ДУИ

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Како да се отстранат Албанците од сите нивоа на власт е точка на лидерската средба, смета ДУИ по најавата за средба Мицкоски-Филипче

Пред лидерската средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ДУИ излезе со обвинување дека на средбата ќе биде демонстрирана моноетничка коалиција која има за цел да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка во моноетничка демократија.„Предупредувањата на Демократската Унија за Интеграција, денес во 14 часот ќе добијат облик“, велат од ДУИ.Овој план, според ДУИ не е нов, туку е скорен пред три години преку ноторниот договор Мицкоски-Заев пред сѐ како заштитен чадор за транзициската олигархија во земјава.„Планот веќе се реализира преку укинувањето на Балансерот, моноетничкото одлучување на Уставниот суд, но и отстранувањето на Албанците од голем број високи позиции во државната управа. Треба да се напомене дека реализацијата на овој план е невозможен без да се пронајдат „чесните Албанци“ кои треба да обезбедат лажна легитимација за мултиетнички консензус на ова политичко преструктуирање. Го повикуваме целиот политички и неполитички спектар на албанците во државава, вклучително и лидерите на коалицијата ВРЕДИ, заедно или секој посебно, да изразат јасен и гласен револт против овој обид за реструктуирање на државата и да не дозволат да бидат вовлечени во планот за целосна дисквалификација на Албанците од општествените текови“, соопштуваат од ДУИ.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-02-at-16.56.22

(Фото) Поставен транспарент „Правда за Крешник“, откако ексминистерот за ДУИ стана осомничен по издадената дозвола за работа на дискотеката „Пулс“

Транспарент на кој пишува „Правда за Крешник“, а е испишан на македонски и албански јазик е поставен на надвозник на автопат, а го објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Оваа герила акција доаѓа откако Бектеши доби статус на осомничен како ексминистер за економија, а по пожарот во дискотеката „Пулс“ која изминатите години работела и со легална дозвола, иако според обвинителите, не исполнувала никакви услови.„Да ги оставиме институциите да си ја завршат работата. Обвинителството и судот да работат по словото на законот. Правда за Кочани мора да има“, напиша Стојаноска.[caption id="attachment_326012" align="alignnone" width="686"] Screenshot[/caption]На Бектеши му беше одреден и 30-дневен притвор. Со наратив дека Бектеши е неправено обвинет, настапи и опозициската ДУИ. За време на Рамазан Бајрам, ваква порака испрати и Бујар Османи кој го посети семејството на обвинетиот.

Македонија | пред 10 месеци

298196751_650863252645052_6768035899300460508_n

ДУИ се огласи: Молкот заврши, започната е политичка хајка

Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи што згаснаа трагично, меѓу кои и деца, а стотици други беа повредени. Како Демократска Унија за Интеграција, одбравме да молчиме – од почит, велат ДУИ преку соопштение кое ви го пренесуваме во целост:Почит кон жртвите, кон семејствата, кон една национална рана што треба да не обедини, а не да нè подели.Но молкот заврши. И сега мора да се зборува.Од првиот момент на трагедијата, додека пожарот сè уште не беше изгаснат, додека граѓаните во шок бараа одговори и надеж, гледавме како врвот на власта – наместо да сочувствува – започна политичка хајка. Наместо со информации, излегоа со обвинувања.Наместо со смиреност, со закани. Се впери прстот кон другиот, кон минатото, кон тие што не се дел од нив.Без да почекаат фактите, ја активираа машинеријата за префрлање вина. Се конструираше приказна според која лиценцата на дискотеката, дадена години претходно за кабаре, стануваше основа за апсење на поранешен министер – со лисици, камери и насловни страници.Иако сите знаат дека лиценците не се трајни, не се автоматски продолжени, сите знаат дека се минати години откако се истечени, а дури И конкретната – фалсификуваната – завршила 3 дена пред трагедијата.Сите знаат дека објектот бил запечатен од УЈП пред неколку месеци, а многу наскоро потоа незаконски отворен.Сите знаат дека во објектот редовно имало недозволиво прекубројна публика, а и самата вечер преку 650 луѓе во објект со капацитет од 300.Сите знаат дека објектот редовно бил посетуван од малолетници, исто како и кобната вечер дури и до 3 часот по полноќ.Сите знаат дека на овие забави редовно се користеле пиротехнички средства, и на сите им било јасно дека тоа се прави без дозвола од полицијата, исто како што пиротениката била користена и кобната вечер.И најважно – сите локални институции, од полиција до инспекторати, го знаеле тоа, го гледале тоа, но не смееле да реагираат.Сите сѐ гледале – но цела година - никој ништо не видел.Прашуваме зошто? Зошто навреме не видоа и зошто не спречија?Бидејќи тоа место не беше обичен локал.Тоа беше неформалното собиралиште на целата политичка, криминална и бизнис елита на Кочани и поширокиот регион.Од градоначалници, пратеници и партиски претседатели на ограноци, па се до инспектори, командири и функционери – сите биле редовни гости, во блиски релации со сопственикот и неговата екипа; на сите им било јасно дека зад овој објект стојат моќници кои го штитат, и затоа никој ништо не треба да прашува.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-21-at-10.51.32

ДУИ обвинува за селективна правда, откако беше уапсен Бектеши по трагедијата во Кочани

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани и ја споделува тагата со сите граѓани погодени од оваа несреќа.„Во врска со одлуката на Јавното обвинителство за 30-дневен притвор на поранешниот министер Крешник Бектеши и други претставници на претходната влада, ДУИ сака да појасни неколку клучни аспекти пред јавноста:Прво, концептот на „верижни пропусти“ што довеле до трагедијата не постои во терминологијата на кривичниот законик.Секоја лиценца за вакви објекти се обновува на годишно ниво, земајќи ги предвид специфичните услови за таа година.Затоа, неточно е да се тврди дека постои континуирана одговорност без прекин низ годините.Второ, и најважно, во ноќта на трагедијата, клубот работел без никаква лиценца: веќе една година немал легитимна лиценца, а дури и фалсификуваната веќе била истечена.Ова подразбира дека главната одговорност лежи кај оние кои требало да го спречат функционирањето на ноќен клуб без лиценца таа кобна ноќ.Потребна е длабинска и непристрасна истрага за да се утврди како објект без лиценца можел да работи и да ги загрози животите на стотици млади луѓе. Трето, треба да се истакне дека издадените лиценци во минатото биле за кабаре, кое има специфични критериуми и ограничувања во бројот на дозволени лица.Ноќен клуб е сосема поинаква категорија, и присуството на над 650 млади луѓе во таков простор е надвор од секој безбедносен стандард, што, пак, јасно упатува на свесна или несвесна негрижа изминатава година, од страна на бројни актуелни државни органи. ДУИ ја изразува својата загриженост за неприфатливата супремација на владата врз обвинителството, што ја наруши довербата во истражниот процес.Фактот дека од 35-те приведени лица, само 1 или 2 се актуелни функционери, отвора сомнежи за селективна правда. Бараме правните процеси да бидат праведни, транспарентни и засновани на закон, а не врз пристап кој не постои во правната терминологија и кривичниот законик.Во ова време на жалост, ДУИ не сака да влегува во обвинувања, туку има за цел да им објасни на граѓаните дека овој процес е неоснован, политички мотивиран и селективен, што може дополнително да ја комплицира и влоши ситуацијата.Стоиме покрај граѓаните и погодените семејства, барајќи правда и транспарентност во расветлувањето на оваа трагедија“, вели ДУИ.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-23.10.48

Адеми од ДУИ бара ДУИ да не биде прикажувана како виновна, бранејќи го Бектеши пред полициската станица

Портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, политички ја искоментира трагедијата во Кочани. Тој бара ДУИ да не биде покажувана како виновна, оти како што рече „ова не им служи на меѓуетничките односи“. Ваквиот став на Адеми доаѓа откако ексминистерот за економија, Крешник Бектеши беше повикан во полициска станица за издадената нелегална лиценца за дискотеката каде загинаа 59 лица.„Денеска требаше да бидеме сполтени за семејствата и помагање на повредените. Но за жал видовме дека човечноста кај најодговорните авторитети, е исчезната. Денеска видовме политиканство, политички интриги. Уште во утринските часови кога стигаа информациите, почна да се прави спинот, кој стана наративот на Владата. Се развиваше теоријата дека зад несреќата стои Албанец од ДУИ, за потоа да објават фалсификувана лиценца, Наместо министерот за внатрешни работи, да ја преземе одговорноста што дозволил да работи кабарето, тој се обиде на бесрамен начин да ја префрли работата на етничка и партиска димензија“, рече Адеми.Прес-конференцијата, Адеми ја правеше пред полициската станица во Карпош, каде на распит е Бектеши.Детали за Бектеши:

Македонија | пред 10 месеци

dragan-kovacki

Ковачки „удри“ по ДУИ и Села: Армијата ќе остане чувар на државата, а вие политички трговци!

„Ги следам објавите од штабот на Али Ахмети и од партијата на узурпаторот Зијадин Села. Запрепастен сум од безобразието со кое ДУИ и остатоците од АА удрија врз командната структура на АРМ. Со каква леснотија овие лешинари и губитници, без срам и без трошка совест, фрлаат кал и изнесуваат лаги врз луѓето кои цел живот ја носат униформата и се гарант на нашата безбедност. Во кое време живеете вие што ќе ве снема на следните избори? Така ли мислите да добивате политички поени, оцрнувајќи поединци дека биле русофили или србомани и што уште не? Додека целиот свет се наоѓа пред сериозен предизвик, вие – измеќарите на Ахмети одвнатре работите против сопствената држава!“, напиша пратеникот Драган Ковачки и додава:Зарем толку сте безидејни и изгубени во вашите гнасни игри па морате да се служите со лаги и измислици? Кој ви даде право да го валкате угледот на овие луѓе? Генералите и офицерите по кои плукате со партиски соопштенија, не паднале од небо – тие со години, со децении, носеле униформа, се заколнале на верност на државата (за разлика од вас што гледате да ја разнебитите), биле на првите линии кога било најтешко! Да, за разлика од вас, кои цел живот ја продавате државата за ситни интереси! Јас, како нивен поранешен колега, не секогаш сум се согласувал со сите одлуки, сме имале различни гледишта по некои прашања.Но едно знам – нивниот професионализам, нивната лојалност и нивната жртва за Македонија никогаш не биле доведени во прашање! И токму тие генерали што ги напаѓате (не се генерали од вчера) беа и понижени согласно одлуки на тогашното раководство на МО и на тогашниот потстанар во вилата на Водно Пендаровски. ДУИ и остатокот од Алијанса, вие сте изгубени во време и простор! Вие сакате армијата да ја вовлечете во вашата партиска кал, сакате да ја делите по етнички линки како што делевте институции, фирми, тендери… Ама армијата не ви е политичка играчка! Ова е македонска армија! Овие луѓе се патриоти, професионалци, браници на оваа земја! Не играат по партиски ноти, не ви се плашат, не клечат пред вас! И затоа ви пречат! За крај – колку и да се обидувате да ги валкате, народот не е слеп! Армијата била и ќе остане чувар на државата! А вие, политички трговци, ќе останете само фуснота во историјата на почетоците на македонската демократија во која секој можел да кажува секакви лаги и да остане неказнет. За крај, до загрижените од ДУИ и остатокот од Алијанса: овие генерали можеби и имаат учено во поранешна ЈНА и Србија. Таков бил системот. Но истите се вратиле во Македонија кога требало. Неисе - ете уште година - две ќе одат во старосна пензија. Туку што правиме со Талат Џафери кој исто така има учено во ЈНА и Србија (србоман и русофил ли е?) да не е и тој некој ,,скриен агент”?

Коментари | пред 10 месеци

31122024-Mickoski-pres

(Видео) Мицкоски директно до Османи: Човекот кој го распродаваше македонскиот идентитет има најмал кредибилитет да зборува!

Премиерот Христијан Мицкоски упати директна порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот Бујар Османи, по заканите дека ќе има политичка криза ако се укине Законот за употребата на јазиците од страна на Уставниот суд. Ахмети и Османи се заканија дека во ваков случај нема да има ниту локални избори.„Човекот кој го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува, затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ниту својот мајчин албански јазик“, му порача Мицкоски.Рече дека ДУИ беше пример за двојни стандарди, корупција и криминал.„Таму владее паника и страв, се гледа од коментарите на челниците на од ДУИ, а за што станува збор, многу скоро ќе биде сведок и јавноста“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Ахмети и ДУИ со закани: Ако е засегнат Законот за јазици, нема да има локални избори

Според лидерот на ДУИ, одржувањето на локалните избори следнава есен е доведено под прашање. Ахмети од Липково ја повика коалицијата Вреди да ја напушти Владата и заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори.„Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори, нема да може да се постават гласачки кутии. Законот не е на ДУИ. Законот е и на оние кои ќе се родат додека изгрее сонцето. Затоа секој Албанец мора да стане господар на правото не јазикот, ниту да го политизира ниту да го проблематизира“, изјави Ахмети.Бујар Османи од ДУИ вели дека не може да има локални избори без парламентарни избори, но и без враќање на Балансерот, Бадентер и без гаранцијата на Законот за јазиците.„Ние велиме дека не може да има избори во услови кога Албанците ќе бидат деградирани до тоа ниво. Ќе се создаде длабока политичка криза. Албанците нема да дозволат денот да продолжи како ништо да не се случило. Тоа е морална обврска, тоа е национална обврска, тоа е човечка обврска кон оние кои ги дале своите животи за овој јазик. И сега ќе се однесуваме како ништо да не се случило“, вели Османи за Дејли клик на ТВ21.Уставен на 20 март во присуство на експерти ќе ја подготвителната седница за Законот за јазици.

Македонија | пред 10 месеци

ahmeti-mickoski

Мицкоски до ДУИ: Го знаете мојот број, донесете ги доказите за Меџити, во спротивно предупредувам дека продолжувате со сеење магла

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика ДУИ, да достават докази до него за корупцијата која тврдат дека ја направил вицепремиерот Изет Меџити. Мицкоски рече дека одма ќе ги даде на органите за да постапуваат. Но посочи и дека има доверба во Меџити, а за ДУИ повтори дека нивното второ име е „корупција“.„Сите кои поседуваат било какви докази, за такво нешто, како што тврди ДУИ, еве мојот број сите го знаат, ако треба ќе напуштам состанок, за да ги видам докази и да ги дадеме на органите кои треба да постапуваат“Тој упати предупредување до ДУИ.„Треба да ги предупредам од ДУИ дека продолжуваат да сејат пердуви и да се занимаваат со магла оптоварена со корупција, кое беше нивно второ име во минатото. Главен атрибут им беше ТЦ Соравија, „Ролс-ројс“ автомобилите на сватовите, деловните простории на тогашниот шеф на кабинет на Ахмети и така натаму, можам една цела прес-конференција да ви ги редам скандалите. Тоа е Фројд, владее со нивната потсвест, јас имам доверба во работењето на господинот Меџити“, додаде Мицкоски.Претходно се огласија од ДУИ.„ДУИ повторно го осудува тешкиот корупциски скандал во Министерството за животна средина, каде што по контролата на Државниот управен инспекторат е потврдено злоупотребата на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет“, велат од ДУИ.ДУИ бара истражните органи да ги прошират истрагите не само против Меџити, туку и против клучните личности во неговиот кабинет, вклучително и шефот на неговиот кабинет, за кој велат: „Со месеци води добро организиран систем на уцени и корупција во Министерството за животна средина“.

Македонија | пред 11 месец

izet-medziti

ДУИ не може да прифати дека албанскиот народ им ги одзеде овластувањата да владеат со него, вели Министерството за ивотна средина

„Демократската унија за интеграција не може да се согласи со фактот дека албанскиот народ им ги превзеде овластувањата да владеат со него, по 22 години последователни неуспеси, лошо управување и масовна корупција“, велат од Министерство за животна средина и просторно планирање и додаваат:Изет Меџити, како министер за животна средина и просторно планирање, Демократско движење и коалицијата ВЛЕН, ги има сите овластувања од граѓаните, Законот и Уставот да управува со институциите, со полн капацитет и со проекти кои се реализираат за доброто на граѓаните низ целата држава, а не како што тоа го направи ДУИ за збогатувањето на нивната врхушка и нивните семејства, а врз грбот на Албанците.ДУИ не може да се согласи со тоа што Изет Меџити за 6 месеци во влада реализира проекти кои не ги ни размислувале 22 години.Демократската унија за интеграција за 22 години не разбра дека владините органи како што се министерствата, не се раководат со архивирани писма, туку од закони и Уставот. Ова не го научија 22 години на власт, но сега во опозиција имаат можност да научат како се води државата.Мандатот ќе го продолжиме со корекција на погрешните 22-годишни политики на ДУИ, кои оставија лузни на сите институции на локално и централно ниво.На опозициската ДУИ им останува единствената надлежност луѓето од американската црна листа да продолжат да ги контролираат нивните канали за комуникација со јавноста.Конечно, во однос на надлежностите кои ги споменува ДУИ, ги потсетуваме дека овластувањата над инспекторатите што им беа одземени пред 10 години, оваа влада ги врати во различните министерства каде што припаѓаат, за кои ДУИ не се осмели тогаш да каже ниту една реченица, поради страв да не ги изгуби придобивките на група луѓе од нивната купола. Овие инспекторати сега се повторно под надлежност на министерствата, со одлука на актуелната влада.

Македонија | пред 11 месец

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

„Ахмети е во постојан контакт со Груби“

Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, во емисијата „Дијалог на Лајми“, изјави дека неговиот предходник Артан Груби, кој е во бегство од правдата во земјата, е во постојан контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и тоа, според него, се забележува од начинот на функционирањето на партијата и медиумите блиски до него.„Се зборува дека е во Албанија. Мислам дека е во постојан контакт со лидерот и раководството на ДУИ. Го гледам, сè уште се во неговото влијание. Тоа се гледа и во медиумите, и на порталите, и во соопштенијата. Тој замина, но последиците од него се очигледни и непоправливи“, рече Меџити.

Македонија | пред 11 месец

medziti-taravari-vredi-koalicija-5

ВЛЕН: ДУИ политички се распаѓа, не ја контролира ниту својата пратеничка група

Од владеачката ВЛЕН излегоа по вчерашно гласање за интерпелациите на вицепремиероте Меџити и Стоилковиќ, министерот Тошковски и неговиот заменик.Еве го ставот на ВЛЕН:Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети, Бујар Османи и Блерим Беџети.Вчерашното гласање за интерпелацијата против Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група. Само 3 пратеници успеаја да гласаат „за“ интерпелацијата што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ.Пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница, ДУИ е изолирана. Денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група.Со ова гласање, потпретседателот на Владата Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борбата против корумпираното раководство на ДУИ, кое за жал е предводено од Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и Блерим Беџети. Станува сè поочигледно дека дури и членството на ДУИ и пратениците, како и пошироката албанска јавност во Северна Македонија, не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, старата слава на ДУИ и спомените од минатото.Нивната изолација е очигледна, ДУИ е исклучена од меѓународната заедница и нема никаква поддршка и соработка со било која од останатите нормални прозападни политички субјекти во Македонија. Пратениците на ДУИ го гледаат тоа и имаат задача пред чесните гласачи се погласно и почесто да се спротистават на погубните политики на нивното раководство.Следниот пат кога Блерим Беџети ќе се обиде да креира политика, да се потсети на вчерашниот ден. Нема поголем губитник од него и неговата иницијатива. Исто како на претходните парламентарни избори, каде што ни гласовите на т.н. Европски Фронт не му беа доволни и изгуби наспроти ВЛЕН. Се додека настапува како заштитник на Артан Груби, нема да поминува различно ни кај граѓаните, ни кај своите сопартијци. Ќе продолжи да биде само еден од губитниците.ВЛЕН апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

sobranie-nov-sostav-sdsm

Политички маркетинг од џебот на граѓаните

Цел ден дебати, кавги и обвинувања, тони потрошена хартија, дневници и патни трошоци за пратениците, прекувремени часови за собраниската администрација. Многу чинеше вчерашниот ден во Законодавниот дом кој немаше ниту ефект, ниту епилог.Трагикомично беше да се гледа гласањето за интерпелациите на двајцата вицепремиеро Меџити и Стоиљковиќ, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и неговиот заменик Истрет Исени. Некои од интерпелациите добија седум пратенички гласа поддршка, а некои ,, цели” три.Единствено 61 пратеник гласаа за интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути од Европскиот фронт. Но и тоа било попусто и необврзувачко според толкувањето од Кабинетот на спикерот, Африм Гаши.Истото го потврди и ставот на пратеникот од ВЛЕН, Халил Снопче, искажан преку соопштение од меил од Арбен Таравари. Тој потврди дека Даути која доаѓа од коалицијара на нивниот политички опонент останува претседател на Комисијата и уште дека ВЛЕН гласале против разрешување на Даути. И нормално обвинувањата се на сметка на медиумите кои наводно ширеле дезинформции.Нејасен остана ставот на ВЛЕН, дали ваквиот став е поради Законот за бранители кои Даути одби да го стави на комисиска расправа, но и спикерот Гаши не го искористи своето деловничко право самиот да закаже седница на Комисијата.Чудно е и однесувањето на СДСМ, Законот на бранители е нивен предлог, а тие ја напуштија собраниската сала.Од Европскиот фронт се потпишаа за интерпелациите, но не беа сите на гласање. Говорницата се употреби за партиски препукувања и маркетинг пред локалните избори, а сето ова го платија повторно граѓаните.

Македонија | пред 1 година

dui-

ДУИ ретерира: Исчезна воинственото видео со Ахмети кој вели дека никогаш не изгубил војна

Воинственото видео со Али Ахмети поврзано со конфликтот во 2001 и неговата порака дека никогаш не изгубил војна мистериозно исчезна од социјалните мрежи.ДУИ видеото на социјалните мрежи го објави во исто време кога американскиот претседател Џо Бајден објави нова извршна наредба за проширување на рамката за Американската црна листа со која се прошируваат условите за санкционирање на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан.Членови на ДУИ масовно го проширија видеото на социјалните мрежи, а набргу и го избришаа.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, порача дека дошло времето кога секој треба да се соочи со правдата.„Кога некој е кабает и тоа голем кабает, нормално е дека ќе пробува да дефокусира, да измислува теми кои не се тема, да наметнува прашања кои се затворени многу одамна. Ова само би го оценил како неуспешен обид за дефокусирање на јавноста од тоа што е реалност, а тоа е дека заврши времето кога криминалците не одговараа. Заврши времето кога нивните предмети се буткаа под тепих и дојде времето кога секој еден треба да се соочи со правдата”, изјави Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-10-at-13.09.46

(Видео) Се споделува снимка од Ахмети од 2001, Најчевска порача: Секој кој споделува видео со воена содржина треба да биде гонет за велепредавство

Видео во кое кружат сцени од конфликтот во 2001-ва годината, каде главна улога е лидерот на ДУИ Али Ахмети, се споделува од функционери, членови и симпатизери на партијата. Ахмети на дел од кадрите во видеото носи униформа на УЧК и порачува дека не загубил ниедна војна. Не е јасно дали ова значи дека функционерите на ДУИ, кои после 23 години веќе не се власт, се обидуваат да се заканат со дестабилизација на државата. Откако беше укинат балансерот, ДУИ и Ахмети постојано користат тактика на етнички тензии.Според професорката по право, Мирјана Најчевска, ова е кривично дело.„Споделување на видео со кое се повикува на насилно рушење на државните институции не може да биде наивно и не смее да се прикажува како минорна работа. Секој кој споделува видео со воена содржина со која се поддржува или повикува на насилно рушење на уставниот систем треба кривично да биде гонет врз основа на член 305 од Кривичниот законик“, вели Најчевска и цитира член од КЗ:„Велепредавство: Тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалху пет години“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања