ДУИ

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!Со почит,

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-30-at-10.13.52

ДУИ дециден дека никој нема да го симне од власт

Европскиот фронт на ДУИ е дециден дека без нив, нема да има следна Влада. Сметаат дека само тие ги претставуваат Албанците, но и другите помали етникуми како Турците, Ромите и Бошњаците. Посочуваат дека ќе победи народот, а не политички стурктури.Според нив, само тие можат да ја внесат Македонија во Европската Унија. На прес-конференција посочија како досега се залагале.Уверуваат дека нивните пратеници ќе бидат дел од наредната Влада.Засилената реторика на ДУИ доаѓа по најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да коалицира со нив, туку со албанската опозиција - а по изборните резултати каде СДСМ губеше со 180 илјади гласови на првиот круг од претседателските избори.

Македонија | пред 1 година

najcevska-osmani

Османи со директен повик на насилство, на делување надвор од Уставот, треба кривично да одговара, вели Најчевска

Кривична одговорност побара професорката по право, Мирјана Најчевска за министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според неа, тој врши насилство со изјавата: „Влада без принципот „победник со победник“ нема да има“, принцип кој токму ДУИ го наруши во 2017 година.„За ваква изјава Османи треба кривично да одговара. За обид за насилно рушење на уставниот поредок на државата. Ова е директен повик на насилство, на делување надвор од Уставот и законите. Насилниците мора да бидат отстранети од Собранието. За да почнеме да градиме демократска држава која се базира на правото“, напиша Најчевска.Отвореното одбивање на Христијан Мицкоски да совладее со ДУИ во следниот мандат ја натера оваа партија да ја заостри реториката кон него. Според партијата на Ахмети, тоа нема да се случи и ќе се почитува волјата на народот.

Коментари | пред 1 година

stojance

Ангелов до Ахмети: Кревај кочница со време, Мицкоски не е сам, да не потсетувам какви емоции буди скандирањето „УЧК“

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, го искоментира излагањето на Али Ахмети на вчерашниот митинг од центарот на Скопје„На синоќешниот митинг на ДУИ во центарот на Скопје, поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на ДУИ Али Ахмети упати отворена и директна закана до Христијан Мицкоски, која беше придужена со скандирање “УЧК, УЧК, УЧК....“ на кое се придружи и самиот Ахмети силно викајќи “УЧК, УЧК, УЧК...“ Мислам дека не треба да потсетувам какви емоции кај Македонците буди спомнувањето на УЧК и тоа во центарот на Скопје, на самиот скопски плоштад, додека присутните вееја безброј албански знамиња и знамиња на УЧК, без ниту едно единствено македонско знаме.Затоа, му порачувам на Али Ахмети да биде внимателен со заканите! Мицковски не е сам! Зад него стои ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија“. Зад него стои и убедливо мнозинство од македонскиот народ но и убедливо мнозинство од нас, македонските бранители од 2001-та! Истите оние Бранители кои во воената 2001 ве поразија во сите битки на бојното поле, истите оние Бранители од кои ве спасуваа странците додека вие мавтавте со бели знамиња во Арачиново.Затоа со време кревајте рачна кочница. Бидејки, како што секојдневно укажува токму Мицкоски, се ближи времето за одговорност за сето она што ДУИ и го направи на Македонија, почнувајќи од 2001-та па се' до денес!“, напиша Ангелов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-21-at-20.51.17

(Видео) Бујар сака да биде претседател на цела Македонија, а без ниту едно македонско знаме држи митинг на сред плоштад во Скопје

Куп албански знамиња, но и знамиња на УЧК, на скопскиот плоштад каде митинг има ДУИ за да го промовира Бујар Османи за претседател. Но, ниту едно македонско знаме за кандидатурата на Османи за македонски претседател. Продолжи праксата за непочитување на Македонија, каде Османи сака да стане прв човек.На митингот има и знамиња на Америка, но никој од присутните не понесе државно знаме. Се веат и знамиња од Турција, како и знамиња на Европската Унија.[caption id="attachment_286986" align="alignnone" width="1012"] Screenshot[/caption]Плоштадот е полн, а ова е финален митинг, за промоција на Османи. Ќе говори и Али Ахмети.

Скопје | пред 1 година

51341345

(Видео) Фирмата која направи милиони од државни тендери, сега го спрема митингот на ДУИ на скопскиот плоштад

Тетовската фирма „Арберија дизајн“, која доби многу државни тендери кои тежат милиони, сега работи на сценографија и озвучување на митингот на ДУИ во центарот на Скопје. Неколку брендирани комбиња и десетици работници се ангажирани за да го подготват теренот за вечерашниот митинг на Али Ахмети.Потсетуваме дека во август минатата година, „Арбериа дизајн“, која со години добива тендери од државни институции предводени од ДУИ, била единствен понудувач на повикот за организирање настан за 22-годишнината од Рамковниот договор и доби нови сто илјади евра. Само во средината на летниот период минатата година, „Арбериа дизајн“ доби четири тендери од државни институции предводени од кадрите на ДУИ – тендер на Комисијата за хартии од вредност каде претседателка е Нора Алити, поранешна пратеничка на ДУИ, тендер на Министерството за надворешни работи со кое раководи потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, тендер на Државна лотарија на чие чело е Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинет на Артан Груби и тендер на универзитетот Мајка Тереза.„Арбериа дизајн“, чиј сопственик е Хамди Хамзаи, во 2022 година имала приходи од околу 195.000.000 денари или 3.200.000 евра. Од нив, околу 102.000.000 денари односно 1.660.000 евра биле чиста нето добивка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-15-at-10.44.35

Претресениот директор на Финансиската полиција од СДСМ отиде во ДУИ: Имам верба во непобедениот Ахмети

Ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, кој беше дел од СДСМ, сега е дел од ДУИ. Тој за тоа извсти и преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографија со Али Ахмети.„Почитувани семејства, пријатели, колеги и сите вие добронамерници, сакам да ве информирам дека по многу дискусии и анализи решив да се приклучам на Европскиот фронт, со една цел, најдобрата иднина на нашата земја. Имам целосна верба во моќта на мислата на непобедениот лидер низ годините, г. Али Ахмети! Ги повикувам сите истомисленици во поддршка, да им дадеме глас на нашите цели да триумфираме и да ја движиме оваа земја напред!“, напиша Муареми.За рекорден период, Муареми ги промени и сите фотографии на „Фејсбук“, па наместо ликовите на челници од СДСМ, сега се од ДУИ. Па така, на насловната фотографија е кандидатот за претседател Бујар Османи, а на профилна, бројот 4, под кој тој настапува.Муареми беше мета на истрага од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Беа извршени претреси, со дозвола од суд, а потоа, беше водена дисциплинска постапка за обвинителите кои ги правеа претресите – по што беа и казнети. Епилогот од истрагата – не е познат.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ДУИ нема кадровска понуда, носител на листа во ИЕ 5 е Села, а фронтмен во Тетово е Тачи, кои не се од партијата, вели Муцунски

Актуелното раководство на ДУИ е синоним за криминал и корупција веќе подолги години наназад и актуелното раководство на ДУИ не треба да има никаква позиција во било која идна влада која што би се формирала. И затоа, добро е и во интерес на ДУИ како партија, бидејќи таа партија не е 5, 10, 15 луѓе кои што раководат со нејзе туку има и цела структура, голем дел од нив кој што се веројатно чесни и одговорни луѓе си ја сакаат оваа држава, сакаат оваа држава да успее и за тие чесни членови на ДУИ, добро е нивната партија да замине во опозиција, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во денешното гостување во централниот дневник на Алсат М телевизија.Муцунски додаде дека кова ВМРО-ДПМНЕ вели дека местото на ДУИ е во опозиција, со тоа искрено и на ДУИ му мисли добро како политички субјект кој што потоа ќе има можност да се реформира и можеби еден ден повторно да биде дел од власта.„Ние не се занимаваме со ДУИ, но се занимаваме со темата на корупција која што на сите анкети за јавно мислење, посебно кај тие над 70% од граѓаните кои што велат дека се апсолутно разочарани од начинот во кој што се движи државата, огромно мнозинство од тие велат, најголем проблем во Македонија, покрај економската состојба е состојбата со криминалот и корупцијата. И кога ДУИ ви е апсолутен извор на тој криминал и на таа корупција, нормално е да се каже дека на таа партија, во овој момент, и на тие луѓе во овој момент местото не им е во идна влада која што ќе треба, меѓу другото, реформски да се зафати токму со решавање на предизвикот во државата во овој момент“, рече Муцунски.Истакна длабоко убедување, дека нема да има коалиција со ДУИ после изборите, затоа што тоа што го гледа и на терен и на анкетите на јавното мислење, убеден е дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со субјектите кои што ја сочинуваат албанската опозиција, ќе има можност да ја формира следната влада и дури и на самата ноќ на изборите ќе имаме заеднички повеќе од 61 пратеник.Додаде дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ ноќта на парламентарните избори ќе биде доста комотна и, практично, ќе бидеме во ситуација да имаме избор врз основа на принципи и добра кадровска понуда кој ќе биде дел од заедничката идна влада.Муцунски додаде дека ДУИ немаат кадровски потенцијал кој што можат да го понудат на овој изборен циклус и тоа се гледа од листите за пратеници каде што високи позиции, некаде, како во петтата изборна единица, дури и носители на листите се лица како Зијадин Села и Мендух Тачи, кои немаат допирна точка си ДУИ.„Во изборна едница еден носител на ДУИ е личност кој што не е од најголема општина од каде што се очекува да црпи гласови, што значи ДУИ се има откажано од Чаир, во изборна едница шест, фронтмен од Тетово на ДУИ е Мендух Тачи, човек кој што не е ни од ДУИ. Во изборна единица пет, фронтмен на коалицијата на ДУИ е Зијадин Села. Значи, ДУИ нема кардовска понуда во моментов за да привлече гласови ниту во Тетово, ниту во Чаир, ниту во Струга. Тоа кажува дека се работи за партија која што има сериозни внатрешни предизвици и гласачите гласаат врз основа на кадровска понуда и гласачите гласаат врз основа на програмска определба. По тоа што го гледам, атмосферата која што се создава од ДУИ ниту се гледа програма, ниту се гледа добра кадровска понуда и следствено на тоа логично е ние да бараме компатибилен партнер кој што гледаме дека има солидна кадровска понуда, со кој што програмски би можеле да се совпаднеме во делот на формирање на идна влада и тоа е нешто што е сосема нормално и сосема очекувано во делот на предизборната кампања“, рече Муцунски.Муцунски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во моментот е фокусирано во отворање на актуелните теми, нудење на решенија за главните теми и нудење на најдобрата возможна кадровска понуда.

Македонија | пред 1 година

298196751_650863252645052_6768035899300460508_n

Меџити да тера машки, а ДУИ преговара со сите други партии за коалицирање

ДУИ преговара со повеќе партии за коалицирање за време на парламентарните избори, посочува лидерот Али Ахмети. Прашан, дали би го примиле Изет Меџити ако реши да им се приклони одново, Ахмети му порача да продолжи понатаму.„Јас би му рекол на Меџити да тера машки“, рече Ахмети.Окрупнувањето на ДУИ е планирано да биде со помалите политички партии од другите етникуми.„Разговараме со повеќе партии. Зборуваме со сите, и со Алијанса и со господинот Тачи, со Аријанит Хоџа, со Бошњачката партија, турската партија, за да се приклучат на овој фронт“, додаде Ахмети.

Македонија | пред 1 година

AHMETI-GRUBI-DZAFERI-1

Ахмети со војната „купува“ гласови: Албанското тло е распарчено, да ги реализираме соништата на нашите предци

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, продавајќи флоскули за војната во 2001 година и споменувајќи ги „соништата на нашите предци“, без да прецизира дали тоа е т.н. „Голема Албанија“ купува гласови за Бујар Османи. Тој ги повика Албанците да се обединат. Ја искритикува одново Русија која ја посочи за закана.„Секогаш сме сонувале како Албанците се обединети во еден фронт. Зошто се навраќам во историјата – зошто тоа се моите соништа. Во тоа време (војната 2001 година) бевме маргинализирани, единствениот универзитет отворен со крв е Тетовскиот универзитет, сега имаме три универзитети. Овој сон го продолживме по војната, со цел Албанците да бидат обединети, но не успеа. Но по 23 години, ние успеавме, постепено, сите заедно“, рече Ахмети.Во говорот на албански јазик ги повика сите заедници во Македонија, но не ги спомена Македонците, да гласаат за ДУИ и Османи. Рече: „албанското тло е распарчено“.„Нештата во глобалната политика чекорат лошо. Ништо немаме против малите политички партии, но немаат капацитети да се соочат со сите настани кои се случуваат околу нас, во Европа и Блискиот Исток. Затоа оваа држава, ова обединување, е повеќе од потребно, за да се поддржи не само од албанската заедница, туку и од турската, ромската заедница. Овој фронт ќе им излезе во пресрет со сите интелектуални капацитети. Албанците историски изгубиле во одлучни моменти кога не биле обединети, албанското тло е распарчено, затоа од денеска па натаму да сме еден народ, едно тело, да ги реализираме соништата на нашите предци, да ги јакнеме нашите позиции, да не паѓаме во заседа на малите партии, туку да ја гледаме нашата историска мисија, да ја држиме во живот и на 24 април да го поддржиме нашиот кандидат за претседател, Бујар Османи и како едно тело да продолжиме на 8 мај, да победи Европскиот фронт“, додаде Ахмети.Говорот го заврши со: „Господ нека ни е на помош, нека живее албанскиот народ“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-08-13-at-13.40.38

ДУИ предупредува на можни немири во Македонија „по руско сценарио“

Демократската унија за интеграција (БДИ) предупреди на можни немири во Северна Македонија по парламентарните избори, кои ќе се одржат на 8 мај, пишува „Euronews“.Овие немири, според оваа партија која е дел од македонската Влада, се засновани на „руско сценарио“ координирано, како што рече, меѓу албанската и македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ и партијата Е Мајта, додаваат тие повикувајќи се на пишува РЕЛ.За ова „сценарио“, ДУИ соопшти дека го известила и меѓународниот фактор, но не е прецизирано за какво сценарио се работи и дали за тоа добиле индиции од безбедносните служби на Северна Македонија.Но, техничкиот премиер Талат Џафери рече дека Владата нема информации за можни тензии пред или по двојните претседателски и парламентарни избори.„Во моментов немаме такви податоци. Надлежните институции, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и специјалниот сектор за безбедност во Министерството за одбрана известија за безбедносни аспекти, но засега нема податоци. Но, постои тенденција за хибридни акции и тоа треба да ги поттикне институциите да преземат превентивни мерки“, рече Џафери при посетата на Тетово.За тврдењата на ДУИ, реагираше и кандидатот за претседател на здружената албанска опозиција, Арбен Таравари, кој го обвини овој политички субјект за „лицемерие“.„Тоа се смешни обвинувања и ДУИ не сака да ги кажува. Ако некоја од албанските партии е блиска до Србија, тоа е ДУИ... Нема шанси опозицијата да организира нешто кога нема власт. „Ако некој е загрижен и нервозен во овој момент, мислам дека тоа не е никој повеќе од ДУИ“, изјави Таравари.Претседателските избори во Северна Македонија ќе се одржат на 24 април, додека на 8 април парламентарните заедно со вториот круг од претседателските избори.

Македонија | пред 1 година

ministri-dui

Коалиција ВРЕДИ: Дипломатска шлаканица од САД за власта

„Уште една дипломатска шлаканица од нашиот најважен стратешки партнер – САД. Партизацијата на судството има егзекутор и форма, се нарекува хоризонтална и вертикална ДУИ-зација на органите на правдата“, вели Коалиција ВРЕДИ.„Последниот ваков пример е оркестрираниот напад против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, кој требаше да заврши со нејзиното отстранување.Мотивот на ваквиот партиски линч на ДУИ беше одбивањето да се создава законска основа за враќање на Груевски од Будимпешта. Нема правна држава, еднаквост пред законот и независна правда со Али и Дрин Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби и нивните инсталирани кадри во праводуството. Токму затоа, после 8 мај, Коалицијата ВРЕДИ ќе ги создава сите потребни уставни и законски механизми за создавање на едно европско судство“.

Македонија | пред 1 година

417513002_10161446156892138_8456261493709764993_n

(Видео) Груби го „срцкаат“ од Виетнам, Ангола, Замбиа, тој знае кој му ги нарачува и зошто

Министерот Артан Груби од ДУИ важи за политичар кој сака да се промовира на социјалните мрежи, а на некои од објавите се гледаат илјадници лајкови во знак на поддршка. Најголемо внимание привлече фотографијата со 5.500 лајкови, од промоцијата на Бујар Османи за претседателски кандидат. Од нив, 2.200 се „срциња“, но голем дел од профилите не се од Македонија туку од Виетнам, Ангола, Замбиа. Груби за „Скопје1“ посочи дека знае чие масло е тоа. „Пред месец дена, на ТВ21 беше Касами и имаше илјадници лајкови од Азија, медиумите го провалија и сега истото се обидуваат да го прават кај мене и кај нас во ДУИ преку нарачка на платени лајкови срца итн, за да го релативизираат нивното фијаско“, вели Груби за „Скопје1“.На социјалнит емрежи постојат алатки кои овозможуваат со плаќање да добиете повеќе лајкови во знак на поддршка. Таква е страницата „order.aladinseo.com“ каде има и ценовник колку се плаќа, а колку лајкови се добиваат. Може да ги нарача било кој, за било кој профил.Груби и преку социјалните мрежи се обрати до албанската опозиција.„Глас да не ви чујам, молчете, и голема благодарност на некреативните и патетични деривати на ДУИ во опозиција за сите фанови од Русија, Кина, Индија, Бангладеш, цела Азија што ми ги донесовте на профилот со парите што сте ги украле, само продолжете Ве сакам сите, освен Русофилите од опозиција“, вели Груби во објавата на социјалната мрежа „Фејсбук“, која има над 800 лајкови.

Македонија | пред 1 година

ahmeti1

„Со украдените милиони од власт, ДУИ лесно плаќа гласачи“, напиша Хајредини, а Најчевска додаде: „Првите пари ги украдоа од УЧК“

Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, смета дека ДУИ додека биле на власт изминатите 20 години, украле доволно, за да можат да потплаќаат граѓани. На ова се надоврза и професорката Мирјана Најчевска која посочи дека првите пари ги украле од терористичката организација УЧК.„Со милионите што ги краделе додека биле и сè уште се на власт, ДУИ лесно може да плаќа гласачи за да останат на власт“, напиша Хајредини.Се надоврза и Најчевска.„Првите пари ги украдоа од УЧК. Јас навистина не знам зошто етничките Албанци дозволуваат некој да ги прави будали на здрав памет“, додава Најчевска..

Коментари | пред 1 година

KOVACEVSKI-AHMETI-GRUBI

Со СДС и ДУИ инфлација 50% поголема од еврозоната, пад на реалната плата и потрошувачка кошничка од 1.000 евра, порача ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ Македонија има инфлација за 50% поголема од таа во еврозоната, пад на реалната плата и потрошувачка кошничка од 1.000 евра“, вели порача ВМРО-ДПМНЕ и додава:Во текот на 2022 година има пад реалната плата за 5%, платите со години се обезвреднети, на хартија растат, а во реалноста куповната моќ на народот е се послаба.Потрошувачката кошничка е речиси 1.000 евра, за да се наполни потребни се 3 минимални плати.Економијата никогаш не била во толку лоша ситуација како денес со СДС и ДУИ.Додека во Македонија растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 година изнесува само 20%, земјите од регионот како Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово имаат и над 50% раст.Македонија заостанува зад сите земји во регионот. 7 години власт на СДС и ДУИ, 7 промашени години за економијата. Народот со право вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања