ДУИ

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

ВЛЕН за Таравари: Oтиде за шест, остана со четири, заврши со нула општини

ВЛЕН исрати порака до довчерашниот партнер Таравари. Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, велат од ВЛЕН.„Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари.Иако се обидуваат да најдат оправдувања, суверенот со овој потег им удри силна шлаканица на политиките на менување принципи за ситни лични интереси. Таравари отиде за шест општини, остана со четири и заврши со нула“, велат од Коалицијата ВЛЕН.

Македонија | пред 3 месеци

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Бујар Османи го призна поразот, Изет Меџити ќе го предводи Чаир

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, по завршувањето на изборниот ден, упати јавна изјава во која им се заблагодари на своите соработници, активисти и поддржувачи за нивниот ангажман во текот на кампањата, оценувајќи дека изборниот ден поминал успешно и мирно.„Денешниот изборен ден беше успешен, без поголеми забелешки, и тоа е нешто што треба да се истакне. Сакам да изразам благодарност до сите соработници, активисти, пријатели од партијата и коалицијата, како и до форумите на жени и млади. Чест ми беше да работиме со посветеност и пожртвуваност на визијата за Чаир, но и да создадеме многу нови пријателства,“ напиша Османи.Тој нагласи дека, иако кампањата не била целосно фер и законска, резултатот го прифаќа со почит кон волјата на граѓаните.„Во политиката, последниот збор секогаш им припаѓа на граѓаните. Доволно сум долго во оваа сфера за да ги разберам и почитувам пораките што тие ги испраќаат. Иако кампањата не беше фер во секој аспект, нема да се жалам – чесноста и вредностите имаат смисла само ако ги зачуваш и во вакви ситуации,“ порача Османи.Тој му честита на својот противкандидат и на коалицијата што стои зад него, посакувајќи им успех во следниот четиригодишен мандат.„Им честитам на победниците во Чаир и им посакувам успех во управувањето со општината,“ додаде Османи, истакнувајќи дека дополнително ќе се произнесе за своите следни политички чекори.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

Дехари е симбол на понижување и сексуална злоупотреба на жените, ДУИ го прикрива срамот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција ја обвини ДУИ дека се обидува да го прикрие скандалот со кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, кој, според партијата, направил брутална злоупотреба на функцијата и сексуално ги понижувал жените вработени во општината.„Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Тој е симбол на брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените,“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека во јавноста се појавиле снимки кои, како што велат, ја откриваат одвратната вистина за Дехари, на кои се слуша како тој малтретира и сексуално понижува жени на работно место.„Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето. Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност,“ стои во реакцијата.Наместо оставка и извинување, според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ се обидува да го прикрие скандалот, нарекувајќи ги снимките „фабрикувани материјали“ и „шпекулативни и монтирани снимки“, со што, како што тврдат, партијата ја замајува јавноста и се обидува да го релативизира случајот.„Евтин е обидот на ДУИ скандалот да го претвори во етничка сторија. Тоа не поминува, јавноста ги слушна снимките. ДУИ да не ја потценува интелегенцијата на народот,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се наведува дека на снимките се слуша како жените вработени во општината се принудени да го бакнуваат и дури да му седнуваат во скут на Дехари. „Ова недолично и некултурно однесување не заслужува никакво оправдување,“ додава партијата.ВМРО-ДПМНЕ прашува дали ова е нивото на кое паднала ДУИ – да брани функционери кои сексуално малтретираат жени. „Дали почитта кон жената е празно слово во ДУИ? Што им порачуваат на жените и семејствата со ваквото однесување?“Партијата нагласува дека граѓаните на Кичево и целата јавност не заслужуваат вакво однесување и ваков срам, истакнувајќи дека ниту една жена не смее да биде третирана како објект.„Не живееме во средниот век, сите жени, мајки и ќерки заслужуваат да бидат третирани со почит и заштитени,“ стои во соопштението.ВМРО-ДПМНЕ бара Фатмир Дехари веднаш да поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот. Исто така, ги повикува жените од ДУИ да го осудат неговото однесување, а сите институции, политички партии и здруженија за заштита на жените – да реагираат јасно и без компромис.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од ДУИ да престане да го брани кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари и да овозможи институционална постапка за случајот кој, според опозицијата, буди сериозни сомнежи за сексуално вознемирување и злоупотреба на службена положба во Општина Кичево.„ДУИ се обидува скандалот со Фатмир Дехари да го претвори во етничка приказна. Тоа е евтин маневар. Ова не е Албанци против Македонци. Ова е злоупотребувач против жртви. Ова е прашање на достоинство, закон и одговорност, независно од етничката и верската припадност“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека јавноста слушнала содржини што отвораат сериозни прашања за можно вознемирување и притисоци врз жени вработени во општината, а наместо институционална реакција, ДУИ – како што велат – прибегнува кон реторика за „подземје“ и „фабрикувани факти“, со што, според нив, се врши притисок врз потенцијални сведоци.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhomgnbk6o1k32Fse5yy

Мицкоски: Кампањата речиси завршува, а Венко не сопре со црна кампања, свесен е дека тоне

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во Пробиштип, во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. Мицкоски се осврна на како што вели тој, неформалната коалиција за локалните избори составена од СДСМ, ДУИ и Левица, кои се обединети од желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. Според него, на овие локални избори тие настапуваат со црна кампања, а не нудат никакви проекти, никаква визија ниту стратегија.,,Кога зборувам за нашите противници зборувам за една непринципиелна коалиција, која што е составена од во суштина три политички партии, која што се обединила поради две главни причини, првата е желбата за власт, по било која цена. И втората е, патолошката омраза која што ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата на СДСМ, на ДУИ, и политичката партија Левица. На некои места, оваа коалиција е формална, на некои полуформална, но во суштина, тоа е тој опозициски блок, кој што на овие избори излегува тотално без никаква програма“, вели Мицкоски.Мицкоски истакна дека опозициската СДСМ за претстојните локални избори не нуди ниту проекти, ниту визија, туку само се фокусира на црна кампања уште од првиот ден.,,Од првиот ден, заклучно со денеска, ние не слушнавме ниту еден проект, не слушнавме никаква визија, никаква стратегија, од нив не слушнавме како планираат и каде планираат да ја водат Македонија. Од нив слушнавме само три, условно кажани, политички пораки во оваа кампања. Првата е, црната кампања која што ја водат од првиот ден, па се до ден денес. Против мене се разбира најмногу и против ВМРО-ДПМНЕ. Втората политичка порака која што ја испратија е дека тие се политички наследници и претставуваат континуитет на тоа што претставуваше влада 7 години во Македонија, коалиција  СДСМ-ДУИ. Третата политичката порака е дека тие се грижеле и се бореле за нашиот дом“, истакна Мицкоски и додаде:,,Црната кампања наспроти целата теорија и целата пракса, започна од првиот ден во оваа кампања. Ние немаме емитувано ниту еден негативен спот. А, веќе завршува кампањата во првиот круг. Ниту еден негативен спот“.Мицкоски истакна дека, иако има многу причини да се потсетат граѓаните на неуспесите на претходната влада, ВМРО-ДПМНЕ избира позитивна кампања фокусирана на проекти и иднината.,,А верувајте, имаме таква инспирација да ги потсетиме граѓаните, за тоа што го работеа 7 години, што ако почнеме рано наутро малку ќе ни биде еден ден сето она лошо што го направија додека 7 години беа влада. Но, рековме не. Ние сакаме да бидеме Влада која што ќе се обиде да ја врати надежта кај луѓето, и сакаме да зборуваме за убави работи, за проекти, да зборуваме за иднина. Сакавме тоа да го доближиме до граѓаните. Што е тоа што ние го сработивме. И што е тоа што ќе го сработиме. А тие, со ад хоминем напади, со ниски страсти. Прво ми посакаа, ќе било штосно ако го виделе моето тело распарчено и спакувано во куфер, за да потоа претседателот на СДСМ, претпоставувам инспириран, бидејќи неговиот политички гуру седеше во првиот ред, во еден занес, кажа дека тие нас не не мразеле туку не презирале. Тоа претпоставувам треба да е степен над омраза, барем според нивната филозофија. Инаку, човекот е педагог, редовен професор на факултет, кој што пледира утре да ја води државата. Тоа е тоа што го нуди СДСМ на овие избори“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryoqfh3b8fio431gjXo4g

ДУИ им порачува на граѓаните да останат смирени: Бараат МВР да ги уапси напаѓачите на Шаини

„Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листа во општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и повреден. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска помош“, соопштија од ДУИ за вчерашниот вооружен инцидент во центарот на Куманово.Остро го осудуваат, како што велат, овој варварски чин на насилство и бараат Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат, со целосна транспарентност и решителност, за да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите на овој напад.-Ги повикуваме сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓаните да останат смирени, да не потпаѓаат жртва на провокации и да ја покажат разумноста што отсекогаш го карактеризирала нашето движење. Во солидарност со повреденото лице и за да ја нагласиме сериозноста на настанот, нашата партија одлучува да ги прекине денешните активности, додека институциите преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на терен, стои во партиското соопштение.Носителот на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини беше ранет во оружен инцидент којшто се случи вчера попладнето во центарот на Куманово. Д-р Шаини е надвор од животна опасност, но има прострелни рани на рацете и нозете.ОЈО информираше дека на расчистување на случајот работат двајца обвинители. Се прибираат траги и материјални докази, кои ќе бидат предмет на вештачење. По напаѓачот се трага. Според првичните индиции, според ОЈО не се работи за политички мотиви зад инцидент, но сите околности се проверуваат.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryil9qv5ric8ub9D3iEZm

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање и зборуваше за опозициските партии и нивните претседатели, кои како што вели тој, водат црна кампања и функционираат како непринципиелна коалиција. Мицкоски потсети на тоа што правеше Левица, кога рушеше се што е на народот, и каква кампања водат Али Ахмети и ДУИ, од кои СДСМ зборува за дом, а имаа 7 години да зборуваат и направат нешто за тоа, додека ДУИ ја враќа кампањата со децении наназад, што не соодветствува со светските стандарди.,,Кога сме кај политичките пораки, мојата политичка порака е за да нема дилема. На овие локални избори, бираме помеѓу две концептуално спротивставени опции. Едната е онаа тивка коалиција, која што ја сочинуваат три политички партии, тоа е СДСМ, ДУИ, и политичката партија Левица. Тоа се трите политички партии коишто ја сочинуваат онаа концептуално различна понуда од нашата, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие се тие две практично концепти. Тие се тие две спротивставени страни коишто ќе се соочат на овие избори“, рече Мицкоски.Мицкоски зборуваше за коалицијата  Ахмети, Филипче, Апасиев, и истакна дека нивната заедничка поврзаност е гневот кон ВМРО-ДПМНЕ.,,Оваа непринципиелна коалиција, составена од овие три чинители. Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев се здружила, жедна и гладна за власт, моќ, привилегии. Но исто така, најважната работа којашто нив ги поврзува, е големиот гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е точката која што овие три политички партии ги поврзува. Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.Мицкоски се осврна на сите политички партии потсетувајќи прво што правеше Левица како дел од Шарените кои рушеа се што е создадено со народни пари, дека земаа пари од СЈО кое имаше за цел да го руши ВМРО-ДПМНЕ, а денес безмилосно ја цицаат самата партија.,,Сетете се 2015-2016 што правеа тие низ Македонија. Фарбаа, уништуваа, палеа државен ваш имот направен, со ваши народни пари, за да по насилен пат симнат една влада која што имаше легитимитет од народот. Тоа беше врхушката на денешната политичка партија Левица. Дел од нив станаа составен дел од СЈО, кое што имаше една задача пред себе, а тоа беше да врши тортура и политички прогон врз членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше единствената задача кое што ова СЈО ја имаше пред себе. До ден денеска кога гледаме како ја цицаат сопствената партија Левица “.Мицкоски се осврна и на кампањата на ДУИ и Филипче.„ Венко Филипче излезе пред граѓаните со слоган ,,Се бориме за нашиот дом“ . Прашањето е за кој дом? За хациендите во Дубаи, за хациендите на Халкидики, за јахтите на Халкидики, за фирмите во Петрич. За што се борат? Имаа тие можност да се борат за својот дом 7 години. ДУИ и Али Ахмети, цела кампања ја водат враќајќи не наназад цели децении, 30-40 години, потсетувајќи не за некакви средби со генерали, или не знам што. Во кампања во која што треба да зборуваме за иднина, во кампања во која што светот зборува за вештачка интелигенција, кога светот зборува за големиот зелен договор, кога светот зборува за освојување на космосот“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

ali-ahmeti-skenderbeg

Ахмети на последниот ден од кампањата ќе биде на протест во Тирана, ги откажа сите партиски активности, соопшти ДУИ

ДУИ денеска соопшти дека лидерот Али Ахмети, на 17 октомври, во последниот ден од изборната кампања, одлучи да ги откаже сите планирани партиски активности и да учествува на општонародниот протест во Тирана, свикан од организациите произлезени од војната на ОВК.Протестот ќе се одржи на плоштадот „Скендербеј“ во Тирана, со почеток во 17:00 часот, под мотото: „Правда за ослободителите, против неправдата во Хаг“. Али Ахмети, кој беше присутен и на протестот организиран во Приштина, како еден од основачите на Ослободителната војска на Косово, ја прифати поканата на организаторите да биде дел од овој голем општонароден протест.За ДУИ и за нејзиниот претседател, војната на албанскиот народ предводена од ОВК била праведна, неопходна и поддржана од целиот демократски, западен и слободољубив свет.ДУИ потенцира дека правдата за албанскиот народ не може да се гради врз политички процеси наметнати од Русија, ниту врз „докази“ фабрикувани од Србија.Претседателот Али Ахмети е неразделен дел од борбата за слободата на албанскиот народ и токму поради тоа силно го поддржува протестот свикан од организациите произлезени од војната на ОВК, откажувајќи ги сите изборни партиски активности, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarysn14t9b416k47UuV3IP

Филипче со проценка: „Можно е ВЛЕН да биде заменета со ДУИ по изборите, ВМРО прави сè за својот интерес“

На новинарско прашање дали е можно по изборите да дојде до промена во владејачката коалиција и ВЛЕН да биде заменета со ДУИ, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави:„Мислам дека е сè можно кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање. Тие не ги земаат сериозно работите кои ги ветуваат, така е лесно да го кажуваат. Тоа го видовме и сега, и изминатата година, и сега сме сведоци дека огромен број од ветувањата и работите што ги кажале пред 4 години, таму кај што имаат сега градоначалници едноставно не се исполнети. Мислам дека за нивниот тесен партиски и личен интерес се спремни сè да направат,“ изјави Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryc1ap85n8vj4ucWbLAz4

Меџити: ДУИ е симбол на влезот на српските банки

На Конвенцијата за презентирање на кандидатите за градоначалници и општински советници на коалицијата ВЛЕН во Скопје, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, остро ја обвини ДУИ дека станала симбол и гарант на влезот на српските банки, компании и криминални интереси во средините каде живеат Албанците.“НЕ, ние не сме предавници – НЕ го поддржуваме Отворен Балкан, НЕ го признаваме Дака Давидовиќ, НЕ продадовме акции на српска банка, НЕ донесовме српско-руски казина меѓу Албанците, НЕ ги легализиравме брзите кредити на Милан Радоичиќ,“ порача Меџити, алудирајќи дека токму ДУИ стои зад овие процеси кои ја загрозуваат иднината на Албанците во Македонија.“Дали оваа цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете сопственици во казино бизнисот на српското подземје? Дали оваа е цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете акционери во српската банка? Албанците имале секакви лидери. Но лидери што тргуваат со националната кауза за бизнис интереси на Србија – тоа не се памети!“ – беше пораката која Меџити ја упати до раководството на ДУИ.На крајот, Меџити упати порака и за неговиот противкандидат во општина Чаир Бујар Османи, кого го нарече “докторот на Тик-Ток“.„Не се добива почитта и поддршката на Чаир стоејќи поблиску до Зајас, а најмалку во Чаир, скокајќи од Скопската Чаршија во Белград, од ‘лајв’ врски на Фејсбук до тајни вечери во Будимпешта,“ изјави Меџити, нагласувајќи дека Албанците во Чаир заслужуваат вистинска посветеност, а не политички маркетинг.

Скопје | пред 4 месеци

media-library353dmsmr07c52ucOarB

За „Влен“, салата „Борис Трајковски била „центар на албанското единство“, а ДУИ им кажа дека имале „бледа конвенција со празни седишта“

Синоќешниот настан на коалицијата ВЛЕН во арената „Борис Трајковски“ во Скопје предизвика бурни реакции и меѓусебни обвинувања меѓу ВЛЕН и ДУИ.Од ВЛЕН соопштија дека салата и просторот околу неа биле преполни со илјадници поддржувачи, опишувајќи ја конвенцијата како „центар на албанското единство“. Партијата нагласи дека нивниот проект не е список на ветувања, туку „инвентар на дела“, наведувајќи финансиски инвестиции во општините со албанско население, универзитети и инфраструктура.„ВЛЕН е гласот на Албанците, време е повторно да ја земеме судбината во свои раце“, стои во нивното соопштение.ДУИ, пак, тврди дека и покрај „разулавената пропаганда и нелегалните притисоци“, во салата имало празни седишта и дека настанот бил „бледа конвенција“. Според партијата, граѓаните не одговориле на повикот на ВЛЕН, а поранешните поддржувачи ги напуштиле. ДУИ посочи дека дел од ветувањата на ВЛЕН останале неисполнети и оцени дека ВЛЕН се претворил во „огранок на ВМРО кај Албанците“.Со испратената фотографија, ДУИ порача дека тоа е „најјасната слика на неуспехот“ на противничката коалиција, додавајќи дека Албанците веќе ја донеле својата одлука за „силно, достоинствено и европско претставување“ преку ДУИ на претстојните избори на 19 октомври.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryreh9pijf5jaf3IrLyGr

Меџити за митингот на ДУИ: Говорот на Ахмети е знак за крај на ерата на ДУИ

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, митингот на ДУИ, го оцени како настан што го означува крајот на политичката кариера на лидерот на партијата, Али Ахмети.Меџити посочи дека говорите и пораките од митингот не претставуваат демонстрација на сила, туку напротив – знак на слабеење на позициите на ДУИ.„Настанот во „Борис Трајковски“ не е само митинг, туку јасен показател за крај на една ера“ изјави тој.Според него, јавниот настап на Ахмети и неговите најблиски соработници е доказ за партија која се обидува да го задржи влијанието, но веќе нема поддршка како порано. Меџити истакна дека преку овие настапи граѓаните сами ќе ја препознаат разликата меѓу „старото“ и „новото“ во политиката.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarysadvjlo0adutcOr0YKo

ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети: „Не си орел, туку обично врапче“

По настапот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, од ВМРО-ДПМНЕ со остро соопштение возвратија дека Ахмети и неговата партија не се „орли“, туку „врапчиња“.„Ви рековме пред некој ден дека ќе продолжи – и еве го. Не е тешко да се предвиди Ахмети. Не е тешко ни човек да се справи со него – само треба да има волја, да не е компромитиран и да има интегритет. СДС тоа не беа. Тие немаа волја да се спротивстават, имаа волја само да крадат. И искусниот Ахмети ги фати, ги држи и денеска кутрите не можат ни да писнат“, се наведува во реакцијата.Од партијата потсетуваат на, како што велат, влијанието што ДУИ го имала врз поранешниот премиер Зоран Заев и тврдат дека обединувањето на албанските партии е само „седнување во скут“.„Се пофалија дека се обединиле, ама вистината е дека го седнаа Таравари во скут – дали заради паркингот на Клинички или заради нешто друго, тоа сите го знаат. За тоа сте навистина експерти – за тендери и за седнување во скут. Таравари е со вас по иста причина како што и СДС не може да се тргне од вас – ве држите едни со други во криминалот што заеднички го правите. Најголема маша ви се обвинителите и судиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во партиската реакција Ахмети се нарекува „обично врапче“ кое го користи изборниот период за, како што пишува, „патетика, заплашувања и закани“.„ДУИ ќе ги изгуби речиси сите општини во земјата. По изборите очекуваме врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко отстапки и ветувања дека ќе се реформираат. Секако дека ќе се насмееме на тие понуди“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Ахмети наместо да оди во пензија по повеќе од две децении власт, „зборува за крв, оружје и орли“.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygm9m3o3l6l2bfSDVIdL

(Видео) Ахмети до Мицкоски: „Христијане млад си размисли, орли летајте високо – кучиња, чувајте се од зајци“

Со извици „УЧК, УЧК“ и видео проекции со сцени од војната во 2001 година започна конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Атмосферата на почетокот беше јасна демонстрација на симболиката и политичкото наследство на кое партијата гради мобилизација во кампањата. Во салата се скандираше и „Артан Груби“.Лидерот Али Ахмети го искористи говорот за жестока критика кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го обвини дека преку своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и создава опасни тензии.„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.Со оваа порака Ахмети го стави Мицкоски во центарот на критиката, обвинувајќи го дека со постапките ја поттикнува обединувачката енергија кај Албанците.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Мицкоски: СДС се бори заедно со ДУИ да дојдат на власт и да продолжат со криминалот кој им го бранат нивни обвинители и судии

На денешниот настан во Штип на кој се одржа промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Социјалдемократскиот сојуз се бори заедно со ДУИ, и тоа е јасно како бел ден, за да дојдат повторно на власт и да продолжат со криминалот, кој им го бранат нивните обвинители.„Се борат заедно со Али Ахмети ДУИ и тоа е јасно како бел ден, и тоа ние го гледаме на секој чекор. Се борат за да се вратат на власт да продолжат по старо, се борат за да и помогнат на Бугарија да ја матира Македонија, се борат за да се допаднат на сите освен на својот народ. Се борат за да го заштитат криминалот преку нивните обвинители и судии кои не процесуираа ниту една кривична пријава нив. Тие се борат за нивните луксузи, тие се борат за нивните раскошни домови, нивните украдени пари и нивните заложени и уценети глави. Тоа е тоа за што тие се борат, за друго ништо“, рече Мицкоски.Мицкоски порача дека луѓето во ДУИ кои сеуште слепо го слушаат Али Ахмети, најмалку ги интересираат Албанците и останатите етнички заедници, туку дека за нив се интересираат само кога треба да  ги злоупотребат и кога треба да гласаат за нив, а потоа со своето неработење и корупција придонесуваат истите да се иселат од државата.Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните заедно да испратат јасна порака до оние кои што седум години ја пустошеа, понижуваа и засрамуваа државата и граѓаните, до оние кои живеат во национал-романтичните соништа од минатиот век и сеуште сонуваат дека можат да ја делат Македонија, како и до оние политичари коишто поради преголемата лична фрустрација и желба за власт заслепени од немоќта тоа да го реализираат, најчесто навредуваат, ги крадат сопствените членови а со тоа се гледа тие ќе се однесуваат и кон државата и кон ресурсите на државата.„Затоа ве молам заедно на овие три групи на луѓе да им испратиме една порака: Македонија ќе успее! Македонија ќе победи! И ќе ве победи! И нема назад! Ќе ги поразиме сите ваши интриги, сите ваши тажни обиди да не инволвирате во вашите предавства, сите ваши афери и апатијата која ја создадовте. Затоа што во нас чука срце, затоа што ние сме луѓе кои сакаме, живееме за идеја и мечтаеме, затоа што ние живееме со проблемите на луѓето и се бориме и ќе се бориме да ги подобриме животите на сите и покрај вашите опструкции планови и деструкција! Ќе ве победиме! Ви ветувам дека и на овие избори ќе ве победиме! Македонија ќе победи!“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања