ДКСК

media-libraryr99im592jump9NCc6sg

Антикорупционерка под лупа: Два предмети за Цвета Ристовска

Државната комисија за спречување на корупција отвори два предмети за антикорупционерката Цвета Ристовска, која што, според опозицијата, го кочи процесуирањето на пријавите против власта.Како што дознава Телма, се работи за проверка на судир на интереси и за непријавување на имот.Во првиот случај се работи за тоа дека фирма на еден од синовите на Ристовска добивала пари во кампања за претседателските избори во 2024 година. За вториот случај е дека таа не пријавила дека и двајцата синови и имаат маркетинг фирми во нејзиниот анкетен лист.Првиот случај вчера го објави Телма. Во јавно достапни документи се гледа дека фирмата на синот на Ристовска, Буст Дооел добила по 35 илјади евра од кампањата на претседателските кандидати Стево Пендаровски од СДСМ и Гордана Силјановска Дафкова од ВМРО ДПМНЕ. Симптоматично е тоа што токму рекламирањето и финансирањето на кампањите меѓу другите институции го проверува и Антикорупциската комисија. Истата фирма добила пари и за локалните избори во 2021 година од СДСМ, додека тогаш Ристовска била помошник државен ревизор.Вториот случај го објави партијата Левица, која откри дека Ристовска не ги пријавила фирмите на своите деца во нејзиниот анкетнен лист.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydsfa2i0l0hm45ZOHafn

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски

Помина повеќе од еден месец откако Левица достави конкретни докази, вклучително и фотографии, до Антикорупциската комисија во врска со сомнежите за поврзаност помеѓу директорот на СОЗР Ивица Томовски и управителот на компанијата „Сити Аутсорсинг“, фирма која инкасираше околу 5 милиони евра државни пари преку тендери, велат од партијата.„И покрај сериозноста на наводите, ДКСК очигледно во обид да го заташка и овој случај, до денес нема излезено со никаква информација, а не пак со конкретен исход од пријавата.Во контекст на најновите сознанија коишто Левица ги обзнанува, за внатрешни мрежи и „филтри“ во Антикорупциската комисија, сосема легитимно се поставува прашањето - дали доказите што ги достави Левица завршија во нечија фиока, дали „случајно“ се изгубени во архивата, или едноставно предметот се држи во мирување додека октоподската мрежа на ДПМНЕ ги штити своите функционери?Фактот што и по изминат период нема никаква реакција од ДКСК, ниту објаснување до каде е постапката, само ја зацврстува сликата за институција која наместо да биде коректив на власта, функционира како нејзин штит. Кога станува збор за луѓе блиски до Мицкоски и до врвот на ДПМНЕ, предметите или се затвораат паушално, или се влечат со месеци, сè додека јавноста не биде заморена и темата не се заборави.Ќе продолжиме јавно да инсистираме на одговори: што презеде Антикорупциската комисија по доставените докази за сериозна корупција, до каде е предметот за „Сити Аутсорсинг“ и Томовски, и зошто владее молк кога станува збор за милионски тендери и блиски соработници на премиерот“, се вели во соопштението на Левица.

Македонија | пред 2 седмици

antikorupcija

Левица: „ДКСК со својот демант ја потврди сервилноста кон власта“

Т.н. демант на Државната комисија за спречување на корупцијата не само што не ги побива наводите на Левица, туку индиректно и ги потврдува. Со самото признание дека во архивата било ангажирано лице со договор за дело, поврзано со партиски блиски медиумски и универзитетски кругови, и дека институцијата функционирала со сериозни внатрешни слабости, ДКСК всушност го признава она што ние го разобличуваме, велат од политичката партија Левица.„Со ниту еден збор не се демантира суштината, а тоа е дека во мандатот на Владата на ДПМНЕ, ДКСК не излезе со ниту еден цврст, храбар и принципиелен став за низа флагрантни случаи на непотизам, судир на интереси, незаконски именувања, сомнителни дипломи, тендерски мрежи, партиски и роднински колонизации на институциите. Напротив, Комисијата се прогласуваше за ненадлежна, ги отфрлаше пријавите, „не утврдуваше неправилности“, или ги заглавуваше предметите во фиоки - како во случајот со незаконски именуваниот началник на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, за кого и по повеќе од една година нема никаков исход, ниту пак ДКСК во својот „демант“ кажува до каде е постапката.Дополнително, ДКСК не реагира ниту на очигледните случаи кога функционери од власта поднесуваат формално доставени, но суштински неточни и нецелосни анкетни листови, со прикриени или искривени податоци за имотната состојба. Станува збор за неправилности кои се лесно воочливи и за најшироката јавност, а не пак за институција чија основна надлежност е токму контролата на ваквите пријави. Впрочен, во неколку наврати, Левица на тацна им сервираше вакви нерегуларности, но и покрај тоа, Комисијата не презеде никакви мерки, ниту пак им наложи на функционерите да ги коригираат анкетните листови, дозволувајќи ваквите пријави да останат  „исправни“ во системот, што директно ја поткопува транспарентноста.Фактот што Владата на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ секојдневно продуцира афери, местени тендери, партиски вработувања, кронизам, непотизам, судир на интереси, а ДКСК молчи, релативизира или „не наоѓа ништо спорно“, е најсилниот доказ за тоа на чија страна стои оваа институција и во чија полза функционира. Дали е независен антикорупциски орган, или пак институција со инсталирани, компромитирани кадри кои служат за аминување или заташкување на скандалите продуцирани од арогантноста на власта.Левица ќе продолжи јавно да ги објавува сите информации кои пристигнуваат за случувањата во ДКСК и за улогата на поединци, меѓу кои и компромитираната членка Цвета Ристовска. Единствениот начин оваа институција да почне да функционира во интерес на граѓаните, а не на владејачката коалиција, за жал, е преку постојан притисок, разобличување и солидарност против партиско-коруптивниот октопод“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

432224-720x340-1

Левица обвинува за „октопод“ во ДКСК: Архивата како механизам за прикривање предмети блиски до ДПМНЕ

До Левица пристигнуваат сериозни пријави за незаконско политичко влијание, судир на интереси и злоупотреба на функцијата во Државната комисија за спречување на корупцијата. Во центарот на овие сомнежи е членката на Комисијата - Цвета Ристовска, велат од партијата„Според пријавата, станува збор за воспоставена мрежа на контрола врз текот и исходот на предметите, врз документацијата и внатрешното функционирање на ДКСК - мрежа која служи на интересите на владејачката структура предводена од ДПМНЕ и Мицкоски. Имено, преку сомнително ангажирање на лицето Татјана Наќева во архивата со договор за дело, и покрај тоа што архивата веќе била кадровски екипирана, се воспоставувал филтер врз влезната и излезната пошта. Преку овој механизам, ангажираната Наќева ја алармирала членката Цвета Ристовска по што таа ги известувала предметните лица, селектирала предмети, ја забавувале или „заглавувале“ постапката - зависно од тоа дали се однесуваат на луѓе блиски до власта.Татјана Наќева инаку е сопруга на новинарот Љупчо Наќев, кој воедно е и предавач на Универзитетот Скопје кај Аце Миленковские, кој отворено важи за испостава на ДПМНЕ. На истиот универзитет е вработен и нејзиниот син - Филип Наќев. А за потсетување, и самата Цвета Ристовска била ангажирана како предавач на истиот универзитет.Ова е мрежа во која се преплетуваат антикорупциска институција, партиски блиски медиумски кругови и универзитетска инфраструктура - октопод на власта на ДПМНЕ.Да потсетиме Цвета Ристовска беше известувач по предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што ДКСК утврди дека нема ништо спорно во неговото назначување и факултетската диплома од универзитетот каде Ристовска била професорка.Преку ваквата мрежа, ДКСК систематски ги претвора флагрантните нерегуларности во аминувани и невидливи, а јавноста ја убедува дека е при очи слепа.Дополнително, на овој начин и бројни предмети поврзани со структури на власта остануваат без каков било исход. Таков е примерот со незаконски именуваниот началник на Генералштаб генерал-мајор Сашко Лафчиски за кого и после повеќе од една година нема никаква одлука!Ова е само почеток. Левица во наредниот период ќе продолжи да обзнанува и други информации за оваа мрежа, функционирањето на ДКСК, но и други информации за партиска вмреженост и коруптивно влијание, без разлика колку високо водат пипците.Во таа насока, ги повикуваме сите граѓани, вработени во институции, кои располагаат со информации, документи, сознанија, трпат притисоци, сведочат на незаконитости, да ги достават до Левица, а ние им гарантираме анонимност.Само со разобличување, јавност и солидарност може да се скрши ѕидот на страв и молк и да се спречи државата целосно да биде заробена од партиско-коруптивниот октопод“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybpadjj0k1bf4aJ2k0gC

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски, Курто Дудуш, Данела Арсовска и уште десетици други не пријавиле имотна состојба

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски е меѓу вкупно 54 сегашни и поранешни градоначалници кои не ја исполниле законската обврска да поднесат изјава за имотна состојба, утврдила Државната комисија за спречување на корупцијата.Според наодите на Антикорупциската комисија, 19 новоизбрани градоначалници, меѓу кои и Ѓорѓиевски, не доставиле изјава за имотна состојба и интереси по стапувањето на функцијата. Истовремено, уште 35 поранешни градоначалници, меѓу кои и поранешната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска, не поднеле изјава по престанокот на функцијата.Од Антикорупциската комисија посочуваат дека неподносувањето изјава по завршување на мандатот е клучно за утврдување дали и во колкава мера функционерите го зголемиле својот имот додека ја извршувале јавната функција. Истата обврска важи и за новоизбраните градоначалници, со цел да се утврди со каква имотна состојба го започнуваат мандатот.Покрај Орце Ѓорѓиевски, во двете категории се евидентирани и градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов, како и Кутро Дудуш, заедно со уште низа локални функционери.Согласно член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот да поднесат изјава за имотна состојба и интереси. Дополнително, член 82 став 3 од истиот закон предвидува задолжително поднесување изјава и по престанокот на функцијата градоначалник.За сите 54 сегашни и поранешни градоначалници кои не ја испочитувале законската обврска, Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека ќе иницира соодветни постапки, со издавање прекршочен платен налог, во согласност со законските одредби.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn3dmcdvlvhr35zaj0DT

Одговорност, транспарентност, интегритет, новиот претседател на ДКСК ќе ја поправа оценката од ЕК

Многу силни ветувања од нивоизбраниот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, кој денеска даде свечена заклетва пред претседателот на Собранието Африм Гаши.Најави дека заедно со неговиот тим ќе бараат интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.,,За мене претставува, пред се, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции. Ние сме институција која го промовира интегритетот и ќе бараме интегритетот да се промовира и унапредува во сите институции. Само со таква заложба и со интегритет на институции и интегритет на носители на јавни функции ќе придонесеме за подобро општество и за намалување на корупцијата”, изјави Чучуљ.Одговорајќи на новинарско прашање што ќе биде во фокусот на ДКСК, тој изјави дека имаат голем број предизвици.,,Оценките на ЕК се такви какви што се. Како претседател ќе се залагам да ги поправиме тие оценки. Ќе треба напор, доста работа. Во моето интервју во Собранието кажав дека ќе се залагам за дигитализација, за превентивните алатки. Во фаза сме на подготовка на новата Национална стратегија, која се изготвува во инклузивен процес, со учество на сите релевантни фактори во државата. Како превентивна алтка се надевам дека ќе биде многу поконцизна и поспроведлива за разлика од претходната. Со тој механизам ќе придонесеме да се отстранат системските слабости кои генерираат корупција. Исто така напоменав дека се надевам на поддршка од целата Комисија, да ја зголемиме нашата проактивност во делот проверка на имотната состојба на избраните и именуваните лица бидејќи тоа е една од забелешките во Извештајот на ЕК, а е шеста препорака на ГРЕКО”, рече Чучуљ.Чучуљ едногласно со 82 гласа беше избран за претседател на ДКСК.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryp0gc607pc6tieDY6Ddm

СДСМ со порака до новиот претседател на ДКСК: „Постапете за корупцискиот случај од 9 милиони евра, фактите се на ваша маса“

СДСМ го повика новоизбраниот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, веднаш да се зафати со случајот кој партијата го квалификува како корупциски скандал тежок девет милиони евра.Според нив, фирма основана минатата година со само двајца вработени успеала во период од шест месеци во 2025 година да добие шест државни тендери во вкупна вредност од девет милиони евра. Четири од договорите, како што наведуваат, се доделени од Генералниот секретаријат на Владата, еден од ЕСМ и еден од Министерството за администрација.Партијата нагласува дека документите, фактите и доказите за случајот се веќе објавени, достапни за јавноста и официјално доставени до ДКСК заедно со пријава поднесена од СДСМ.„Новиот шеф на ДКСК треба само да ги погледне, да ја прочита пријавата и да делува“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека „работата не е завршена“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4tbhr2pht0au4E3qI2c

Адем Чучуљ е нов претседател на Антикорупциската комисија

Адем Чучуљ, со 82 гласа,,за” од пратениците е избран за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.Чучуљ досега ја извршуваше функцијата генерален секретар на ДКСК.Доаѓа на местото на Татјана Димитровска која поднесе оставка после аферара во која беше осомничена дека оддала службена тајна на лице поврзано со случајот „Адитив“.Чучуљ по професија е дипломиран правник со положен правосуден испит.Огласот за избор на нов претседател беше објавен летово, но постапката беше прекината поради дејствијата за локалните избори.Од вкупно 13 пријавени кандидати, селектирани беа 10, а Чучуљ доби најголема поддршка од Комисијата за селекција.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrhb6irvep40p8eGFCr8

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендери во вредност од 9 милиони евра

СДСМ денеска достави пријава до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во врска со државни тендери во вредност од околу 9 милиони евра. Од партијата информираа дека со пријавата се приложени документи и материјали кои изминатите денови ги објавија на прес-конференции.Пред поднесувањето на пријавата, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека партијата реагира по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој во телевизиско гостување порача дека институциите треба да постапат доколку има основ за сомнеж.Огњеновиќ истакна дека, според нивните сомневања, фирма основана пред една година со двајца вработени добила повеќе државни договори во значителна вредност, од кои голем дел се склучени со Генералниот секретаријат на Владата.„Нашата обврска беше да ги доставиме сите материјали до институцијата што е надлежна да утврди дали има елементи на корупција“, рече Огњеновиќ. Тој додаде дека од ДКСК очекуваат да отвори предмет и да ги испита околностите поврзани со доделените договори.Од СДСМ најавуваат дека ќе продолжат да ги доставуваат сите документи со кои располагаат, а од институциите бараат, како што велат, „целосна проверка и постапување согласно закон“.Од Владата засега нема реакција на поднесената пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryp0gc607pc6tieDY6Ddm

Чучуљ со најмногу бодови – Собранието во декември ќе решава за новиот претседател на Антикорупциската комисија

Адем Чучуљ е фаворитот што Комисијата за избори и именувања ќе го предложи пред пратениците како нов претседател на Државната комисија за спречување корупција, откако во процесот на селекција ги доби највисоките оценки.Селекциската комисија му додели 96,5 бодови – најмногу од сите пријавени – со што Чучуљ се пласираше на врвот на листата. Тој речиси две децении работи во Антикорупциската комисија и моментално ја извршува функцијата генерален секретар.Комисијата за избори и именувања едногласно го поддржа неговото именување и ќе му го препорача на Собранието како кандидат за прв човек на ДКСК. Според најавите од законодавниот дом, гласањето за оваа точка ќе се одржи на пленарна седница во првата половина на декември.Процедурата за избор на нов претседател започна уште летото, но беше паузирана поради локалните избори. Од вкупно 13 апликанти, 10 кандидати беа поканети на интервју, кои започнаа оваа недела.Антикорупциската комисија добива нов претседател по оставката на Татјана Димитровска, која беше обвинета во случајот „Адитив“ за незаконско споделување службени информации и за фалсификување на сертификат за државна тајна. Според обвинението, таа пренесувала детали за предмет воден во ДКСК и дозволила друга личност да го полага електронскиот испит во нејзино име.Собранието е задолжено да ја заокружи постапката и да го избере новиот претседател, со што ДКСК ќе добие ново раководство во период на зголемени очекувања за борба против корупцијата во државата.

Македонија | пред 2 месеци

dksk_0_0

Изборот на нов претседател на ДКСК замрзнат! Ќе биде назначен по локалните избори

Процесот за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе биде замрзнат до завршување на локалните избори на 3 ноември. Одлуката е донесена откако ДКСК соопшти дека нема надлежност да се произнесе дали изборот е итен по оставката на Татјана Димитровска и отворањето истрага против неа.Комисијата за прашања на изборите и именувањата денес ја формираше комисијата за селекција на кандидатите, но најави дека таа ќе продолжи со работа дури по изборите. Претседателот на комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, го прочита писмото од ДКСК, испратено и до медиумите, во кое се наведува дека Собранието нема да бара автентично толкување на Изборниот законик, туку процесот ќе биде ставен во мирување.Во составот на селекциската комисија се: Илбер Руфати – заменик народен правобранител, Дарко Аврамовски и Балдри Јашари – членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, Саранда Имери-Стафаи од коалицијата „Вреди“, Митко Трајчулески од СДСМ и Арбана Пашоли од ДУИ.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-03-27-at-10.58.51

Татјана Димитровска поднесе оставка од функцијата претседателка на Антикорупциска комисија

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска поднесе оставка од функцијата. Како што информираа од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, оставката била доставена во текот на денешниот ден.-Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), г-ѓа Татјана Димитровска, денес до Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција.Истовремено, ве информираме дека Собранието ке постапи согласно предвидените процедури и за истите благовремено ке бидете информирани, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 6 месеци

JOve-Kekenovski

Кекеновски: ДКСК пред етички колапс – претседателката обвинета, а сè уште на функција и со плата

Професорот Јове Кекеновски остро реагира на одбивањето на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата да поднесе оставка, и покрај тоа што против неа се води постапка за сериозни злоупотреби. Во објава на социјалните мрежи, тој предупредува дека институцијата се соочува со длабока етичка и институционална криза, и оти доколку остане на функцијата, ДКСК ќе стане „симбол на иронија“ – антикорупциско тело компромитирано од сопствениот врв. Посочува и дека, иако има судска мерка за забрана на пристап до документи, таа продолжува да прима плата, што, како што вели, го поткопува јавниот морал и принципот на отчетност.ДКСК ПРЕД ЕТИЧКИ КОЛАПСДоколку обвинетата претседателката на ДКСК не си поднесе оставка тоа значи дека во иднина ДКСК ќе стане симбол на иронија – антикорупциска институција компромитирана од сопствениот раководен кадар, обвинет за сериозни злоупотреби.Ова не е само формално противречие, туку длабока институционална криза. Антикорупциско тело мора да биде морална и етичка вертикала во општеството. Кога претседателот е под сомнение за извршении кривични дела поврзани со злоупотреба на службената позиција како и барање друго лице да го полага тестот за безбедносен сертификат и не прифаќа одговорност и не поднесува оставка тоа знали дека институцијата се претвора во карикатура на својата мисија.Во овој контекст:• Ќе се изгуби довербата на јавноста, која и онака е ниска во институциите.• Ќе се обесмисли секоја идна иницијатива или истрага што доаѓа од ДКСК.• Ќе се создаде преседан – дека и антикорупциските органи можат да функционираат и со компромитиран углед, што е неприфатливо.Особено загрижувачки е што и покрај судската мерка која ѝ забранува пристап до документи и фактичка отсутност од работното место, дотичната продолжува да прима плата. Ова го поткопува и принципот на отчетност, и довербата во институциите.Кога платата станува награда за неработење, а молкот штит од одговорност, се руши самиот темел на јавниот морал.

Македонија | пред 6 месеци

images-5

Осомничената Димитровска не поднесува оставка: Дел од споделените информации се јавни, престанав да контактирам откако му изрекоа мерка

Татјана Димитровска, претседателка на Комисијата за спречување корупција, нема да поднесе оставка. Ова и го соопшти по пет дена откако таа беше опфатена во предметот „Адитив“, каде се сомничи дека оддала службена тајна. Според Обвинителството, таа информациите ги давала на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, преку „Вибер“ и „Ватс ап“, за што се најдени докази во вештачените телефони. За него, Димитровска сега вели дека и е семеен пријател.„Како Претседател на Државната комисија за спречување на корупција, сакам да нагласам дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен. Принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, потребно е да се почитуваат. Останатите 6 члена на институцијата која ја претставувам, немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена. Сакам да ја информирам јавноста дека мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во случајот „Адитив“, се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот предметот „Адитив“. Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација“, вели Димитровска.„За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата. Ова го тврдам одговорно. Во Државната комисија за спречување на корупцијата во тек е постапка за проверка на имотната состојба на наведено лице. Со електронската распределба предметот не е доделен за постапување кај мене, а согласно утврдените правила немам никаква можност да влијаам врз текот на постапката или врз исходот. Одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови на членовите. Целосно ќе соработувам со надлежните правосудни органи и очекувам брза и транспарентна разрешница на настанот. Мерките на претпазливост ќе ги почитувам во целост. До конечно изјаснување на обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на институционалниот интегритет и транспарентност. Очекувам до тогаш да се почитува интегритетот на ДКСК, мојот и интегритетот на моето семејство“, додава таа.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-24-at-16.07.18

Осомничената антикорупционерка не поднела оставка - ќе остане ли Собранието со скрстени раце?

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровска, нема поднесено оставка до крајот на вчерашниот работен ден. И покрај јавните повици дека седењето со скрстени раце ќе донесе уште поголем удар на институцијата - досега нема потег ниту од Собранието кое може да покрене постапка за нејзино разрешување. Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна во случајот „Адитив“ и тоа информации од предмети на ДКСК.„Ве известуваме дека до Државната комисија од страна на претседателката не е доставено известување за евентуална оставка“, велат од ДКСК за „Скопје1“.Таа може да оди на работа, но не смее да има допир со предмети. По отворањето на случајот, нема информација дека се појавила. Реагираше и претходната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, која рече дека Димитровска треба да преземе одговорност.„Ова не е време за седење со скрстени раце. Собранието е на потег“, изјави Ивановска, повикувајќи на внатрешна проценка на ризици од корупција и зголемување на интегритетот во Комисијата.Од Кабинетот на Африм Гаши пак, суптилно најавуваат дека нема да ја разрешуваат Димитровска, се додека наводите за нејзина вина не се потврдат во судска постапка.„Доколку наводите се потврдат во судска постапка, ќе се иницира разрешување на Димитровска“, велат од Кабинетот на претседателот за неколку медиуми.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања