ГЕРАСИМОВСКИ

gerasimovski-izjava

Град Скопје кочи капитални проекти како катната гаража во Капиштец, рече Герасимовски

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на денешниот брифинг со медиуми информираше дека Градот Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар.„Од страна на градот капитални проекти ни се кочат, за коишто се направени проекти, ставени се во програмата, одвоени се буџетски средства, а добиваме негативни мислења од страна на градот. Конкретно, можам да посочам еден од тие проекти е монтажната гаража во Капиштец, проект кој досега требаше да се реализира, но, за жал по трет пат добивам негативен коментар од Градот и не можеме да го релизираме. Причината е отпочнување на реализација на бул. Македонија оној познат булевар кој се збори децении наназад, кој почнува од Лимак па оди сѐ до Карпош. Тука станува збор за булевар кој треба да има една голема експропријација, каде има голем број на ресторани, кафеани, но и на паркинзи“, рече Герасимовски.Герасимовски изјави дека планот предвидувал и поставување на фотоволтаици за заштеда на електрична енергија, но на сите барања добиле негативен одговор.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-novinari-1

Герасимовски: Трета година без трошоци за патувања и угостителски услуги – работиме одговорно и домаќински!

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утрово одржа Брифинг со новинари кадешто се разговараше за актуелните тековни, но и за следните предвидени проекти во општината.Герасимовски информираше дека Општина Центар е најтранспарентна општина којашто секогаш е отворена за соработка со медиумите и граѓаните.„Со новинарите и медиумските работници имаме одлична соработка, нашата пракса е секојдневно да комуницираме со новинарите и сите прашања да ги одговараме во најбрзо време. Во Општина Центар работиме одговорно, транспарентно и домаќински. Во изминатите три години од мојот мандат имам потрошено нула денари за патни трошоци во странство и нула денари за угостителски услуги”, изјави Герасимовски во изјава за медиуми по завршување на брифингот.Герасимовски посочи дека буџетските средства коишто ги има Општината во моментов истата ги немала никогаш, а тоа се должи на доброто менаџирање.„Нашата општина е поразлична од сите други општини затоа што го слушаме ставот и мислењето на сите советници, а потоа сите проекти во Советот ги гласаме едногласно. Имаме можност граѓаните да дадат свои предлози, идеи и сугестии за подобрување на функционирањето на општината затоа што подобри услови за живот на граѓаните е нашиот приоритет”, рече Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

86cdf400-3de6-4371-a54e-22ec8cc8aed4

Францускиот јазик да се изучува во центарските училишта: Герасимовски и Ле Риголер со заедничка иницијатива

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари пријателска и конструктивна средба со амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер. На средбата, Герасимовски и Ле Риголер разговараа за интензивирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Франција.„Со амбасадорот Ле Риголер разговаравме за интензивирање на соработката, особено во поглед на промоцијата на францускиот јазик во нашите училишта. Договоривме и низа настани и средби со училиштата за негово изучување, со што ќе се зајакне оваа важна иницијатива. Имав можност да изразам голема благодарност за досегашната континуирана поддршка на амбасадата, со надеж дека во иднина ќе оствариме соработка и на локално ниво, преку директен контакт со нивните општини“, рече Герасимовски.Општина Центар продолжува со силна и успешна партнерска врска со амбасадата на Франција, моќна и влијателна европска држава, чијашто помош и искуства се од непроценливо значење за нас.Францискиот јазик засега се изучува само во ООУ „Димитар Миладинов“.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-centar-1

Герасимовски: Реконструирани училиштата Кочо Рацин и Коле Неделковски, прочистувачи за воздух во сите 8 училишта

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки по повод Светскиот ден на детето, 20 Ноември, датум утврден во 1989 година кога е усвоена Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата.„Светот што го создаваме денеска за децата е свет што ќе го наследат. Да создадеме свет во кој децата ќе растат со многу љубов, грижа и поубави можности. Среќата и насмевките на дечињата се наш главен приоритет во Општина Центар. Нека е честит Светскиот ден на детето!”, истакнува Герасимовски.Во изминатите неколку години, Општина Центар ги подобри условите во градинките и основните училишта со цел дечињата да имаат поубави услови за престој во градинка и училиште, а вработените подостоинствени услови за работа.„Покрај унапредувањето на условите во градинките и училиштата, пред неколку денови поставивме и фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на пет основни училишта за поголема безбедност на најмалите во сообраќајот. Поставуваме нови реквизити на детските игралишта за дечињата да се забавуваат и другаруваат со другарчињата. Продолжуваме за вложуваме во развојот на децата”, вели Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski

Герасимовски: Потребна е заедничка стратегија на градот и општините за проблемот со загадувањето

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека е потребна стратегија на ниво на Град Скопје кадешто ќе се вклучи градот и сите општини во решавање на проблемот со загадувањето во Скопје.Герасимовски потенцира дека се поставени филтри за прочистување на воздух скоро во сите основни училишта на територија на Општина Центар и со самите градинки.„Дополнително, во градинките се поставени НАНО филтри на прозорците за прочистување на воздухот и планираме во текот на следната година да започнеме поставување филтри на прозорците и во самите училишта. Покрај садење на зеленило, покрај поставување на филтери за прочистување и надворешно прочистување на воздух, бараме начин да преку субвенции на тротинети и велосипеди ги менуваме навики за што поголем број на луѓе помалку ги користат возилата како превозно средство“, вели Герасимовски.Тој истакнува дека градскиот превоз не ни е на задоволнително ниво коешто дополнително прави проблем и со загадување, но и со сообраќаен хаос низ општината и општините во градот.„Бараме начин како општина да се справуваме со овој проблем. Имаме одреден план и стратегија што ги спроведуваме, но важно е да се вклучат сите општини заедно за решавање на овој заеднички проблем со загадувањето“, посочува Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-centar-1

Герасимовски: Центар е горд на Шекеринска

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки за именувањето на Радмила Шекеринска за нов заменик-генерален секретар на НАТО.„Радмила Шекеринска, нашата Центарка, ја продолжува својата извонредна кариера со историски успех! По речиси две децении како клучен играч на македонската политичка сцена, таа е избрана за заменик-генерален секретар на НАТО – прв висок функционер од Западен Балкан, но и од земја надвор од ЕУ која ја добива оваа позиција.Верувам дека со Шекеринска, Алијансата ќе биде уште позајакната и посилна. Жените многу добро знаат како треба да се води, огромни честитки Радмила!”, напиша Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

unnamed-2

(Фото) Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило.Дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста.Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до родителите да разговараат со своите деца за сериозноста последиците на ваквото однесување.„Преминати се сите граници! Оштетен е јавен и приватен имот. Нарушена е безбедноста и јавниот ред. Не смее да се дозволи уништување на јавниот и приватен имот. Ваквото однесување мора да запре пред да се случи и нешто полошо. Повикувам на свест и одговороност“, порача Герасимовски.Овој инцидент доаѓа неколку месеци по обивањето и кражбата на општинскиот комунален пункт во Капиштец, како и по уништувањето на реквизитите на детските игралишта.Општина Центар, во текот на летото, објави видео снимки доставени од граѓани, на кои се гледаат сцени на деструкција, дивеење и загрижувачко однесување на млади лица на јавен простор во истата населба.Градоначалникот тогаш побара засилено присуство на полицијата на терен. По вчерашниот инцидент, Герасимовски повторно потсетува дека безбедноста зависи од заедничкиот ангажман на граѓаните, Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа.„Клучно е да соработуваме и комуницираме за да се спречат ваквите инциденти. Само со заедничко залагање ќе имаме мирни населби и сигурен живот за нашите граѓани“, додаде Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-11-15-at-16.08.55_a4c4520a

Герасимовски: По 60 години нова општинска зграда, другите ветуваа, јас реализирам

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостувањето во емисијата „Во живо - програма на градови“ на МРТВ потенцираше дека после 60 години се најде решение за нова општинска зграда.„Идејата ми е уште од пред неколку години, но требаше малку повеќе време за да го добиеме земјиштето во сопственост на општината и за да отпочнеме со решавање на овој долгогодишен проблем. Знаете која е разликата од Герасимовски и претходните градоначалници? Истите ветуваа, а јас реализирам. Ветуваа нова сала за Работнички, јас почнав да ја правам. Ветуваа неколку градоначалници пред мене, ако се сеќавате дури правеа идејни решенија. Ништо од тоа не бидна и салата повеќе од 50-60 години нема една шајка заковано, стои така“, рече Герасимовски.Во емисијата, тој информираше дека во минатото имало идејно решение за нова општинска зграда, еден од градоначалниците го спровел, потрошил финансиски средства, но земјиштето не било во сопственост на општината.„Се прави идејно решение на нешто што не е наша сопственост знаејќи дека кога би го добиле земјиштето, тогаш би можеле да почнат со градба. Сите тие се лажни ветувања, популистички ветувања за собирање на гласови за избори. Она што ние го ветивме е нова сала за клубот Работнички, како и нова општинска зграда. Изгубивме скоро 2 години за да го добиеме земјиштето. Откако го добивме во наша сопственост, знаејќи дека сега можеме да отпочнеме, направивме конкурс за идејно решение“, истакна Герасимовски.Герасимовски посочи дека е задоволен од големиот интерес и пристигнати се 13 архитектонски решенија.„Имавме Комисија што направи верификација, односно избор на три најдобри решенија што се наградени од страна на општината. Одвоени се финансиски средства од општинскиот буџет. Сите решенија ќе бидат презентирани за да имаат можност граѓаните да ги видат сите идејни решенија кои се доставени до општината. Верувам, односно бараме начин во текот на следната година да почнеме со реализација на овој капитален проект“, изјави Герасимовски.Бараките на општината се од после земјотресот. После 60 години се бара решение со цел пофункционални простории, со помодерни и подобри услови за работа на вработените и поголема пристапност на жителите.Проектот вклучува изградба на подземен паркинг со околу 300 паркинг места и простор за 100 велосипеди, со што ќе се реши проблемот со паркирањето во околината.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-11-12-at-11.58.43_be2fadd2

Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства

Општина Центар продолжува со својата посветеност за создавање поинклузивно општество за сите граѓани. И оваа година, општината запишува 20 дечиња од ромска националност кои доаѓаат од згрижувачки семејства или приматели на социјална помош на возраст од 3 до 6 години во градинката „Раде Јовчевски - Корчагин“.Како дел од проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи - детски градинки“ градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и директорката на детската градинка „Раде Јовчевски - Корчагин“ Елена Устамитова, денеска ги потпишаа новите договори за соработка за учебната 2024/2025 година. Овој проект има за цел поддршка на социјално ранливи групи и инклузија за поквалитетен раст и развој на дечињата, независно од нивната социјална или етничка припадност.„Интеграцијата на децата Роми во воспитно-образовниот процес со сите останати деца е важен за создавање инклузивно општество. Кога децата растат заедно тие учат за солидарност, толеранција и меѓусебно прифаќање - вредности кои во иднина треба ги изградат во подобри личности. Децата заслужуваат без никакви пречки да го развиваат својот потенцијал, а денешниот потпишан договор е потврда за заложбата и посветеноста за инклузивност и добросостојба на децата од ранливите групи. Општина Центар со години наназад обезбедува еднакви шанси за сите деца, ги намалува социјалните разлики и го подобрува раниот детски развој. Само со ваков пристап можеме да инвестираме во иднината на децата, создавајќи услови за социјален и образовен напредок“, рече градоначалникот Герасимовски.Проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи - детски градинки“ се спроведува од 2011 година со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Со овој договор, Општина Центар ги покрива месечните трошоци за посетување на градинката Ј.У.Д.Г. на Општина Центар „Раде Јовчевски - Корчагин“.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-centar-1

Герасимовски: Со инвестициите од претходните три години во наследство оставаме проекти за многу следни генерации

Претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, капитални инвестиции во образовните институции и инклузивниот процес, паметно осветлување и инфраструктурни проекти, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го претстави тригодишниот отчет пред граѓаните. Тој на прес конференција посочи дека изминатиот период општината е фокусирана и посветено работи на реалните потреби на жителите и локалната самоуправа, а за тоа говори и високата реализација на буџетот која изнесува 87%.Герасимовски отчетот го започна истакнувајќи дека дел од проектите кои актуелната локална власт ги реализирала за три години се направени по повеќе од 50 години.Од капиталните проекти тој рече дека Општина Центар е носител на иновациите потенцирајќи го трговското друштво „Енергија Центар“.„Општина Центар уште еднаш покажа дека е лидер во иновациите. Ние сме првата општина во државата што основа претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Преку „Енергија Центар“ поставивме фотоволтаични централи на градинката „Пепелашка“, со што за една година ги преполовивме нејзините трошоци за електрична енергија. Пред два месеци, фотоволтаични панели поставивме и на кровната површина на училиштето „Киро Глигоров“, вкупно 720 панели со инсталирана моќност од 396 киловати за производство на електрична енергија. Оваа инвестиција, во вредност од 7,3 милиони денари, беше обезбедена од општинскиот буџет.Нашата цел е да поставиме фотоволтаични централи на сите основни училишта и градинки, а средствата од продажбата на вишоците електрична енергија да ги реинвестираме во нови фасади, подобрување на објектите и унапредување на наставниот процес “, изјави Герасимовски пред новинарите.Тој рече дека за првпат во државата е отворена енергетска канцеларија каде правните и физичките лица може да се информираат за постапките и документацијата за поставување на фотоволтаични панели.Од капиталните инвестиции Герасимовски зборуваше за доградбата на училиштето „Коле Неделковски“ по цели 66 години како и поставувањето на паметното осветлување со кое општината ќе заштеди на сметките за јавно осветлување.„Ветивме и го исполнивме проширувањето на капацитетите на училиштето „Коле Неделковски“. По 66 години, училиштето за првпат доби четири нови училници и два кабинети. Дополнително, изградивме лифт и санитарни јазли за учениците со посебни образовни потреби. Градиме модерна и современа општина. Инвестиравме два милиони евра во реконструкција и модернизација на уличното осветлување, приклучувајќи се на проектот Смарт сити. Во завршна фаза сме на поставување на улични светилки со ЛЕД технологија и паметни ормари, што ќе придонесе за зголемена безбедност, подобрен квалитет на осветлувањето и до 70% заштеди за општината“, рече Герасимовски.Изградбата на градинката „Пролет“ во вредност од 2,5 милиони евра и улицата „Ленинова“ се уште едно ветување за кое зборуваше Герасимовски.„Со особена радост сакам да најавам дека внатрешното уредување на новата градинка „Пролет“ е при крај. Општина Центар со сопствени средства во износ од околу 2,5 милиони евра ја гради најголемата градинка во државата, со капацитет за згрижување на 150 деца од населбите Пролет и Маџир Маало. Ова е модерна градинка на две нивоа, опремена со пристапни рампи, лифт и сопствена кујна. Го исполнивме и барањето на граѓаните и ја реконструиравме улицата „Ленинова“, која сега е модерна, зелена и урбана улица. Создадовме паркинзи за станарите, ново осветлување, паркинзи за велосипеди и велосипедски патеки од двете страни на улицата “, изјави Герасимовски.Градоначалникот на Центар Герасимовски зборуваше за новиот проект кој во моментов се работи, а се однесува на зелен појас во Капиштец.„Веќе започнавме со хортикултурно и партерно уредување на потегот од „Беверли Хилс“ до трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец. Ќе зазелениме и уредиме површина од околу 7000 квадратни метри, за која верувам дека ќе стане ново собиралиште за жителите на населбата. Ова уредување вклучува поставување на нова урбана опрема, детски реквизити, систем за наводнување и модерно ЛЕД осветлување, кое ќе ја подобри видливоста и безбедноста во вечерните часови“, рече Герасимовски.Од инвестиции во образованието Герасимовски наброја инвестиции во инклузивниот процес во образованието, новите лифтови во училиштето Коле Неделковски и градинката Пролет, пристапните рампи во „Коле Неделковски“ и „Кочо Рацин“ и градинката „Пролет“, спортските сали во училиштата „11 Октомври“, „Гоце Делчев“, „Кочо Рацин“ и свечената сала во училиштето Димитар Миладинов. Темелно реконструираната и модернизирана трпезаријата и кујна во училиштето „11 Октомври“, новата информатичка опрема во вредност од 6 милиони денари, сензорните соби и прочистувачите за воздух во секоја училница во сите училишта.Герасимовски рече дека се реконструирани и тоалетите во 5 основни училишта, крововите на градинката „13 Ноември“ објектот „Јасмин“, градинката Корчагин која има и целосна реконструкција на сите занимални. Тој потсети и дека три години сите првачиња во Центар добиваат бесплатни ранци и училиштен прибор како и тоа дека општината е единствена која обезбедува лични асистенти за децата со посебни образовни потреби.Во инфраструктурниот развој Герасимовски зборуваше дека општината реконструирала 19 улици при што обезбедени се резидентни паркинзи, поставена е нова урбана опрема и столпчиња за регулирање на сообраќајот на повеќе локации во општината.„По барање на граѓаните, изградивме дополнителни пешачки патеки во неколку населби, овозможувајќи полесна достапност до одредени локации. Целосно го реконструиравме и тротоарот на улицата „Народен фронт“, со што добивме побезбедни улици и за возачите и за пешаците. Продолжуваме да ги решаваме проблемите на граѓаните и да ја унапредуваме инфраструктурата. Го регулиравме паркингот кај Народна банка за 250 возила и изградивме паркинг зад автобуската „Ким“ и училиштето „Коле Неделковски“, рече Герасимовски.Општина Центар е највело општина со освоена прва награда, а заслуга за тоа имаат и 460-те субвенции за купување нови велосипеди, 66-те субвенции за е-велосипеди и тротинети, како и субвенциите за дополнителна опрема за велосипеди, појасни градоначалникот на Општина Центар Герасимовски.Во неговиот отчет влегува и акцијата за кревање на хаварисани возила кои ја грдат сликата за јавна чистота и уредена околина.„Во соработка со МВР и пајак службата на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар,“ организираме акции за отстранување на хаварисаните возила. Целта е да ги ослободиме јавните површини што со години беа безцелно узурпирани. За оваа цел, овозможивме телефонски број каде што граѓаните можат да ги пријавуваат хаварисаните возила за нивно бесплатно дислоцирање“, рече Герасимовски.Тој зборуваше и за реконструкцијата на детските и спортски игралишта и апелите за намалување на девијантното однесување во ноќните часови.„Силно се залагавме за институционална поддршка во справувањето со девијантното однесување во ноќните часови. Нашите апели до младите, родителите, институциите и стручната фела сакаме да ги преточиме во предлог за законско решение кое ќе стави крај на овие појави. Како градоначалник, заедно со општинската администрација, ја инициравме постапката за измени во законот што ги опфаќа малолетничката деликвенција, родителството и образованието. Ова е чекор кон спречување на насилното и девијантното однесување, кое за жал се пренесува и во други општини“, изјави Герасимовски.Тој потсети и на зголемените инспекторски надзори и зборуваше за исполнетите ветувања кон пензионерите. Трите отворени пензионерски клуба, бесплатните стоматолошки услуги, еднократна финансиска помош за пензионерите со просечни пензии како и проектот кој нуди нега во домашни услови. Во отчетот Герасимовски не ги изуми ниту семејствата со принова. За три години општината доделила 5 милиони и 600 илјади денари на 808 семејства со новороденчиња и воведе нов проекти за бесплатен превоз до здравствените установи за лицата со попреченост над 18 години.Градоначалникот Герасимовски зборуваше за транспарентноста и отворени денови како и онлајн услугите за граѓаните и нивното партиципативно учество во креирање на буџетот.Од културните настани тој ги наброја Маалскиот фестивал, детската недела, роденденот на Горан Стефановски, како и концертот Нешто што ќе остане како и хуманитарните базари за собирање средства за лекување на неколку центарски дечиња.Општина Центар е лидер во промени, рече Герасимовски мислејќи на Иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти која се преточи во ново законско решение.„Тоа е победа не само на Општина Центар, туку и на сите општини во државата“, рече Герасимовски.Герасимовски зборуваше и за проектите кои се планираат за следната година, а тоа е изградба на нова општинска и административна зграда со 300 паркинг места за автомобили и 100 за велосипеди и тротинети. За следната година рече Герасимовски клубот „Работнички“ ќе добие матична сала што е исполнување на уште едно негово ветување.За крај тој изјави дека Општина Центар ќе остане посветена на ветувањата за реализација на сите проекти кои носат бенефит за граѓаните, ја развиваат општината и го подобруваат животот во Центар.

Скопје | пред 1 година

IMG_6639

Герасимовски: Во соработка со МВР расчистена е депонија во објект вселен од бездомници во Буњаковец

По налог на Општина Центар, расчистен е напуштениот објект на улица „Владимир Полежиновски“, зад ТЦ Буњаковец, во кој со месеци диво биле вселени бездомни лица и зависници. Акцијата е спроведена со асистенција на МВР, а по пријава на станарите од околните згради. Бездомниците се иселени, а руинираната куќа, претворена во депонија со смет и токсичен отпад, е исчистена и оградена со лимени табли за да се спречи повторно влегување на овие лица. На акцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Жителите му се пожалија дека стравуваат за личната безбедност, но и за своето здравје поради ситуацијата во соседниот објект, кој е потенцијален извор на зарази.„Инспекторите на Општина Центар и полицијата денеска одлично си ја завршија работата и мислам дека веќе нема место за загриженост. На сопствениците им наложивме да си го средат и исчистат објектот, а ние го расчистивме околниот јавен простор. Сопственикот го загради и влезот на куќата со цел да нема нови упади“, истакна Герасимовски во разговор со граѓаните.Градоначалникот посочи дека ваквите пропаднати и напуштени куќи, во кои се собираат бездомници и се прават мини депонии не се само грда слика во центарот на градот, туку претставуваат и вистинска опасност за сите жители во околината.Затоа ги замолуваме сопствениците да бидат совесни, а соседите навремено да пријавуваат за да можеме да реагираме“, порача Герасимовски

Скопје | пред 1 година

IMG_6401

Герасимовски: Среќна и успешна учебна година, да учиме за другарувањето и ги почитуваме разликите

„Денес е посебен ден, ново поглавје во вашите животи, денот кога го започнувате вашето училишно патување. На сите вас ви посакувам многу успех во учењето, многу нови пријателства и безброј насмевки. Основните училишта не се само места каде што се стекнувате со знаење, туку и места каде што се градат најдрагоцените пријателства, првите симпатии, и се поставуваат темелите на вашите идни достигнувања. Учете посветено за да бидете најдобри, читајте колку што е можно повеќе, бидејќи знаењето е најмоќното оружје што ќе го имате во животот. Но, не заборавајте дека другарувањето е исто така многу важно. Најискрените и најтрајните пријателства често се создаваат токму сега“, им порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на првачињата во ООУ „Коле Неделковски.Герасимовски присуствуваше на првиот училиштен ден и отворањето на доградбата на училиштето кое се прави по цели 66 години и за кое општината издвои 43 милиони денари од општинскиот буџет. Тој за почетокот на учебната година на првачињата им додели бесплатни ранци на сите 530 првачиња и испрати порака до сите ученици дека покрај учењето важни се почитувањето и различностите на сите ученици во училиштето.„Со доградените капацитети на училиштето, вложивме во инклузивност и создадовме простор каде што секое дете, без разлика на неговите способности или потреби, може да учи и да се развива. Нашата цел е сите ученици да се чувствуваат прифатени, поддржани и охрабрени да го достигнат својот целосен потенцијал. Овие подобрувања се дел од нашата заложба за создавање на инклузивна средина во која сите деца имаат еднакви можности за успех и напредок. Ученици вас ве охрабрувам да го цените и почитувате секој од вашите другарчиња, бидејќи сите сте различни и секој од вас е посебен на свој начин. Учете за другарството, за важноста на пријателството и заедништвото. Ви посакувам успешна учебна година, полна со среќа и дружење. Бидете добри деца и успешни ученици“, заврши Герасимовски.Новиот директор на училиштето „Коле Неделковски“, Александар Христовски на учениците им посака успешна школска година и примерно поведение.„Првиот училиштен ден е секогаш полн насмевки и возбуди, се надевам дека оваа среќа ќе ја носите со вас во текот на целата училишна година. Ви посакувам многу среќа, примерно поведение и успешна училишна година. Денеска сакам да им се заблагодарам и на општествено одговорните компании кои донираа ранци за нашите најмили првачиња и уште повеќе ги израдуваа нашите најмали ученици“, изјави директорот Христовски.Општина Центар посветено работи на обезбедување квалитетно образование и ќе продолжи да работи на безбедни и инклузивни наставни процеси. Целта е секој ученик да има можност да напредува со цел да ги постигне своите максимални потенцијали.

Скопје | пред 1 година

IMG_6215

Герасимовски: Инсталирањето на паметното осветлување продолжува и кај Градски ѕид

Започна поставувањето на светилките ТИП 4 кои се и последна фаза на паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. Тип 4а и Тип 4б се декоративни светилки и ќе бидат инсталирани на пешачки патеки и споредни улици низ целата општина односно близу основни училишта, градинки, паркови, шеталишта итн. Ќе бидат поставени вкупно 261 парчиња, а денес инсталирањето започна од шеталиштето кај ПС Беко.Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека ова е последната фаза на поставување на паметни светилки низ делови на општината, а следната фаза е поставување на паметни ормари кои ќе го дадат финишот и крајниот ефект од економичното паметно осветлување.„Денеска започна инсталацијата на Тип 4 светилките кои ќе бидат инсталирани близу шеталишта, паркови, градинки и училишта како и споредни улици во општината. Паметното осветлување, меѓу кои и Тип 4 светилките е лед осветлување со технологија со автоматско димирање односно саморегулација за зголемување и намалување на светлината следејќи го заоѓањето на сонцето. Тоа значи дека кога на улицата, паркот или шеталиштето ќе нема фреквенција од пешаци или автомобили осветлувањето ќе биде „потивко“. Односно ќе има заштеда на трошоците на струја во општината или истото ќе се зголемува доколку има фреквенција на улицата“, вели Герасимовски.Процесот за менување на јавното осветлување со нови смарт светилки Општина Центар го започна во април. Поставувањето се одвива етапно според урбани заедници и до крајот на проектот ќе бидат поставени вкупно 3982 улични светилки. Покрај замената на старите со новите ЛД светилки ќе бидат поставени и 150 паметни ормари преку кои ќе бидат вклучени група на светилки што ќе се постигне значително подобрување на работењето на уличното осветлување. Општина Центар преку реализација на овој проект ќе ја унапреди енергетската ефикасност.

Македонија | пред 1 година

IMG_6155

Герасимовски: Општина Центар со цистерна и вработени во ПОЦ помага во гасење на пожарот во Јасен

Вработени од комуналното претпријатие ЈП ПОЦ со цистерната на Општина Центар помага во гаснење на пожарот на Јасен. На шумскиот резерват гори борова шума повеќе од 20-на дена при што изгоре значителна површина шума.Солидарноста и поддршката за институциите во моментов е од огромно значење. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски апелира за крајно внимателно однесување и почитување на правилата од институциите.„Од почетокот на кризата со пожарите, Општина Центар дава постојана поддршка на ЦУК и ги става на располагање сите расположливи капацитети. Нашите вработени даваат логистичка поддршка и доброволно учествуваат во гаснењето на пожарите. Сите мора да бидеме свесни колку е значајно во оваа криза да ги заштитиме шумите и природата, но и да го спречиме ризикот за животот и имотите на граѓаните. Затоа апелирам и граѓаните да бидат максимално свесни за сопствените постапки и да ги почитуваат пропишаните правила на институциите за движење во шумите“, порачува Герасимовски.Претходно општината организираше итен координативен состанок со општинскиот Штаб за заштита и спасување и претставник на Центарот за управување со кризи. Во насока на ублажување на последиците и помош за спасувачките екипи и доброволците на терен, Општина Центар преку општествено одговорни компании обезбеди донации на вода и освежителни пијалаци и нивен транспорт до местата каде што се наоѓаат екипите што интервенираат.

Македонија | пред 1 година

IMG_5255

Општина Центар се вклучува во помош за екипите што интервенираат за гаснење на пожарите

Помош во ресурси и поддршка за справување со пожарите што беснеат на територијата на целата држава беа темите на денешниот итен координативен состанок на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и општинскиот Штаб за заштита и спасување одржан заедно со претставник на Центарот за управување со кризи (ЦУК).Општина Центар и градоначалникот Герасимовски активно ќе се вклучат со своите расположливи капацитети за одговор на катастрофата.На координативниот состанок беше нагласено дека состојбата на терен е алармантна, за што Општина Центар во насока на ублажување на последиците и помош за спасувачките екипи и доброволците на терен ќе обезбеди помош преку донации на вода и освежителни пијалаци.„Општина Центар веднаш стапи во контакт со неколку општествено одговорни компании кои веднаш понудија помош во вода и пијалаци и нивен транспорт до местата каде што се наоѓаат екипите кои интервенираат на пожарите“, истакна Герасимовски на состанокот.Општина Центар упатува апел до сите граѓани совесно и одговорно да се однесуваат во природа и за време на претстојните празници, за кога нè очекува исто така многу топло време, и да избегнуваат правење на скара и палење на оган на отворено.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања