Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ФИЛИПЧЕ

429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома

Неврохирургот д-р Венко Филипче, носител на ИЕ 4 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија во гостувањето на Неформално на Сител Подкаст, говори за можностите кои му ги нуделе светските неврохируршки центри, но сепак одбрал да работи на Клиниката во Скопје. Филипче се враќа во политиката со главен мотив на младите да им се обезбедат можности за напредок и иднина како во напредните европски држави, вели дека тоа е единствениот начин и идните лекари специјалисти својата иднина да ја гледаат дома.Ги одбив понудите за работа во Америка, Швајцарија, Германија за да се вратам дома и да работам на Клиниката за неврохирургија, раскажува познатиот неврохирург Венко Филипче во Неформално на Сител Подкаст. Интересни случувања од периодот кога специјализирал во овие земји и учел за тајните на неговата професија од врвни светски имиња.„Јас останав тука да работам на огромен број на понуди за работа во Америка. За време на престојот во Швајцарија, добив понуда да работам. Бев на неколку турнуси по една недела во Германија. Знам каков е животот во европските земји, знам каков е тука. Јас се вратив тука затоа што сакам да придонесам нашето општество да оди напред. Останав тука да работам на огромен број на понуди за работа во Америка“-вели Филипче.Доктор Филипче вели дека земјата мора да се трансформира по примерот на развиените европски земји и тоа е единствен начин за младите да се задржат да работата дома. Тоа е мотивот зошто неврохирургот се враќа во политика.„Младите нема да останат тука, ако ние не направиме трансформација по примерот на развиените европски општества. Тоа е мојата желба и главниот мотив. И тоа е мојата мисија. Јас затоа верувам во тие политики. Така што ќе направам сè што треба и ќе дадам сè од себе, цела моја енергија и фокус и цела работа конечно оваа држава стане дел од европското семејство народи. Знам каков е животот во европските земји, знам каков е тука. Многу често сум бил надвор и секогаш сум се враќал. Многу потешко ми било кога сум мислел од таму за тука, отколку од тука за таму. Така што ќе направам сè што треба и ќе дадам сè од себе, цела моја енергија и фокус и цела работа да ние конечно оваа држава стане дел од европското семејство народи“-вели д-р Филипче.

Македонија | пред 1 година

429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

Д-р Филипче: Ќе отворам канцеларии во секоја поголема општина и како пратеник ќе се сретнувам редовно со граѓаните

Институцијата пратеник мора да им биде приближена на граѓаните и во таа насока планирам да ја редефинирам оваа функција.Ова го изјави д-р Венко Филипче, кој е носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, во телевизиско интервју.„Мојот план е перцепцијата и практично институцијата пратеник да ја редефинирам, да отворам канцеларии во секоја од поголемите општини во коишто ќе бидам еднаш месечно на средби со граѓаните. Има луѓе коишто не знаат како да дојдат до некоја институција или едноставно затворени им се вратите. Мора да ги приближиме механизмите на служба за граѓаните, блиску до нив, за тие да дадат соодветен резултат“, вели Филипче.Како што наведува, тој и сега ги знае проблемите со коишто се соочуваат граѓаните, а за дел од нив може и многу лесно да се најде решение доколку има кој да ги слушне.„Има многу граѓани кои приоѓаат кога сум јас со мојот тим на терен, приоѓаат граѓани не само партиски членови. Ние сме и на пазар и на улица, по дуќани и така натаму. Луѓето доаѓаат, разговараме, отворам јас лично многу теми коишто сметам да ги засегаат знаејќи некои работи во одредени општини, во одредени региони и едноставно се трудам да им помагам“, истакна Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce-tribina-sdsm-miting

Д-р Филипче до младите во Прилеп: Борете се за тоа што заслужувате, никој нема да ви го даде на тацна

Носителот на листата на СДСМ во Изборната единица 4, неврохирургот д-р Венко Филипче денеска на средба со младите во Прилеп порача дека тој како пратеник ќе направи сè за реализирање на идеите и предлозите што ќе стигнат токму од нив.„Од вас ќе чекам конкретни предлог решенија. Не само констатирање дека нешто не чини. Вие мора да понудите сериозни решенија, а ние ќе најдеме начин да ги реализираме. Вие треба да сте креатори на политиките кои вас ве засегаат, а ние да ве поддржиме во спроведувањето. На младите лекари секогаш им велам, тоа го заслужувате, не чекајте друг да ви го даде на тацна. Барајте го гласно. Ако наидете на затворена врата, ќе влезете преку прозор. Нема друг начин да ги остварите вашите права. Не ја пропуштајте можноста да ги водите промените“ рече д-р Филипче пред младите.Покрај тоа, Филипче ги презентираше клучните младински политики предвидени во програмата на СДСМ што ќе значат континуирано подобрување на образовниот процес кој ќе гради млади со смели и одговорни идеи за иднината на државата и ќе ги задржи дома преку понуда на конкурентни политики за младинско вработување.„ Една од промените што ќе ја направиме е зголемување на програмата „Гаранција за млади" која ќе биде отворена за 35.000 млади кои ќе добијат многу можности за вработување“, истакна д- Филипче.Сакаме да ви обезбедиме стабилност и сигурност, затоа воведуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, додаде Филипче.Филипче истакна дека СДСМ верува во вредноста на образованието и затоа ќе им овозможи на младите подобри услови во сите степени на образование.„Ќе работиме на подобрување на настаните програми, но паралелно ќе се грижиме и за севкупните услови во кои младите се образуваат. Ќе создадеме подобра инфраструктура во училиштата и студентските домови, средина која ќе биде мотивирачка и инклузивна за вие да можете целосно да се посветите на вашиот развој и образовен раст“, рече Филипче.Тој им порача на младите не постои брза приказна за успех, но постои можност со амбиција да го постигнат зацртаното.„Многу скоро ќе дојде време кога вашите генерации ќе треба да ја преземат одговорноста во државата, затоа во вас СДСМ гледа идни носители на развој на македонското општество“, додаде Филипче.Носителот во ИЕ 4 истакна дека СДСМ се грижи младите да ги добијат истите шанси и можности што ги имаат нивните врсници од Европската Унија преку доближување на нашето образование до европското, со програми за размена на студенти, бесплатни екскурзии и укинување на таксите за испити.На крај тој им порача на младите да бидат толерантни едни кон други без разлика на различните определби или интереси, да бидат подготвени и за компромис, но никогаш да не го губат од вид општото добро.„Сакам да ви порачам да бидете толерантни еден кон друг без разлика на различните определби или интереси. Младите не смее да се делат заради политика. Младоста е вашата партија. Мора да развивате политичка култура и меѓусебно да се почитувате“ - порача Филипче.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Филипче во Валандово: Расположението се менува, СДСМ добива зголемена поддршка на терен

Вчеравечер како носител на Изборната единица 4, Венко Филипче го посети Општинскиот изборен штаб во Валандово. Оттаму порача дека по објава на носителите за претстојните парламентарни избори, СДСМ добива зголемена и силна поддршка на терен.„По една недела на терен и средби со граѓани, морам да истакнам дека се чувствува обединетоста и мобилизација на гласачите на СДСМ кои се спремни повторно да ни дадат поддршка. По објавата на носителите и листите, очигледна е промената во расположението и тоа треба да не мотивира. СДСМ понуди одлични кандидати наспорти ВМРО-ДПМНЕ која понуди слаба листа, инкриминирани носители кои немаат поддршка во овој регион, но и пошироко“, рече Филипче.Тој оцени дека СДСМ може да има подобар резултат од локалните избори пред две и пол години и ги мотивираше членовите да излезат на терен и чесно да ја претстават понудата на СДСМ пред граѓаните. Филипче рече дека е доблесно да признаат онаму каде што партијата погрешила и тоа е одлика на големите партии. Тој исто така потсети дека граѓаните се сведоци на сите реформи, антикризни мерки и сите достигнувања во меѓународните рамки, наспроти она на кое работеше опозицијата.„Со огромна сума на пари во форма на мерки, со многу одговорен однос кон граѓаните кои беа силно финансиски погодени, Владата успеа да изменаџира три кризи, притоа решавајќи многу сериозни проблеми за државата. Овој одоговорен пристап ни дава за право со крената глава да бараме повторно поддршка. Дел од работата на СДСМ, заради кризите и тешките стратешки одлуки на меѓународен план, за жал остана недоволно искомуницирана. Сега е време да излеземе на терен и од човек на човек да ја промовираме нашата програма и резултатите.“, потенцираше Филипче.Тој посочи дека СДСМ по седум години владеење направи и грешки кои чесно треба да се признаат. Тој верува дека граѓаните веруваат и знаат дека СДСМ имаше искрени намери и не се криеше во најтешките моменти кои ги помина државата, додека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби секоја криза и блокираше сè што е во интерес на граѓаните за свој политички интерес.„Лоша Влада се формира кога добри луѓе ќе останат дома и нема да гласаат или ќе гласаат само за да казнат некоја партија. Ние тоа мораме да го пресретнеме, да го искомуницираме и да им кажеме на незадоволните дека сме тука и да се корегираме таму кадешто треба, но дека нема друга опција освен СДСМ за државата да продолжи напред.“, рече ФилипчеЛажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да ги манипулираат граѓаните, истакна тој. Цели седум години како опозиција не собраа храброст искрено да ги кажат своите намери за иднината, да поддржат барем една мерка во интерес на граѓаните, да направат барем еден државнички потег. ВМРО-ДПМНЕ е партија на опортунисти кои ги интересира само власта и ништо друго.„Ги слушам по телевизии кажуваат едно, на состаноци во партија кажуваат друго, а во амабасади трето. Едвај чекаат да го преживеат овој период до изборите лажејќи на сите страни само за да не ги откријат во виситинските намери. Наша обврска е да ги разоткриеме лажните патриоти. ВМРО-ДПМНЕ не носи никаква промена. Никој не верува дека подобро ќе владеат и затоа СДСМ има шанса да оствари добар резултат.“ - истакна Филипче.Филипче рече и дека со добрите локални политики во Валандово и Дојран, СДСМ покажа што значи вистинска грижа за луѓето, споменувајќи ги успесите во нивните локални мандати како изградба на браната на Хидросистемот Конско, рехабилитацијата на системот за отпадни води во Дојран, изградбата на канализацискиот систем за фекални води во Валандово и многу други.На крајот Филипче порача дека СДСМ секогаш има искрени и чесни намери и јасна визија да ја направи оваа држава подобро место за живеење, повикувајќи го членството да биде тимот кој е спремен да се бори до крај.„Ајде да бидеме таков тим. Да се зафатиме со работа, рамо до рамо, за нашата партија, за нашата заедница и за подобра иднина во која сите веруваме. Промената што ја ветивме пред седум години мора да ја завршиме“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 1 година

272000827_492862538863648_6639878274329968129_n

Министерството за здравство им спрема пријави на Филипче и на Сали за модуларните амбуланти

Министерството за здравство ќе поднесе пријави за Венко Филипче, Беким Сали и фирмата изведувач ќерка на „Брако“, поради пропусти кои што се констатирани со внатрешната ревизија на Министерството, а кои се поврзани со трите модуларни амбуланти што се изградени и предадени и кои веќе се користат во Бутел, Ново Лисиче и Ѓорче Петров, дознава „Слободен печат“ од свои, доброупатени извори, високопозиционирани во министерството.Правната служба на Министерството веќе добила насоки и бара начин за модусот на кој ќе го изврши пријавувањето. Се мислат дали да поднесат кривична пријава против екс-министрите и изведувачот, или пак, само да достават известување до Обвинителството.Причината за пријавата е тоа што внатрешната ревизија констатирала пропусти во однос на тоа што бил склучен анекс на првиот оригинален договор, на начин на кој што тоа не би смеело да се прави. Ревизорот открива бројни пропусти и непочитување на Законот за јавни набавки па поради тоа екс-министерот за здравство Беким Сали решил да не ги плаќа амбулантите. Но, тие се во употреба и изведувачот си ги бара парите на суд. Изминативе три дена Сали и Меџити се препукуваат за тоа кој е крив што амбулантите мора да се платат и дали се платени. До сега Министерството нема исплатено ни денар за нив, ама насоки од вВадата да склучи спогодба со фирмата ќерка на „Брако“ добиле уште на 11 јули годинава.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Освен „нечиста крв“ има и крвави тендери, зошто Филипче е уште на слобода, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија доколку беше правна држава уште вчера ќе беше приведен Венко Филипче за скандалот „нечиста крв“. Додуша Филипче беше дел и од скандалот со „крвавите тендери со реагенси“, фантомските набавки на вакцини, и мал милион други коруптивни скандали, па гледаме дека надлежните не мрднуваат ни со прст, вели ВМРО-ДПМНЕ.„За конкретниот скандал кој ја бранува јавноста, одговорноста на Филипче е дека не превземал никакви мерки да ги заштити граѓаните и нивното здравје од непроверени методи. Како што информираат медиумите тој како министер за здравство знаел и ништо не превземал, туку напротив на еден или на друг начин ја промовираше здравствената институција.Овде се работи за целосно затајување на системот. Како што дознаваме од медиумите Филипче и институциите дозволиле да се применува метода на лечење која ниту домашните, ниту странски институции не ја признавале и дозволувале.Јавното обвинителство треба да ја прошири истрагата и да утврди дали Филипче свесно го овозможувал ова? Дали и какви финансиски бенефити имал Филипче од овој скандал? Зошто Филипче и покрај предупредувањата на одредени медицински авторитети дозволил некој на грбот на народот да спроведува скапи третмани за кои сега дознаваме дека не биле научно потврдени“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

277501966_536796721136896_5556045241368083001_n

(ФОТО) Филипче навива со син му за Македонија

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи објави фотографија со неговиот син Иво со кого вечерва ќе го гледа натпреварот помеѓу Македонија и Португалија.„Вечерва навиваме со син ми Иво!Знам дека одново ќе испишеме историја и силно верувам во нашите фудбалери. Македонската репрезентација е сплотена, силна, мотивирана како ниедна во светот и вечерва ќе го даде најдоброто од себе.Само напред и храбро дечки, вечерва нема што да загубите! Ги освоивте срцата на Европа и светот и ја промовиравте државата како никој никогаш во минатото. Вие станавте симбол за тоа како малите можат да ги победат големите. Верувам во вас, верувам во оваа репрезентација, одиме на светско првенство“, стои во објавата на фејсбук.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања