„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

дуи

464857401_1129540439171395_6907907167970668409_n

(Фото) Пратеници на ДУИ протестираа пред Мицкоски додека говореше

Пратеници на ДУИ со транспаренти излегоа пред Владата и премиерот Христијан Мицкоски во знак на протест, дека Владата не е легитимна за Албанците. Според ДУИ, тие немаат претставник во Владата.„Без етничка припадност, нема охридски договор“, стоеше на еден од транспарентите, а кој алудираше на укинатиот Балансер.„Денес “големите команданти” Муса Џафери и Садула Дураки стоеја мирно пред премиерот Христијан Мицкоски, држејќи банерчиња во раце. ДУИ е демонтирано и од нив повеќе ништо не зависи“, вели Бране Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

mickoski1-1

(Видео) Мицкоски има СМС пораки во кои ДУИ се нуделе да бидат дел од Владата, со помалку функции од тоа што барале ВЛЕН

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од Блерим Беџети, му посочи дека има СМС пораки со понуди ДУИ да влезат во Владата со уште помалку раководни кадри.Мицкоски понуди да ги покаже пораките, но на ова Беџети не реплицираше.Ваквата понуда од Мицкоски дојде откако претходно Беџети рече дека Владата нема легитимитет кај Албанците. Мицкоски им посочи на ДУИ дека имаат четири години да се реформираат, па да пробаат да се вратат на власт.

Македонија | пред 1 година

dui

ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8, ја потврди чистотата на проектот

„Демократската унија за интеграција смета дека целосното ретерирање на Владата без етнички легитимитет, ја потврди чистотата на проектот Коридор 8 и постапките на претходната власт“, велат од ДУИ.„Две години по ред, ВМРО и Влен се противеа и го опструираа проектот, ветија дека ќе го укинат, но без да сменат ниту една точка или запирка во договорот ниту во цената, го прифатија, продолжија, го нарекоа историско достигнување и се обидоа да го присвојат.Граѓаните знаат дека овој проект е осмислен, подготвен, договорен, потпишан, со ставен камен-темелник и со започнати градежни работите за време на Владата 2020-2024 година.Следен чекор за овој проект би требало да е Владата да ја врати одлуката делницата од Гостивар до Букојчани да се реализира со тунел, а не со планински автопат, бидејќи тунелот е најдобрата и најрационална опција за овој дел од коридорот.Повеќегодишниот политички лов на вештерки пропадна и вистината излезе на виделина, се за доброто на граѓаните“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

db60cb35-efb3-4efd-ae02-bb63ea3a64b7

(Видео) Коридорот 8 се докажа и потврди како еден од најважните наши проекти со стратешка релевантност, велат од ДУИ

Демократската унија за интеграција преку прес конференција изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10д продолжува, и покрај тоа што истиот се реализира од влада, како што велат, без етнички легитимитет.„Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10д продолжува, и покрај тоа што истиот се реализира од влада без етнички легитимитет. Ова само го потврдува нашиот стабилен визионерски пристап и долгорочните политики за напредок на земјата и за изградба на модерна патна инфраструктура“, соопштуваат од ДУИ.„Не можеме да не истакнеме дека тие што до вчера жестоко се спротивставуваа на овој проект и се закануваа со негово поништување, денес го нарекуваат историски проект. Оваа промена во ставовите ја потврдува вредноста што Коридорот 8 ја претставува за развојот на Северна Македонија и за подобрување на нејзините врски со регионот и Европа.Политиките на ДУИ секогаш биле во интерес на граѓаните, и секојдневните резултати ги убедуваат тие дека обвинувањата и нападите насочени кон нас не беа ништо друго освен обид за освојување на власта без вистинска поддршка.Наспроти критиките, бараме овој важен проект успешно да се реализира. Исто така, апелираме за изградба на тунелот на патниот правец Гостивар-Букојќане, оценувајќи го како најсоодветно решение за изградба на Коридорот 8.ДУИ бара предвидените средства за овој проект да се искористат според планирањето, без непотребни пречки или одложувања.Овој проект го носи печатот на ДУИ, го носи печатот на нашата посветеност за заедничкото добро и за подобра иднина на Северна Македонија“, соопштија од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

koridor-deset34

ДУИ: Нашиот проект Коридор 8 се докажа и потврди како правилен и визионерски

„Демократската унија за интеграција цени дека продолжувањето на работите на коридорот 8 дури и од страна на Владата без етнички легитимитет ја докажува и потврдува нашата правична и визионерска политика.Партиите кои денеска го фалеа и се гордееа со проектот, до вчера го критикуваа договорот и изградбата на Коридорот 8 со закани дека ќе го откажат договорот, а денеска го нарекоа историски проект“, велат од ДУИ.„Граѓаните секојдневно ги чувствуваат придобивките од нашите политики и се убедени дека целиот политички лов на вештерки со клевети и конструкции беше измама за да се дојде на власт, дури и без етнички легитимитет.Коридорот 8, иако го носи печатот на ДУИ, е на сите граѓани и апелираме тунелот од Гостивар до Букојчани да се реализира бидејќи тоа е најдобрата и најрационална опција за овој дел од коридорот.Исто така, предвидениот буџет за овој проект мора да се реализира како што е утврден за да нема намерни опструкции и политички доцнења во реализацијата на проектот“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-val-2

Ахмети со шефот на ОБСЕ Вал: Водиме битка за достоинство, еднаквост и Европа, нас не нè интересира власта

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Килијан Вал.Претседателот Ахмети и амбасадорот Вал разговараа за многу прашања во земјата и регионот, меѓу кои евроинтеграциите, приоритетите на ДУИ за земјата и граѓаните, легитимитетот, ситуацијата во Северна Македонија и Косово итн.Ахмети му порача на Вал дека ДУИ, без никакво сомневање и со сите сили, останува недвосмислен промотор на европскиот дух и пријателството со Америка кај нас, па затоа преговарачката рамка со Европската унија мора да ја спроведеме без одлагање.„Партнерите во власта без етнички легитимитет ветија дека за 3 до 6 месеци ќе го сменат Уставот. ДУИ нема да дозволи отстапување од европскиот пат и ќе инсистира на уставни измени бидејќи граѓаните се решени да станат дел од Европската унија.ДУИ не сака и нема да биде дел од оваа влада, туку води битка за национално достоинство од секојдневното погазување и за почитување на Охридскиот договор како и евроатлантската ориентација на државата.Нас не нè интересира власта и под никакви околности оваа наша битка и битката на Албанците не е и нема да биде страст за власт.Потписниците на Охридскиот договор треба да бидат алармирани за овие сериозни нарушувања на меѓуетничките односи и еднаквост“, соопшти ДУИ.Ахмети посочи дека Уставниот суд со прегласување по политичка наредба ја избришал етничката припадност, а на ред е и албанскиот јазик.„Овие одлуки се неприфатливи за нас. Во меѓувреме, во регионот, албанско-српското помирување со взаемно признавање меѓу Косово и Србија е неопходност и само тоа ќе донесе мир, стабилност, безбедност и регион со перспектива, додека голем историски договор во регионот е потребен и за посветеност за незагрозување на територијалниот интегритет на Северна Македонија од нејзините соседи.Овие историски и визионерски процеси мора да ги гарантираат Соединетите Американски Држави и Европската Унија“, се додава во соопштението на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6201

СДС и ДУИ испроектирале траса кон Блаце на која потоа се купувани имоти, дали некој преку експропријација сакал да инкасира милиони, вели Петрушевски

„СДС и ДУИ 7 години не направија ниту еден автопат. Се што правеа беа само калкулации за криминал и профит на поединци. Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран по траса која ќе ја чини државата 300 милиони евра“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Каде е проблемот? Избрана е траса по која одредени луѓе непосредно пред да почне проектот купувале имоти. Очигледно е дека врвот на ДУИ и СДС сакал сериозно да профитира од експропријацијата и траса со многу тунели.За ова е информирано ЈО и очекуваме постапки. Народот очекува одговори дали претходната власт сакала да инкасира милиони преку блиски лица. ЈО да покрене постапка и даде одговори.Македонија нема 300 милиони евра за фрлање на автопат од само 10 километри. Трасата треба да се препроектира и да се добие автопат по далеку помала цена.Загуба за државата нема да има никаква, ќе има само за луѓето блиски до поранешната власт кои сакале да инкасираат милиони.Недозволиво е да се трошат стотици милиони евра за проекти кои може да чинат многу помалку.СДС и ДУИ не работеле за да направат автопат туку за да профитираат. Неодговорното и неспособното однесување заврши со нив.

Македонија | пред 1 година

dui

ДУИ: ВРЕДИ да се откаже од владата каде се понижуваат Албанците

Демократската Унија за Интеграција, вчера го одржа 16-тиот состанок на Претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство). На оваа средба се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и регионот, како и за агендата на активностите во наредниот период.„Поточно, Централното Претседателство на Демократската Унија за Интеграција:- Оценува дека одвојувањето на Република Северна Македонија од пакетот со Албанија на евроинтегративниот пат претставува лоша вест за земјата и за сите граѓани;- ДУИ ги поддржува уставните измени согласно преговарачката рамка со ЕУ и ја повикува Владата без етнички легитимитет да покрене соодветна процедура за усвојување на измените во Собранието, во кој случај ДУИ ќе гласа за усвојување на истите час порано. Европската перспектива за ДУИ останува неоспорен приоритет и оваа позиција ја манифестиравме преку колективните оставки на министри во последниот мандат од причини за обезбедување на потребниот политички консензус, во кој случај докажавме дека за нас е поважна европската перспектива.- Ги повикува сите парламентарни политички партии да го поддржат предлог-законот за ВЕТИНГ на ДУИ, правејќи го овој процес инклузивен и со кој ќе придонесеме за зголемување на кредибилитетот на граѓаните во правосудните органи;- Повторно ја нагласува важноста на долгогодишната одлука на ДУИ за целосни истраги над сите политички партии, без исклучок, во изминатите 33 години;- Бара проверка и контрола на потеклото на имотот за сите носители на јавни функции во последните 33 години;- Повторно ја нагласува потребата од целосна истрага на процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес;- Ја нагласува потребата од почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со волјата на гласачите и заедниците;- Изразува загриженост дека меѓуетничките односи се нарушени од владините политики без етнички легитимитет;– Апелира до блиските пријатели на нашата земја, до потписниците на Охридскиот договор – САД и ЕУ, за уште поголема посветеност во овој момент за доследно почитување на Охридскиот договор од страна на институциите создадени по последните парламентарни избори;- Ја нагласува потребата од блиска координација со стратешките партнери во рамките на НАТО за безбедносните институции во земјата;-Смета дека одлуката на Уставниот суд за укинување на декларацијата за етничка припадност е неуставна одлука и против Охридскиот договор. ДУИ ги демантира сите клевети на Владата без етнички легитимитет за наводна вмешаност на ДУИ во минатото во усвојување на акти каде се елиминира изразувањето на етничката припадност. Одлуката на Уставниот суд ги подели судиите по етничка линија при одлучувањето, враќајќи нè на етничка мајоризација од минатото. Уставот во минатото беше генератор на криза, затоа апелираме до македонските политички партии и меѓународниот фактор да не ги прекршуваат елементите на Охридскиот договор во Уставот на државата.- Смета дека легитимитетот е национална обврска на сите избрани претставници, затоа уште еднаш упатуваме јавна покана до ВРЕДИ да се откаже од владата каде се понижуваат Албанците, додека ДУИ и Европскиот Фронт не се заинтересирани да учествуваат на таков формат на власта, напротив, потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници“, соопшти ДУИ.Централното претседателство на ДУИ, како што соопшти, ја прифати иницијативата на своите ограноци за одржување на состаноци на ограноците со отворен карактер, со присуство на народ, со присуство на граѓани, на кои ќе учествува и највисокото раководство на ДУИ. Средбите со ограноците со народот почнуваат од среда, каде што првата средба ќе се одржи во Липково во 19 часот, а потоа продолжуваат со втората средба што ќе се одржи во Сарај.

Македонија | пред 1 година

80bbe688-ab7f-4541-8917-3da47db3659f

(Видео) ДУИ: ВРЕДИ без двоумење уништуваа се што беше постигнато со голема тешкотија во здравство

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес конференција ја информираа јавноста дека „од доаѓањето на ВРЕДИ на власт до денес, за 100 дена ги демолираа и продолжуват да демолират се што беше постигнато во здравството“.„Од самиот почеток на работа на оваа Влада, со длабока загриженост ги набљудуваме промените кои се случуваат во здравствениот сектор, имплементирани од ВЛЕН. Во отсуство на легитимитет тие се принудени да го прифатат понижувањето и во исто време да ги прекршат правата на еден цел народ“, велат од ДУИ.„Со многу напорна работа и голема пожртвуваност успеавме да создадеме здравствени кадри од сите профили (медицински техничар, медицински сестри, доктори специјалисти, доктори на науки, универзитетски професори), од трудот на албанците тие најдоа здравство со застапеност во сите нивоа, раководители на многу здравствени институции, кадри докажани меѓународно.Албанците раководеа со над 50 здравствени институции, додека ВРЕДИ влезе во Влада, без легитимитет од народот и кои без двоумење ги демолираа и продолжуват да ги демолират све што беше постигнато“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

eeff2a19-99fe-415d-aa60-3d63b796b0b7

(Видео) ДУИ: Граѓаните никогаш не биле попонижени, попотценети и без европска перспектива

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес-конференција презентираа тематско резиме на пост-изборните случувања во однос на политичкиот систем и односите меѓу заедниците, но и генерално политичките прашања во земјата.„Денеска сме тука да направиме тематско резиме на пост-изборните случувања во однос на политичкиот систем и односите меѓу заедниците, но и генерално политичките прашања во земјата. Власта со моноетнички легитимитет во конститурањето на институциите ги вклучи губитниците на претседателските и парламентарните избори кај Албанците, но и кај другите заедници.Овие губитници на претседателските и парламентарните избори со својот потпис се обврзаа дека нема да станат дел од ниту една влада која нема да го смени уставот за да го деблокира европскиот пат“, велат од ДУИ.„И лидерите на партиите-губитнички, во медиумите јавно се изјаснија дека доколку имаат само еден глас помалку од Европскиот фронт, не само што нема да бидат дел од владата, туку тие ќе се повлечат и од политиката.Ниту едно од овие ветувања не е исполнето. Напротив, потклекнаа и без никакви услови ги окупираа институциите без легитимитетот на гласачот на демократски избори.Денеска сме сведоци на блокирањето на евроинтеграцискиот пат, без јасна перспектива кога ќе се деблокира. Сведоци сме на најслабата застапеност и со најниски капацитети на албанците во институциите, сето тоа без легитимитет.Од ВМРО ДПМНЕ потенцираа дека 75 отсто од институциите се условно кажано вратени од Албанците и оти губитниците од ВРЕДИ не добиле ништо. Никој не ја негираше оваа изјава.Денеска сме сведоци дека на чело на Охридскиот договор седи Путинистот, негирачот на независноста на Косово, Иван Стоилковиќ, каде што до денес се отпуштени од работа десетици Албанци.Стотици други Албанци исто така се отпуштени од своите работни места во многу институции.Буџетот за Охридскиот договор и одбележувањето на Денот на азбуката беше осакатен и оставен во рацете на Стоилковиќ.Негирањето на Охридскиот договор продолжи и во Уставниот суд, каде што беше поништена етничката припадност за да се спречи принципот на правично и адекватно застапеност и да се отвори пат за поништување на Бадентеровиот принцип.Денеска, поразените на изборите, со џентлменски договор раководат со небитни институции. Никој не ги прашува за ништо, не можат да завршат ниту едно барање на граѓаните, ниту најмала услуга.Но, уште поважно, се сместија тие што велеа дека не сакаме извршни функции, туку сакаме да им дадеме шанса на младите.Националното знаме беше забрането во кабинетот на претседателот на Собранието и на министрите.Албанскиот јазик е тргнат од употреба во 100-тина институции, а повторно заживеа иницијативата за укинување на законот за употреба на јазикот.Работните простории се одземени од Агенцијата за албански јазик. Народниот ансамбл и музички театар се дискриминирани како никогаш досега.Откако го нарече Косово моја татковина, нелегитимниот спикер на собранието беше принуден да се извини. Истиот, ги напушти Албанците во полиција, кои се отпуштени од работа, беа кривично тужени, а други беа разрешени и осудени.Како резултат на неговата злоупотреба на службената положба, денеска редиците на границата со Косово се долги километри, а се чека со часови. Дозволија затвор и притвор за Блерим Рамадани, поранешниот војник на УЧК, кој поради нивната неспособност беше принуден да избега.Ја намалија застапеноста на Албанците од 30% на 24% во администрацијата. Тие одлучија државната химна да се пее во сите училишта во државата.Министерот одговорен за добро владеење оди на партиски состаноци со својот службен автомобил и не сноси никаква одговорност. Џентелменот го назначи целото семејство за директори и функционери. Министерот за економија не знае ниту колку е минимална, ниту просечна плата.Министерот за Европа, не го знае името на амбасадорот на Европска Унија во државата, и затоа, се сретна со Ричард Гир. Назначуваа и разрешуваа раководители на институции со криминално досие.За прв пат на чело на разузнавачката агенција нема Албанец. Изгубени се сите раководни позиции во МВР. Водечката позиција во здравствениот фонд е изгубена за прв пат. Се откажаа од уставните измени и евроинтеграциите.Се вршат големи политички притисоци со закани за откази кон вработените во некои државни органи. Апелираме до вработените да не станат жртви и субјект на незаконските притисоци на челниците на институциите бидејќи нарачателите на незаконски дејствија ќе одговараат, кога, тогаш.Граѓаните никогаш не биле по понижени, по потценети, по погазени, без европска перспектива, а сето тоа се случува затоа што губитниците на претседателските и парламентарните избори влегоа во владата без легитимитет, како губитници и без никакви услови“, велат од ДУИ на денешната прес-конференција.

Македонија | пред 1 година

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

„Зелената" партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, "зелената" партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Иако и тие самите пред само една година, на седница на тогашната Влада предводена од СДС-ДУИ коалицијата, донеле одлука за укинување на алатката "балансер", изминатава недела сведочиме на низа прес-конференции каде што велат дека укинувањето не смее да се случи.Да не заборавиме, Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Притоа, препораката на Европската Комисија јасно вели дека алатката е истрошена и треба да се укине.ДУИ најавува протести и дестабилизација на државата, а беа дел од власта повеќе од 20 години и не направија ништо, освен играње фудбал по канцеларии, калливи патишта во Арачиново и купување на молови.ДУИ се прочитани од граѓаните и изјавите на нивните политичари не проаѓаат во албанскиот блок.Да потсетиме, ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

dui1

(Видео) Незадоволството кај ДУИ останува: протести се можни, нов закон кој е замена за балансерот не ги предомислува

ДУИ остануваат на ставот дека можеби ќе излезат на протести, оти е укинат балансерот кој со години беше злоупотребуван за вработувања во државната администрација. Не се предомислуваат дури ни по најавите дека во процедура влегува носење на нов закон за правична застапеност. Тие не знаат што стои во него.„Новиот закон за правична застапеност требало да се достави порано. Како што слушаме од сегашните учесници во Владата, тек сега ќе достават предлог-закон. По одлуката на Уставен. Ние ќе ги користиме сите демократски методи за искажување на нашето незадоволство. Во иднина секако ќе Ве известиме за сите работи кои ќе ги преземеме за да излеземе во пресрет на ваквите вредности“, рече Диана Тоска од ДУИ.Прашана дали ДУИ е против новиот закон за правична застапеност, таа рече: „Требало порано. А не откако ќе се тргне балансерот, да се достави. Не знаеме што ќе содржи тој закон“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-13-at-12.07.31

(Видео) ДУИ со националистичка кампања и куп обвинувања: Бараат Албанци на високи функции

Диана Тоска од ДУИ обвинува дека Албанците се маргинализирани во делот на културата, бидејќи немале високи функции во културните институции, а воедно, меѓу добитниците на признанието „11 Октомври“, немало Албанец.ДУИ ја обвинија Владата дека е моноетничка. Тоска им се обрати со барање да го променат ваквото функционирање и да ги застапуваат Албанците, а моменталното функционирање го нарекоа „силен удар на Албанците“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се, вели Петрушевски

„Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 - 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине.ДУИ прифатија укинување на балансерот од позиција на власт, и тогаш не повикуваа на протести, затоа што беа насочени на матни тендери и играње фудбал по канцеларии.Од позиција на опозиција, сега корумпираните функционери од ДУИ не може да местат тендери и тогаш почнуваат да злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација.ДУИ само бараат причини за дестабилизација затоа што се плашат дека нивните функционери кои 20 години ја крадеа државата ќе се соочат со одговорност.И додека функционерите на ДУИ 20 години ја ограбуваа државата, јавајќи на бранот на етнички теми, стотици илјади наши сограѓани ја напуштија државата, токму заради тие лоши политики.ДУИ се прочитана книга и никој повеќе не им верува.И Европската Комисија нотираше дека балансерот се злоупотребува и дека истиот треба да се укине. Тогаш ДУИ молчеше, за да краде.Македонија сега оди напред, кон економска трансформација, владеење на правото и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-143738

Мицевски: Двете лица и политичката акробација на ДУИ!

„ДУИ на власт: Јули, 2023 година, владата на ДУИ и СДС дава ЗЕЛЕНО СВЕТЛО и го усвојува АКЦИСКИОТ ПЛАН како дел од Стратегијата за реформа на јавната администрација, во која што на 47-та страна, се наведува и се потврдува нивниот став дека, цитирам „СЕ НАДМИНУВА ПОТРЕБАТА ОД ПРИМЕНА НА АЛАТКАТА НАРЕЧЕНА ‘БАЛАНСЕР’ КОЈА ВО ПРАКСА ПРЕДИЗВИКУВА БРОЈНИ ЗЛОУПОТРЕБИ“, пишува координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски на социјалните мрежи.„ДУИ во опозиција: Свикува вонредна прес конференција и вели „Ја осудуваме ШОКАНТНАТА одлука на Уставен суд за укинување на т.н. Балансер. Тоа е директен напад врз правата на заедниците во Македонија и ќе има сериозни последици за правично и еднакво функционирање на институциите. Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира и да ги заштити правата загарантирани со Устав“.Оттука, јас би сакал да знам,Што се смени во ДУИ за да има вака дијаметрално спротивен став за т.н. балансер во период од само една година?Зошто баш сега, а не лани, ДУИ е „шокиран“ од оваа одлука?И, зошто ДУИ од позиција на тогашна власт, молчеше и не организираше никакви вечерни и вонредни прес конференции на оваа тема?Одговорот е едноставен и краток: БИДЕЈЌИ ПО ЦЕЛИ 20 ГОДИНИ, ДУИ Е ВО ОПОЗИЦИЈА!Затоа, на крајот би сакал да упатам една искрена порака до политичката партија ДУИ,Прочитани сте! Доста е од популизам и политиканство, доста е од лицемерие и дволичност, доста е од креирање на меѓуетнички тензии.Прифатете ја реалноста, бидете самокритични, реформирајте се и покажете дека навистина сакате Македонија да биде просперитетна и силна држава“, додаде Мицевски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања