ДУИ

w_56736106

„ДУИ-зираната полиција да престане со методите на УДБ против студентите“, вели Алијанса за Албанците

ДУИ-зираната полиција под итно да престане со методите на УДБ на заканување кон студентите коишто осудија тежок злочин во Универзитетот на Тетово каде што “професорката“ која на своја страна го има Али Ахмети и им се заканува и ги малтретира студентите, а исто така протестираа барајќи ги нивните права за образование и безбедност, вели Алијанса за Албанците.„Обвиненијата за незаконско снимање и објавување кон студентите не важат, бидејќи снимањето е направено во јавна институција, а не во приватна куќа, а јавниот интерес е поважен од личниот.По осудата од страна на студентите, полицијата треба да отиде во Кичево и да ја уапси таа што ги малтретираше студентите, а не студентите коишто имаа храброст да го пријават и осудат овој скандал.Го потсетуваме Али Ахмети и ДУИ дека студентите се тие кои ја растурија/уништија Југославија и дериватите на тој систем не можат да ги задушуваат студентите и гласот на студентите.Алијанса за Албанците внимателно и со посебно внимание ја следеше оваа ситуација подржувајќи ги студентите само морално во оваа битка. Но, денес кога ДУИ и целиот државен апарат се стави на служба и одбрана на професорката насилничка, ние се чувствуваме обврзани директно да застанеме во заштита и одбрана на студентите. Почнувајќи од вечер студентите ќе не имаат на нивна страна и покрај себе со сите наши можности што ќе ги имаме на располагање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

grubi-4

Артан Груби наместо по компетенции вработува роднини, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби го приватизира министерството, наместо по компетенции вработува роднини, обвинува ВМРО-ДПМНЕ„Со одлука на Груби од 21.03.2022 година на работно место самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење е вработен Сезар Груби.Ова е директен непотизам, и во спротивност со Законот за спречување на корупција.Во министерството каде Артан Груби е министер, со негов потпис, се вработува неговиот роднина?ДКСК веднаш да го испита случајот и да се поништи одлуката за вработување.Груби, е синоним за тоа како врвот на ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување на своите блиски луѓе.И додека граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, со високи сметки за струја и парно, со покачени цени на горивата и основните животни намирници СДСМ и ДУИ работат за свој личен интерес“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања