„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фото

cento_policija

Престрелка во Кондово, повредени неколку лица

Вчера се случила престрелка во Кондово во која учествувало возило во движење марка ПМВ Пасат. Настанот бил во близина на пругата, и во истиот има неколку повредени кои се пренесени во Ургентен центар, пишува Инфомакс. Се претпоставува дека возилото ПМВ Пасат е едно од возилата инволвирано во пpecтстрелката во Ѓорче Петров.

Скопје | пред 7 години

soobrakjajka_hrom2

(ФОТО) Тешка сообраќајка во Хром, се судриле три возила

Teшка сообраќајна несреќа се случи вчера во скопската населба Хром, кога моторно возило преминало во спротивната коловозна лента и се судрило со друго возило, а потоа во нив удрило и трето возило, пишува Инфомакс.Возачите се здобиле со телесни повреди и истите биле префрлени во Ургентен центар.

Скопје | пред 7 години

49055064_2124722477573953_3485600500278099968_n

(ФОТО) Продолжува менувањето на оштетената урбана опрема

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат со активностите за менување на оштетената урбана опрема од градските сообраќајници. Изминатите денови се отстрануваше оштетена урбана опрема од булеварите Илинден, Гоце Делчев, како и на улиците 11 Октомври и Кочо Рацин.„На терен се отстрануваат оштетените заштитни столпчиња, жардиниери, бекатон плочки од патеките, сообраќајни знаци и рабници од тротоарите. На истите локации ќе биде поставена нова урбана опрема или дел од оштетената опрема што ќе биде санирана.Оваа активнот на ЈП „Улици и патишта“ ќе продолжи и во наредниот период на повеќе градски сообраќајници“, велат од ЈП „Улици и патишта“.

Скопје | пред 7 години

t8-1

(ФОТО) Толку магла има што Груевски може и низ Скопје се шета

Смог и магла утрово во Скопје. Тоа, ги инспирираше корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ да го кажат своето мислење низ шеги.  

Скопје | пред 7 години

5-8

Воздухот во Скопје мириса на расипана кисела зелка

Утрово скопјани повторно се разбудија во висока концентрација на ПМ10 честички, магла и воздух кој има тешка неподнослива миризба.„Воздухов мириса на расипана кисела зелка. Можеби сакаат да не отрујат за да можат мирно да си крадат од државната каса. Ова веќе не се трпи“, коментираат граѓаните.Утрово концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички е највисока во Карпош и изнесува 197 mg/m3. Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа. 

Скопје | пред 7 години

48396061_2519554041393030_2071057939078053888_n

(ФОТО) Битола се гуши во загаден воздух – 600µg ПМ10 честички во воздухот

Битола вечерва има најзагаден воздух во Македонија, каде концентрацијата на ПМ10 честички изнесува 600 микрограми на метар кубен. Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.Битолчани на социјалните мрежи се жалат дека нема никакви информации или итни мерки од надлежните.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2519554038059697&set=a.565727773442343&type=3&theaterНеодамна во Битола се протестираше за загадениот воздух пред општинската зграда.

Македонија | пред 7 години

48417064_1953739871409997_6203854631555039232_o

(ФОТО) Во струмичко се ложат гуми во печки за вар

Од граѓанската иницијатива О2 на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии од селото Костурино, Струмица, на кои може да се види како во печките за гасење вар се ложат гуми.„Ложење гуми во печки за вар кај Костурино, Општина Струмица.Апокалипса на нашата реалност, дистопичниот свет на нашата земја како исечок од Mad Max.Секо кој знае/л и бил/е одгвоорен и надлежен во било каков конктекст ќе одговара за ова. За ова се лежи во затвор“, велат од О2 Иницијатива.

Македонија | пред 7 години

crven-krst-dedo-mraz

(ФОТО) Дедо Мраз ги посети малите херои во Државна болница

Во пресрет на новогодишните празници, Тимот за спасување на планина на Црвен крст на град Скопје и волонтерите на Црвен крст Центар, на Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје, организираа показна вежба. Членови од Тимот маскирани во Дедо Мразовци, се спуштаа по јаже и им делеа подароци на децата хоспитализирани во двете клиники. Вежбата се реализираше во соработка со Општина Центар и Бугарската амбасада во РМ.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2098067137170102&id=1460662487577240

Скопје | пред 7 години

sudar-na-tetovska-patarina-203292

(ФОТО) Четири возила се судpиja на наплатната рампа кај Тетово

Четири патнички возила се судриja на наплатната рампа кај Тетово, за среќа нема жpтви.Во сообраќајката учествувале „хонда“ со словенечки регистерски таблички, управувана од 56-годишниот Ф.В. од Добридол, гостиварско, „пежо“ со охридски таблички управувано од Д.Г. (50) од Охрид, „цитроен“ со бугарски регистерски таблички управуван од С.У. (55) од Струга и „мазда“ со австриски регистерски таблички, управувана од 34-годишниот Ј.М. од Австрија. Сите се движеле од Гостивар кон Тетово.Пoвpедeн е возачот на „хондата“. Во тек е полициски увид, по што ќе се знаат околностите кои довеле до судирот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Новогодишна бајка во најубавите градови во светот

Магазин | пред 7 години

48360282_10213391021477680_8936009252686790656_n

(ФОТО) Градоначалникот на Теарце со предлог за ново знаме на Македонија

Градоначалникот на Теарце, Исен Асани денеска објави фотографии на неговиот Фејсбук профил, на кои има знаме со двоглав орел комбиниран со актуелното знаме на Македонија со неколку направени промени. Тој на фотографиите е заедно со Конер Андерсон од Америка, кој во последните две години придонесува во општина Теарце со конкретни проекти преку Мировниот корпус.„На 19 декември 2018 година, градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани, оствари прошталната средба со американскиот волонтер, Конер Андерсон.Г-динот Андерсон е стациониран во администрацијата на општина Теарце и за период од две години придонесуваше со конкретни проекти во корист на сите граѓани на Општина Теарце преку Мировниот корпус. Ние сме благодарни за заедничката работа направена досега.Г-дин Андерсон не почести со предлог за знаме за сите граѓани на Република Македонија, како треба да изгледа знамето на Република Македонија.Останува на јавноста да оцени.Општина Теарце, стои во Фејсбук статусот на градоначалнкот на општина Теарце.

Македонија | пред 7 години

kniga-zalost-9

(ФОТО) Последно збогум преку порака - книга на жалост во Општина Охрид

На денешната комеморација во општина Охрид беше отворена книга на жалост. Се потпишаа премиерот на Р Мкедонија, Зоран Заев, министерите присутни на комеморацијата, амбасадори ,пратеници , бивши градоначалници, советници, директори на државни и општински јавни препријатија, граѓани ...

Македонија | пред 7 години

lokalni-izbori.wav.Still019

(ФОТО) Што напиша Заев во книгата на жалост ?

Прв во книгата на жалост која беше отворена денес во Општина Охрид се потпиша Премиерот Зоран Заев.Заев напиша:Со заминувањето на Јован, изгуби Охрид и Локалната заедница, изгуби академската заедница, а изгуби и партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес.Јован беше колега, другар, пријател и голем професионалец посветен на својата визија за Охрид.Претседател на Владата на Република МакедонијаЗоран Заев

Македонија | пред 7 години

smokvica-pat

(ФОТО) Вака изгледа патот Демир Капија-Смоквица

Снег кој што заврна наместо радост донесе нервози кај граѓани. Снежната покривка која вчера покри делови од Македонија, предизвика проблеми на неколку патни правци во државата. Нервозни граѓани на социјалните мрежи објавија видеа на кои се гледа хаосот на македонските патишта предизвикан од снежните наноси.Вака изгледа патот Демир Капија-Смоквица...Возачите на социјалните мрежи се жалат од состојбата на магистралните матишта.Оние кои патуваат во текот на утрово, велат дека не сите патишта се исчистени. „Македонија пат изненадени од снегов како и секоја година.Да чекаме сонце да огрее или да излезете да поработите малку“, пишува еден од возачите. Според истиот, патот Демир Капија-Смоквица во должина од 30 километри не е исчистен, односно, останал „не пипнат“.Снегот вчера доведе до целосен прекин на сообраќајот на патниот правец Берово- Виница. Белата покривка предизвика целосна блокада и на патот Битола- Ресен. Снежни проблеми имаше и на планинските премини Стража и Плетвар и Ѓавато.

Македонија | пред 7 години

kola-raskrsnica

(ФОТО) Кога заради еден најпаметен стои цела раскрсница

Граѓаните се почесто на социјалните мрежи објавуваат фотографии од прекршување на сообраќајните правила. Денеска објавена е фотографија на која се гледа како поради еден паркиран автомобил на сред раскрсница стои цела колона автомобили.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања