ДУИ

brane-petrusevski

ВМРО-ДПМНЕ под уцени ниту разговара, ниту преговара, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на избори и ДУИ да ја пратат во опозиција, вели Петрушевски

Очекувано од ДУИ во недостаток на реални аргументи, реални проекти и она што се суштински проблеми на граѓаните кои што како власт во изминатите 20 години не успеале да ги решат, да излегуваат со вакви национал романтистички барања, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски запрашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на барањето на ДУИ претседател на државата да се бира во Собрание.„Она што е наш став е дека, ВМРО-ДПМНЕ под уцени ниту разговара, ниту преговара, а најмалку пак прифаќа уцени. Ние само ќе ги повикаме граѓаните да го следат ова однесување на ДУИ и да биде тоа дополнителен мотив за сите граѓани на наредните избори да докажат дека оваа држава не е заложник на една политичка партија и дека ДУИ, како што се однесува изминативе 20 години, очигледно ќе продолжи да се однесува и наредните години“, рече Петрушевски.Затоа, додаде тој, време е конечно ДУИ да отиде во опозиција и тоа ќе биде со помош на сите граѓани во Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi

Однесувањето на ДУИ дополнително ќе ги мотивира сите граѓани на наредните избори да кажат доста е и дека Македонија не е заложник на ДУИ, смета Петрушевски

На денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски при одговор на прашање за тоа дали доведен ли е цензусот за претседател во прашање со условите на албанскиот блок и евентуален повик за бојкот? Тој истакна дека таквото однесување на ДУИ дополнително ќе ги мотивира граѓаните да кажат доста е.„Ние веруваме дека ваквото однесување на ДУИ дополнително ќе ги мотивира сите граѓани да кажат доста е на наредните избори и дека оваа држава не е заложник на ДУИ, како ДУИ се однесува претходните 20 години кон државава“, рече Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-torta-feat-768x978-1

Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател, смета Џафери и додава: Можел да ја има било која функција во овие 22 години

Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека неговиот лидер Али Ахмети, нема да биде кандидат за претседател на ДУИ. Тој смета дека Ахмети можел да ја има било која функција, односно секоја што ќе посака. Потоа, додаде, Ахмети немал такви амбиции.„Ахмети има мисија, а не е претендент за функција како што знам. Мислам дека нема да прифати да биде тоа. Нема потреба тој да покаже кој е и колку е по 50 години свој придонес во нештата во оваа држава, за граѓаните на оваа држава. Неговата мисија е ЕУ и Европа и работи на таа мисија. Не мислам дека му е приоритет такмичењето за било која функција, да сакал можел да има било каква функција во овие 22 години“, кажа Ахмети.Претходно, во јавноста протекоа информации дека ДУИ планира да оди со Ахмети за кандидат за претседател. Ова, особено откако албанската опозиција се обедини и го кандидира Арбен Таравари во претседателската трка. Кратко по оваа информација, Артан Груби сподели фотографија која беше разбрана како извесна потврда.

Македонија | пред 1 година

AHMETI-GRUBI-KOVACEVSKI-4

Предупредување: „СДС и ДУИ пред бегање сакаат да наполнат куфери со 9 милијарди денари од тендери во РЕК“

„Власта во заминување на СДС и ДУИ во последен момент преку два тендери од 9 милијарди денари во РЕК Битола, сака да ги наполни куферите и да бега“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Криминалната власт преку инкриминираните функционери сака да потпише годишен договор за набавка на увозен јаглен во вредност од 5 милијарди и 950 милиони денари.Дополнително се турка уште еден договор за ископ во РЕК Битола во висина од 3 милијарди денари, кој се мести за фирма сопственост на конзул на држава по санкции од ЕУ.СДС и ДУИ по ист систем како што испумпаа стотици милиони од РЕК Битола изминативе 6 ипол години сакаат да го доограбат народот.ВМРО-ДПМНЕ апелира до сите функционери во РЕК Битола и ЕСМ да не подлегнуваат на притисоците на врвот на СДС и ДУИ, зошто секое делче од оваа набавка ќе биде истражено веднаш по преземањето на власта и одговорност ќе има.Народот со право вели дека немаме држава, кога власта ја разграбува секоја институција или претпријатие. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

Македонија | пред 1 година

dui

„Господава од ДУИ зборат македонски, државава ја викаат Република Македонија, некој изгледа планира коалиција со СДСМ“

Иљче Затаркоски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека ДУИ планира предизборна коалиција со СДСМ.„Пази ги ти господава од ДУИ...зборат македонски, државава ја викаат Република Македонија, делуваат загрижени за иднината...Некој изгледа планира предизборна коалиција со СДСМ па треба да се испеглаат екстремистичките набори во најеколошката партија во земјава“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2021-08-13-at-13.40.38

Избори во 14 ограноци на ДУИ, Ахмети ги објави имињата на победниците

Демократската унија за интеграција денеска организираше внатрепартиски избори за консолидација на партиските органи во 14 ограноци, со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“.Во текот на овој изборен процес предводен од партиската изборна комисија на ДУИ се гласаше за избор на претседатели на ограноци, членови на ограноците, претседатели на локални совети и членови на раководството на локални совети во ограноците: Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шутка и Велес.Така, избраните во 14 ограноци на ДУИ се следните:Во Ликово: Мирсад ИбраимиВо Куманово: Ридван АсаниВо Чаир: Беким НезириВо Бутел: Мухарем АсаниВо Шутка: Илаз ЛесковицаВо Петровец: Насер ХалитиВо Јегуновце: Елдин АдемиВо Кичево: Ардита ДаниВо Дебар: Артин СпахиуВо Крушево: Абиб ВеџиуВо Битола: Лутфи АметоВо Пласница: Бајрам КарамалескиВо Велес: Локман СалијаВо Преспа: Арјан МујединиПримената на овој модел при изборот на партиските органи го докажува демократскиот пристап и капацитет на Демократската унија за интеграција.

Македонија | пред 2 години

Ramiz-Merko-780x470-1

ДУИ бара институциите да направат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко

ДУИ донела три одлуки за иднината на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако тој се најде на црната листа на САД, со одлука на Стејт департментот. Му се замрзнува членството во раководните органи на партијата, се прекинуваат партиските изборни активности во Струга, а од институциите се бара истрага за нивниот сопартиец. Мерко имал средба со Ахмети, пред да бидат донесени сите овие одлуки. Османи посочи дека ДУИ би направила истрага за струшкиот градоначалник, ама не се истражен орган.„ДУИ ги донесе следните одлуки: Бара институциите да направат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко за сите можни тврдења кои произлегуваат од Стејт департментот. ДУИ ја прифаќа одлуката на Мерко за замрзнување на неговото членство во Централното претседателство, Генералниот совет на ДУИ. ДУИ ги прекинува изборните активности во Струга, додека не се создадат нови услови за тоа“, рече Османи.Во зависност од исходот од истрагата, ќе се знае дали Мерко ќе се врати во раководните структури на ДУИ.„Во ДУИ има започнато изборен процес во поголем број ограноци и има одредени рокови за пријавување на кандидати. Изборите се закажани за 2 јули. За да се даде можност кој ќе биде кандидат, треба да се остави простор, да се замрзне процесот во огранокот во Струга“, објасни Османи за тоа што значи одлуката за замрзнување на изборните активности.Османи додаде: „Ги повикуваме сите државни институции да започнат истрага за сите политички партии – од претседателите до најниските ешалони на одлучување“.Османи смета дека ДУИ е единствената партија која бара ветинг. Ги цени одлуките на САД.„САД се наш најголем стратешки партнер и сојузник. Нивните ставови не само што во ДУИ ги почитуваме туку ги сметаме и за добронамерни. ДУИ има јасни ставови за владеењето на правото, борбата со корупцијата, начинот на кој работат носителите на функции и тие се формални одлуки на ДУИ. Ќе ве потсетам на две такви одлуки – за задолжителен ветинг на секој носител на јавна функција; одлука за итна институционална верификација за сите сомневања за сите носители на јавни и партиски функции“, додаде Османи.

Македонија | пред 2 години

ahmeti

Ахмети ќе оди кај Агелер за објаснување за одлуката за Мерко

Демократската унија за интеграција веќе три мандати го кандира Рамиз Мерко за градоначалник на Струга, кој од вчера е на црната листа на САД. Во ДУИ се шокирани од одлуката на Стејт департментот, но велат дека ќе ја анализираат во наредните денови, пишува порталот Лидери.мк.Високи извори од ДУИ за порталот велат дека во наредните денови се очекува средба на претседателот на партијата Али Ахмети со американскиот амбасадор или заменик амбасадор во Скопје. По тој состанок Ахмети ќе одлучи дали ќе бара оставка од Мерко од функцијата градоначалник и нови избори во Струга или не, велат од ДУИ за порталот Лидери.мк.Според изворите од ДУИ, ако Ахмети побара оставка од Мерко, а овој одбие, постои можност и официјално да биде исклучен од партијата. „Во тој случај Мерко може да го продолжи мандатот како непартиски градоначалник“, велат од ДУИ, појаснувајќи дека немаат правен механизам да го принудат Мерко да поднесе оставка, доколку не го направи тоа доброволно.Вчера и амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер за прогласувањето за непожелна личност за САД на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од  Стејт департментот, поради корупција, рече дека „народот на Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери и систем којшто ќе ги смета за одговорни“.

Македонија | пред 2 години

mickoski-956

Мицкоски: Ќе направам сè за да ДУИ оди во опозиција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува пакт против ДУИ.Вели дека ова е историски момент за обединување на македонскиот блок.„Имаме премиер кој ДУИ го држи во заложништво, а токму тие се вистинските газди во владата, газди на криминалот и господари на туѓите судбини. И затоа ви велам дека ќе направам сè за да ДУИ оди во опозиција, и подготвен сум да направам пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти во државата од било која провиниенција само за да ДУИ после 20 години власт да оди во опозиција. И ова не го зборувам затоа што на овој начин сакам да го градам својот рејтинг, и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како што тие луѓе од раководството на ДУИ јавно го зборуваат. Ова го зборувам затоа што верувам во тоа. Кога тие ќе заминат во опозиција, ќе ѝ се раздени на Македонија. Кога тие ќе заминат во опозицијата ќе нè биде. Повторувам ова е пакт за национално единство со некриминализирани сегменти од општеството. А криминалците од сегашната влада ќе одговараат пред лицето на правдата. Таквиот пакт за национално и државно единство ќе биде и добар одговор да ги здружиме силите и да се избориме низ силните предизвици кои надоаѓаат и да се бориме за фер шанса за која ви говорам“, рече Мицкоски.Тој вели дека власта нема план што понатаму по неуспехот на уставните измени. Мицкоски често ја критикува ДУИ, а од СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ нема став и е заложник на Левица.

Македонија | пред 2 години

alternativa-1

Алтернатива: Што слави ДУИ?

Али Ахмети и неговата партија денеска слават 21 година од функционирањето како политичка партија, од кои 20 години ги поминаа со апсолутна власт, и извршна и локална, велат од Алтернатива.„Знаеме дека овие луѓе одамна го прекинаа контактот со реалноста и со проблемите на луѓето што ги претставуваат, но не можеме да не се запрашаме што слави ДУИ денес?Дали се слави инфериорноста на именувањето на албанскиот јазик во Уставот?Дали слават за раселувањето на над 300 илјади Албанци за време на нивното владеење?Дали ја слават диференцијацијата на Албанците и нивниот дискриминаторски третман?Или можеби го слават неправедното судство од кое и понатаму страдаат Албанците?Дали ДУИ го слави застојот во образованието, каде на децата Албанци сè уште им недостасуваат учебници или оние што ги имаат се полни со грешки и навреди кон Албанците?Можеби го слават тоа што мнозинството Албанци не можат да врзат крај со крај поради енормните поскапувања и неуспесите на оваа партија во економијата?Или едноставно се слави астрономската корупција на машинеријата за збогатување преку ноќ наречена ДУИ?Оваа партија мора да им се извини на Албанците што 21 година на власт не успеа да ги претставува со дигнитет и да го регулира нивниот државотворен статус во државата, не успеа во економијата и благосостојбата и го спонзорираше празнењето на Северна Македонија од Албанците со нејзиното слабо владеење и штетно.Албанците ù дадоа на ДУИ повеќе од една можност да ги направи работите како што треба, но веќе тоа време заврши. Сега секој Албанец знае дека ДУИ не носи ништо друго, освен корупција и неуспех, затоа на следните избори ќе гласаат за долгоочекуваната промена“, се вел во соопштението.

Македонија | пред 2 години

DUIII

21 година постоење – ДУИ и Фракцијата со одделни прослави

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одбележува 21 година од своето основање.Од Раководството на ДУИ соопштија дека организирале панел-дискусија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На панел-дебатата на тема „Европски фронт”, меѓу останатите, ќе се обрати и лидерот на партијата Али Ахмети, поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска, политичкиот аналитичар Петар Арсовски, новинарот Газменд Ајдини, ексградоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи и други.Од Фракцијата на ДУИ пак најавија посебен настан во 14:00 часот, кој што ќе одржи во Центарот за култура во Тетово.

Македонија | пред 2 години

ali-ahmeti

Ахмети да престане да краде, време е ДУИ да оди во опозиција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ахмети треба да биде свесен дека набрзо големиот брат ќе стане многу мал и заедно со неговиот подизведувач СДС ќе одат во опозиција. Затоа што 8 години печалат на грбот на народот со криминал и корупција, вели ВМРО-ДПМНЕ„ДУИ живее од Албанците, а не за нив.Со некаква лажна борба, зад која се кријат лични интереси си ја штитат власта. Колку повеќе владее ДУИ и СДС во државата, толку помалку народ има во Македонија. Колку повеќе Артановци на сцената толку помалку е среќен народот во Македонија.22 години ДУИ е извор на скоро сите порази на државата.22 години ДУИ е дел од сите афери, од сите скандали, од сите патења на народот.Времето на крадење пари и крадење среќа завршува. За сите погрешни политики, за сите криминали одговорност ќе има.Време е за пензија и опозиција.А, тоа народот ќе го испорача на следните избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

ogneni-dui

„Нашето место е во ДУИ“, „Огнените“ не се приклучуваат на БЕСА

Незадоволните членови на ДУИ, кои се нарекуваат „огнена група“, ги демантираа синоќа информациите дека ќе преминат во партијата БЕСА.Откако најавија дека ќе дејствуваат како фракција, од групата соопштија дека во наредниот период ќе се интензивира „борбата за демократизација, транспарентност, воспоставување на принципот меритократија и отчетност во рамките на ДУИ“.„ На Огнената група на која и даваат поддршка 1/3 од гласачите на ДУИ не и е местото надвор од ДУИ, туку треба да отстапат тие кои немаат ниту гласачи, ниту реализирани проекти, со што ќе се создаде место за млади подготвени и компетентни кадри кои ја знаат и ја сакаат ДУИ“, велат од „Огнената група“.

Македонија | пред 2 години

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Груби се правда, извинува поправа: Народот му треба на Ахмети, не само Ахмети на народот.

„На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети Мојот однос со претседателот Али Ахмети е како односот на сите вас кои сте убедени во неговиот животен пат, неговата правда, неговата визија, неговата национална вредност за сите Албанци. Искрената намера на мојата изјава беше да ја истакнам неоспорната вистина дека на Али Ахмети му треба народот колку што му треба на народот Али Ахмети, но една несреќна мешаница на моите зборови погрешно ја претстави намерата, за што, извинете“, вели Артан Груби откако поплавнево рече дека на Али Ахмети не му треба народот, туку на народот му треба Али Ахмети.Тој додава:„Тоа се докажа во сите прогресивни процеси низ кои мина државата, каде што г. Ахмети и луѓето зад него постигнаа слобода, еднаквост, обезбедија интеграција на земјата во НАТО и ја задржаа на вистинските колосеци на евроинтеграциите. Али Ахмети ја зема моќта на дејствување од народот и го има народот зад себе во четирите децении од неговото политичко работење, а тој продолжува да биде непоколеблив визионер во исполнувањето на идеалите за напредок и интеграција.Секој збор на Али Ахмет, секое негово дело е света доверба на народот што мора да се однесе во земјата. Али Ахмети и народот се единствен дух кој ќе продолжи да тече во патувањето на многу мисии. Неговата и наша единствена мисија е да им служиме на луѓето и да обезбедиме подобра иднина со тоа што ќе ви служиме на сите вас“.

Македонија | пред 3 години

dui-

Фракција во ДУИ против Артан Груби: Ахмети да најде решение за зачувување на партиското единство

Објавено писмо на кое се потпишани долгогодишни членови на ДУИ, од т.н „Огнена група“, во која се поранешни министри и сегашни пратеници и градоначалници, меѓу кои Изет Меџити (пратеник и потпретседател на ДУИ), Блерим Беџети (градоначалник на Сарај), Висар Ганиу градоначалник на Чаир, Мерита Коџаџику (пратеничка), Невзат Бејта (поранешен министер и градоначалник на Гостивар), Муса Џафери (поранешен вицепремиер).Во писмото се вели дека имајќи ја предвид создадената организациона состојба внатре во ДУИ во период од две години, должни се да го кренат гласот и да реагираат тоа што го создавале со душа, односно Демократската унија за интеграција, да ја вратат на позицијата како што се развиваше цели 18 години.„Демократската унија за интеграција не е само политичка партија, туку ДУИ е вредност, која 18 години ги чуваше и ги унапредуваше правата на Албанците, отворено семејство со внатрешни консултации, без индивидуални привилегии, со статутарни тела и со континуиран раст на електоратот. Како такво, ние мора да го вратиме таму каде што и е местото“, велат тие.Во Писмото бараат:Политичка дебата внатре партијата за надминување на ова состојба;Одговорност и отчет од носителите на извршната власт;Апелираме да се прекине внатрешната политичка „војна” во партијата;Ги повикуваме членството и партиските структури да се ангажираат за избегнување и надминување на овие појави и оваа состојба;Бараме од претседателот на ДУИ, Али Ахмети, да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања