Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ДУИ

ahmeti-grubi

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствениот народ

Во вечерниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој говореше не само за безбедносните сили на државата и целокупниот безбедносен систем за кој веќе се издвоени 30% од буџетот, средства кои ќе се искористат за негова модернизација, туку и за една од најактуелните теми периодов, а тоа е ставањето на Артан Груби на црната листа на САД.„Акциите коишто сега следуваат од страна на Министерството за внатрешни работи, меѓутоа и самото ставање на црната листа на високи функционери на ДУИ, е факт и показател дека станува збор за една крајно криминализирана структура којашто во изминатиот период се брендираше како криминална структура, како штетна структура и за државата меѓутоа и за Албанците ако сакате“, прецизира Ковачки во своето излагање.Според него, ДУИ криејќи се зад превезот за европска иднина, под приказните за некаква албанска кауза позната само на нив, го крадеа, пљачкаа и осиромашуваа сопствениот народ во изминатите години, но она што е најважно во оваа ситуација е дека таквото нивно однесување е препознаено не само однадвор, туку и одвнатре.„Гледате дека надвор веќе не ги примаат никаде, не одат никаде ни на посети, тотално се екскомуницирани, а внатре мислам дека и самите Албанци гледаат дека станува збор за една криминална структура којашто не им мислела добро ни на самите Албанци. Од тој аспект сакам да кажам дека ДУИ стана бренд, значи заштитник на криминалот и познати по „транспарентните“ нели набавки на „Еуровиа“, фирмата којашто е нивен спонзор и донатор на нивната политичка партија, а ги добиваше најголемите тендери во државата во тоа време“, вели Ковачки.Тој исто така потсетува дека ДУИ истовремено се познати и по „Соравија“ или купување трговски центри во градот Скопје за само нула денари, понатаму препознатливи и по големиот грабеж на Лотарија, нешто што е особено актуелно периодов, а нешто од коешто СДС не најде сила да се огради и да им се извини на граѓаните што тоа го толерирале.„Така да, ДУИ не може да се огради од аминувањето, односно ставањето на јавниот обвинител за гонење на организиран криминал, за неговото назначување и штитење на сите овие криминални активности коишто пред малку ги споменав“, заклучува Ковачки.

Македонија | пред 1 година

filipce1

(Видео) Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ за подигање етнички тензии

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција по повод шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ја осуди стратегијата на владејачките партии за користење на етничките тензии како средство за одвлекување на вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.„Покрај партизацијата, во изминатите шест месеци јавниот простор е затруен со етнички теми и наративи и поделби. Стратегијата на ДУИ за подигање етнички тензии СДСМ остро ја осудува. Оваа стратегија на ДУИ впрочем најмногу од сѐ му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити во власта,“ истакна Филипче.Според него, овој таканаречен конфликт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е само театар кој им служи на нивните политички агенди.„Наводниот конфликт меѓу нив е всушност љубовната кавга која ни ја сервираат како перманентна дестабилизација. Оваа политика има само една цел, да ги оттргне граѓаните да мислат на реалните проблеми. Ќе им се полнат главите со омраза и поделби додека им се празнат џебовите од страна на власта. Ќе се отвораат стари рани и стари прашања за граѓаните да гледаат назад наместо да гледаме напред,“ рече Филипче.СДСМ е уверена дека оваа стратегија на ширење поделби е осудена на неуспех.„Но, оваа политика секогаш, порано или подоцна, е силно поразувана. Така ќе биде и овој пат, но се надевам дека многу порано граѓаните ќе го разберат тоа,“ додаде Филипче.Претседателот на СДСМ ја отфрли пропагандата која се обидува да ја одржи во живот таканаречената мантра за „СДС-ДУИ“.„Гледам Мицкоски и мегафоните упорно се обидуваат да ја одржат во живот пропагандната мантра СДС-ДУИ. Може слободно да ја прогласат за пропадната,“ заврши Филипче.СДСМ останува цврсто посветена на тоа да ги врати реалните теми во центарот на политичката сцена, а не да дозволи поделбите и тензичните теми да го диктираат јавниот дискурс.

Македонија | пред 1 година

dui-

ДУИ упати неколку прашања до Мицкоски: Премиере, каде се истрагите за министерот за „смртта,“ како што го нарекувавте Арбен Таравари

„Демократската унија за интеграција остро го осудува систематскато заробување на институциите на правдата од оваа влада и конформизмот на одредени судии и обвинители кои се ставиле во служба на политиката. Овој загрижувачки тренд го поткопува владеењето на правото и ја уништува довербата на граѓаните во институциите кои треба да гарантираат правда за сите“, велат од ДУИ.„Вчерашната одлука на Обвинителството за ослободување на оние кои беа прогласени за виновни за обидот за државен удар на 27 април, со цел да се спречи изборот на првиот претседател Албанец на Собранието, со јавно признание од самите обвинители дека таму постои селективна правда, под политички притисок, и сето тоа направено на празничен ден со надеж дека нема да биде забележано од меѓународната заедница, е јасен одраз на оваа заробување.Исто така, му се обраќаме на премиерот Мицкоски: Што се случи со „плоштадот Тендербег“, како што го нарекувавте плоштадот Скендербег, за кој некогаш го обвинувавте Изет Меџити?Што се случи со истрагата за 30-те згради што беа изградени како „архитектонски Титаник“, но кои беа антиидатирани, наводно изградени во 2011 година, кога беше во сила законот за легализација?Овие згради не само што се симбол на урбанистичката злоупотреба, туку ја задушуваат животната средина на најгусто населената општина во Европа.Премиере, каде се истрагите за министерот за „смртта,“ како што го нарекувавте Арбен Таравари, кој според вас добил подарок две куќи за да стане министер во нашата влада?Или можеби вие сами доживувате „паничен напад, главоболка“, како што тврдите за обвинителите, и поради тоа сте заборавиле да ги гоните вашите актуелни министри?Вашите министри се претворија во вазали на вашите антидржавни политики, служејќи им на личните и политичките интереси наместо на граѓаните.Наместо да го подобрите владеењето на правото, вие го претворивте во карикатура на правдата. За само шест месеци, успеавте да ги поткопате темелите на граѓанската доверба со воведување селективна правда која служи само на вашите политички интереси.Демократската унија за интеграција ќе продолжи да го осудува и да се бори против овој срамен обид зазаробуавње на државата и правдата.Граѓаните на нашата земја заслужуваат вистинска, еднаква и независна правда, ослободена од политиката“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

Grubi-1-1536x864-1-585x329-1

Каде е Груби: Тошковски го поздрави потегот на ДУИ

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски не сака да шпекулира околу информациите каде се наоѓа во моментов екс-вицепремиерот Артан Груби кој веќе една недела е во бегство. Според него, битно е дека е распишана меѓународна потерница по него.„Не би сакал да шпекулирам“, гласи одговорот на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.На прашањето од каде му се сознанијата на вицепремиерот Изет Меџити дека Груби се наоѓа во Албанија, првиот полицаец во државата синоќа во ТВ Сител изјави: „Во мојата надлежност, битно е дека кај (полицискиот) службеник кој што работи во граничната контрола и кој што сторил кардинална грешка при постапувањето и не постапил согласно стандардно-оперативни процедури е спроведена истрага и е констатирано дека нема постапено согласно закон. Суспендирано е лицето и поднесена е соодветна кривична пријава за несовесно работење во службата“.Министерот исто така додаде дека е добро што „ДУИ се огради од еден бегалец од правдата и тоа е поздравување“.Идентичен одговор како Тошковски вчера даде и премиерот Христијан Мицкоски дека има „различни се информации“ и дека не сака да шпекулира во врска со тврдењата на еден од неговите заменици во Владата.

Македонија | пред 1 година

mickoski-ahmeti

Чупеска: ДУИ и ДПМНЕ со иста агенда за раздор меѓу граѓаните

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека СДСМ и на власт и во опозиција опстојува на истиот, јасен став, за кој нема никакви дилеми и недоумици, ни простор за дополнителни толкувања а тоа е дека на Уставниот суд не смее да му се врши притисок.-На Уставниот суд не треба во ниту една ситуација да му се вршат било какви притисоци, за да постапува вака или онака, албанскиот јазик не смее да биде злоупотребуван против чуваствата на албанските граѓани, исто како што македонскиот јазик не треба да биде злоупотребуван против чувствата на македонските граѓани, а беше многу злоупотребуван, поготово во време на Преспанскиот договор. И како трето се што е став на СДСМ, она што ќе дојде од Венецијанската комисија, сметајќи дека тоа се највиоските демократски стандарди, врзани за Советот на Европа и човековите права и слободи мора да се земе предвид, нагласи Чупеска.Потпретседателката Чупеска посочи дека практиките коишто ги применува ДУИ во периодот се како копирани од тие на ВМРО-ДПМНЕ.-ДПМНЕ секој ден кажуваше дека македонскиот јазик е загрозен, дека идентитетот македонски е загрозен, па се чини како ДУИ и ДПМНЕ да читаат исти книги, да учат политика од исти книги. Идентична реторика, идентична платформа. ДУИ во последно време велат дека албанскиот јазик сериозно е ставен на удар, албанскиот идентитет е ставен на удар, а тоа не е вистина, затоа што законот принципиелно е формиран на темел на амандамонот 5 што прозилегува од Рамковниот договор, рече Чупеска, додавајќи дека уште поважно е што законот за јазиците има една многу специфична особина, а тоа е дека не ја територијализира употребата на јазикот, а со тоа не прави јазични енклави, а со тоа дополнително не прави етнофедерализација.Во минатото слушавме од ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваа да го реалитивизираат неговото значење, инистираа на некои други тези, така што вистина веќе доста е од истите методи, истите практики коишто го клатат клатното на меѓуетнички раздор меѓу овие две партии, ДУИ и ДПМНЕ, бидејќи многу се очигледни преференциите, па дури и флоскулите им се толку слични, порача потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi

ДУИ бара итни предвремени избори: сакаат да се вратат на власт

„Актуелната Влада, која без сомнение го постигна највисокото ниво на скандали, неспособност, криминал и корупција во толку краток временски период, се претвори во симбол на неуспехот и недостигот на одговорност пред граѓаните на земјата“, велат од ДУИ и додаваат:Блокадата на процесот на европска интеграција и нападот врз Охридскиот мировен договор, кој предизвика тензии во меѓуетничките односи, создадоа непредвидлива и опасна ситуација за внатрешната стабилност.Во овие околности, Северна Македонија се најде во центарот на вниманието на меѓународните организации, претворајќи се во еден од главните приоритети на Европската заедница за управување со кризи.Оваа состојба јасно го потврдува неуспехот на оваа Влада да ги адресира клучните предизвици со кои се соочува земјата и итната потреба од промена на политичкиот курс.ДУИ смета дека единствениот излез за спас на европската иднина на земјата е оваа Влада да отвори пат за враќање на мандатот кај граѓаните преку нови, предвремени избори.Граѓаните заслужуваат одговорна, способна и посветена Влада која ќе работи во нивен интерес и ќе ја води земјата напред на патот на развојот и европската интеграција.ДУИ останува посветена на својата заложба за заштита на интересите на граѓаните и обезбедување на подобра иднина за сите.Ги повикуваме сите прогресивни сили и граѓаните на земјата да се обединат во оваа борба за враќање на надежта и перспективата во нашата земја.

Македонија | пред 1 година

artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

Се докажа дека создавањето атмосфера на етнички тензии, како таа пред Уставен, е за спас на криминалците како Артан Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДУИ се демаскирани, прочитани и поразени. На ДУИ веќе никој не им верува. Од ДУИ се откажаа и стратешките партнери САД, како и нивните членови и поддржувачи“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Само ДУИ и Али Ахмети не се откажуваат од Артан Груби, кој поради криминал и влијание во судството се најде на црната листа на САД.За Артан Груби, Ахмети му се спротивстави и на САД. По ставањето на црната листа на Стејт департментот, Ахмети не се дистанцираше од Груби, не го исклучи од партија и не го разреши од партиските функции. Со тоа директно и отворено му се спротивстави на САД, на чија правда и демократски вредности постојано се повикуваат.Повлекувањето на Артан Груби од јавниот живот не е доволно. Тој треба да сноси одговорност за сторените кривични дела и да ги врати на државата украдените пари.Воедно, Груби сам не ги правел криминалните дела, со него сигурно има соработници како од ДУИ така и од СДС со кои седум години заедно владееле, како на пример Али Ахмети. Имено, Груби постојано во јавните настапи потенцираше дека ништо не правел без знаење и одобрување на Ахмети.Не може Артан Груби да се сомничи за криминал и корупција, а Али Ахмети и останатите да се чесни. Тој имал и соучесници и сите тие треба да одговараат пред лицето на правдата.Сите соучесници на Груби од ДУИ и од СДС треба да одговараат и за сето она што им го направија на македонските граѓани, како на Македонците така и на Албанците. Заедно со СДС ги користеа и злоупотребуваа за нивни цели и за остварување на нивните амбиции за стекнување милиони врз нивниот грб.Седум години го испокрадоа народот и од немаштија го натераа да се иселува за тие да уживаат во луксуз од украдените милиони.СДС и ДУИ седум години го окупираа судството и ниедна одлука не смееше да се донесе без нивно одобрение. Раководствата на овие партии, посебно Артан Груби, што се покажа и со случајот со судијата Енвер Беџети, најмногу влијаеше на судските одлуки.И во однос со Уставен суд, и СДС и ДУИ добро знаеја дека ништо нема да се случи и дека нема да се донесе никаква одлука, затоа што сите девет судии ги избрале токму тие, но сепак се одлучија да прават политички циркус. Тој циркус им беше за создавање на атмосфера на етнички тензии и за дефокусирање од нивните криминали кои почнуваат да излегуваат на површина.Се докажа дека создавањето атмосфера на етнички тензии, како таа пред Уставен, е за спас на криминалците од ДУИ и СДС, како Артан Груби. Но, прочитани се и никој не им верува и сите обиди за избегнување одговорност ќе им бидат залудни. Одговорност за сторените криминални дела ќе има.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

Ахмети: Одлуката на Уставниот суд за еднострано свикување на јавна дебата за ре-преговарање на Охридскиот мировен договор е апсурдна

Синоќа, на голем собир во Гостивар, претседателот Али Ахмети остро ја осуди одлуката на Уставниот суд за еднострано свикување на јавна дебата за преиспитување на Охридскиот мировен договор, нарекувајќи го овој чекор апсурден и неприфатлив.„Охридскиот мировен договор е историски документ, кој стави крај на една војна и ги постави темелите за праведно и еднакво општество.Тој е мировен договор кој не може да биде доведен во прашање или повторно преговаран од никого, а особено не од орган што нема ниту надлежност ниту легитимитет за тоа.Законот за јазици, кој е дел од Охридскиот договор, ги гарантира еднаквите права за сите граѓани и претставува извонредно достигнување за мултиетничкиот соживот во Северна Македонија.Одлуката за отворање дебата за него е еднаква на обид за укинување на мировниот договор и создавање непредвидливост за иднината.Али Ахмети истакна дека Охридскиот договор е неприкосновен и дека секој обид за негово нарушување ќе наиде на силен отпор од Албанците и од ДУИ.Тој повика сите политички субјекти, граѓанското општество и граѓаните да се мобилизираат за заштита на ова историско достигнување и да не дозволат придобивките од мирот и стабилноста да бидат загрозени.Охридскиот мировен договор не е и нема да биде предмет на повторно преговарање.ДУИ останува посветена на заштитата на достигнувањата на Албанците и на изградбата на стабилна и праведна иднина за сите граѓани на Северна Македонија“, вели Ахмети.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-12-at-14.20.20

„Артан се издвојува од другите, не носи одлуки за личен интерес“ - Бектеши го бодри Груби

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, застана во одбрана на сопартиецот Артан Груби, кој се најде на т.н. „црна листа“. Статусот на Бектеши може да се сфати и како тешење на Груби, а откако тој реши да се повлече од јавниот живот, но не и партискиот.„Тие што го познаваат Артан, добро знаат дека тој носи одлуки од општ интерес, а не од личен! Така е и оваа одлука полна со храброст, каде семејството е пред се. Артан се издвојува од многу други кога е време за големи одлуки. И покрај се, за мене и јас верувам дека и многу други кои те познаваат колегијално но и приватно, продолжуваш да бидеш вредна личност со високи доблести“, напиша Бектеши.Инаку, Груби објави ферман каде посочи дека е чист како солза, но дека ќе се повлече од јавниот живот.[caption id="attachment_316911" align="alignnone" width="696"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Бујар Османи најави лоши периоди за Македонија, предизвикани од моноетнички состанувања

Бујар Османи од ДУИ, тврди дека доаѓаат лоши периоди за Македонија, а тоа го гледа од постапувањето на уставните судии. Тој рече дека ДУИ ќе се врати пред Уставен секогаш кога ќе има седница за Законот за јазици. Според него, се отвораат теми кои што сметале дека се затворени.„Пораката на тројцата судии кои не отидоа, беше доволен сигнал, за да седницата прекине веднаш. Ваквите состанувања на монотетнички состави, биле најава за лоши периоди во мултиетнички држави. Во име на албанскиот народ одбиваме секаква одлука која значи продолжување на процесот за укинување на Законот за јазици“, рече Османи.За него и ДУИ прифатливо е одбивање на сите иницијативи и затворање на прашањето.„Закажувањето на подготвителни седници е продолжување за укинување на Законот за јазици. Пораката е дека продолжуваме со стражата на јазикот, најавуваме дека кога и да се закаже седница, народот ќе биде тука. Ова не е само кауза за албанскиот јазик, туку за заштита на мултиетничка, европска Македонија“, додаде Османи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-11-at-09.52.25

Зборуваат за заштита на албанскиот јазик, а не го почитуваат македонскиот: зошто Ахмети и Османи не се обратија на македонски јазик?

Бујар Османи немаше конкретен одговор зошто Али Ахмети и Зијадин Села не се обратиле на македонски јазик, додека зборуваат за мултиетничка држава.„Денеска како што најавив за неколку минути ќе добиете транскрип на македонски јазик од говорите на двајцата лидери“, рече само кратко Османи.Во јавноста пак се покрена прашањето: „Зборуваат за заштита на албанскиот јазик, а не го почитуваат македонскиот, затоа што нема превод“.Дури на прашањето, кои ќе бидат чекорите на ДУИ за Груби кој се најде на т.н. „црна листа“, Османи рече: „Во текот на денот ќе ги добиете транскриптите, и таа изјава“, бидејќи немаше македонски превод.Османи на албански јазик го праша Ахмети дали ќе зборува уште еднаш по ова прашање, за да го преведе симултано, а тој се насмеа и одби.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-10-at-15.29.42

„Нема ништо да се случи утре, иако ДУИ кампуваат пред Уставен суд“

Никаква одлука не е возможно да се донесе утре од Уставниот суд, за да ДУИ чува било каква стража. Ова е заклучокот од одговорот на премиерот Христијан Мицкоски на поставено новинарско прашање поврзано со Законот за јазици. Според него, на ДУИ многу им е јасно како функционира судот.„Во ДУИ точно знаат дека за да дојдеме до конечно решение, какво и да е, најпрвин треба надлежниот судија да им објасни на колегите, па следува јавна дискусија и расправа и подготвителна седница. Уставниот суд може да работи на Законот за јазици неколку месеци, па и години. Нивната цел беше сега, како политички глодари да начекаат и да видат дека „еве сега знаеме како одат процедурите и ние ќе правиме политички притисок“. И кога утре ништо нема да се случи, да излезат во јавноста и да кажат, еве, поради тоа што ние правевме притисок, се одложи сето ова. Ним многу им е јасно како функционираат работите. Ги молам нашите сограѓани Македонци, Албанци и сите да бидат смирени, целата работа е под контрола и да не дозволиме да наседнуваме на провокациите на овие луѓе. Не ни е потребно. Тие луѓе завршија на 8 мај. Ништо нема да се случи. Целата ситуација е под контрола – рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

dui-

ДУИ ја почитува одлуката на Стејт Департментот: Остануваме посветени на стратешката соработка со САД

Демократската Унија за Интеграција извести преку писмено соопштение дека ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД.„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

image

(Видео) „Моментот кога Бујар Османи и Арбер Адеми сфаќаат дека Груби е ставен на американската црна листа...“,

На социјалната мрежа „Х“ е објавен сегмент од јавувањето во живо на „ПорталХ“ од протестот на ДУИ пред Уставниот Суд, под наслов „моментот кога Бујар Османи и Арбер Адеми во живо ја добиваат информацијата за новата американска црна листа на која е сопартиецот Артан Груби“.Се гледа дека двајцата добиваат пораки, по што, Османи, станува и излегува од шаторот кој е импровизирано студио. Сепак, не може со сигурност да се потврди дека станува збор дека во моментот била споделена токму таа информација.

Македонија | пред 1 година

bujar-osmani-artan-grubi

Кои се наредните чекори на ДУИ?

Централното претседателство на Демократската унија за интеграции, денеска ќе одржи состанок на којшто ќе одлучува за следните чекори, информираше за МИА потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, откако вчера ја започнаа иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд до одржување на седницата за Законот за употреба на јазиците.– До 11 декември сигурно остануваме, а за понатаму дополнително ќе се решава. Денеска има состанок на Централното претседателство, има и координација на лидерите од Европскиот фронт каде што ќе се одлучува за следните чекори – рече Османи.Како што посочи Османи, повикот за „Стража на јазикот“ значи одбрана на мултиетничка Северна Македонија, бидејќи, како што рече, ова не е само кауза на Албанците.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања