Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

герасимовски

Нема фотографија

Герасимовски: Да беше наша надлежност, ѕидот одамна ќе беше саниран

Општина Центар остро ги демантира наводите и шпекулациите дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички Центар и улица „Белградска“ се во надлежност на општината. За тоа постојат законски акти и одлуки. Со одлука на Совет и Договорот, склучен меѓу Град Скопје и Општина Центар, на 5.8.2019 година, градските власти ја преземаат обврската за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на следниве улици на подрачејто на Општина Центар: Белградска, Востаничка, Св. Кирил и Методиј, Димитрие Чуповски, Лазар Личеновски, Македонија, Митрополит Теодосиј Гологанов, кеј Димитар Влахов, Пролет, Васил Ѓоргов и Самоилова.Во договорот децидно стои:,,Општина Центар се обврзува да не презема активности кои би ги попречиле или нарушиле проектирањето, изградбата, користењето, заштитата и одржувањето на наведените сообраќајници во Општината.„Овој проблем се провлекува со години и постојано одговорот е ист, безбедноста и функционалноста на „Белградска“ не е наша надлежност. ЦУК и пред две години алармираше за состојбата со потпорниот ѕид кај Универзитетската клиника за детски болести и безбедноста на улицата „Белградска“. На нивна иницијатива, Министерството за здравство посочи дека за санацијата е потребна координирана активност на јавните претпријатија на Град Скопје. И тогаш, Општина Центар, на 30.12.2022, децидно одговори дека безбедноста и одржувањето на „Белградска“ согласно Договорот од 05.08.2019, е обврска на Град Скопје. Да беше до нас, проблемот одамна ќе се решеше, дециден е градоначалникот Герасимовски.Согласно договорот за меѓуопштинска соработка меѓу Градот и Општината, сите обврски за одржување на функционалноста на улица „Белградска“, што подразбира и градежни активности ако е потребно, е одговорност и обврска на Град Скопје, а Општина Центар не смее да презема активности во тој домен.Во прилог ви го испраќаме Договорот склучен помеѓу Град Скопје и Општина Центар, Одлуката на Советот и другата документација на увид.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните со попреченост да ја користат услугата за бесплатен транспорт до здравствените установи за што општината има потпишано Меморандум за соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија.Станува збор за бесплатен превоз до здравствените установи со наменски возила на Црвениот Крст за корисници над 18 години, кои користат ортопедско помагало (инвалидски колички, дубаци или одалки), а живеат на територија на Општина Центар, како и лица над 18 години кои не користат ортопедско помагало, но поради болест се во лежечка состојба (неподвижни). За оваа услуга општината издвои 500.000 денари од сопствениот буџет со цел да им го олесни пристапот до болниците и лекарите на граѓаните кои имаат најголема потреба за тоа. Оваа услуга само за еден месец ја искористиле 42 граѓани. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува апел до граѓаните кои ги исполнуваат условите да го закажат својот бесплатен превоз до потребната болница.„Бесплатниот превоз до болниците верувам дека е големо олеснување за семејствата и корисниците кои не се во можност често да ги користат здравствените услуги. Ова е исклучително важна мерка особено за лицата кои немаат помагала или не се во состојба да се движат. Затоа доколку корисникот е подвижен превозот ќе биде реализиран со мало наменско возило на Црвениот крст, а доколку тој е неподвижен превозот ќе се спроведе со специјално наменско возило. Граѓаните кои имаат потреба ги повикувам да ја користат оваа услуга. Бесплатниот транспорт граѓаните мора да го закажат минимум 24 часа однапред јавувајќи се на телефонскиот број 02/15330, во контакт центарот на ЦКРСМ или секој работен ден од 6:00 до 0:00 часот. Со остварување на еден телефонски повик може да се закаже превоз за еден корисник, до една конкретна дестинација од 8:00 до 16:00 часот. И еден корисник бесплатниот превоз во еден правец може да го користи максимум 10 пати во текот на 1 година, но доколку имаат потреба од повеќе истиот може да го платат согласно ценовникот на Црвен крст" потсетува градоначалникот Герасимовски.Герасимовски исто така потсетува и на другите проекти кои се реализираат во општината како едукативните работилници и обуки за давање прва помош со кои воспитувачите, негувателите, наставниците, осмооделенците и другиот стручен кадар во детските градинки и училиштата се здобија со знаења и вештини за соодветно и навремено постапување во ургентни ситуации, односно давање на прва помош, пред се, на децата. Како и едукативните работилници преку кои децата од возрасните групи од сите градинки и клонови се здобиваат со знаења во врска со здравите навики и одржувањето на личната хигиена како и многуте реализирани крводарителски акции за обезбедување крвни компоненти за потребите на здравствениот систем.Општина Центар ќе продолжи да ги негува проектите со Црвениот Крст кои имаат за цел да им помогнат на граѓаните и го олеснат нивното секојдневие.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Герасимовски: Граѓаните да не си ги трошат парите на диви инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети на нивна сметка

Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор за објект на улицата „Железничка“ близу ресторанот Љуц. Градоначалникот Горан Герасимовски на отстранувањето на објектот истакна дека законските прописи мора да се почитуваат од сите чинители во општината.„Сите диво поставени објекти, доградби тераси, платформи без одобрение ќе бидат отстранети. Апелирам до граѓаните да не си ги трошат парите на инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети на нивна сметка. Денеска се отстранува овој објект кој е со димензии 3.80x2.20 метри но и други нелегално изграден објекти како дрвена платформа и челична настрешница на улица „Црвена Вода“ бр. 4 близу Броз Кафе, метална врата на ул. „Мајаковски“ близу пекарата Силбо во Дебар Маало која беше поставена на државно земјиште“, истакна Герасимовски.Герасимовски објави дека има нерегуларности и со 30 жардиниери на улица „Антоние Грубишиќ“. Истите ја попречуваа пешачката патека, општинските служби ги залепија до локалот со цел нејзино ослободување и наложија во рок од 3 дена истите да се внесат внатре. За утре Герасимовски најави дека инспекторските служби најавуваат отстранување помошен објект-гаража на улица „Кеј 13 ноември“ бр74 и доградба на тераса и метална врата на улица „Дебарца“.Инспекциските служби на Општина Центар ќе продолжат со спроведување на зачестените инспекциски контроли со цел почитување на законите и решавање на проблемите на граѓаните.

Скопје | пред 1 година

IMG_3491

Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.,,Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми", им се обрати Герасимовски на собраните жители.Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.

Скопје | пред 1 година

IMG_3466

Герасимовски: Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Нов сквер ќе го разубави платото пред Општина Центар. Станува збор за поставување комунална урбана, т.н. „урбан атрактор“на платото на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ пред Општина Центар. Оваа опрема има за цел да го збогати јавниот простор со урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди. Градежните работи за ново планираната инсталација „урбан атрактор“ се започнати и тој ќе се протега на површина од 56 метри квадратни. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека новиот сквер ќе го оживее просторот и ќе биде ново збирно место за одмор и дружба.„Мило ми е што Дебар Маало добива ново урбано катче за граѓаните. Урбаниот елемент на новиот сквер ќе има модерна конструкција, а во неа ќе има урбана опрема за релаксација и одмор на граѓаните од секојдневието. Ова ќе биде простор каде граѓаните ќе можат да одморат, да се социјализираат или да ги паркираат своите велосипеди додека ги завршуваат обврските во околината. Верувам дека ова футуристичко урбано издание ќе го збогати Центар и ќе биде позитивно препознаено од граѓаните“, вели Герасимовски“, вели Герасимовски.„Урбаниот атрактор“ Општина Центар го добива како донација од Стопанска банка. Истиот ќе биде осветлен и ќе има информативна табла за корисниците на овој урбан елемент. Општина Центар ќе продолжи да работи на нови естетски уредувања и нови проекти за граѓаните.

Скопје | пред 1 година

IMG_3382

Герасимовски: Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во населбата Капиштец. Станува збор за реконструкција на тротоарот долж целата улица. Истиот е 40% оштетен поради што е небезбедно за пешачење особено за повозрасните граѓани и мајките со колички и бебиња. Во следниот период оштетените и искршени коцки ќе бидат заменети со нови, а останатите ќе бидат нивелирани. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека вложувањето во реконструкција на тротоарите е влог во безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот.„Започнавме со реконструкција на тротоарите пред полниот ек на сончевите денови и зголемената фреквенција на граѓани. Тротоарот е оштетен и бара санирање за непречено и безбедно пешачење на сите граѓани. Ќе биде реконструиран долж целата улица од околу 2 км. Зафатот треба да биде завршен за околу еден месец по што граѓаните ќе може непречено да го користат за утрински или попладневни прошетки“, вели Герасимовски.Општина Центар изминатиот период реконструираше тротоари на неколку улици, изведе нови пешачки патеки со кои го олесни пристапот за движење на граѓаните. И во иднина продолжува да вложува во подобра инфраструктура за побезбеден сообраќај на возачите и пешаците.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Герасимовски: Расчистена е дивата депонија во Капиштец

Општинските служби ја расчистија депонијата во напуштениот објект во Капиштец спроти Католичката црква. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека од локацијата во неколку наврати се отстрани смет, шут, кабаст и градежен отпад. Депонијата беше потенцијален извор на разни инфекции, но и опасност за безбедноста поради собирање бездомници кои палеа оган од насобраното ѓубре.„Ваквите депонии мора да бидат расчистени од причина не само што ја нагрдуваат сликата во општината, туку поради тоа што најчесто се дувло на бездомници и потенцијални жаришта на зарази и нови пожари. Јавната хигиена и здравјето на граѓаните мора да биде на прво место“, вели Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Герасимовски: Центар со стратешки план ќе ги дефинира приоритетите за енергетска транзиција

Градоначалникот Герасимовски презентираше до каде е Општината во процесот на енергетска трансформација и транзиција. Тој потенцираше дека фотоволтаичната централа поставена на градинката Пепелашка минатото лето дава одлични резултати во намалување на трошоците за електрична енергија, а следно е поставување на централа врз покривот на ООУ ,,Киро Глигоров". Наша цел е да поставиме фотоволтаични системи на сите основни училишта, но засега почнуваме прво со ООУ „Киро Глигоров“. Мораме да бидеме претпазливи и внимаваме на секој детаљ. Засега сме во процес на јавен тендер и фирмите учесници треба да ги исполнат критериумите.Вангел Андрески, директор на Енергија Центар ја потенцираше улогата на првото вакво претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори.„Со поддршка на Фондацијата „Фридрих Еберт“ успеавме да формираме вакво претпријатие, а процесот беше макотрпен и понекогаш фрустрирачки, со многу докуменатција, барања за куп дозволи по разни институции. Сега кога веќе започнавме со работа се соочивме со нов проблем, а тоа е потреба од едукација и подигање на свеста на граѓаните за придобивките на фотоволтаиците и нивната безбедност за корисниците, истакна Андрески, зборувајки за проектот кој се планира за ООУ ,,Киро Глигоров”.Експерите се согласија дека иднината е токму во енергетската транзиција и трансформација која треба да почне од локално за да се прошири на национално ниво. Заштедите, но и бенефитите за животната средина се од непроценлива важност за воведување на вакви „зелени“ енергетски системи, но за разлика од другите држави во ЕУ и регионот, ние сме се уште во пионерска фаза.Сите заштедени средства, велат експерите, по теркот на европските држави, понатаму треба да се влеваат во проектите од доменот на животната средина, преку субвенции за здрав и еколошки начин на живот на граѓаните.Денешната работилница ,,Патоказ за енергетска транзиција - дефинирање на стратешки пристап кон одржлива иднина на Општина Центар" се организираше под покровителство и соработка со Фондација Фридрих Еберт, невладината Гринер и Општина Центар.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-1

Герасимовски на тренингот на Работнички: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.При средбата Герасимовски ги извести играчите дека Општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината. Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Герасимовски: Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби, ова е голема победа на општината

Станува збор за Иницијатива со која на сите локални самоуправи во државата им се дава можност за конфискација на бесправно изградените објекти на нивна територија и нивна пренамена во функција на општината.„Општина Центар е лидер во промени, лидер во храбри и позитивни одлуки и решенија во полза на граѓаните. Прифаќањето на Иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти и нејзино преточување во Законско решение е победа на Општина Центар но и сите други општини во државата. Собранието на 19 овој месец, го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имот на корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, каде во Членот 66 е преточена Иницијативата која ја поднесов до ЗЕЛС со која се дава можност Агенцијата за конфискуван имот врз основа на одлука на Владата дивоградбата да ја предаде на општината. Ова значи дека ние општините имаме две можности или да го легализираме објектот или доколку има услови истиот да го урнеме во рок од 6 месеци од прием. Доколку одлучиме да го легализираме, ќе можеме да го дадеме на социјално ранливи категории на граѓаните или на користење за разни културни, пензионерски, младински домови“, посочи Герасимовски денеска пред медиумите.Герасимовски појаснува дека новото Законско решение налага локалните самоуправи да не можат да го ОТУЃАТ објектот на градежни фирми или други субјекти кои се работат со недвижности, што всушност значи дека се иззема било каква можност за профит на сметка на нелегално изградените објекти. Новиот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка не се однесува за дивоградбите кои се на приватно земјиште, за кои веќе се води инспекциска постапка за рушење или се води постапка за легализација.На прес-конференцијата Герасимовски потсети дека иако поднесувањето на Иницијативата беше широко прифатена од градоначалниците сепак мораше да ги помине институционалните процедури во Министерството за транспорт и врски, Министерството за правда и Собранието како законодавен дом.„Во државата има близу 100 илјади дивоградби, еве во Општина Центар има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, околу 5,5 милиони денари за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Но сега со новото законско решение наместо дувло на бездомници како што најчеста е реалноста дивоградбите ќе можат да се пренаменат и за други потреби односно да бидат или пензионерски домови, креативни работилници или клубови за млади или пак предадени за социјално загрозени семејства“, потенцира Герасимовски.Герасимовски напоменува дека со донесувањето на ова законско решение ќе се превенира урбанистичкиот хаос, а градежниците ќе треба да се запрашаат дали ќе градат без одобрение за градба. Воедно потсетува градоначалникот дека средствата планирани за уривање на нелегални објекти општините ќе може да ги пренаменат во други потреби за граѓаните.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Герасимовски: Општина Центар е пример за инклузија на сите деца со попреченост

Денеска на Денот за подигање на свеста за церебралната парализа градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈУМЦСР Изеир Мемеди ја посети работилницата во Центарот за деца со церебрална парализа отворен во ООУ „Киро Глигоров“ на која покрај децата со церебрална парализа се приклучија и второодделенците од училиштето и децата од Центарот со Даунов синдром.„Општина Центар ја негува инклузивноста, а доказ за тоа е и ова училиште кое всушност е прво училиште во државата со отворен дневен Центар за деца со церебрална парализа. Центарот има капацитет за згрижување на 40 корисници, а во моментов го посетуваат 32. На денешната работилница може да видиме дека децата одлично се дружат, тие овде ја добиваат целата поддршка согласно нивните индивидуални потреби, имаат на располагање стручен кадар но и најсовремени средства и дидактички материјали. Овој Центар претставува голем чекор којшто обезбедува инклузија за сите деца со попреченост“, порача Герасимовски.Центарот за деца со церебрална парализа започна со работа во 2019 година, тој се протега на површина од 305 м2 и истиот е опремен со антибактериски подови, тоалети адаптирани за потребите на лицата со церебрална парализа, кујна по хасап стандарди, рампи за пристап до ботаничка градина и спортски терени во училиштето, клинео плафони, адаптибилно загревање и интерактивни табли.Општина Центар преку отворање на ваков центар покажува грижа и целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството како и огромното значење за локалната заедница во обезбедување поквалитетен живот за сите граѓани во целата заедница. Хуманото и инклузивно образование кое го негува Општина Центар особено во ООУ „Киро Глигоров“ е пример кој треба да го следи секоја општина.

Скопје | пред 1 година

Gerasimovski-vo-360

Герасимовски: На Меѓународниот ден на поезијата го славиме поетското дело на великанот Петре М. Андреевски

По повод Денот на поезијата – 21 март, Општина Центар и Здружението Форум за човекови права-Скопје, заеднички го реализираа проектот „Омаж за Петре М. Андреевски по повод 90 години од раѓањето – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус“. Проектот е во рамки на Конкурсот на Општина Центар од областа на културата.Денот на поезијата е од особено значење не само за поетите, туку е празник и за читателите. Читателската публика, како љубител на поезијата на М. Андреевски, која претставува уметност од зборови. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека делата на Петре М. Андреевски се дел и од колективната меморија на граѓаните.„Денеска го славиме Светскиот Ден на поезијата. Но, во исто време годинава чествуваме 90 години од раѓањето на великанот на македонското литературно творештво, Петре М. Андреевски. Неговите песни, романи, драми сме ги прочитале милион пати. Тие станаа дел од нашата колективна меморија. Стиховите и мислите на Андреевски се автентични и длабоко македонски. Неговите дијалози ги кажуваат безвременските вистини за тоа кои сме и што сме. Мали а во исто време големи! Ранливи а во исто време непокорни и неуништливи! Пркосниот Пиреј, безвременската Дениција, исконската Касни Порасни, се мојот омилен избор кога зборувам за Андреевски. Тоа се дела со кои пораснав, од кои многу научив и на кои постојано се навраќам. Голема чест ми е што токму денеска на овој ден посветен на поезијата се потсетивме на големиот македонски автор“ истакна Герасимовски.На настанот беше прикажан документарниот видео запис во чест на Петре М. Андреевски кој важи за еден од најпопуларните македонски поети и раскажувачи на сите времиња, романописец, есеист и драмски автор чии дела претставуваат вистински аманет за македонското творештво.Во документарните записи беа прикажани архивски видео записи од самиот Петре М. Андреевски, видео инсерти во кои се говори за неговиот живот и творечки опус од членови на семејството, ќерката Деница Андреевска Богданова и од неговите современици: Матеја Матевски, Мирче Нешовски, Цветан Враживирски.За значењето и придонесот на неговото поетско дело свои обраќања покрај градоначалникот Герасимовски имаа и проф. д-р Кристина Николовска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Дел од неговите дела и денеска издавачка куќа Три ги изложи на настанот.Музичка преработка со уметнички призвук во интерпретација на Џина Папас Џокси предизвика воодушевување, како спој од стиховите на песна од збирката поезија „Дениција“ на Петре М. Андреевски. Во негова чест вечерва во Музејот на Македонската борба за самостојност ќе биде одржана Манифестација “Моќта на поезијата” организирана од Здружението на пензионери на Општина Центар и Здружението на просветни работници на Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski

Герасимовски: Еко акции во сите основни училишта и градинки во Центар

По повод првиот ден на пролетта во сите основни училишта и градинки во Општина Центар се проведува еко акција во која наставниот и воспитниот кадар заедно со дечињата и учениците го чистат сметот и садат нови цвеќиња и садници. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски им се приклучи на учениците во ООУ „Ј.Х. Песталоци“, а со донации на цветен расад се приклучија и нашите пријатели од Рамстор во ООУ „Гоце Делчев”.„Еко акциите кои денеска се спроведуваа во сите училишта и градинки имаат одличен едукативен карактер за децата од градинките и ученици. Тие се одличен пример да ја развиваме свеста за чиста и уредена средина, дополнително садењето цвеќиња и садници ќе ги разубават и развеселат предучилишните и дворовите во училиштата, а воедно и ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот. Затоа е потребно вакви еко акции да имаме повеќе и на различни локации“, порача Герасимовски.Во рамки на Меморандумот за соработка, Пакомак неколкупати одржа еко часови каде ги запозна основците со правилното селектирање на отпадот и бенефитот од неговото рециклирање. Во училиштето има поставено и машина се селектирање на пластични и стаклени шишиња и лименки и за секое од нив Пакомак одвојува по 2 денари за училиштето, еден денар за реквизити, еден за Фондот за талентирани ученици.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Герасимовски и Дарко Корен од Хрватска разменуваат искуства за енергетиката, децентрализацијата и европските фондови

Делегацијата на Копривничко крижевачка жупанија денеска во посета на Општина Центар, со цел да се продлабочи меѓусебната соработка. Жупанот Дарко Корен и градоначалниот Герасимовски на работниот состанок ги разгледаа можностите за размена на искуствата во доменот на енергетиката, децентрализацијата, користењето на европските фондови.,,Спогодбата за соработка во институционалната, економската и културната дејност меѓу Копривничко-крижевачката жупанијата која се потпиша минатото лето е добра основа да соработуваме и влечеме искуства од нашите колеги кои повеќе од една деценија се дел од ЕУ. Нивната експертиза во доменот на европските фондови и користење на истите за производство на зелена енергија и проекти во доменот на образованието, културата и стопанството ни се добредојдени. Регионот мора да си помага, не само на центарлно, туку и на локално ниво“ истакна Герасимовски на работниот состанок со делегацијата од хрватската жупанија.Жупанот Дарко Корен истакна дека односите мегу двете земји се на високо ниво, но во исто време мора да се зајакнуваат и врските меѓу локалните самоуправи.„Децентрализацијата е европски тренд и мора да го следиме. Мораме и да ги споделуваме и европските искуства, особено во областа на енергетиката. Чистата и обновлива енергија е нешто кон што и ние како жупанија тежнеме и веќе длабоко сме навлезени во таа проблематика. Затоа сме овде денеска. Да соработуваме за да имаме регион кој енергетски ќе биде компатибилен со она што се случува сега во ЕУ“, истакна Корен.На средбата градоначалникот Герасимовски на Корен му го подари „Фениксот“, обележје на општината како симбол на повеќекратната преродба на градот и општината по разните доживеани катастрофи низ историја, додека од жупанот Корен пак доби слика во уникатниот стил на „наивата“, уметнички правец по кој е препознатлива Хрватска.Градоначалникот Герасимовски заедно со жупанот Корен и хрватската делегација беа во училиштата „Коле Неделковски“ и Киро Глигоров“, како и во градинката во градба „Пролет“ каде се планира поставување на фотоволтаични централи.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за сите деца до 18 години и социјално загрозените семејства

Општина Центар е првенец во обезбедување бесплатни услуги за своите граѓани. Денеска, на одбележувањето на Светскиот ден на оралното здравје, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со претставници од Стоматолошкиот факултет ги промовираа новите бесплатни услуги за граѓаните. Станува збор за користење услуги од областа на болести на устата и пародонтот, орална хирургија, болести на забите и ендодонтот, стоматолошка протетика и услуги од областа на детска и превентивна стоматологија. Услугите ќе бидат достапни за сите деца до 18 годишна возраст и сите социјално загрозени семејства со потврда од МТСП кои се жители на територија на Општина Центар.„Оралното здравје е исклучително важно за целокупното здравје на секој човек. За жал, како граѓани навикнати сме да ги посетуваме стоматолозите тогаш кога веќе имаме проблем или болка. Затоа со обезбедувањето бесплатни стоматолошки услуги ние имаме за цел да ги доближиме услугите до граѓаните со цел нивно почесто користење. Здравите навики се стекнуваат од мали нозе и за тоа денеска ни помогна професорката Елизабета Ѓоргиевска од Стоматолошкиот факултет со цел да ја развиеме свеста за важноста на оралното здравје“, истакна Герасимовски.Заинтересираните лица за користење на услугите ќе може да закажат термин од понеделник до петок, од 08:00 до 14:00 часот, на телефонскиот број на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” - Скопје, Стоматолошки факултет-Скопје или на 071 223-320 по принципот прв дојден прв услужен. На веб страната на општината https://www.centar.gov.mk/?p=20359 може да се прочитаат и потребните документи за користење на бесплатните услуги.Преку обезбедувањето на овие бесплатни услуги Општина Центар овозможува децата од предучилишна и училишна возраст, како и граѓаните од социјално загрозени семејства и корисниците на пензија до добијат поголем обем на стоматолошки здравствени услуги што ќе бидат сеопфатни, квалитетни, превентивни и куративни услуги. Воедно, општината ја зголемува свесноста за потребата за грижа за оралното здравје и превенцијата на оралните заболувања кај индиректните корисници и др..Општина Центар досега неколкупати ги прошири проектите кои обезбедуваат бесплатни стоматолошки услуги за граѓаните. Најпрво, тие опфаќаа ученици во социјален ризик, потоа деца од градинките кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, а минатата година проектот се прошири и на пензионерите, односно лицата со навршени 62 години. Од денеска оваа услуга ги опфаќа сите деца и ученици до 18 годишна возраст како и сите членови на социјално загрозените семејства на територија од Општина Центар. Во рамки на денешното обележување на Светскиот ден на оралното здравје учениците од центраските училишта цртаа цртежи кои ги прикажуваа како се оралната хигиена.Општина Центар ќе продолжи да ги проширува проектите кои го унапредуваат здравјето на сите граѓани во општината.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања