ДУИ

media-library2gq3bkag59dvdrsGMQz

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ - наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека СДС и ДУИ стојат зад, како што рече, криминална шема во државната компанија ЕСМ, преку која биле испрани околу два милиони евра пари на граѓаните.Петрушевски изјави дека во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен тендер вреден осум милиони евра. Според него, наместо спроведување транспарентна јавна набавка, биле вклучени две правни лица – едно од Скопје и едно од Куманово – со однапред утврдени улоги.Како што појасни, фирмата од Куманово настапила со непотполна документација и со повисока цена, со цел да се создаде привид на конкуренција, додека скопската фирма доставила понуда речиси идентична со проценетата вредност на тендерот, иако таа вредност, според него, воопшто не била јавно објавена во огласот.Петрушевски тврди дека по доделувањето на тендерот, за да се прикрие трагата, осомничените пуштале во оптек, примале и пренесувале средства во износ од околу два милиони евра, што, според него, претставува основ за кривично дело перење пари.„По примерот на Зоран Заев и Венко Филипче, вака се местеа тендерите во државата додека владееја СДС и ДУИ“, изјави Петрушевски, обвинувајќи ги двете партии дека молчат и не се оградуваат од случајот, туку, како што рече, го штитат криминалот.Тој порача дека токму поради ваквите случаи, СДС и ДУИ, според него, ќе останат во длабока опозиција. Од СДС и ДУИ засега нема официјален коментар на овие обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Ахмети старо-нов лидер на ДУИ: бара Бадентер за избор на Влада и целосен ветинг за функционерите

Али Ахмети е реизбран за лидер на ДУИ на партискиот конгрес. Арбер Адеми е избран за генерален секретар на петтиот конгрес на Демократската унија за интеграција.Фатон Ахмети е избран за потпретседател на партијата.За други потпретседатели на партијата се избрани Бујар Османи, Еркан Арифи, Арбана Пашоли и Арта Билали-Зендели.Ахмети на Конгресот најави нов „Национален договор за напредок“ и побара целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години.Ахмети се залага и за воведување на „извршен Бадентер“ при избор на Владата, потоа примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд и нова фаза на функционална и фискална децентрализација.„Унитарната држава може да биде функционална и стабилна само доколку се темели врз довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа. Во таа насока, предлагаме три клучни мерки кои обезбедуваат правична застапеност, функционална еднаквост и општествена кохезија, во духот на Рамковниот договор од Охрид. Прво, избор на Владата со двојно мнозинство, односно извршен Бадентер; Секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинство од вкупниот број пратеници, туку и со мнозинство од пратениците кои ги претставуваат немнозинските заедници”, рече Ахмети.ДУИ ја поддржува идејата за темелна истрага на потеклото на имотот, приватизацијата и дејствијата на безбедносните служби од 1945 година до денес, бидејќи смета дека правдата не смее да биде селективна.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот тандем СДС-ДУИ ја ограбиле Лотарија, 3 милиони евра испариле од институцијата и за овој криминал одговорност мора да има

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во периодот кога Прпарим Бајрами и Артан Груби управувале со Државна лотарија биле направени сериозни финансиски злоупотреби, додека СДС, како што велат од партијата, молчел за да се зачува коалициониот мир и уште некој ден повеќе на власт.Од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), во кој, според нив, има „брутални докази за недостатоци и недоследности“ во работењето на институцијата. Во извештајот, како што посочуваат, е утврдено дека биле исплаќани аванси за таканаречени „мали добивки“ на деловни соработници во вредност од 14 милиони денари, при што за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна.Дополнително, ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари готовински приливи. За овие износи, во извештајот било наведено дека постојат изјави оти авансите не биле ниту примени ниту вратени.Според ВМРО-ДПМНЕ, ревизорите преку увид во трговските книги и анализа на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет-игри, утврдиле и нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари.„Оставена е спорна документација за над 180 милиони денари, односно близу три милиони евра“, наведуваат од партијата, додавајќи дека одговорните за овие злоупотреби мора да сносат одговорност.„Криминалците мора да одговараат“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

media-library5ga6qpktlnppcVL56Pz

Ангелов пред протестот на ДУИ: Воени злосторства не се бранат со протести, целта им се тензии и враќање на власт

Лидерот на политичката партија Достоинство и бранител од конфликтот во 2001 година, Стојанче Ангелов, остро реагираше во пресрет на денешниот протест што го најави ДУИ во поддршка на поранешните припадници на УЧК. Во објава на својот Фејсбук профил, Ангелов порача дека сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства мора да одговараат согласно меѓународното право, без разлика каде и кога тие злосторства биле сторени.Тој нагласи дека тоа важи и за припадниците на УЧК кои, како што наведува, извршиле воени злосторства во Македонија во 2001 година, оценувајќи дека е апсурдно да се бара ослободување на лица кои се осомничени, обвинети или осудени за дела опфатени со меѓународното хуманитарно право. Според Ангелов, злосторствата не смеат да се релативизираат ниту да се користат за политички цели.Во продолжение на објавата, Ангелов ја проблематизира политичката позадина на протестот, тврдејќи дека вистинската цел на Али Ахмети и ДУИ е создавање меѓуетнички тензии со цел партијата повторно да се врати на власт. Тој посочи дека протестот нема реално да влијае врз одлуките на Специјализираниот суд во Хаг, што, според него, отвора сериозно прашање за скриената агенда зад неговото организирање.Ангелов се запраша зошто протестот се одржува токму во Скопје и дали станува збор за спонтан настан или за внимателно осмислено сценарио насочено кон напад врз актуелната власт, владејачката коалиција и премиерот Христијан Мицкоски. Тој оцени дека протестот може да претставува перфиден обид да се ослабне власта, ставајќи го и албанскиот коалиционен партнер во незавидна позиција – доколку не учествува, се зајакнува ДУИ, а доколку учествува, се создава услов за политичка нестабилност.Според Ангелов, можноста за разгорување на меѓуетничка нетрпеливост и дополнително нарушување на веќе кревката меѓуетничка доверба претставува „бонус“ за ДУИ во ова сценарио, што, како што заклучува, покажува дека протестот е повеќе политичка алатка отколку искрена борба за правда.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj8gbb1p5ksjdfYmutYa

Илир Демири го напушти Ахмети, ќе делува како независен пратеник

Пратеникот Илир Демири официјално го известил претседателот на Собранието Африм Гаши, дека ќе продолжи да делува како независен пратеник.Демири, досега беше дел од пратеничката група на Европскиот фронт. Неговата одлука веднаш е ажирирана и тој веќе стои како независен пратеник на официјалната веб-страница на Собранието, но како коалиција стои „Европски фронт“.Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, кој на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.Одлуката на Демири следува откако Села најави дека ја напушта коалицијата со ДУИ.Инаку од месец февруари до јуни 2024 годин, Демири ја извршуваше функцијата министер за здравство.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4tleioo2toejbmAASGH

(Фото) Ахмети откри споменик на Скендербег во кичевско Горане

Во селото Гаране, кичевско, вчера ма Денот на албанското знаме, беше откриен споменик на Скендербег.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека споменикот ќе биде вечен симбол на слободата, отпорот и националната гордост.„Овој важен момент доаѓа токму на ден кога нашите срца чукаат посилно за црвено-црното знаме, потсетувајќи нè на патот на жртвата што нè донесе овде“, објави Ахмети на Фејсбук.Тој нагласи дека во текот на денот се оддаде почит и на споменикот на Албанката мајка во Зајас, кој, според него, симболизира посветеност, жртва и безусловна љубов што го одржува семејството и нацијата живи со векови.„Оваа двојна почит, на херој и мајка, нè потсетува дека нашата слобода и идентитет се заедничко наследство на мажите и жените кои дадоа сè за нашата иднина“, потенцира Ахмети.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3ggam2gph8ccaIJqT0v

ДУИ: Извештајот на ЕК за 2025 е најтежок досега – Владата ја доведе европската интеграција во длабока блокада

Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во 2025 година носи „најсериозни критики во последните години“ и покажува дека Владата доживеала неуспех во речиси сите клучни европски стандарди, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, на денешната прес-конференција.Според него, документот потврдува регресија во владеењето на правото, без напредок во независноста на судството и со видливо зголемено политичко влијание. Адеми потсети дека Европската комисија укажува и на несоодветното финансирање на правосудниот систем – далеку под европските препораки од 0,8 проценти од БДП за судството и 0,4 проценти за обвинителството.Тој посочи дека борбата против корупцијата бележи „нулта резултати“, при што случаите со висок профил не се решаваат, а антикорупциските институции остануваат „слаби и неефикасни“. Извештајот нотира и „видливо влошување“ на слободата на медиумите, основните права и длабока политизација на јавната администрација, придружена со економска нестабилност.„Главната порака на ЕУ е јасна – Северна Македонија не може да отвори нови поглавја без решавање на основните проблеми“, рече Адеми, најавувајќи дека ДУИ бара итни мерки за деблокирање на реформските процеси.Меѓу препораките што ги посочи се:– реформи во правосудството и зајакнување на финансиската автономија на судовите и обвинителствата;– усогласување на буџетите со европските стандарди;– деполитизација на јавната администрација;– зајакнување на независните институции;– целосно исполнување на препораките за првиот кластер „Темели“;– итно усвојување на уставните измени за продолжување на интеграцискиот процес.„Европската иднина на Македонија не смее да биде заложник на неуспесите на власта. Ние остануваме доследни на евроатлантскиот курс“, порача Адеми.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

Албанската опозиција се распаѓа, тврди ВЛЕН: „НАИ/ДУИ е најголемата политичка заблуда во последните години“

Албанската опозиција се наоѓа во состојба на целосна дезинтеграција, оценуваат од ВЛЕН, според кои денешната ситуација потсетува на „стар шатор што се распарчува при првиот посилен ветер“. Движењето нагласува дека долго време предупредувало дека коалицијата НАИ е нестабилна конструкција, создадена без вистинска политичка основа.Во нивното соопштение се наведува дека НАИ е „најголемата политичка заблуда во последните години“, коалиција составена „со селотејп“, чија цел не била интересот на Албанците, туку исполнување на лични амбиции, маскирани со идејата за референдум.Отворените несогласувања, турбуленциите и повлекувањата од коалицијата, велат од ВЛЕН, се доказ дека проектот бил креиран без стабилна визија. Како пример ги наведуваат заминувањата на Мендух Тачи, Арјанит Хоџа, Кренар Лога, како и одлуката на Зијадин Села да се повлече.„НАИ не успеа ниту еден ден да функционира како вистинска опозиција. Денес структурата се распаѓа буквално пред јавноста, член по член и бројка по бројка. Оваа криза не му штети само на самиот политички субјект, туку и на целиот систем, оставајќи ги граѓаните без кредибилна алтернатива“, наведуваат од ВЛЕН.Во заклучокот се додава дека Албанците заслужуваат стабилни и чесни политички понуди, а не „експерименти што се растураат како недовршени конструкции“.

Македонија | пред 2 месеци

sela-2

Алијансата на Зијадин Села излегува од ДУИ

Алијансата за Албанците на Зијадин Села од денеска тргнува по свој политички пат. По состанокот на партиското Претседателство, крилото под раководство на Села соопшти дека ја напушта коалицијата Национална алијанса за интеграција предводена од ДУИ и дека пратениците на партијата во Собранието ќе формираат независна пратеничка група.Во соопштението се наведува дека изминатите локални избори и начинот на кој завршија биле клучниот момент за ваквиот чекор. Иако коалицијата во која учествуваше АА освои најмногу гласови на национално ниво во советничките листи, партијата тврди дека резултатите во битките за градоначалници биле деформирани од, како што велат, „државен инженеринг“ и координирани дејствија меѓу албанските партии на власт и македонските политички субјекти. Според Села, целта била исполнување на политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ за „дефакторизација на Албанците“.„Под ваквите сценарија, најмногу изгубија самите Албанци, кои по централната власт се деградирани и на локално ниво“, стои во текстот потпишан од Села. Партијата нагласува дека, и покрај изборниот исход, останува целосно посветена на националната кауза и на заштитата на правата и рамноправноста на Албанците во државата.Членовите на Претседателството, по долги дискусии, едногласно ја поддржале одлуката за самостојно делување. Во следните денови, пратениците на АА ќе ја формализираат одлуката во Собранието со оформување независна група.Партијата наведува дека ќе продолжи активно да ја критикува политиката на актуелната власт и да соработува со другите субјекти на албанската опозиција. Националната кауза, уставните права и санирањето на, како што велат, „штетите од оваа Влада“ остануваат нивна централна платформа за понатамошно дејствување.

Македонија | пред 2 месеци

ahmeti-grubi

Ахмети со поддршка за Хашим Тачи и соборците: „Овие луѓе се сојузници на Америка, не злосторници“

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, изјави дека денеска „со ум и срце“ ќе биде на протестот организиран од Организацијата на војната на Ослободителната војска на Косово (ОВЛ УЧК) во Стразбур, јави Ора њуз.„Овој суд не суди за тоа за што е основан, туку ги суди клеветите на Србија измислени од Русија. Хашими, Кадриу, Реџепи, Јакупи и другите се сојузници на Америка и Косово, и нивното место е во Косово“, напиша Ахмети.Тој оцени дека токму во Стразбур започнала „големата неправда врз ОВК и албанскиот народ“, додавајќи дека поранешните водачи на косовската борба за независност се неправедно обвинети.„Нивната невиност е потврдена од нашите американски и европски пријатели во Хаг. Неправдата мора веднаш да заврши — целиот албански народ се залага за правда и за светоста на нашата ослободителна војна“, порача Ахмети.Протестот во Стразбур започна денеска во 13 часот пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, во знак на поддршка за поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово кои се во притвор во Хаг.

Свет | пред 2 месеци

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: ДУИ го газеа европскиот пат со промена на КЗ отворајќи пат за враќање на Груевски и ослободување на Мијалков

ВРЕДИ одговори на прес конференцијата на ДУИ.„Две недели по дебаклот на локалните избори и две недели по објавувањето на Извештајот за напредокот од Европската комисија, ДУИ и Арбер Адеми се разбудија од зимски сон за да го изразат својот наводен загрижен став за европскиот пат. Иронијата е длабока: со половина раководство на црните листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за европски напредок, напредок што самите го блокираа со години. Уште поапсурдно е што на локалните избори, ДУИ отворено се здружи со нај анти-НАТО и анти-ЕУ партијата во државата – Левица на Апасиев, во Гостивар, Тетово и Струга. Кога им требаше власт, Европа беше заборавена. Денес, кога ги загубија општините и влијанието, одеднаш се сетиле на ЕУ! Вистината е дека тие го газеа европскиот пат кога го променија Кривичниот законик спротивно на предупредувањата од нашите стратешки партнери, отворајќи му пат за враќање на Никола Груевски и овозможувајќи ослободување на Сашо Мијалков”, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.За ВЛЕН, европскиот пат е есенцијален, суштински и за него не се преговара.

Македонија | пред 2 месеци

ademi

ДУИ:Извештајот на ЕК e алармантен сигнал за застојот на Македонија

ДУИ на прес конференција изрази длабока загриженост за, како што велат, исклучително негативната оценка што Европската комисија ѝ ја даде на Северна Македонија во својот најнов извештај за 2025 година.,,Овој извештај, кој е дел од Пакетот за проширување, претставува една од најслабите оценки што нашата држава ги има добиено во последните десет години”, изјави портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми.Пораката вели е јасна: Северна Македонија стагнира и губи чекор во однос на земјите од регионот.,,Во сржта на проблемот се наоѓа неуспехот на Владата да ги исполни основните услови за отворање на преговорите, вклучително и првиот кластер што се однесува на владеењето на правото и функционирањето на правосудните институции. Извештајот на Европската комисија е аларм кој треба да ја разбуди политичката и институционалната свест во земјата. Декларациите и реториката повеќе не се доволни; потребни се конкретни дејствија, одговорност и искрена волја за вистински реформи. Демократската унија за интеграција верува дека европската интеграција не е политички слоган, туку национална и стратешка обврска”, вели Адеми.

Македонија | пред 2 месеци

ahmeti-4

Ахмети: Довербата на граѓаните не е ослабена, туку зајакната

По завршувањето на вториот круг од локалните избори, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека неговата партија и коалицијата НАИ ја добиле довербата на народот со над 23.000 гласови предност, оценувајќи ја оваа поддршка како „морален и политички мандат“ за продолжување на работата во нов дух – пообединет, подисциплиниран и посветен на граѓаните, пренесе „Коха“.„Победата на народното и општинското гласање, со разлика од над 23.000 гласови, е морален и политички мандат што нè обврзува да продолжиме пообединети, подисциплинирани и попосветени на граѓаните. На крајот на денот, легитимитетот на секоја политичка визија произлегува од довербата на граѓаните, а оваа доверба не е оштетена, туку зајакната“, изјави Ахмети.Во својот говор одржан во седиштето на партијата, тој нагласи дека ДУИ останува партија со стабилна поддршка и дека резултатите не се причина за разочарување, туку за преиспитување и нова енергија.„Ќе спроведеме длабинска анализа, ќе ги обновиме нашите редови и стратегии и ќе ги исправиме сите недостатоци за да им понудиме повеќе и подобро на граѓаните“, порача Ахмети, додавајќи дека губењето на неколку општини ќе биде искористено како повик за самоанализа и подобрување.Ахмети најави дека ДУИ ќе се фокусира на зајакнување на локалните структури и на подобро управување со локалната политика, со цел поефикасно претставување и обезбедување подобри услуги за сите заедници низ земјата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library353dmsmr07c52ucOarB

ВЛЕН обвинува: Коалицијата на ДУИ влезе во „срамна зделка“ со Левица во Тетово

Политички скандал ја тресе изборната кампања во Тетово, откако во јавноста се појави фотографија на која се гледа Арди Исмаили, претставникот на коалицијата на ДУИ на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска.Од коалицијата ВЛЕН во соопштение тврдат дека фотографијата е најјасен доказ дека тие се подготвени да ги жртвуваат националните вредности само за да дојдат повторно на власт.Во реакцијата се наведува дека Левица е партија која, според нив, „отворено ги навреди Албанците, се изјасни против независноста на Косово, се спротивстави на членството во НАТО, бараше затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците“.„И денес НАИ седи на маса со нив за валкан изборен договор. Ова не е политика, туку срамна зделка. Ова не е стратегија, туку морален колапс“, порачаа од ВЛЕН.Оттаму додаваат дека сега е јасно – за да ги зачуваат своите позиции, тие се подготвени на компромиси со сили кои, како што велат, се против Албанците.„Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат: на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. ВЛЕН, преку своите кандидати Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот тим, претставува достоинство, развој и иднина“, се наведува во соопштението.Коалицијата ВЛЕН заклучува дека „Албанците не тргуваат со своето достоинство и не се продаваат на оние што ги навредиле“.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Ниту потврдуваат ниту негираат: молк во ДУИ за евентуалното повлекување на Ахмети од политика

Молк од Демократската унија за интеграција околу веста дека Али Ахмети размислува да се повлече од активната политика.„Скопје1“ уште во текот на вчерашниот ден побара став од Бујар Османи, висок партиски функционер, а и кандидат на ДУИ во Чаир кој изгуби - но тој не одговори на пораката дали има вистина во објавата од албански медиум.ДУИ на овие избори ја предводи коалицијата НАИ, која победи само во Липково и Пласница. Партијата изгуби во Чаир.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања