„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

дуи

28f7bd0e-01cd-40fa-9583-a3d0bd85e8ce

(Видео) ДУИ: Владата на ВМРО-ВРЕДИ ја блокираат реализацијата на инфраструктурните проекти

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес-конференција ја изрази длабоката загриженост во врска со „застојот на моноетничката влада во остварувањето на капиталните проекти во патната инфраструктура во првите 100 дена од нејзиното владеење“.„Денеска сме тука да ја изразиме нашата длабока загриженост во врска со застојот на моноетничката влада во остварувањето на капиталните проекти во патната инфраструктура во првите 100 дена од нејзиното владеење.Во овие три месеци, наместо напредок, има стагнација и кратење на средствата за клучните проекти во патната инфраструктура, како што се Коридорот 8 и 10д, автопатот Скопје-Блаце, патот Тетово-Призрен, заедничка гранична контрола, железницата, и други проекти кои се од стратешко значење за државата“, велат од ДУИ.„Почитувани, Коридорот 8, најголемиот и најважен проект на државата од осамостојувањето, кој ја поврзува Северна Македонија со Република Албанија и земјите од регионот, е една од главните артерии за економски развој и регионална и европска интеграција.За жал, власта со моноетнички легитимитет намерно ги одолговлекува потребните процедури за реализација на овој европски коридор.Тие веднаш откако стапија на власт ги намалија буџетските средства од 15,1 милијарди денари на 4 милијарди денари. Како да не беше доволно ова, тие противправно ја сменија одлуката што ја одобри претходната Влада за автопатската траса Гостивар Букојчан за изградба на тунелот во должина од 5,3 километри, што доаѓа како резултат на „cost benefit“ анализата направена од експертите, како најдобро решение кое ќе влијае на намалување на времето на патување и подобрување на безбедноста во сообраќајот.Исто така, оваа влада покажува дека нема волја да го изгради автопатот Скопје - Блацe.Иако работите на првите два километри се завршени, овие два завршени километри од автопатот се уште не се пуштени во употреба, додека и изборот на изведувачот за изградба во втората фаза на оваа важна патна делница што ја поврзува нашата земја со Република Косово доцни.За да не се реализира овој проект, најавуваат промена на трасата дефинирана во основниот проект.Би сакале да ја информираме јавноста дека трасата предвидена во проектот е избрана со почитување на сите потребни процедури.Како основа е земен студискиот елаборат за животна средина, направен е јавен преглед и конечно инфраструктурниот проект е одобрен од Министерството за транспорт и врски (јули 2023 година).Оваа траса е избрана во согласност со регулативите на ЕБОР и ЈПДП, заедно со релевантните институции во Република Северна Македонија и населението во таа земја..Дополнително, проектот за изградба на патот Тетово-Призрен останува само нивно предизборно ветување.Сите започнати процедури од претходната влада за реализација на овој проект се во застој.Оттука ги прашуваме надлежните институции зошто не ги отпочнуваат постапките за избор на проектантска компанија за проектирање на заедничкиот тунел Тетово – Призрен во должина од 6,2 километри, што се предвидува во договорот потпишан меѓу двете земји на почетокот на оваа година.Истите доцнења и опструкции ги има и за Железничкиот коридор 8, сувото пристаниште во Струга и други проекти во северозападниот дел на државата.Пречките и застојот не се присутни само во овие проекти.Многу други патишта и железници низ Северна Македонија се запоставени, што го попречува не само економскиот развој, туку и животниот квалитет на граѓаните.Овие неуспеси се неприфатливи и необјасниви во време кога на нашата земја и се потребни сериозни инвестиции во инфраструктурата за да напредува во развојот и европските интеграции.Што се однесува на проектот за најавени заеднички гранични контрола со нашите соседи, ја информираме јавноста дека оваа спогодба наречена „One Stop Shop“ веќе се имплементира со Албанија и Србија, но очигледно Владата тоа не го знае.Со Косово е потпишана спогодба и законот е усвоен во Собранието, додека оваа нелегитимна Влада треба само да ја примени истата и да не предизвикува редици од километри во граничниот премин Блаце.Ние како Демократска унија за интеграција бараме целосна одговорност од Владата за овие неприфатливи доцнења и застои во реализацијата на овие стратешки проекти.Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат влада која работи за нив, која е посветена и која ги спроведува проектите за кои се обврза“, рекоа од ДУИ на денешната прес-конференција.

Македонија | пред 1 година

dui-pres1

(Видео) ДУИ: Скандал - 380.000 евра за браварско-заварувачки услуги од нелегитимната Влада во ЕСМ

Денеска преку прес-конференцијата за медиуми ДУИ објави нов скандал за како што велат „корумпираните, неспособните кадри на коалицијата Вреди“.„После скандалот со набавките на цвеќиња за 9000 денари за едно парче од страна на Бурим Латифи- прв братучед на Изет Меџити и Директор на Мепсо, денеска објавуваме нов скандал на корумпираните, неспособните кадри на коалицијата Вреди.И тоа, за Фатмир Лимани- Браварот кој преку Претседателот на огранокот и воедно управител на РЕК- Осломеј реализирал тендер за браварско-заварувачки услуги иако РЕК- Осломеј има над 1000 вработени“, велат од ДУИ.„За скандалот да биде уште поголем, вредноста на трите тендери со две фирми опфаќа вредност од над 23 500 000 денари или над 380 000 Евра.Тоа значи дека скоро 30 Евра за еден час работа за браварски услуги или поинаку кажано за да се смени брава. Имено, ЕСМ со овој скандалозен договор ќе треба да плати 1780 денари за час работа за горенаведените услуги.Овој договор, освен корумпиран не може да биде поинаков, затоа ги повикуваме надлежните органи да постапуваат за вакви криминални договори кои се реализираат од страна на неспособните управители“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

SPASOVSKI-KRUPEN-1

Спасовски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со ДУИ наскоро, а тие му вратија: Да не се грижи, ДУИ не им го земаме

ДУИ и помага на ВМРО-ДПМНЕ, ние само ги гледаме потезите кои се влечат во Собранието во овој период и врз основа на тоа што се прави, ние излегуваме со ставовите, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничка група, Оливер Спасовски. Тој потсети на изјавите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ е дефакторизирана и дека е минато во македонската политика.-Вие се сеќавате дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по завршување на изборите и формирањето на владата рекоа дека ДУИ е минато во македонската политика. Дека ДУИ е партијата која за ништо не се прашува и не може да одлучува. Дека тоа е партија која е целосно дефакторизиран и никој нема да ја прашува за ништо. Дел од македонските граѓани дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ токму поради ваквиот пристап кон ДУИ. А ние во суштина што имаме после изборите? Со формирање на влада, дури и пред да се формира, веднаш имавме прва успешна средба и соработка или преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се одвиваа во законодавниот дом, а се однесуваа за поддршка на Законот за организација на државната управа. Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена на едни добри односи, рече Спасовски.На ова му вратија од ВМРО-ДПМНЕ, кои му посочија на што треба да обрне внимание.„Да не се грижи Спасовски и СДС, ДУИ не им го земаме, заедно од опозиција ќе гледаат како Македонија оди напред. СДС не знаат веќе што да направат, затоа што рејтингот им се топи како коцка мраз на +40°С. Сега се послаби од што беа на последните избори. Допрва следува ситнење во СДС заради нивните лоши политики изминативе 7 години, и никакво растурање на пердуви нема да им помогне да го спречат тоа. Пасокизацијата во СДС е процес кој тргна и нема назад. Спасовски наместо да се сокрие некаде и да се срами затоа што беше министер во МВР со најголем број на убиства за кои сторителите уште ен се фатени, тој излегува и дава изјави и интервјуа. Дали до толку СДС го потценува народот? И знаат ли дека се повеќе губат со тоа?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Мицкоски дециден дека никој не коленичи кај ДУИ: Таквите времиња се минати

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека никој од ВМРО-ДПМНЕ не коленичи пред ДУИ, откако пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, кажа дека секој втор ден висок функционер оди во Мала Речица.„Фројд работи кај луѓето и потсвеста се проектира кај другите. Ако тој мисли дека оние моменти кога раководството на СДСМ коленичеше во Речица, кога молчеше кога министрите во Речица си играа фудбалчиња и ги понижуваа граѓаните, кога тој приведуваше а преку вечер тие што ги приведуваше мораше да ги ослободи - се лаже. Такви времиња се одамна минати. Тие политики се поразени“, рече Мицкоски.Според него, Спасовски е политички медиокритет, кој е во неговото политичко мочуриште, додека тие работат за подобри услови и стандард за сите.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Федерализација е дел од есенско сценарио за дестабилизација?! Најчевска: Што ќе добијат етничките Албанци, помалиу криминал, подобро судство и здравство?

Откако пред година и половина од позиција на власт ДУИ експресно ја одби идејата за формирање заедница на албански општини во Македонија, оценувајќи ја како антиевропска и антиамериканска, но и штетна за конечното решение на косовското прашање, сега кога интегративците се во опозиција ретерираат од ваквиот став и најавуваат слично сценарио за излез на општините предводени од градоначалници на ДУИ од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), пишува Нова Македонија во текстот „Дали и федерализацијата е дел од есенското сценарио за дестабилизација на државата?!“ и додава:„Во едно од таквите сценарија за дестабилизација на државата е и одделувањето на општините предводени од градоначалниците на ДУИ како посебни единици, кои би функционирале надвор од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија, со тенденција да формираат некаква своја паралелна заедница. Намерата е кон неа да ги привлечат и другите општини на чие чело се градоначалници Албанци, без оглед на тоа дали се дел од власта, слично како што ДУИ го правеше тоа кога беше владин партнер, употребувајќи ги еднократно албанските опозициски партии за влез во Владата, за потоа целосно да ги разбие и да си обезбеди удобен политички комодитет меѓу албанското гласачко тело во земјава“.На ова, свој коментар остави професорката по право, Мирјана Најчевска.„Што би добиле со федерализацијата на Македонија етничките Албанци?Помалку криминал?Подобо судство?Подобро образование?Подобро здравство?Почисти улици?Победа над градежната мафија?Почесни политичари?Подобри градоначалници?Побезбедни улици?Помалку дрвокрадци?Повисок стандард?Поевтина струја?Поголема грижа за животната средина?Попрофесионална администрација?Навистина ме интересира?“, пишува професорката.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-08-16-at-11.54.38

Немаат поддршка, ќе се соочат со последиците, вели Меџити за најавите на ДУИ за протести

Без конкретен одговор остана прашањето дали ДУИ подготуваат дестабилизација и протести од септември, кое му беше поставено на Изет Меџити. Иако двапати по ред беше прашан дали тој има вакви информации, Меџити повтори: „Што и да е, немаат никаква поддршка кај Албанците. Ќе се соочат со последиците“.„Уште еднаш ќе ги повикам да се вратат на себеси, да се реформираат. Во спротивно, мислам дека Албанците немаат ниту желба, ниту сакаат да протестираат кога нема политичка кауза. Нивната кауза е да се спаси Соравија и нивните политички зделки“, вели Меџити, претседател на „Демократско движење“ и еден од лидерите на коалицијата „ВЛЕН“.За обидите за дестабилизација кои би ги правеле ДУИ, први обзнанија ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-5431

Македонците нема да постојат ако не соработуваат со Албанците, се закани Ахмети

„Македонците можат да напредуваат само доколку се во добри и хармонични односи со Албанците, во спротивно ќе ги проголтаат Србите, Бугарите и Грците“. Со оваа реченица, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати нова порака до македонскиот народ, на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор. Тој исто така посочи дека треба конечно да се заборави сопственоста на државата, бидејќи сега сите заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на злото.„А ова не ви го кажувам само овде, им го кажав на сите политички претставници на македонската заедница. Само со нас, со соработка и заеднички живот можат да си ја зачуваат својата историја, својот национален идентитет, инаку им е судено да не постојат. Така што, нека биде ова комеморација на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор кој има посебна заслуга за тоа што оваа земја не беше поделена, не се раздели, затоа што не прифати ОВК, туку прифати целосен договор меѓу двете заедници и малите заедници во нивните области каде што живеат. Затоа, ние го штитиме, се бориме овој договор ниту да биде прекршен ниту загрозен, затоа што е спас и за Албанците и Македонците како две најголеми заедници. Сопственоста за која размислуваа во 1990-тите треба да се заборави затоа што заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото. Во оваа ситуација, какви драматични и опасни случувања има во Европа, недалеку од нас , навистина сите треба да мислиме дека Европа е во пламен и во војна, изјави Ахмети.Ахмети и коалицијата „Европски фронт“денеска со посебен настан во хотелот „Александар палас“ во Скопје го одбележа денот кога пред 23 години во претседателската резиденција на Водно беше потпишан Рамковниот договор. Во исто време Владата одржа свечена седница на која свои обраќања имаа премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер Изет Меџити.Ваквиот наратив на Ахмети доаѓа во време кога премиерот Мицкоски посочи дека очекуваат обиди за дестабилизација на Македонија од страна на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

merko

Да го имаш Мерко во своите редови, главен емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за ветинг е дрско потценување, им велат ВЛЕН на ДУИ

„Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата “најсмешни моменти” може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг“, велат од ВЛЕН и додаваат:„Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на Албанците од кои 22 години си барал поддршка на избори.Да се обидуваш сега да ја мамиш јавноста со теза дека корумпираните се во другите партии и со тоа да сакаш да се претставиш како жртва, само затоа што доаѓа време твоите корумпирани поранешни функционери да одговараат што се богатеа со народни пари, е кукавички и срамно. Албанскиот народ нема да биде заложник на напорите на ова криминално раководство на ДУИ да си ги задржи привилегиите од 22 годишниот режим.Правосудната одговорност за сторена политичка корупција не може да биде меѓународен проблем. Тоа е домашна задача за државниот систем. Затоа ВЛЕН предлага системско решение како уставен механизам кое ќе овозможи кривична одговорност за стореното и конфискација на нелегално стекнат имот.Ветингот е етичка и морална контрола која евентуално може спречи бавење со политика. Затоа, докторите за криминал од ДУИ 48 часа молчат за Уставниот амандман на ВЛЕН за спречување на застарувањето на кривичниот прогон за сторена политичка корупција. Ова поведение на криминалнито раководство на ДУИ е најдобар доказ дека тие никогаш не сакале да се борат против политичката корупција, туку нивната цел отсекогаш била да станат доктори за криминал и да се богатат врз грбот на Албанците.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Сценариото на ДУИ е прочитано, со протестите сакаат да ги бранат функционерите кои треба да одговараат за криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Сценариото на ДУИ е прочитано, со протестите сакаат да ги бранат функционерите кои треба да одговараат за криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:ДУИ знае дека треба да дада одговори за сите матни тендери, за лотарија, за подизведувачите на патиштата, за Соравија, за отпишаниот долг на синот на Муса Џафери.ДУИ се свесни дека ќе има одговорност, а протестите и обидите за дестабилизација им се подлога да можат да вадат членови на улица кога нивните корумпирани функционери ќе треба да одговараат пред институциите.Ако ДУИ и СДС беа чесни, немаше да менуваат Кривичен законик во очи на промена од власт и да се амнестираат себе за голем број на дела. Јасно е дека и ДУИ и СДС се свесни што правеле па единствена шанса за спас гледаат во вадење на политички притисок, и измислени тези за политичко уредување.Јалови се обидите на ДУИ и СДС. Прочитани се. Одговорност ќе има.

Македонија | пред 1 година

ministri-dui

ДУИ одржа состанок за бркање уплав од кривична одговорност, исплашени се до срж, велат од „Вреди“

„По секоја средба во Мала Речица, може да се потврди еден заклучок- ДУИ е исплашена до срж“, велат од коалицијата Вреди и додават:Изгледа тажно колку ова раководство на тазе опозицијата ДУИ е одлепено од реалноста. Му продаваат магла на чесното членство дека се некакви визионери, а всушност ги има фатено уплав од тоа што следи.Како и во секоја криза што ја доживеа, ДУИ ја има вообичаената тенденција да го користи Охридскиот договор како параван за криминал и неуспеси. Оваа навика на ДУИ сега е јасно читлива. Секогаш кога ќе кажат „Охридски договор“ и „легитимитет“ значат дефокусирање за да се избегнат темите за корупциски скандали и одговорност за време на 22-годишниот режим.Судбината во несреќа е што Албанците веќе се свесни за оваа манипулација и ја отежнуваат старата реторика на ДУИ, затоа и oткако увидоа дека нивните лажни тези за одбрана на Охридскиот рамковен договор немаат поддршка кај Албанците почнаа да негираат дестабилизација.Оние кои избегнаа од етничката конкуренцијата и преминаа на граѓанскиот концепт, сега залудно леат крокодилски солзи и се обидуваат да ги уништат гласовите од различни етнички припадности и да ја контесираат волјата на 107 илјади Албанци, за заштита на нивните ситни лични и партиски интереси.Политичките неуспеси, оркестрираната корупција и незаконското богатење не можете да ги покривате ниту со пропагандни изјави, ниту со купување експертиза, ниту со создавање политички ситуации. Или со други зборови, ниту со Охридскиот договор ниту со промоција на нови договори!Потсетуваме дека ги изгубивте изборите токму поради ширење демагогија, бидејќи додека зборувавте за интеграција во ЕУ, вашите антидемократски постапки беа клучната причина што ја држеше земјата во заложништво од интеграциите. Народот разбра дека со изјави за ЕУ ги штитите вашите фотелји и џебови, а сега со изјави за легитимитет штитите функционери потопени во корупција да се соочат со правдата.Време е да се реформираат и да се искористи опозицијата за да се направат кадровски, програмски и прагматични реформи. Картата од Охридскиот договор не ви одминува. ВЛЕН е гаранција на секој Албанец во оваа власт, па не дозволува да ги држите Албанците во заложништво за да ја спасите криминалната структура на ДУИ. Одговорноста е неизбежна.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-mickoski

Мицкоски: Неодговорното однесување на ДУИ преставува закана за мирот и стабилноста, а суштината е да се заштити капиталот стекнат во 20 години власт

„Со ова неодговорно однесување, ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава. И, ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки како Влада, за да го заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како држава. Но, во суштина, овие пораки се обид грчевито да се брани богатството стекнато изминативе 20 години на власт. И тоа е факт, затоа што демократијата подразбира тој што има мнозинство во парламент да има и влада“, вака претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во интервју за Фокус ги коментираше иницијативите на ДУИ за принципот „победник со победник“ да влезе во правниот систем и за територијална реорганизација според белгиски модел.Мицкоски додаде дека суштината на ваквите потези е да се одбрани капиталот стекнат во изминативе 20 години на власт, но не се исклучува и можноста некои групи да бидат несвесно изманипулирани и да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет.„Па видете, суштината е да се одбрани капиталот стекнат во овие 22 години на политичка сцена и 20 години власт. Но, не ја исклучувам можноста одредени групи и структури да бидат изманипулирани, несвесно. И сега тие групи и структури може да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет, да создадат криза. Ние имаме задача како Влада тоа да го браниме и да се одбраниме“, подвлече Мицкоски.На прашање за тоа дали се очекуваат протести за овие прашања Мицкоски одговори дека има такви информации, но ако истите се мирни и демократски, тие се легитимни.„Се уште ги имам тие информации. Јас говорам за протести. Се додека се демократски и мирни, тие се легитимни. Ако преминат во насилни, тогаш, повторно ќе кажам, како Влада имаме право да го браниме територијалниот интегритет и суверенитет на државата“, потенцираше Мицкоски.Запрашан за тоа што мисли за принципот „победник со победник“, Мицкоски истакна дека демократијата не оди заедно со овој принцип бидејќи коалиционите партнери од минатата власт беа делегитимирани на избори и во име на парламентарната демократија поразените треба да одат во опозиција.„Начинот на кој функционира демократијата не оди заедно со „победник со победник“, зашто во политиката не може малку со едните, малку со другите. Ние имаме дијаметрално различни платформи. Не може 7 години да бидете во влада со СДСМ и да речете – тоа веќе не важи и сега ќе одам со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа така не може! Вие сте го избрале вашиот коалициски партнер и врз основа на програма сте функционирале, без разлика каква била таа. Таа била владина програма, таа влада е поразена, делегитимирана и тука завршува целокупниот процес. ДУИ со коалицијата и СДСМ заедно освоија помалку од 300 илјади гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија близу 450 илјади гласови, а заедно со ВЛЕН и ЗНАМ повеќе од 600 илјади, рече тој и додаде:„Јасна е волјата на народот. Во таква нова политичка реалност, во име на парламентарната демократија поразените треба да одат во опозиција, а победникот ја создава структурата на идната влада“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi

ДУИ и Ахмети не слават Илинден, зафатени се со извинување кон Косово и црвенеење

Наместо честитка за Илинден, ДУИ, Али Ахмети и челниците на партијата решија да го заборават најголемиот македонски празник – Денот на Републиката и да и го посветат целото внимание на косовската претседателка Вјоса Османи и Косово. Ниту една објава на социјалните мрежи нема од довчерашната власт, која по 16 години замина во опозиција. Наместо тоа, се сожалуваат со Османи и бараат прошка од Косово. Пратениците на ДУИ не беа ниту дел од делегациите пред Собрание, на Мечкин Камен или Прохор Пчински.Од три објави на официјалната фејсбук страница на ДУИ, два се посветени на косовската претседателка, а еден на амбасадорот на Албанија со кого днеле заклучок: „Албанците се презираат, потребна е платформа за легитимитет“.На истото прашање коментирал и Ахмети. Се жали како поцрвенува од срам поради претседателката Османи и скандалот, но не и за непочитта кон Илинден и Македонија, чиј пратеник е.На иста бранова должина е и однесувањето на ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи. Ги прогласи ВЛЕН за неспособни, ама „заборави“ дека е Илинден и дека е ред да честита.Крешник Бектеши, поранешен министер за економија, посветил внимание за да ја критикува Владата, за да се извинува на Косово, а знаел и дека се слави Илинден. Посветил објава на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, но за да ја искритикува, а не за да честита.<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMinisterKreshnikBekteshi%2Fvideos%2F472217848919122%2F&show_text=false&width=380&t=0" width="380" height="476" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true"></iframe>Артан Груби, во негов стил, реши националистички да раскажува како Албанците сега се понижени, а во нивно време биле лица кои одлучувале во Македонија. Илинден, не слави.„Косово, прости ни!  Од газда во станар, од одлучувач до слуга, од горд до рако-бакнувач, од достоинствен до безрбетен, од бел браз до црнило, од учен до неук, од храбар до кукавица, од владеење во служење, од победник во губитник, од Европа и Америка во Русија и Србија, од Али Ахмети во Иван Стоилковиќ!“, напиша Груби.Собраниска делегација, беше предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во состав: Емил Спасовски, Љупчо Николовски и Драган Недељковиќ, а положи свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Марија Петрушевска, Оливер Спасовски и Бобан Карапејовски, положија свежо цвеќе во Скопје: на Споменикот на Методија Андонов-Ченто, Плоштад „Македонија“; Споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“; Споменикот на Никола Карев, пред Собранието.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi-dui

ВЛЕН: ДУИ коленичат пред канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот

ВЛЕН испрати соопштение во кое посочуваат дека октоподот на криминалот и корупцијата, ДУИ и нејзините сателити, кои, како што велат коленичат во ходниците пред канцелариите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот, немаат за цел да ги претставуваат Албанците, туку да се спасат од кривичен прогон.,,На опозициската ДУИ ѝ е полна устата со лажен патриотизам откако си ги наполнија џебовите! Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дефиниција за криминал, корупција и рекетирање на бизнисот и на граѓаните, особено на Албанците. Оваа партија со стил на владеење типичен на африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Додека мала група на функционери од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби“, стои во соопштението на ВЛЕН.ДУИ, посочуваат има полна уста со лажен патриотизам во опозицијата, но ги потсетуваат на криминалите:,,Нема да дозволиме нивните скандали да бидат заборавени. Рамиз Мерко, познат како „локален шериф“ на Струга, во четирите градоначалнички мандати изгради империја за себе и за семејството, па американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција. Назим Буши, заменик-министерот за внатрешни работи, заедно со неговиот син, се одмора во суперлуксузните хотели во Турција, каде една ноќ чинеше 20.000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравина за 20 милиони евра, а потоа беше фатен со огномет.Блерант Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието Талат Џафери, привлече внимание кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој го положил правниот испит пред да дипломира, а потоа станал обвинител. Да не зборуваме за Лотаријата и игрите на среќа во режија на Запарим Бајрами и Артан Груб кои ги зафатија нашите маала. Очекуваме органите на прогонот да ја вршат својата работа за која се платени од граѓаните и да ја вратат вербата во владеењето на правото“, обвинува ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Ахмети е лут: Нарушен е легитимитетот на Охридскиот договор, неприфатливо е коалицијата со помал број мандати да биде дел од Владата

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во име на Европскиот фронт остро ги обвини останатите албанските политички субјекти кои се очекува да бидат дел од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор.За Ахмети неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата.„Охридскиот договор не се чита исто од сите политички или јавни кадри, ние не дозволуваме овој договор да биде прекршен или прекршен. Луѓето нѐ прашуваат зошто гласаме кога некој друг одлучува за нашата волја и нашите определби“ рече Ахмети и додаде:„Граѓаните не прашуваат која е смислата на демократијата кога не се почитува легитимитетот, кога одлучува најголемата македонска партија. Ова нѐ враќа две децении наназад кога не се почитуваше слободната волја на заедниците. Легитимноста е столбот на демократијата, затоа ја започнуваме битката. Кога се почитува духот на Охридскиот договор, општеството напредува, но кога не се почитува, се враќаме во други времиња кои колективно сме ги напуштиле“, рече Ахмети.Иако беше најавено дека ќе ги открие нивните следни чекори, тој прес-конференцијата ја посвети за критики на ВМРО-ДПМНЕ и новите албански партии на власт.[caption id="attachment_291047" align="alignnone" width="646"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

445191655_10161579061882138_8941613000928496677_n

(Фото) Ахмети во опозиција по 16 години

Али Ахмети и пратениците на ДУИ, на денешната конститутивна седница, за првпат по 16 години седна во опоциските редови на Собранието.Ахмети е опозиција заедно со нивниот доскорешен коалиционен партнер СДСМ.Првпат ДУИ беше во опозиција од 2006 до 2008 година, кога ВМРО-ДПМНЕ формираше Влада со ДПА.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања