„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фото

48412370_519411958580585_7868085838062551040_n-1

(ФОТО) Собран 40 кубни метри отпад од центарот на Скопје

Секоја година, на први јануари, по завршувањето на новогодишната прослава екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје го собираат отпадот, го чистат и го метат градскиот плоштад.„И денеска, нашите вработени новогодишната ноќ и првото јануарско утро го дочекаа работно и за време на ноќната и утринската смена собраа и транспортираа речиси 40 кубни метри најразличен отпад од новогодишната населба „Winterland“, градскиот плоштад, улицата Македонија и Старата чаршија“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Скопје | пред 7 години

DSC_3607

(ФОТО) Весела и топла атмосфера на плоштадот „Магнолија“ во Битола

На Плоштадот „Магнолија“ во Битола, синоќа во весела и топла атмосфера, илјадници битолчани ја дочекаа Новата 2019 година, со желби за добро здравје и многу успеси.По масовното одбројување, точно на полноќ, со голем огномет беше означен влезот во Новата година, а атмосферата ја надополно и Дедо Мраз, по што беше прочитана новогодишната честитка од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која ја дочека Новата година заедно со своите сограѓани на Плоштадот „Магнолија“.„Нека 2019 биде година во која здравјето нема да Ве оптоварува, година во која Вашите желби ќе станат реалност, година во која Вашите лица ќе ги греат насмевки, 2019 нека е година во која ќе се исполнат Вашите копнежи и ќе отворат простор за нови“, им посака Петровска на своите сограѓани.Забавата кулминираше со песната „Ако одам во Битола“ и со масовно играње на Плоштадот „Магнолија“. За убавото расположение придонесе и перформансот „Кафана на Широк Сокак“, односно групата Боеми, заедно со актерките  Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Маја Андоновска-Илиевски, Соња Ошавкова и Маријан Ѓорѓиевски, кои пееја и читаа интересни факти за Битола и битолчани низ времето. Новогодишнат атмосфера, налик на Европските метрополи, беше надополнета и со варено вино, кое се служеше на поставените штандови.Претходно, на Плоштадот Магнолија, во богатата музичка програма која започна во 20 часот, настапија ди-џеј Христијан Ѓаковски, Сефедин Бајрамов и Силви Бенд.Ова беше едно од најмасовните одбележувања на Новата година на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Кејот во центарот на Скопје стана парклиралиште за гостите во кафаните

Возила се паркираат буквално по целиот Кеј. Пешаците и велосипедистите на Кејот, „совесните“ возачи да се одвојат од своите автомобили на тие 100-200 метри од Кејот.Автомобили се разминуваат во двата правци како на секоја нормална улица, а други, пак, си наоѓаат паркинг-место под сенките. Многу „совесно“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Бикот на улица Македонија, Новата година ќе ја дочека без опашка

Сеуште не е санирана опашката на бикот дел од “Скопје 2014” поставен на улица Македонија. Скулптурата беше скршена на крајот од ноември, а Музејот за современа ументност вети дека ќе биде поправена. Но, очигледно немале време.Скршената опашка на скулптурата „Бик“ е дело на Дарко Дуковски.Од Музејот на современа уметност, што со одлука на ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ги постави скулптурите низ центарот на градот и е надлежен за нивното одржување.

Скопје | пред 7 години

49596092_2133535466692654_6024930361337708544_n

(ФОТО) Дедо Мраз пристигна во Винтерленд

На голема радост на најмладите на неколку часа пред дочекот на Новата Година, Дедо Мраз пристигна во Винтерленд. Тој ги поздрави дечињата и ги разубави празничните моменти на присутните.Новата Година на сите деца во Скопје им ја честиташе и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.- Ви посакувам многу здравје, среќа, радост и уште многу весели детски игри во новата 2019 година. Насмевките на вашите лица нека ја обележат годината што следи, да чекориме заедно кон уште поуспешна иднина – им посака Шилегов на најмладите 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Српска музика, светкави фустани и алхохол - еве како е во центарот на Скопје

Со српска музика и алкохол во центарот на Скопје се слави дочекот на Новата година.Буквално не постои угоститлески објект каде не се пеат и свират турбо-фолк песни. Посетителите накитени од глава до пети чиниш доаѓа крајот на светот.Новогодишната атмосфера ја чувствуваат само оние кои можат да си дозволат некој денар плус за прослава.

пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Банкоматите во Скопје испразнети

На повеќе локации во Скопје, банкоматите се надвор од функција. Голем дел од банкометите се испразнети. Оние кои пробаа да извадат пари, нервозно чекаат и бараат функционален банкомат.Ова не е прв пат голем дел од банкоматите во центарот на Скопје да не работат, посебно пред Нова година.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Ѓорчев во посета на белата палата со семејството

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил објави фотографија на која тој заедно со своето семејство го посети седиштето на партијата.На фотографијата Ѓорчев  заедно со сопругата Сузана и 8-годишната Марта, 6-годишниот Филип, 5-годишниот Никола и двегодишната Катерина седат во лобито на белата палата.

Македонија | пред 7 години

49203477_2541127012594604_9153062344182464512_n

(ФОТО) Демолирана салата „Борис Трајковски“ по концертот на Аца Лукас

Вчеравечер во салата„Борис Трајковски“ во Скопје се одржа предновогодишниот концерт на познатите Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеѓа Меденица.По завршувањето на концертот салата беше демолирана пишува Независен. На фотографииите може да се забележат искршени тоалети, заборавени женски хулахопки, бела прашкаста материја по столчињата и многу ѓубре. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО+ВИДЕО) Бродот „Будимпешта“ се транспортира до Охридското Езеро, Туристичка блокирана

Попладнево транспортот на бродот „Будимпешта“ направи голем застој во централното градско подрачје на Охрид на булеварот Туристичка.Но и покрај големиот застој, случајните минувачи со воодушувување го гледаа, затоа што ваков брод во оваа големина досега немало во Охридското Езеро. Се работи за вон габаритен транспорт кој мора да биде со придружба. Овој трнспорт се користи за сите пловни објекти кои се подолги од 12 и пошироки од 2,5 метри.Инаку станува збор за Хидро бус за 150 патници. Бродот е идентичен како Галеб, Александрија 1 и Кристина Нова.Дознаваме дека сите овие бродови се градени на исто бродоградилиште и со проект.  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Маж 10 часа пукал кон полицијата, а се предал откако му испеале божиќна песна

Американецот Натаниел Луис, кој пукаше кон полицијата и десет часа бил под опсада во Пенсилванија, се предаде откако човекот со кој преговараше му отпеа божиќна песна.Луис (34) пукал кон полицијата кои дошле откако било пријавено од страна на негов роднина дека се однесува чудно.Тој при пукањето погодил две возила и куќа, по што полицијата возвратила.https://twitter.com/MattPetrillo/status/1078391666183159809?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1078391666183159809&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3019902-muskarac-34-poceo-da-puca-na-policiju-a-onda-je-jedna-otpevana-pesma-sprecila-masakr-foto„Преговорите со Луис траеа долго, тој пукаше кон полицијата и куќите во околината“, изјави обвинителот Томас Хоган.Луис се предал откако преговарачот му отпеал божиќна песна

Свет | пред 7 години

49243603_319876125527336_7262369782878437376_o

(ФОТО) 20 години група Камелеон, ноќ која ќе се памети во Охрид

Пред повеќе од 500 посетители во комплетно исполнетата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, групата Камелеон вчера одржа концерт кој долго ќе се памети.Во еден глас со публиката, членовите на групата и бројните гости ги отсвиреа 17-те песни, кои за оваа пригода добија комплетно нови аранжмани.- Прекрасна ноќ. Многу убава музика... Пораснавме со нивната музика, беа само дел од коментарите на охриѓани по настапот.Вчерашниот концерт беше круна на неколку месечните подготовки, се` со цел достојно да се одбележи големиот јубилеј - 20 години од постоењето на групата.Камелеон беа сигурни, точни и прецизни во музицирањето, изградија одличен однос со публиката и сосема го оправдаа слоганот од маркетинг кампањата дека „кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели“. Ѓоко Танески, Жармена и маестралниот Горан Папаз, заедно со градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и другите гости направија оваа вечер да биде вистинско уживање за сите посетители.

Магазин | пред 7 години

49012520_1012812068926920_1289258313636118528_n

(ФОТО) Поставени пароли против уставните измени и промена на името

Утрово активистите на студентското движење „Млади за Македонија" спроведоа герила-акција на влезовите на Скопје.На неколку надвозници закачени се пароли против уставните измени и против промената на името. Од „Млади за Македонија" велат дека ова е почетокот на, како што тие го нарекуваат црвено-жолтиот отпор.Велат дека преку ненасилен отпор и креативни акции ќе се борат против промената на името.

Скопје | пред 7 години

gruevski-budapest-libertas1-768x475

(ФОТО) Груевски повторно уловен во Унгарија

Поранешниот премиер, Никола Груевски е фотографиран во лобито на луксузниот хотел „Four Seasons“ кој се наоѓа во центарот на Будимпешта. Фотографијата е направена од Либертас и на истата може да се забележи како тој сурфа на интернет.

Македонија | пред 7 години

100_9009

Додека Владанка си го спасува синот, има ли некој кој ќе ги спаси мештаните од Црвена Вода

Жителите на селото Црвена Вода се изреволтирани бидејќи како што велат издвоиле средства за изградба на патот од Ново Село до Црвена Вода, а сега истиот е уништен, неупотреблив и опасен. Исто така тие велат дека доколку не се реши овој проблем ќе го блокираат патот.„Претходно, се обративме и замоливме, Министерството за економија, кое ги издава концесиите за ископ на минерални суровини, најитно да преземе акција, да формира посебна комисија која на самото место ќе ја согледа состојбата и ќе предложи мерки за надминување на крајно неповолната и по живот загрозувачка состојба со која се соочуваат постојаните жители во селото Црвена Вода, како и сите други кои имаат свои куќи и викендици, а на кои им е загрозена безбедноста во најбуквална смисла.Пред повеќе од 3 децении, проектиран, пробиен и пошлунчен е патот, на иницијатива на жителите и Месната заедница од село Црвена Вода. Средствата за зафатот ги обезбедија самите селани, преку самопридонес. Подоцна, во 1996 година, патот беше и асфалтиран.За наша несреќа, на средината на патот, излезе квалитетен мајдан со чист шљунак, кој со децении се користи при изградбата на станови и други објекти во Охрид и Струга, а во овој момент и при изградбата на автопатот Кичево – Охрид.Министерството за економија, преку Секторот за минерални суровини, им има издадено концесии за ископ на фирмите “Гранит” и “Бетон” од Скопје, како и “Побдеа” од Ботун, село во општина Дебрца.Во неколку прилики на просторот затекнавме и други лица, неовластени фирми – без лиценца, како со камиони и ровокопач подигаат материјал. Самоиницијативно ги блокиравме со возила, повикавме полиција, направен е записник, но ништо не е превземено.Ако годишно, според пресметките на самите фирми, се ископуваат од 30 до 50.000 тони, односно просторни кубици материјал, може слободно да се пресмета колкава количина материјал е превезена по патот, до кој степен е тој уништен, а да не зборуваме за последиците по животната средина.Ве информираме дека Месната заедница од Црвена Вода, со општина Дебрца и фирмата “Гранит”, има склучено – потпишано договор, со клаузули околу одржување на патот, но досега не е ништо преземено. Mолeвме, по истиот принцип, да продолжи потпишувањето на таков трипартитен договор и со другите фирми кои го експлоатираат мајданот, односно уништуваат патот, до денеска такво нешто не е направено.  Назад за патот не вратен ниту еден денар. Ние, за патот, без надоместок, дадовме и делови од свои земјишни парцели, односно куќни дворови.Ние не располагаме со податок колку вкупно средства се уплатени досега во Буџетот на општина Дебрца, односно Министерството за економија. Во секој случај, тие мора да се во висина на денарска противредност од десетици илјади евра. Но колку и да се, тие средства, цениме дека е хумано и законски, најголемиот дел да одат во посебен фонд за поправка на патишта и првенствено за поправка на патот кој се уништува, токму од зафатите на фирмите кои уплаќаат средства на име на концесија. Месната заедница и мештаните за тоа немаат никаква информација и отчет.Нам, на селаните од Црвена Вода, одземено ни е и уништено, најосновното - сообраќајницата од 4 километри која се издвојува од магистралниот пат Скопје - Охрид, токму она што самите сме си ја направиле и врз основа на нашите маки, сега некој дебело се богати, а никој не не заштитува, ниту ни помага.Од тие причини, уште еднаш укажуваме,последен пат на овој начин, а ако никој повторно не не слуша во општината и државата, ќе не слушне кога, со протест, ќе го затвориме патот. На тоа имаме целосно право, затоа што не само што сме го изградиле патот.Ние не знаеме, за кои парцели се издадени концесии, дали концесионерите ги почитуваат клаузулите од договорите на концесијата, со оглед на фактот што, покрај самиот пат, се отворени неколку бази за ископ, се копа речиси по целата должина, надвор од локацијата за која е издадена концесијата.За несреќата по нас, а биде уште поголема, се врши ископ по самата должинска линија патот, со што се отворени кратери, на неколку места, на само метар од патот, што, во зимски услови, претставува опасност за трагедија – од прв степен!“, велат жителите на Црвена Вода.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања