ДУИ

mickoski-za-dui

Мицкоски до ДУИ: Да не се надеваат на предвремени избори, на локалните ќе победи ВМРО

Премиерот Христијан Мицкоски, им порача на ДУИ дека „тоа така не оди“, кога во прашање е придобивање на гласови со лажен патриотизам. Мицкоски рече дека ДУИ имаат за цел да испровоцираат предвремени парламентарни избори, па порача да не се надеваат.„Тие играат на картата – кратко помнење. Тоа така не оди. Јас ги повикувам сите граѓани, дека тука бираат помеѓу концептот кој 20 години ја опустошувале Македонија, а немаат никаква врска со права, и оние кои сакаат заеднички да градиме иднина“, рече Мицкоски.Тој посочи дека оваа Влада освоила над 600.000 гласови и ќе биде победник на локалните избори.

Македонија | пред 5 месеци

ali-ahmeti-skenderbeg

„Го имаме како аманет од самиот Скендербег, да биде Бог на татковината“: Генералниот секретар на ДУИ објави фотографија од Али Ахмети до статуа на Скендербег!

Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети на неговиот профил на Фејсбук објави фотографија од лидерот на партијата, Али Ахмети и напиша:-Го имаме како аманет од самиот Скендербег, да биде Бог на татковината!Под фотографијата се редаат бројни коментари, меѓу кои и-Респект команданте!-Патриотизмот не се докажува со зборови, туку со жртва. Лидерот Али Ахмети го посведочи тоа со сопствениот живот.

Македонија | пред 6 месеци

mucunski-sednica

Муцунски со жестока реакција до Османи: „Кога сте на власт сте Европејци, кога сте во опозиција – апостоли на поделби“

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски упати остар одговор на критиките од неговиот претходник Бујар Османи, обвинувајќи го за политички двојни стандарди и користење на соживотот како инструмент за партиски притисок.Реакцијата во целост:„Интересно е како некои личности, кога се на власт, се прогресивни Европејци, а штом ќе дојдат во опозиција, одеднаш стануваат апостоли на дестабилизација и поделби.Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство – и тоа не му пречеше. Напротив, одлуки се носеа и во Владата и во Собранието без македонско мнозинство – и сè беше во ред, демократски, европски.Но денес, кога постои јасно демократско мнозинство, кога народот – независно од етничка или било каква друга припадност – избра промени, тоа (според него) станува „проблем за соживот“.За Османи, проблемот не е во моделот – проблемот е што ДУИ повеќе не е на масата.Ние, во меѓувреме, работиме да ја поправиме штетата што ја оставивте – дома и надвор. Со работа, со принципи, со почит. Не со закани и манипулации.Демократијата не е валидна само кога сте дел од власта. А граѓаните веќе го кажаа своето – јасно, на избори.Јас верувам во соживот, во дијалог, и во иднина изградена врз вредности, еднаквост и напредок. За разлика од него, секогаш сум работел на обединување – затоа што сакам да живееме во држава што ги поврзува луѓето, не ги дели. Во држава што гради, не руши. Современа. Самоуверена. Европска“, напиша Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи“.

Македонија | пред 6 месеци

bujar-osmani-mucunski-585x390-1

Чаир како политичко боиште: Министер против поранешен министер

Изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во врска со кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Чаир, предизвика остра политичка полемика во јавноста.Муцунски, во интервју за ТВ Канал 5, оцени дека Османи со својата кампања и последните изјави испратил „опасни наративи“ кои, според него, повикуваат на редефинирање на државата и загрозување на нејзиниот унитарен карактер. Министерот вели дека се работи за концепт кој „отвора теми за автономија во одлучувањето“ и можност за „држава во држава“.– Ова не се наративи на 21-ви век, туку ехо од 19 и 20 век. Македонија е унитарна држава, членка на НАТО, и нема да дозволиме никакви повици за федерализација или конфедерализација. Ќе преземеме проактивни мерки против ваквите обиди – рече Муцунски.Тој упати критика и кон „оние кои со години се претставуваа како Европејци“, но, според него, се покажало дека една кампања за локални избори била доволна за да се активираат ретроградни идеи.Муцунски потенцираше дека верува во соживот и истакна дека сите етнички заедници во државата имаат заедничка цел – европска иднина, инвестиции и стабилност, но притоа остро ги осуди политичките пораки кои, според него, го подриваат тој курс.Поранешниот министер за надворешни работи и кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, реагираше преку социјалните мрежи, обвинувајќи го Муцунски за „неразумни потези“ и „опасно неразбирање“ на суштината на Охридскиот рамковен договор.– Охридскиот договор не го загрозува унитарниот карактер, туку го моделира во функционална мултиетничка демократија. Бадентеровото мнозинство, Балансерот, јазичната еднаквост и децентрализацијата не се закана – туку гаранција за стабилност – порача Османи.Според него, непризнавањето на Охридскиот договор е директен удар врз темелите на државата, кои, како што вели, не се само внатрешен консензус, туку и меѓународно прифатен модел од партнери како САД и ЕУ.– Во време кога државата треба да се обедини околу европската агенда, изјави како на Муцунски отвораат непотребен етнички фронт. Тоа не е патот напред – предупреди Османи.Тој својата реакција ја заокружи со порака дека „Охрид, исто како и Преспа и Договорот со Бугарија, не се проблеми, туку решенија“, алудирајќи дека мултиетничкиот баланс и договорите се темелот врз кој се гради иднината на државата.

Македонија | пред 6 месеци

Kriva-palanka

Мицкоски одговори дали функционер на ДУИ е осомничен за намерно предизвикување пожари

„Има одредени сомневања, во детали не би сакал да зборувам“. Ова беше одговорот на премиерот Христијан Мицкоски, прашан од новинарите, дали осомничен за намерно предизвикување пожари низ Скопје е функционер од ДУИ. Тој рече дека се водат истраги, се вештачат телефони.„Имаме одредени информации и основани сомневања, дека за она што се случи пред неколку дена во Скопје е организирана акција. Имаме приведени, одземени телефони. Доколку се потврдат овие основани сомневања, тогаш одредени личности ќе бидат во сериозен проблем“, рече Мицкоски.Инаку, „Фокус“ објави дека функционер на опозициската ДУИ е осомничен и приведен од полицијата за намерно предизвикување пожари.

Македонија | пред 6 месеци

515233526_1280835643412094_1088667511975920486_n

Орел, албанско знаме, без збор за Македонија - албанскиот премиер се шета низ Скопје со ДУИ, Таравари го пофали дека ја носи Европа до Балканот

Во екот на подготовките за претстојните локални избори, албанскиот премиер Еди Рама се појави во Скопје, каде што, наместо вообичаени дипломатски средби, реши да прошета низ Старата скопска чаршија во друштво на функционери на ДУИ и Арбен Таравари. Иако нема најави за официјални состаноци, посетата на Рама предизвика сериозно внимание на социјалните мрежи и во политичките кругови.На една од објавените фотографии, Рама напиша: „🦅Te Çarshia e Vjetër e Shkupit❤️🇦🇱“ — што во превод значи „Во Старата чаршија на Скопје“. На сликата нема македонско знаме, туку само албанско, а се гледа во друштво на ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи, како и со поддржувачи и граѓани, од кои некои се фотографирале, еден од нив облечени во албанска народна носија.[caption id="attachment_341823" align="alignnone" width="679"] Screenshot[/caption]Неговиот престој доаѓа во чувствителен политички момент, кога албанскиот политички блок е во фаза на престројување пред изборите. Иако без официјална агенда, симболиката на посетата и изборот на локација оставаат простор за политичка интерпретација.Засега нема потврда дали Еди Рама ќе се сретне со државни функционери или ќе одржи јавен настап, но неговата прошетка со претставници на ДУИ низ срцето на Скопје остава силна политичка порака.Со фотографии од нивната заедничка дружба, се јави и Османи, кој напиша „Премиерот на европска Албанија ја донесе духот на еднаквоста и европската иднина во срцето на Скопје, во Чаир!“.[caption id="attachment_341825" align="alignnone" width="688"] Screenshot[/caption]Објава на социјалните мрежи има и Арбен Таравари, лидер на едно од крилата на Алијанса на Албанците.„Со премиерот кој ја носи Европа толку блиску до Балканот“, напиша тој со фотографијата.[caption id="attachment_341827" align="alignnone" width="678"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-08-12-at-14.23.57

Беџети од ДУИ: Европскиот фронт ќе се проширува – оваа влада секојдневно ги деградира правата на Албанците

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети, денеска најави проширување на коалицијата не само со политички партии, туку и со поединци, интелектуалци и организации од граѓанскиот сектор. Тој ја обвини актуелната влада за, како што рече, систематско деградирање на правата на Албанците и игнорирање на законот за употреба на албанскиот јазик.„Албанскиот јазик брутално се деградира, закони се испраќаат само на македонски, се укинуваат патокази, а 78 институции го игнорираат законот. Вработените во Инспекторатот за јазикот немаат земено плата со месеци“, рече Беџети, истакнувајќи дека целта е Албанците да бидат замолчени.Тој повторно ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори, оценувајќи дека владата носи „антиалбански одлуки“ и дека албанската заедница е системски исклучена од клучните процеси.Беџети ја критикуваше и укинувањето на балансерот и партиски мотивираните вработувања, посочувајќи дека албанските претставници не се покануваат на државни посети, а во меѓувладини делегации се заменуваат со Македонци.„Ова не е застапување, туку понижување. Албанците за најважните државни одлуки дознаваат од медиумите. Тоа е партнерството што Влен им го нуди на Албанците“, изјави Беџети.Тој најави дека Европскиот фронт на локалните избори ќе настапи со „широка фронтална коалиција“ – како референдум на незадоволството на Албанците и другите заедници во државата.

Македонија | пред 7 месеци

dui-

ДУИ ја поддржува заложбата на САД за спречување на ширењето на нуклеарното оружје

Демократската унија за интеграција ја поддржува координираната заложба на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје во рацете на авторитарни режими.„Последните случувања покажуваат дека демократскиот свет не може да стои со скрстени раце пред заканата од нуклеарно вооружен Иран, кој би претставувал директна опасност за глобалната безбедност, мирот во регионот и правата на милиони невини граѓани. ДУИ стои цврсто на страната на евроатлантските вредности: спречување на нуклеарни закани, заштита на мирот и зајакнување на меѓународниот систем заснован на правила и одговорност“, стои во партиското соопштение.Ова, посочуваат, е време кое бара решителност, координација и зрелост.„ДУИ ја повторува својата посветеност на мирот, колективната безбедност и непоколебливото партнерство со САД, НАТО и Европската Унија“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-14.37.45

Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, за првпат откако е обвинет во предметот за пожарот, но и откако излезе од притвор, објави статус на социјалната мрежа „Фејсбук“. Тој е во куќен притвор, а напиша само два збора.„Октомври = референдум“, пишува во статусот, кој се толкува како политичка порака за мобилизација.Во октомври, се очекува да се одржат локалните избори. Оваа објава веројатно е најава за мобилизација на албанското гласачко тело.

Коментари | пред 7 месеци

skender-redzepi

Правосудството е во служба на премиерот, вели Реџепи од коалицијата на ДУИ

Скендер Реџепи од Европскиот сојуз на ДУИ остро ја критикуваше работата на правосудните институции, обвинувајќи дека се ставиле во функција на власта и дека се врши политичко влијание врз истрагата за трагедијата во Кочани.„Жалосно е што Обвинителството и судството се ставаат во служба на власта. Сега се во служба на премиерот. Прво бараа разрешување на обвинителот, па потоа се откажаа. Сега во Кочани имаме одговорност за секој што е надвор од власта. Се влијае на процесот“, изјави Реџепи.Тој додаде дека јавноста треба да внимава кој се соочува со одговорност и како се води случајот, алудирајќи на можни политички притисоци и селективен пристап во постапките. Смета дека за ова треба да се запознае и меѓународната заедницаИзјавата на Реџепи доаѓа во чувствителен момент кога вниманието на јавноста е насочено кон истрагата и обвинението за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 лица.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

ДУИ е за отворени листи: Тоа е најправичен начин да се зајакне гласот на избирачот

ДУИ се огласи со свој став по најавите да се менува изборниот модел: една изборна единица, отворени листи, но и гласање на дијаспората како што предлага ВМРО-ДПМНЕ.Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, на својот Фејсбук-профил најави дека за следните парламентарни избори неговата партија ќе предложи отворени листи.„Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува“, напиша Османи.Според него, тоа е најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачот и да се обезбеди вистинско претставување во Собранието.

Македонија | пред 8 месеци

ademi

„Aко има второ полувреме од 2001 година Албанците нема да изгубат“, вели Адеми од ДУИ

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, во интервју за емисијата „Дијалог те Лајми“ ја обвини актуелната власт дека ги влошува меѓуетничките односи во земјава. Адеми предупреди дека одредени македонски аналитичари и политичари отворено зборуваат за „втор дел“ на конфликтот од 2001 година – овој пат како форма на одмазда кон Албанците, пишува „4њуз“.„Во јавноста се зборува дека сега следува второто полувреме од играта меѓу Македонците и Албанците, каде што некои тврдат дека Албанците го добиле првото полувреме и сега сакаат да го поништат резултатот“, рече Адеми.Според него, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат таен договор уште од 2022 година, со цел Албанците да бидат исклучени од важни одлуки и институции. Тој вели дека ова е стратегија на системска маргинализација која има потенцијал да го загрози општествениот мир.„Македонија во 2024-2025 е сосема различна и ова не е истата земја како пред војната“, заклучи Адеми.

Македонија | пред 8 месеци

taravari

Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

„Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Таравари дојде на власт со ветување пред граѓаните дека заедно ќе ги испратиме ДУИ во опозиција. Што се случи за само 10 месеци, за Таравари повторно да се врати во прегратките на ДУИ?Неговото неразумно однесување, мора да се должи на уцена и диктат на криминалното дуо, СДС и ДУИ.За нештата да бидат појасни, граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината. А таа е следната.Таравари на состаноците во Владата, никогаш не бил слушнат да зборува за застојот во ЕУ интеграциите, кој се случи благодарение на неговите старо нови партнери, СДС и ДУИ.Таравари не беше слушнат да говори за тоа дека не биле добро третирани албанските прашања, затоа што и самиот тој многу пати има говорено дека Владата и тоа како се грижи за Албанците.Во недостаток на факти и аргументи, Таравари своето алиби за напуштање на владината коалиција, го темели на ЕУ интеграциите и на албанските прашања, кои за разлика од порано и тоа како се променети.Иако неговите констатации немаат никаква врска со реалноста, Таравари треба јавно да одговори со што е уценет од СДС и од ДУИ? Дали е нешто поврзано со бизнис или некаков друг вид на мотив?Таравари докажа дека не е стабилен човек. Таравари сега треба јасно да каже пред граѓаните, како тоа ДУИ за 10 месеци од криминална и корумпирана партија, за него стана правата и вистинска опција.

Македонија | пред 8 месеци

nikoloski-pat-3

Николоски: Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари, се надевам дека тоа нема да го направи

„Разговараме со коалиционите партнери и имаме јасна визија каде треба да се движи државата. Имаме стабилна Влада и не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ било формална или неформална“, вели вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешното гостување во Тема на денот на телевизија Сител.Николоски истакна дека премиерот Мицкоски има јасна визија во кој правец сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да постои силна битка со организираниот криминал и корупцијата.,,Премиерот има многу јасна визија каде сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да имаме силна битка со организираниот криминал и корупција, кои најмногу беа олицетворени во ДУИ. Наше јасно ветување беше дека ДУИ ќе биде во опозиција, и ДУИ е во опозиција, и затоа не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ, на било кој елемент во рамки на Владата и во било која форма на соработка со политичката партија ДУИ, без разлика дали се работи за формална, неформална соработка, соработка само за локални избори и тука е всушност главната забелешка кон Арбен Таравари и кон неговото однесување“, категоричен е Николоски.Николоски истакна дека Владата е многу стабилна и граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.,,Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18, има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ, така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ближиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно мнозинство“, истакна вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Живеете во свет на корупција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече?“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Дали станува збор за внатрепартиски договор, некаква транзиција или лична амбиција на Османи? Или можеби тој сега е само портпарол на партијата? Како и да е, треба да знае – а и сигурно знае – дека единствениот свет во кој треба да завршат корумпираните функционери на ДУИ е светот на правдата.Како во најмрачните времиња на српските кланови, денешната структура на Бујар Османи, прави се’ за да им нанесе штета на институциите, само за да не се обелодени нивното мрачно 20годишно досие. Дури и начинот на комуникација на ДУИ е сличен на озогласените „сурчински“ или „земунски“ кланови: со навреди и со закани, но всушност без никаква моќ да го сменат текот на правдата.Османи, поразениот министер кој беше симбол на молчењето пред сите скандали на ДУИ, денес повторно се обидува да влезе во политичката арена преку лажен патриотизам и заплашување на граѓаните.Наместо да одговори зошто за време на неговиот мандат се молчеше пред уцените од Бугарија, зошто се деградираше позицијата на државата на меѓународен план, и зошто ДУИ 20 години ја користеше власта исклучиво за лични и партиски цели, Османи се обидува да создаде нова поделба и тензија.Владата нема потреба да бара ничија дозвола за да ја води надворешната политика на Македонија. Тоа е уставна обврска и право, добиено директно од народот. Македонија е демократска држава, а не приватна територија на ДУИ која треба да се раскрчми - како во минатото.Доста е од политичари кои ја сведуваат државата на етничка апанажа.Сите сме еднакви граѓани на оваа држава.Доста е од лаги за „српски светови“, „големи Албании“ и други лаги со кои Османи и ДУИ ја одржуваа својата моќ.Ако Османи навистина сака да зборува за „прашање до Албанците“, нека им одговори на граѓаните:• Кој му го даде правото да го потпише Францускиот предлог без консензус?• Кој му го даде правото да молчи за криминалот во ДУИ?• Кој му го даде правото да ги дели Албанците на „вистински“ и „предавници“ според тоа дали го поддржуваат ДУИ?Секој што се чувствува Албанец, Македонец, Турчин, Србин, Влав, Бошњак или Ром има исти права и одговорности. Меѓутоа, никој нема право да ја приватизира надворешната политика, да ја дели државата и да ги лаже граѓаните.Тие што мислеа дека се вечни, нека се помират со реалноста: времето на ДУИ конечно заврши.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања