„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

енергетика

klima

6.182 домаќинства добиваат вредносни ваучер за купување на инвертер клими

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во текот на утрешниот ден започнува со доделување на вредносни ваучери на домаќинства за купување и поставување на инвертер клима. Оваа мерка е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.Со цел да се избегнат одредени забуни во јавноста, Ве информираме дека изборот на добитниците на вредносните ваучери, како и изборот на правните субјекти кај кои ќе може да се искористат вредносните ваучери, беа спроведени од страна на Министерството за економија, согласно критериумите на јавниот повик. По направениот избор, новоформираното Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е одговорно само за организирање на доделувањето.Со цел олеснување и поефикасно доделување на ваучерите на граѓаните, процесот на дистрибуција оваа година е организиран со поголема флексибилност и достапност.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги извести добитниците на вредносните ваучери преку средствата за јавно информирање, веб страната на Министерството и преку СМС порака дека доделувањето на ваучерите ќе се одвива по следниов распоред:Скопје – СЦ Борис Трајковски од 9 до 17 часот во четврток, 7.10.2024Битола – Спортска сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот во четврток, 7.10.2024За останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.За граѓаните што нема да бидат во можност да ги подигнат ваучерите на одредениот датум, обезбедена е дополнителна флексибилност – ваучерите да можат да ги подигнат до крајот на месецот, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.Вкупниот број на домаќинства кои ќе добијат вредносен ваучер преку двете програми изнесува 6.182 домаќинства.Преку програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23.000 денари или 25.000 денари се 4.591 домаќинствo, а преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30.000 денари се 1.591 домаќинство.За сите дополнителни информации Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини има отворено телефонски линии, емаил адреса, а сите информации редовно се објавуваат на веб страната на Министерството.

Македонија | пред 1 година

Foto-01_SB_VEF2024_04.11.2024

Mинистерката Божиновска ќе учествува во 21. економски форум во Виена

Министерката за Енергетика, Рударство и Минерални суровини Сања Божиновска ќе учествува на 21. Виенски Економски Форум (ВЕФ) – “Виенски дијалог за иднината 2024“, што ќе се одржи денес во Виена, Австрија. Како дел од овогодинешната тема, “Регионалната економија како дел од европската и глобалната економија“, Виенскиот Економски Форум на едно место ќе ги обедини лидерите од цела Европа кои ќе разговараат за клучните економски и политички прашања кои ја обликуваат иднината на регионот.Министерката Божиновска ќе учествува на третата сесија на Форумот, насловена како „Заедничка одговорност на економијата и политиката за сигурна европска иднина“. Сесијата, модерирана од г-ѓа Даниела Филип, ќе биде отворена со изјава на г-дин Матео Ривелини, Раководител на Одделот за Западен Балкан и Турција во Европската инвестициска банка (ЕИБ). Заедно со регионални лидери и експерти, Министерката за Енергетика, Рударство и Минерални суровини ќе дискутира за колективните одговорности на политичките и економските сектори за обезбедување стабилна, одржлива и просперитетна иднина за Европа. Покрај Божиновска, на панелот ќе учествуваат: Александар Влаховиќ, Претседател на Српската асоцијација на економисти и член на УО на Виенскиот Економски Форум; д-р Сабине Херличка, Извршен Директор на “Инфинеон Технологии Австрија АГ“; д-р Гинтер Рабенштајнер, Управен Партнер на “eHydro500“ и Почесен Претседател на Виенскиот Економски Форум; Сезгин Билгич, Генерален Секретар на Фондацијата “Мармара Груп“, Турција; Наталија Бејан, Генерален Директор на агенцијата “Инвест“ Молдавија; Никола Вујовиќ, Потпретседател на Стопанската Комора на Црна Гора.Учеството на Министерката Сања Божиновска на Виенскиот Економски Форум е приказ на посветеноста на Министерството за Енергетика, Рударство и Минерални Суровини и на нашата држава кон размена на искуства со европски и светски експерти, кон партиципирање во дијалозите и придонесување кон европската агенда за одржлив раст, унапредување на енергетската ефикасност и зајакнување на регионалната стабилност.„За нашата држава, учеството во ваквите дискусии не е само политика, туку и одраз нашата тековна работа и стратегија за интегрирање на обновливите извори на енергија, поддршка на економската стабилност и создавање силни партнерства. Учеството на собири како Виенскиот Економски Форум ја нагласуваат важноста и улогата на нашата држава во поширок, европски контекст и исклучително големата важност обединетиот пристап кон овие предизвици“ изјави Божиновска пред почетокот на самитот.Преку своето учество и остварените средби, Министерката продолжува да работи на зајакнување на соработка со европските партнери за позелена, посигурна и поотпорна енергетска иднина во државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-094453

Започнува издавање на гаранции за потекло на енергија од обновливи извори

На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на електрична енергија со која се отвора патот кон издавање на Гаранции на потекло (Guarantees of origin – GOs) од страна на Националниотоператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО.Гаранција за потекло, како што се вели во соопштението, е електронски документ чија цел е обезбедување на доказ за потрошувачите дека определен удел или количина од енергијата е производена од обновливи извори на енергија. Овие гаранции за потекло се користат во Европска Унија со цел следење и потврдување на потеклото на електричната енергија со што се промовира еколошкаодговорно, транспарентност и доверба на потрошувачитена енергетскиот пазар.„Гаранциите за потекло се од огромна важност особено за домашните компании кои извезуваат на европскиот пазар кои ќе можат да докажат дека во оперативниот процес користат чиста енергијата т.е. енергија од обновливи извори, а со тоа го намалуваат јаглеродниот отпечаток.Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ќе го воспостави и води регистарот на Гаранции на потекло односно нивно издавање, евидентирање на пренос, признавање, укинување или поништување. Во изминатиот период МЕМО, со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, стана член – набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of issuing bodies – AIB) која е водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспареност преку стандардизација на Гаранциите за потекло“, соопштуваат од Министерството.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања