„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фото

Нема фотографија

(ФОТО) Листа на пратеници кои гласаа за Законот за амнестија

Собранието со 95 гласови  „за“ и без ниеден „против“, го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието на 27 април 2017, откако претходно предложениот закон  беше одобрен од Интерпартиската парламентарна група.Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и лидерот на ЛДП, Горан Милески ја напуштија салата кога почна гласањето. За законот за амнестија покрај парламентарното мнозинство, гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е целосната листа на пратениците кои денес гласаа за Законот за амнестија. Со Законот за амнестија нема да може да бидат амнестирани: организаторите и подготвувачите на нападот на Собранието за кои има основани сомневања, лицата кои извршиле физичко насилство, лицата под фантомки, лица кои носеле оружје и експлозивни материи ислужбени лица кои ги пречекориле своите овластувања.Откако Законот ќе стапи во сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија.

Македонија | пред 7 години

pino

ФОТО: Пино е исчезнат веќе 9 дена, неговата мајка бара помош од граѓаните

Веќе една недела младиот Пино е исчезнат, а се уште нема никакви информации за него.Неговата мајка, Маја Трпковска повторно се огласи на социјалните мрежи барајќи помош од граѓаните за синот да го најде и врати дома. Според неа Пино нема никаква причина зошто да избега.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2426461977427760&id=100001919445500-Ве молам помогнете ми да го најдам синчето. Пинета Секондо – Пино, МВР работи, ама веќе 7 дена ништо не откри. Ве молам помогнете ми вие луѓе, вие, само вие ќе ми помогнете да го најдам синчето во ова крпче земја. Да го најдеме синчето мое. Не е избегано од дома, нема зошто да бега. Не е лут со мене, како што не е лут со никој од нашата фамилија. Џабе МВР вели дека е избеган од дома (26 години, работи, супер плата, најсакан и почитуван и на работа и дома) Нема зошто да бега!!! Со срце чекаме да го гушнеме. ВЕ МОЛАМ, ПОМОГНЕТЕ МИ, стои во апелот на неговата мајка на социјалните мрежи.Пино на 10 декември бил излезен вечерта и последен пат е виден во скопската населба Ѓорче Петров околу 22 часот. Излезен бил со бел автомобил марка „Шкода“ со регистерски таблички SK1566AP.Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Доколку имате информација за ова момче контактирајте ја најблиската полициска станица или неговата мајка на социјалните мрежи.  

Македонија | пред 7 години

5-5

(ФОТО) Лавина реакции: По изгласувањето на Законот за амнестија, правниците си ги фрлаат дипломите

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвика едногласната одлука на пратениците во Собранието за Законот за амнестија со кој се дефинира кој ќе биде амнестиран, а кој не за собраниските настани од 27 април.Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:

Магазин | пред 7 години

48390323_10213042701165753_8228281487930163200_n

(ФОТО) Полицаец загинал во сообраќајката во Маџари

Министерството за внатрешни работи информираше дека загинатото лице во несреќата каде воз удри автомобил е полицаец вработен во Полициска станица Гази Баба. Тој починал на лице место.Несреќата се случила утрово во 5:50 минути, кога воз удрил во возило „фолксваген венто“, сопственост на МВР.

Скопје | пред 7 години

cavkov

(ФОТО) Митко Чавков ургирал мајка на три деца да биде испратена во затвор, иако немала вина

На социјалните мрежи се споделува статус во кој се вели дека ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков влијаел врз обвинител и судија за во затвор да испрати жена која немало сторено кривично дело. Ви пренесуваме во целост:

Македонија | пред 7 години

48373314_386342072173996_8992882290497421312_n

(ФОТО) Охрид го спушти јарболот во центарот на половина копје

Утре во Охрид е ден на жалост, поради смртта на градоначаникот Јован Стојаноски. Јарболот во центарот на градот е спуштен на половина копје.Утре, ќе се одржат комеморации во општината и Факултетот за туризам и менаџмент, каде Стојаноски беше професор.Погребот на Стојановски ќе се одржи во понеделник во 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми веќе го потврдија присуството на комеморативната седница која ќе се одржи утре во Општина Охрид, но и на погребот на градоначалникот Јован Стојановски.Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Општина Центар подготвена ги дочекува врнежите од снег и дожд

Активирана е зимската служба на Општина Центар, а фунцкионира и Кризниот штаб. Во моментов, нема поголеми излевања на вода или натрупувања со снег.„Со 2 големи специјални возила за расчистување на снег на големи улици и 3 помали возила – “соларки“ за чистење на тротоари и помали улици, општината е подготвена да делува при поројни врнежи на дожд и снег.Службите на општината продолжуваат будно да ја следат состојбата, а граѓаните доколку приметат промена на терен и штети, можат за истото да го известат Кризниот штаб на Општина Центар“, се вели во соопштението.078 223 065 Петар Милетиќ – Командант на кризниот штаб070 274 911 – Дарко Гиговски – Началник на кризниот штаб076 313 381 – Кире Секуловски

Скопје | пред 7 години

48403743_1998123943635467_5386871828025180160_n

(ФОТО и ВИДЕО) Сите во еден глас пеат со Брена - фолк дивата направи концерт за паметење

Балканска фолк-дива, Лепа Брена, вечерва во Скопје. Концертот е дел од големата турнеја, која ја започна во Лондон и со која одбележува 35 години професионална кариера на естрадната сцена.Лепа Брена уште еднаш покажа дека знае да направи концерт кој долго ќе се памети. Во преполната ВИП Арена Борис Трајковски сите во еден глас ги пејат новите, но и старите хитови.Брена во нејзин стил на сцената се појави спуштајќи се со ѕвезда, по што веднаш ги запеа песните од новиот албум, Болиш и не пролазиш, Сречна жена, А како чу ја, Зар је важно да се пева или Пјева...Пред околу три месеци, таа исто така имаше свој настап во земјава, односно настапи на седмото издание на Струмица Опен Фест, а минатата година одржа концерт во Охрид, на плажата Градиште 2, и настапи во Штип, на манифестацијата Штипска пастрмајлијада.Инкау Лепа Брена беше прва од Балканот која ги наполни сите стадиони од регионот и пошироко, на своите концерти се симнуваше со хеликоптер, направи видео револуција со скапите видео спотови снимани на егзотични локации ширум светот, прва воведе новитети во поп жанрот, а ја сруши и гледаноста во сите кино сали низ поранешна Југославија со трите делови од филмот “Хајде да се волимо”.Еве дел од атмосверата на вечерашниот концерт.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Општина Центар започна со реализација на проектот „Нула Глад“

Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од висок социјален ризик, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претставникот од здружението Банка за Храна – БХМ, Душко Христов, официјално го означија почетокот на реализацијата на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар.Овие 150 граѓани секој месец во текот на целата 2019-та година ќе ги добиваат социјалните пакети, со што ќе им се олеснат месечните трошоци за основната исхрана, а општината со спроведувањето на овој проект, активно ќе се вклучи во борбата против сиромаштијата и гладот.“Сакавме во овој период што претстои да направиме систем, во кој со Банката за храна ќе доставуваме прехранбени продукти, за да овие можат овие семејства полесно да го поминат месецот. Знаете дека податоците кои излегоа во скоро време се застрашувачки, некои семејства го поминуваат денот со само еден оброк. Затоа ги повикувам и другите општествено одговорни компании да ни се придружат и како нивни сограѓани, заедно да им помогнеме на овие луѓе“, изјави градоначалникот Богдановиќ.Пакетите содржат масло за јадење, брашно, супи, тестенини и останати прехранбени производи, неопходни за живот на овие наши сограѓани на кои им се најпотребни, особено во зимскиот период кога температурите паѓаат под нулата.“Пакетот е доволен да се помогне месечно на едно семејство. Примерот од Општина Центар го препознаа и други општини и веќе тие се приклучуваат“, додаде претставникот на Банка за Храна, Душко Христов.Општина Центар е првата општина во Македонија која се вклучува во проектот “Нула Глад“, проект на Обединетите нации, кој има за цел да стави крај на гладот, да ги елиминира сите форми на неухранетост и да изгради инклузивни и одржливи прехранбени системи.Општина Центар овој проект го реализира во партнерство со здружението Банка за Храна – БХМ, а со поддршка на маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит Го.

Македонија | пред 7 години

48373505_2264055753628515_1460501996917227520_o

Асфалтирана улицата меѓу новите згради во Мичурин

Изградбата на улицата „Новопроектирана 8“ во населбата Мичурин, што се протега покрај улицата „Фрањо Клуз“, е во завршна фаза и деновие се асфалтира.„Новата улица е во должина од 200 метри со јавно паркиралиште, за кои Општината издвои над 8 милиони денари. Новопроектирана 8“ доби и комплетно нова атмосферска, фекална и водоводна мрежа. Улицата и паркиралиштето ќе бидат и целосно осветлени.Изградбата на оваа улица за граѓаните значи полесен пристап до новите згради и приклучок кон комплетно новата подземна инфраструктура“, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

DSC_3826

Еко акција во Козле

Комуналните служби на Општина Карпош денеска имаа голема акција за чистење на населбата Козле, на потегот од ООУ „Владо Тасевски“ до Министерството за економија.„Хигиеничарите ги отстрануваа лисјата од јавните површини, а патем го отстрануваа и погабаритниот отпад: пластика, хартија и стакло. Локалната самоуправа упатува апел до сите граѓани за зголемена грижа за животната средина“, велат од Општина Карпош.  

Скопје | пред 7 години

48099910_2105820329464168_1898484207504588800_o

Заврши асфалтирањето на улицата до хотел „Хилтон“ во Аеродром

Во изминатите денови асфалтирана беше сервисната уличка до хотел „Хилтон“ во Општина Аеродром.„Екипите на ЈП Улици и патишта, деновиве асфалтираа пристапна површина од 550м2 од булевар АСНОМ кон сервисна уличка до хотел “Хилтон” во Општина Аеродром.Санирана е и површината на постојаната сервисната улица во 1100м2, со вградена асфалтна маса, а поставени се и нови бетонски каналетки по должината на улицата што ја спроведуваат водата до сливниците“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

48376445_2105825152797019_3328179958785769472_o

Град Скопје засади нов дрворед во Ѓорче Петров

Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје денеска продолжува со засадување нов дрворед по должината на улицата Ѓорче Петров.- По добиените информации за подземните инсталации од повеќе институции како што се ЕВН, БЕГ, ЈП „Водовод и канализација“, МВР и други оператори, Градот Скопје со јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ денеска засадуваa нов дрворед во Ѓорче Петров. На потегот од раскрсницата што води кон болницата „Санте плус“, па до бензинската пумпа на Макпетрол, од двете страни на улицата ќе бидат засадени 70 дрвја од видот јасен. Сите дрвја што ги садиме, наскоро ќе ги добијат имињата на новородените деца во градот, како дел од проектот „Дрво за секое дете“ – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на денешната прес-конференција.Oваа есенска акција за обновување на дрворедите и за подигање нови дрвореди Градот ја спроведува во соработка со сите скопски општини кои учествуваат со механизација и садници.- Продолжуваме со обновување на загубеното зеленило во сите општини во градот. Им обезбедуваме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која директно влијае врз здравјето на граѓаните – нагласи Салиху.

Скопје | пред 7 години

48084953_10215960100469387_3579466877388193792_n

Еве зошто се важни мерните инструменти на ПМ10 во Лисиче и Гази Баба - Горјан Јовановски им се обрати на политичарите

Горјан Јовановски кој ја има изработено веб страницата Мој Воздух им се обрати на политичарите кои велат дека неисправноста на мерните стаици во Лисиче и Гази Баба не се клучни за активирање на мерките против загадувањето.„Еве зошто се важни мерните инструменти за ПМ10 во Лисиче и Гази Баба.Податоците покажуваат дека секоја година, тие 2 станици се на врвот на број на денови надминати од ПМ10 загадување. Со нивно неправилно фукционирање, не може да се добие целосна слика за загадувањето, и секако шансите за активирање на мерките се помали.Загадувањето од тие области нема магично да се преслика на другите мерни станици низ Скопје. Ова е порака до коментарите од политичарите дека неисправноста на тие 2 станици не е клучна за активирање на мерките против загадувањето“, напиша Горјан Јовановски.

Скопје | пред 7 години

IMG-23374af25a284f491181c2611aa7e901-V-960x720

(ФОТО) Скопје преплавено со транспаренти со пораки против Владата предводена од СДСМ

Низ цело Скопје утрово осамнаа транспаренти на речиси сите поголеми раскрсници. На нив, граѓаните упатуваат пораки до Владата предводена од СДСМ.Имено, на платна е испишано дека СДСМ и Зоран Заев се црнилата во Македонија.Оваа кампања следува откако веќе две недели, опозициската ВМРО-ДПМНЕ носеше и оставаше разни предмети пред повеќе државни институции, тврдејќи дека тие се „зацрнети“.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во низата митинзи кои ги одржа, се осврнуваше на зборот „црнила“, но и на тоа дека кога тие ќе дојдат на власт ќе огрее „нова зора“.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања