(ВИДЕО+ФОТО) Патот Кичево-Охрид не се гледа од снегот и е целосно небезбеден
Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата. Патот Охрид - Кичево е целосно под снег. Тој моментално е во изградба и нема заштитна ограда, а со тоа е и целосно небезбеден. Доколку во лето се случува да излетаат автомобили од патот, сега кога патот е лизгав веројатноста за тоа е уште поголема. Исто така дополнителен проблем за возачите претставува и тоа што патот е неосветлен.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/617033892096580/Слична е ситуацијата и на останатите патишта.Од „Македонија пат” велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци во државата.На дел од патиштата како Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка е вклучена забраната за тешки товарни возила, а за останатите возила е потребна зимска опрема.
Македонија | пред 7 години