(ФОТО) Три возила излетаа во канал поради замрзнатите патишта
За само три часа се слчиле ти сообраќајни незгоди на излезот од Пробиштип. Според информациите вода истекува од фабрика која се наоѓа во близина и поради ниските температури мрзне.„Во новата епизода на #Македонија_пат_повторно_изненадени ќе гледате: „Три сообраќајки за само три саати“. Во оваа епизода сум и јас еден од каскадерите.Ако возите Кратово-Штип внимавајте на излезот од Пробиштип непосредно пред бензинската бидејќи има вода која од фабрика истекува директно на асфалт и мрзне, а не се приметува наутро.Саат ипол пред ја да излетам (а се вртев ко рингишпил) некој со кола на истото место се превртел два пати и завршил со #Летиф_на_кроф за подоцна ја да завршам кај што завршив, а среќа што ледот не ме исрфли на другата страна, парампарче ќе бев. У меѓувреме додека чекав да дојдат по мене и додека полицијата ги успоруваше возилата за да не завршат ко мене, еден со BMW на истото место почна де лево, де десно, де у едно југо, де у мојата кола... југото избегна некако, а овој се влечеше се влечеше и заврши на две метри од мене, у канал ко и јас, ама незгодно ми беше да го сликам.Така да, ако овие од „Македонија пат“ немаат у тоа машините сол вие барем имајте у глава и возете паметно“, напиша едно од лицата кое излетало од патот на Фејсбук.
Македонија | пред 7 години