Промени тема
Контакт

СДС и ДУИ испроектирале траса кон Блаце на која потоа се купувани имоти, дали некој преку експропријација сакал да инкасира милиони, вели Петрушевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6201

„СДС и ДУИ 7 години не направија ниту еден автопат. Се што правеа беа само калкулации за криминал и профит на поединци. Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран по траса која ќе ја чини државата 300 милиони евра“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Каде е проблемот? Избрана е траса по која одредени луѓе непосредно пред да почне проектот купувале имоти. Очигледно е дека врвот на ДУИ и СДС сакал сериозно да профитира од експропријацијата и траса со многу тунели.

За ова е информирано ЈО и очекуваме постапки. Народот очекува одговори дали претходната власт сакала да инкасира милиони преку блиски лица. ЈО да покрене постапка и даде одговори.

— реклама —

Македонија нема 300 милиони евра за фрлање на автопат од само 10 километри. Трасата треба да се препроектира и да се добие автопат по далеку помала цена.

— реклама —

Загуба за државата нема да има никаква, ќе има само за луѓето блиски до поранешната власт кои сакале да инкасираат милиони.

Недозволиво е да се трошат стотици милиони евра за проекти кои може да чинат многу помалку.

— реклама —

СДС и ДУИ не работеле за да направат автопат туку за да профитираат. Неодговорното и неспособното однесување заврши со нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 4 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања