Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот тандем СДС-ДУИ ја ограбиле Лотарија, 3 милиони евра испариле од институцијата и за овој криминал одговорност мора да има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во периодот кога Прпарим Бајрами и Артан Груби управувале со Државна лотарија биле направени сериозни финансиски злоупотреби, додека СДС, како што велат од партијата, молчел за да се зачува коалициониот мир и уште некој ден повеќе на власт.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), во кој, според нив, има „брутални докази за недостатоци и недоследности“ во работењето на институцијата. Во извештајот, како што посочуваат, е утврдено дека биле исплаќани аванси за таканаречени „мали добивки“ на деловни соработници во вредност од 14 милиони денари, при што за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна.

— реклама —

Дополнително, ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари готовински приливи. За овие износи, во извештајот било наведено дека постојат изјави оти авансите не биле ниту примени ниту вратени.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ревизорите преку увид во трговските книги и анализа на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет-игри, утврдиле и нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари.

— реклама —

„Оставена е спорна документација за над 180 милиони денари, односно близу три милиони евра“, наведуваат од партијата, додавајќи дека одговорните за овие злоупотреби мора да сносат одговорност.

— реклама —

„Криминалците мора да одговараат“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 19 часа

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања