив беше и Суат Шаќири, победник и најверојатно прв градоначалник Албанец на општина Чашка.Иствремено се одлучуваше по пет жалби поднесени до ДИК за процесот на гласање во Општина Чашка. Од нив, четири се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, две за Горно Јаболчиште и една во Долно Јаболчиште. Една жалба во селото Мелница е поднесена од партијата СДСМ.Приговорите се за процесот на гласање, односно не работела биометриската опрема, а се гласало преку списокот на избирачкото место.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

Во 33 општини следува втор круг, во четири ќе се повтори гласањето

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните официјални резултати од локалните избори одржани на 19 октомври. Според податоците, во 43 општини изборот на градоначалник е завршен во првиот круг, додека во 33 општини ќе се гласа повторно на 2 ноември. Во уште четири општини гласањето ќе се повтори поради недоволен цензус.Излезноста на изборите изнесува 46,63 проценти, односно своето право на глас го оствариле 854.620 граѓани.Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно оригиналните записници од сите општински изборни комисии, втор круг ќе има во 33 општини.„Во вториот изборен круг за победник се смета кандидатот кој ќе освои повеќе гласови – без изборен цензус“, изјави Кондарко.Најголемо внимание привлекува изборот во Град Скопје, каде во вториот круг ќе се натпреваруваат Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.Во четири општини – Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа – гласањето ќе се повтори во рок од 60 дена поради недостигање на потребниот цензус од една третина од избирачите.ДИК ги објави и освоените советнички мандати по општини, со што официјално се заокружени првичните резултати од локалните избори за градоначалници и советници, како и за градоначалник и Совет на Град Скопје.Рокот за поднесување приговори за сумираните резултати започна синоќа во 22 часот и ќе трае 48 часа, односно до 22 октомври во 22 часот, додека рокот за приговори за текот на гласањето истекува денеска во 19 часот.Кондарко нагласи дека приговорите се поднесуваат исклучиво лично во ДИК, а не преку пошта или електронски пат.ДИК вечерва ги отфрли како неосновани приговорите поднесени од Група избирачи Билјана Ивановска (за градоначалник на Центар) и од Група избирачи Јане Димески (за советничка листа во истата општина).Со ова, како што истакна претседателот на Комисијата, се заокружува 147. седница на ДИК, бидејќи нема нови приговори за заштита на избирачкото право.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Гласовите за листата со починато лице во Скопје ќе бидат поништени – Управниот суд ја одби тужбата против ДИК

Политичка партија поднесе тужба против одлуката на Државната изборна комисија, која ја поништи нивната листа за Совет на Град Скопје поради тоа што на неа се најде починато лице. Управниот суд денес ја одби тужбата, со што одлуката на ДИК останува во сила.„Сите евентуални гласови за Совет на Град Скопје кои ќе бидат дадени за оваа политичка партија ќе се сметаат за неважечки. Такви насоки се дадени на избирачките одбори во Скопје,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Случајот стана јавен вчера, откако ДИК соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од еден политички субјект, било предложено починато лице. По добиените информации, Комисијата прибавила извод од матична книга на умрени и утврдила дека лицето не може да биде кандидат бидејќи нема лична и неотповиклива изјава за прифаќање на кандидатурата, како што налага Изборниот законик.„Поради тоа, ДИК ја поништи потврдената листа и писмено го извести Јавното обвинителство, кое ќе ги провери податоците и ќе постапи согласно своите надлежности,“ додаде Кондарко.Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи имало и во минатото.„И минатата година беше поднесена листа со починато лице, која ја отфрливме, а документите беа предадени на Обвинителството, што потоа отвори кривична постапка,“ рече тој.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

Починато лице предложено за советник во Советот на Град Скопје – ДИК ќе го извести Обвинителството

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од Движењето за национално движење на Турците, било предложено починато лице, со име и презиме Бејњеза Лутвиовска. Тие ја поништија потврдената листа предложена од политичкиот субјект.„На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Тој додаде дека Комисијата донела одлука писмено да го извести Јавното обвинителство, кое треба да ги провери податоците и, доколку утврди основ, да покрене соодветни постапки.„ДИК ќе ги достави сите документи до Обвинителството, согласно нивните законски надлежности,“ посочи Кондарко.Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи се случиле и претходно, наведувајќи дека и минатата година Работничката партија предложила починато лице на кандидатска листа.„Тогаш ја отфрливме листата и документите беа предадени на Обвинителството, кое отвори кривична постапка. Таква постапка е предвидена и за вакви случаи,“ изјави Дашковски.Случајот предизвика внимание во јавноста како нов пример за неажурност и пропусти при поднесување изборни листи, особено во период кога институциите апелираат за почитување на изборните процедури и законската транспарентност.

Македонија | пред 4 месеци

izbori-glasanje-11-92584

Измешани броеви: Грешка на гласачките ливчиња го стопираше гласањето на болните во Ново Село

Гласањето на болните и изнемоштените лица во Општина Ново Село утринава беше привремено прекинато поради техничка грешка во редните броеви на носителите на советничките листи на гласачките ливчиња.Според информациите, на овие локални избори во општината се пријавени околу 400 лица кои доставиле медицинска документација со која потврдиле дека не можат да излезат на избирачките места утре, па своето избирачко право требаше да го остварат денеска.Меѓутоа, избирачките одбори утрово не заминале на терен, откако било утврдено дека на гласачките ливчиња постои несогласување во редните броеви кај двајца носители на советнички листи.За инцидентот веднаш била информирана Државната изборна комисија (ДИК), од каде потврдија дека гласачкиот материјал е повлечен и се печати нов, за да може процесот да продолжи без дополнителни проблеми.„Избирачкиот материјал од Општина Ново Село е повлечен. Таму денеска ниту едно пријавено болно или изнемоштено лице нема гласано. Станува збор за гласачки материјал за советнички листи. Се дистрибуира нов и сите болни и изнемоштени лица ќе гласаат,“ соопштија од ДИК.Во струмичкиот регион вкупно се пријавени 1.308 болни и изнемоштени лица. Освен во Ново Село, денеска гласањето се одвива и во Струмица (514 лица), Босилово (232 лица) и Василево (162 лица), каде што, според информациите, гласачкиот процес се одвива без забележани проблеми.Според ДИК, гласањето на овие категории граѓани ќе биде спроведено во текот на денот, откако новиот исправен материјал ќе биде доставен до избирачките одбори.

Македонија | пред 4 месеци

izbori-makedonija-Copy

Жрепката на ДИК ги одреди броевите на партиските кандидати за градоначалници: СДСМ е под бројот 5, ВМРО-ДПМНЕ го има бројот 9

Ова е целосната листа со редни броеви под кои ќе бидат запишани партиските кандидати за градоначалници кои доаѓаат од редовите на парламентарните партии:Искуство за успехЗНАМДемократска партија на СрбитеНационална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИКоалиција за локални избори 2025 – СДСМЛевицаКоалиција ВленКоалиција за Зелена иднинаКоалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕНа дополнително жребување ќе се одредат и редните броеви на кандидатите кои доаѓаат од вонпарламентарните партии и независните граѓански листи.Според утврдениот календар, изборната кампања ќе започне во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на изборите.Граѓаните на 19 октомври ќе гласаат за избор на градоначалници и членови на општинските совети, додека евентуалниот втор круг на изборите е закажан за 2 ноември.

Македонија | пред 5 месеци

FotoJet-41

ДИК денеска извлекува редослед на листите за Локалните избори 2025

Државната изборна комисија денеска напладне ќе ја одржи жрепката со која ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидати за претстојните Локални избори 2025. Истовремено, на седницата закажана за 13 часот ќе се спроведе и жрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за изборната кампања.Според изборниот календар, кампањата започнува во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на гласање. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.Во изборната трка ќе се вклучат речиси сите поголеми партии, коалиции и независни кандидати. До вчера во ДИК беа потврдени вкупно 303 листи за кандидати за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје, како и 558 листи за членови на советите на општините и советот на главниот град.Од страна на општинските изборни комисии е пријавено дека за Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје дел од листите се уште се во постапка на отстранување неправилности – осум за градоначалници и 20 за советнички листи.ДИК со жрепката за билборди и паноа ќе ја утврди и распределбата на рекламниот простор. Максималниот број што може да го користат учесниците во кампањата е ограничен на 50 отсто од вкупниот број паноа и билборди на територијата на секоја општина или на Град Скопје, односно кај правните лица што стопанисуваат со тој простор.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryqkmmtv2172946cZk58L

Пропаднаа пет кандидати за градоначалници: ДИК отфрли пријави во Скопје, Бутел, Центар

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека досега се потврдени вкупно 303 листи за кандидати за градоначалници во општините и во Град Скопје, како и 558 листи за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје.Во дел од општините – Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје – постапката сè уште трае, бидејќи одредени кандидатури се враќаат на корекција поради утврдени неправилности. Во моментот, во процес на корекции се осум листи за градоначалници и 20 за советници.ДИК информира дека се отфрлени пет кандидатски листи за градоначалници – по една во општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.По комплетирањето на процесот ќе следи ждрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на единствената листа, закажана за 25 септември 2025 година.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Локалните избори ќе бидат поскапи

Тековниот изборен циклус веројатно ќе чини повеќе од претходните, но институциите имаат должност да овозможат учество на сите кандидати и политички субјекти, изјави вчера претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, во интервју за Радио Слободна Европа.Тој појасни дека конечната слика ќе биде позната по 13 септември, кога завршува рокот за поднесување кандидатски листи, но ДИК веќе се подготвува за прилагодување на формата и содржината на гласачкото ливче.„Можно е процесот да стане поскап, но ние сме должни да го спроведеме и да обезбедиме еднакви услови за сите,“ нагласи Кондарко.Претседателот на Комисијата посочи дека ДИК има овластувања да носи одлуки и упатства со цел непречено спроведување на изборните дејствија, особено во случај на голем број пријавени листи. Постапката за поднесување кандидатури на независни кандидати и групи избирачи, според него, е усогласена со законските одредби и правилно уредена преку правилник и упатство.Кондарко потсети дека дилемите околу потписите за независни листи се јавиле уште во мај, по одлуката на Уставниот суд, и нагласи дека ДИК не смее да го оневозможи учеството на избирачките групи. „Прашањето е веќе затворено, но учесниците ќе треба да исполнат и други законски услови,“ рече тој.Паралелно, Кондарко оцени дека е неопходен целосно нов Изборен законик, со појасни процедури и јасни правила, вклучувајќи финансирање на партиите, регулација на кампањите и улога на медиумите.До истекот на рокот за поднесување листи, ДИК ќе продолжи со усогласување на техничките аспекти – изглед на гласачкото ливче, распоред на кандидатите и логистика на гласањето – со цел да се обезбеди фер и непречено спроведување на изборите, дури и по цена на повисоки трошоци.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Независните кандидати не веруваат на збор, бараат писмена потврда од ДИК дека не им требаат потписи

Независните граѓански здруженија не веруваат во изјавата од Државната изборна комисија и ставање вон сила на Упатството за учество на изборите, со што според ДИК, нема потреба од собирање потписи како поддршка за кандидирање за градоначалници и советници. Тие бараат писмен документ од ДИК како потврда на кажаното.Недовербата оди до таму што ,,Шанса за Центар“, на својата Фејсбук страница објави дека продолжува со собирањето потписи за регистрирање политичка платформа за да ја избегне евентуалната правна замка.Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ставањето надвор од сила на упатството на Државната изборна комисија за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик не го нарушува изборниот процес за локалните избори. Тој вели дека ДИК има законска обврска да донесе ново Упатство.Мицкоски вели дека комплетно новиот Изборен законик е веќе подготвен и со месеци чека во Собранието, но е блокиран од нереалните барања на, како што вели, една опозициска партија.Блокадата била поради нереално барање кое никаде во светот не се применува, а тоа е членот во ДИК кој е од редовите на таа партија да става вето на одлуката на Комисијата и на Општинските избирачки одбори.Инаку на последните локални избори во 2021 година учествуваа 57 независни листи со кандидати за советници во 40 општини и освоија 56.000 гласови.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-10-02-142843

Кондарко повторно избран за претседател на ДИК

На денешната седница Собранието донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија по смената на власта во државата.За претседател на ДИК, на предлог на СДСМ, е избран Борис Кондарко, кој беше досегашен член на Комисијата. Потпретседател ќе биде Абдуш Демири од Беса.Досегашниот претседател Александар Даштевски, потпретседателката Дитмире Шеху и Оливер Ристевски остануваат во ДИК како членови.Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК бидејќи Бојан Стојаноски даде оставка, а Радица Ристеска замина во пензија.Кондарко веќе беше претседател на ДИК од 2011 до 2013 година кога поднесе оставка.

Македонија | пред 1 година

IMG_3888

ДИК се жали на притисоци: Трпиме закани од преставници на техничката влада

Шест од седум члена на Државната изборна се пожалија дека се понижувани, навредувани, изложени на неосновани и непримерени политички притисоци и закани.Стравот од заканите го имаат претседателот на ДИК Александар Даштевски и 5 члена на ДИК. За разлика од нив, ваков страв нема кај потпретседателката Дитмире Шеху, номинирана од ДУИ.Писмената реакција е потпишана од Даштевски, Ристеска, Кондарко, Стојаноски, Ристовски и Демири.За сите закани, притисоци и мешање на одредени партии и на поединци од техничката Влада, членовите на ДИК ја известиле амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР.Предупредуваат дрка вербалните напади може да преминат во лични напади на нивната сигурност.„За ДИК се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд“, посочуваат од Државната изборна комисија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

Реакција на ДИК за изјавите на политичките партии и владини функционери во врска со изборите

На Претседателот на ДИК, Проф.Др. Александар Даштевски и на членовите на ДИК, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш ДемириСо особена загриженост за настаните кои во јавноста се продуцирани од изјави на политички партии и носители на високи владини функции, кои се однесуваат на работата на ДИК во врска со постапувањето по приговорите за парламентарните избори, Ве известуваме дека покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите, сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК.Покрај тоа, а следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, исто така сме загрижени и дека е можно истите да преминат и во лични напади на нашата сигурност.Ве известуваме дека ДИК во целост професионално, транспаретно и само врз основа на закон ги спроведе изборите што е потврдено од сите домашни и меѓународни фактори.Исто така и покрај сите непријатности кои ги имаме, сепак со највисок степен на интегритет врз основа на јавна проверка на изборниот материјал ДИК ги утврди фактите и одлучуваше по приговори поднесени од различни учесници за 110 избирачки места, од кои врз основа на образложени докази усвои приговори за само 7 избирачки места за кои имаше правен основ, додека сите останати 103 избирачки места, беа одбиени како неосновани и за нив немаше поднесено тужби ниту еден учесник на изборите.Според тоа за ДИК се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд.За сето ова денес на средбата во ДИК беше известена и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР Џилијан Стрик.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-27-at-17.16.14

ДИК усвои приговори за седум избирачки места

Државната изборна комисија ги усвои следните приговори:Желино, ИМ 2101 поднесен од Коалицијата„ Влен“Охрид, ИМ 1272 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“Крушево, ИМ 1194 и ИМ1202 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“Струга, ИМ 1844 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“ и Коалицијата „ За Европска иднина“Долнени, ИМ 1470 и ИМ 1470/1 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“Останатите приговори за избирачки места во Битола, Ресен, Гостивар, Долнени, Струга, Кичево, Демир Хисар, Чаир, Гази Баба, се одбиени или повлечени. Секоја заинтересирана страна има право на тужба до Управен суд во рок од 24 часа по одлуката на ДИК, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесена тужба. После одлуката на Управниот суд, ДИК ќе излезе со конечен извештај за резултатите, односно доколку има избирачки места каде што ќе се поништи гласањето, дополнително ќе се направи симулација дали бројот на запишани гласачи во избирачките места каде што би се поништило гласањето, влијае на резултатот во распределба на мандатите. Во зависност од тоа ДИК по одлуките на Управниот суд, ќе донесе заклчок за евентуално прегласување на определени избирачки места.

Македонија | пред 1 година

dastevski-9182

ДИК прифати приговор на ,,Влен“ за избирачкото место во Желино

– Државната изборна комисија почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии за парламентарните избори.ДИК прифати еден приговор од „Влен“, а еден отфрли.Приговорот на ,, Влен”, смета мнозинството во ДИК влијаел на сумирањето на резултатите. Во шестката ,, Влен” има 7 пратенички мандати а Коалицијата предводена од ДУИ 9.Дитмире Шеху, потпретседателката на ДИК, предложена од ДУИ, на почетокот на седницата побара да бидат објавени записниците од гласањето на официјалната страница на Комисијата, но ваквото нејзино барање беше одбиено од членовите на Комисијата.Таа ги повика и лицата кои работеле во архивата при поднесување на приговорите и бараше да кажат кој ги донел приговорите бидејќи, како што рече Шеху, овластениот претставник требало да го стори тоа. Останатите членови на ДИК и укажаа на Шеху дека е небитно кој ги донел овие приговори во архивата, бидејќи, како што посочија, сите биле потпишани од партијата.За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.Социјалдемократите поднесоа пет приговори за избирачки места кои се дел од ИЕ 5.ДИК денеска треба да одлучи по сите поднесени приговори.Усвојувањето на одредени приговори би значело и повторно прегласување на одредени избирачки места што би можело да донесе промени во распоредот на мандатите во двете изборни единици. Доколку приговор биде отфрлен, подносителот има рок од 24 часа да поднесе тужба до Управниот суд, кој пак носи одлука за 48 часа, која е конечна.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања