„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

дкск

IMG_1662

ДКСК бара Обвинителство да отвори предмет за несовесно работење на Сања Лукаревска

Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до обвинителството за кривично гонење на Сања Лукаревска екс директорка на УЈП за „несовесно работење во службата“.Ова е поради одлуката на екс директорката Лукаревска за групно откажување на договорите за вработувања и склучувањето на нови договори во изборен период за повисоки плати.Државниот инспекторат за труд кој донесе одлука за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа.Со ова буџетот на УЈП бил оштетен за околу 292 илјади евра.Актуелната директорка на УЈП, Елена Петрова предупреди дека по одлуката на Трудовиот инспекторат овие вработени ќе треба да ги вратат парите, и додаде дека се бара „најбезболно решение“.Лукаревска одговори дека одлуката е според законот за УЈП.

Македонија | пред 1 година

29022024_PVRSM-Dzaferi_Rama_Regionalen-samit_Tirana_1

Џафери не може да биде премиер и пратеник истовремено: оставка или ќе прекршува закони

Со Заклучок бр.10-3082/1 од 30.05.2024 година, Државната изборна комисија на Република Северна Македонија го објави завршувањето на Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 8 мај 2024 година.​По завршување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Државната комисија за спречување на корупцијата, упатува сооопштение и ги повикува избраните функционери, да ги почитуваат начелата, обврските и забраните утврдени во Уставот на Република Северна Македонија, Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Законот за пратеници, Законот за собранието и Изборниот Законик.​Уставот на Република Северна Македонија, предвидува дека Функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии. (член 89 став 5)​Ова недвосмислено произлегува и од:​ Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и тоа:​Почитување на начелото на интегритет, односно обврската при вршењето на функцијата да внимаваат на евентуален судир на интереси, а при извршувањето на јавните овластувања и должности не смеат да се раководат од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице (член 4);​ Избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите.​(член 44 став 1)​Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга. (член 44 став 2)​ На избраните и именуваните лица, чии функции се извршуваат професионално, работниот однос им мирува согласно со закон. (член 44 став 3).​Законот за пратениците на Република Северна Македонија:​ Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата претседател на Република Македонија, претседател на Владата на Република Македонија, министер, судија на Уставниот суд на Република Македонија, судија, народен правобранител, јавен обвинител и други носители на функции кои ги избира и именува Собранието и Владата на Република Македонија, со член на совет на општина и градоначалник на општина, односно градот Скопје и вработените на стручни и управни работи во органите на државната управа. (член 9)​Законот за собранието:​Функцијата пратеник е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии, утврдени со закон. (член 7 ст.2) и​Изборниот законик:​Функцијата пратеник, член на совет и градоначалник е неспојлива со функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија. (член 8 став 1)​Со денот на верификацијата на мандатот за пратеник, член на совет и градоначалник на носителите на функциите од ставовите (1) и (2) на член 8, функцијата им престанува. (член 8 став 5)​Предвид сите погорецитирани закони, Државната комисија укажува на следното:​ Уставот и законите на Република Северна Македонија треба подеднакво да важат за сите граѓани на државата, вклучувајќи ги и актуелните, но и претходните функционери, поради што се повикуваат лицата кои се на највисоки државни функции и вршат јавни овластувања, на обврската за почитување на начелата за законитост и интегритет.​Непочитувањето на сите горенаведени обврски и забрани повлекува последица за престанок на мандатот на избраните функционери, согласно член 6 став 1 точка 3 од Законот за собранието, член 8 став 1, точка 3 од Законот за пратениците и член 152 став 1, алинеја 3 од Изборниот законик. Воедно, истото претставува прекршок за кој согласно член 105 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси се изрекува одредена прекршочна санкција.​

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-28-at-12.15.26

Антикорупционерите јавно ги прозваа функционерите: Пријавете си го имотот

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја известува јавноста дека почнувајќи од 01.01.2024 година, е ставен во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси.„Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.01.2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk , а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК.Исто така, ДКСК ги повикува сите актуелни избрани и именувани лица, кои имале обврска да поднесат анкетни листови и изјави на интереси, согласно со Законот за спречување на корупцијата („Службен весник на Република Македонија“ број 28/2002, 46/2004, 126/2006, 10/2008, 161/2008, 145/10, 97/15 и 148/15) и Законот за спречување на судир на интереси („Службен весник на Република Македонија” број 70/2007, 114/2009, 6/12 и 153/15) да достават изјави на новиот образец . Оваа обврска се однесува на лицата кои веќе поднеле анкетни листови и изјави на интереси како и на оние лица кои не ја исполниле оваа обврска.Напоменуваме дека поднесувањето на изјава за имотна состојба и интереси по избор односно именување на функцијата преку новиот електронски систем е неопходно од причина што без поднесување на изјавата не може да се пријавуваат промени во имотната состојба и интересите, како и да се поднесе изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата“, велат од ДКСК.

Македонија | пред 1 година

grubi-4

Груби ја нарече Антикорупциска неспособна, па веднаш се огласи Ивановска

Вчера првиот вицепремиер Артан Груби во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека не верува во капацитетот на актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, што предизвика брза реакција од претседателката Билјана Ивановска.„Деновиве ја отфрлија пријавата против мене во ДКСК на поднесокот на ВМРО-ДПМНЕ. Огромно мнозинство од случаевите се или изгубени по административни постапки или отфрлени од судиите и се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен. Нема ниту еден успех. Јас на времето ги интервјуирав и очекував повеќе.Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките“, рече Груби.Веднаш потоа на социјалните мрежи со краток коментар реагираше Ивановска.„Кога се е наопаку, дното е на површина“, реагираше таа веднаш потоа.

Коментари | пред 2 години

antikorupciska

Антикорупционерите барале разрешување на Мојсоски поради законски прекршувања, но останал директор оти бил етичен

Критики од антикорупционерите дојдоа и на сметка на Владата. Тие посочија дека не се потребни 8.000 километри за да се дојде до наодите за Рамиз Мерко, алудирајќи на изјавата од премиерот Димитар Ковачевски. Воедно, потсетија дека и во Владата не постапуваат по нивни инцијативи за барање одговорност. Кажаа и конкретен пример, каде барале разрешување на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски поради законски прекршувања, а Владата си испитувала прекршувања на Кодекс.„Постојат спреги кои не дозволуваат институциите не функционираат како што треба. На секој можен начин, во секоја пора, се обидува да се влијае. А на тоа ако се додаде недостигот на интегритет поставени на несоодветен начин на одредени позиции, кои што имаат за враќање за таму каде што ги поставиле – многу јасно е дека на ваков начин ќе се функционира. Ова не е единствен случај на ДКСК до Обвинителството. Колку инцијативи до Владата сме дале за разрешување и одговорност, па не преземале ништо…“, рече Ивановска.Антикорупциска даде и пример за поведена иницијатива за разрешување на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски. Иницијативата патувала од кабинет во кабинет. Прво била кај премиерот Димитар Ковачевски, па кај вицепремиерката Славица Грковска за да се видело дали има прекршување на Кодексот за етичко однесување. Откако утврдиле дека бил етичен, не го разрешиле.„Па кој бараше дали е прекршен кодексот? Во ревизорските извештаи е констатирано дека несовесно се однесувал, не воспоставил контролни механизми, не почитувал критериуми. Тоа е прекршување на законот. И сега нѐ известуваат дека ќе чекаат да видат дали Обвинителството ќе постапи по кривичната пријава, па потоа тие да видат дали ќе го разрешат или не. Очигледно се прават акробации за да се заштитат одредени структури“, кажаа од Антикорупциска.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-05-22-122828

Ивановска апелира родителите да не бркаат „врски“ за оценки

Државната комисија за спречување на коруцпија (ДКСК) и денеска ја продолжи кампањата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Братство“. Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска упати апел дека родителите не треба да бараат „врски“ за оценки, туку децата сами треба да си ги заслужат.-Во досегашните анкети децата беа многу искрени и искажаа дека повеќе од половината, околу 60-70 проценти кажаа дека се сведоци на незаслужени оценки, а причината за тоа е поради тоа што родителите барале „врски“. Апелот треба да биде до сите, не само до децата, тука се и родителите од дома и наставниците од училиште. Родителите се тие кои треба да воспитуваат, наставниците треба да образуваат и не треба да има мешање на едното и другото. Кога детето веќе е дадено во училиште треба да се има доверба во просветните работници кои даваат се од себе за тоа дете да биде како што треба образувано. Не треба да имаат перцепција дека треба да се потпрат на родителите, и тоа им е еден одговор дека помош секогаш бараат од родителите, туку сами да се борат со свое знаење и своја умешност а не со помош на родителите да ги добиваат оценките, изјави Ивановска.Таа се надева дека преку оваа кампања со која сакаат да испратат порака за транспарентност и интегритет ќе се зголеми свеста кај децата за корупција.-Без интегритет не може да има никој борба против корупција, па ниту и дечињата. Перцепцијата е дека родителите бараат врски. И тоа е поразително. Мора да работиме на тоа, не е важно да бидат сите со петки, затоа има оценка од 1 до 5 важно е оценката да биде нивна заслужена и да се стекнат со знаење, нагласи Ивановска.Директорката на ОУ „Братство“ Јадранка Поповски истакна дека учениците стануваат се повеќе свесни и нагласи оти родителите треба да имаат целосна доверба дека нивните деца се во сигурни и безбедни раце и дека наставниот кадар како и стручната служба умеат да го извлечат најдоброто од нивните деца.-Ние овде работиме со иднината на нашето општество, рече Поповски.За поедноставно спроведување на кампањата, ДКСК ангажира и глумци кои се многу блиски до оваа популација на ученици и кои ќе успеат на својствен начин да ги им ги предочат проблемите со кои се соочува нашето општество да им укажат како на полесен начин да ги препознаваат и да ги следат позитивните, а не негативните примери.Кампањата започна на 16 мај, а претходно се спроведе во ОУ „Патр Поп Арсов“ и во ОУ „Коле Неделковски“.

Македонија | пред 2 години

17032022_PVRSM_Kovacevski_Trkalezna-masa_2

Ковачевски треба да покаже кој го платил патувањето за неговите деца бидејќи вака остава лош впечаток, вели Ивановска

Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, го повика премиерот Димитар Ковачевски да покаже кој го платил патувањето на неговите деца кои ги поведе додека беше на работни средби во Вашингтоб и Њујорк.- Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива, рече Ивановска.ДКСК денеска ќе донесе одлука за тоа дали ќе отворат предмет за овој случај. Тоа ќе се разгледа на Колегиумот и јавноста ќе биде известена.- Ние одлуките дали отвараме или не предмет ги носиме на колегиум, денеска после овој настан ќе имаме колегиум и ќе ги известиме, посочи Ивановска.Премиерот Ковачевски веќе изјави дека нема потреба да покаже кој го платил патувањето на неговите деца во САД каде владината делегација беше во работна посета една седмица.Единствено кажа дека трошоците за синот и ќерката не биле на товар на буџетот.

Македонија | пред 2 години

Biljana-Ivanovska

„Познат човек на „Водњанска“ продолжува да гради, иако инспектор двапати пишува решение за уривање“, вели Ивановска

Претседателката на Државната комисија за спречувањето на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска вечерва во гостувањето на „ТВ21“ наведе случај со објект во Центар, на улицата „Водњанска“ („Мајка Тереза“), кој продолжува да се гради на диво, иако општината повеќепати издала решение за уривање.„Колку имате вие инспекциски наоди за дивоградби. Инспекторот ќе напише: ова треба да се сруши… еве ви го случајот на „Водњанска“ со познат човек кој е инвеститор на објект. Објектот изграден на четири-пет ката, доаѓа инспектор од општина Центар, двапати пишува решение за уривање, не се урива објектот, си продолжува да гради. Уште мајсторите им пуштаат предизвикувачка музика на околните граѓани дека законот ништо не им може. На што личи тоа? На ништо не личи, тоа е за срамота!, рече гневно Ивановска во емисијата „Клик плус“.Таа додаде во моментов антикорупционерите го работат овој предмет.

Македонија | пред 2 години

05052022_ZPVRSM_Grkovska_Rabotilnica_2

Грковска со ДКСК: Отворени сме за соработка, имаме заедничка цел - градење на одговорни и отчетни институции

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковка и нејзиниот тим и членовите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и нивниот тим, предводени од претседателката Билјана Ивановска, денеска и утре учествуваат на заедничка работилница чија цел е споделување на искуства и подобрување на соработката меѓу двете институции.На работилницата, која се одржува под покровителство на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, свои презентации за работата одржаа заменик-претседателката на Владата Славица Грковска, како и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска. И Грковска и Ивановска образложија дека меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции кои треба да им служат на граѓаните.Предавачи на работилницата се Сузане Хедин, консултант за комуникации, Лена Андерсон, лидер на компонента на ЕУ - Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата, Крис Хеншо, консултант на ЦЕП/УСАИД.Учесниците, во текот на работилницата, имаат можност да слушнат искуства и да споделат мислења во делот на меѓусебната соработката, подобрување на перформансите и обврските на двете институции.Целта на работилницата е да се зајакне соработката меѓу Кабинетот задолжен за политики за добро владеење и Државната комисија за спречување на корупцијата, имајќи предвид дека двете институции имаат исти заложби, односно да се направат позитивни промени-корупцијата да се превенира, но и да се креираат долгорочни одржливи системски решенија.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања