Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

герасимовски

Нема фотографија

Герасимовски: Во моментов се подготвува проект за новиот изглед на салата „Работнички“

Општина Центар го чека идејниот проект за салата „Работнички“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој денеска гостуваше во утринската програма на Телма телевизија, откри дека клубот за две години се вратил на старите победнички патеки, а шампионската слика ќе ја комплетира со новата сала.“Се уште немаме идејно решение како салата ќе изгледа, но ќе биде со истите димензии, целосно реконструирана, со нов паркет и трибини, нови санитарни чворови и нов кров“, рече Герасимовски.Тој исто така истакна дека како и салата така и клубот биле во многу лоша финансиска состојба, но по спонзорството во 2022 година клубот почнал да се крева. Со добиените средства од Владата во вредност од 30 милиони денари минатата година, клубот сериозно се враќа на шампионските патеки.„Во 2021 ноември кога дојдов во општината како градоначалник, клубот беше на десетто место со четири неисплатени плати, со лоши внатрешни односи и со околу 600 000 евра долг. Во моментов клубот е на прво место. Има сериозни спонзори, одлична екипа на играчи, но и внатрешните односи се на високо ниво. Од долгот останати се околу 70 000 евра од 600 000 колку што должеше пред 2 години. Очекуваме оваа година да бидеме шампиони и да го задржиме како и досега првото место, како и многу успеси во текот на следната година. Се враќа Работнички на победничките патеки“, рече Герасимовски.Тој во гостувањето зборуваше и за идните проекти на општината како поставување на фотоволтаици, катната гаража во Капиштец, новите зеленила, проектите за намалување на проблемот со паркирањето и др.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Јовковска и Камилоска: Помалку пластични цвеќиња, а повеќе права за жената на 8 Март

По повод Денот на жената, 8 Март, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, направи кратки интервјуа со две жени од Центар познати по својот општествен ангажман и активизам за правата на жените. Ана Јовковска и Ирина Камилоска се жени од Центар кои секојдневно ги поттикнуваат и мотивираат жените да се борат за своите права но и да ги надминуваат предрасудите и стереотипите.Ирина предизивика внимание во јавноста кога започна необична форма на активизам која ја нарече „Искачување на Водно со бебиња“. Таа поттикна млади мајки да бидат физички активни и покрај тоа што имаат многу мали деца и заедно со нив да се искачуваат на Водно.„Ја организирав акцијата затоа што сакав да си дадам шанса на себе си и на многу други мајки коишто се најдоа во една иста ситуација како мене, затекнати од мајчинството, да продолжат да бидат активни“, вели Ирина.Групата достигна повеќе од 20 мајки кои редовно се искачуваат на Водно истовремено уживајќи со своите бебиња на чистиот воздух. За Денот на жената Ирина како жена спортист порача дека се уште постои дискриминација на жените во спортот и дека мора да се работи на зголемување на бројот на жени на раководни функции во сите сфери. Герасимовски потсети дека Ошптина Центар е една од ретките каде бројот на раковосни позиции е исполнет со повеќе жени од мажи и дека исклучително многу се внимава на родовата еднаквост.„Во Општина Центар поголем број на вработени прво во самата општина се жени. Имаме осум училишта што сите ги раководат жени, имаме три градинки каде што во истите директорки се жени. Претседател на Совет е жена, само градоначалник е маж“, низ смеа заклучи Герасимовски.Ирина на крајот од видеото испрати и порака до сите жени да продолжат да се борат за подобар општествен статус.„Моја порака до сите жени е да се борат за себе и своето место во општеството. Да се биде жена значи дека ја поседуваш силата меѓутоа таа сила е истраена со една ранливост која што ја имаме сите ние жени. Но да се биде жена верувајте дека ја имате силата да го поместите светот со своите дланки само треба вистински да го посакате тоа и да не гледате ниту една пречка во животот за вашите цели“, заврши Ирина.Ана Јовковска пак говореше за зборот и комуникацијата како моќна алатка со која таа се бори за правата на жените и со кој се обидува да го подигне гласот на жените во општеството. Таа раскажа како започнала да биде активна на полето на женскиот активизам кога пред 15 години како новинар за прв пат имала можност да интервјуира неколку жени коишто беа жртви на семејно родово базирано насилство, што ја поттикнало да остане целиот живот вклучена на оваа тема.„Зборот е многу моќна алатка и тоа е она што постојано го повторувам, да се чуе гласот на секоја една жена. Пред 15 години имав можност да интервјуирам неколку жени коишто беа жртви на семејно родово базирано насилство. Имав можност нивните стории да ги следам од секоја модринка на телото преку нивните емоционални лузни, па се до шелтер центрите во кои беа сместени. Една од нив се сеќавам дека беше и со малечко дете. Наша одговорност е да се бориме за оние чии што глас е стишан“, вели Јовковска.На прашањето на Герасимовски што функционерите треба да прават за унапредување на положбата на жената, Јовковска порача дека е од суштинска важност жените да се вклучени во донесување на клучни политички одлуки и да се поставени на лидерски позиции.„Ние мораме да имаме исти можности и загарантирани еднакви права. Значи еднаков пристап до здравствени услуги, секако до работни позиции значи еднаков пристап до пазарот на трудот, но и исти плати од друга страна. Потребна е вклученост на жените во донесување на клучни политички одлуки, лидерски позиции но и услуги. Потребни се бесплатни гинеколошки прегледи кои што би биле достапни во секое населено место, родителското отсуство и вреднување на неплатениот домашен труд. Знаеме колку жени минуваат време и трошат енергија во грижа за домашните. Клучно би рекла дека мора да се обезбеди живот без насилство. Заштита од секаков тип насилство од физичкото насилство како една најбрутална форма, психолошкото насилство, економското насилство па и она што е денес најактуелно дигиталното или сајбер насилството. Со други зборови некаква сигурност за независност кај секоја една жена“, заклучи Јовковска.Герасимовски ја праша каква порака би сакала да сподели на меѓународниот Ден на жената на што Јовковкса рече:„Жените се повеќе треба да се освестуваат тоа дека треба да си бидеме поддршка едни на други да се бориме за женска солидарност. За 8 Март само би порачала да има помалку подароци и пластично цвеќе, а повеќе изборени женски права и женски слободи“, заврши Ана.

Скопје | пред 1 година

Gerasimovski-vo-Televizija-24

Герасимовски: Новите ДУП-ви во Центар носат подобри урбанистички решенија

Носењето нови ДУП-ви има една цел, а тоа е подобро урбанизирање на јавниот простор според густината и потребите на населението, смета градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Тој вчера вечер во телевизиско гостување на Телевизија 24 зборуваше за детално урбанистичките планови кои ги носи Општина Центар.„Во минатото имало лоши ДУП-ви кои ние во моментов ги подобруваме и носиме нови каде што воопшто не биле донесени или се премногу стари. На пример за Француски гробишта од 1991 каде нема ни ажуриран ДУП. Целта за носење на ДУП-те е подобро урбанизирање на самиот простор, а тоа подразбира подобри сообраќајници, повеќе зеленило, јавно добро односно вцртување на нови градинки во зависност од потребите и густината на населението, нови училишта, културни центри итн“, рече Горан Герасимовски во емисијата „Отворено“.Герасимовски потенцираше дека преку носењето подобри планови за организирано живеење Општина Центар има за цел и да ја промени перцепцијата кај граѓаните дека истите се носат поради некакви лични интереси. Тој низ низа промери и споредби го посочи Детално урбанистичкиот план за Крњево 2 кој неодамна го донесе Советот на општината.„Дали било подобро претходно ова урбано решение каде што имаме „Г“ зграда којашто е 57 000м2 или сега со 33 000 м2, каде што имаме подобри сообраќајници и влезови во самата населба, каде што имаме пешачки патеки и провев, каде што се стопирани оние сообраќајници каде што биле слепи и не се дозволиле со новите законски правила и можности, каде што зеленилото е за 4 пати зголемено итн. Значи целта ни е да во носење на самите ДУП-ови како општина како планери да креираме што подобри услови за живот“, рече Герасимовски.Градоначалникот Герасимовски во гостувањето потенцираше дека при носењето на ДУП-те треба особено внимание и при изборот на планерските куќи кои ги изработуваат истите за да не се случуваат прекини за отпочнување нови постапки и ДУП-ви коишто не можат да се донесат ниту за 10 години.„Тоа значи дека во моментот кога ќе почне нова процедура треба да се комуницира со Агенцијата за просторно планирање за да се види како тече и самото носење на ГУП-от за да ДУП-от којшто ќе се носи, тие параметри и бројки се прилагодат со цел да не треба во иднина да се прави дополнително усогласување кога ќе се донесе новиот ГУП“ рече Герасимовски.

Скопје | пред 2 години

Makfax.01_05_53_48.Still301

Герасимовски за акцијата на градилиштето позади Универзална: Наместо -2 напаравен е -1 спрат, ставена беше жолта лента, но инвеститорот продолжи со градба

Градоначалникот Горан Герасимовски е дециден дека земјиштето на улицата „9 Мај“ позади Универзална сала, ќе се врати во првобитна состојба и нема да се гради. Тој посочи дека градежните инспектори на Општина Центар констатирале дека фирмата инвеститор не постапила според дадените насоки за да се заштитат околните објекти. Наспроти ова, тој продолжил со градба.„Во оваа држава постојат закони и мора сите да ги почитуваат. Пред неколку месеци настана проблем од страна на фирмата која го има одобрението за градба. Јамата која требаше да се спроведе, не се спроведе. Не беше заштитена зградата. Немаше ‘шипови’ за стабилизација на целото земјиште. Наместо -2 напаравен е -1 спрат. Ставена беше жолта лента, но инвеститорот продолжи со градба. По решението од градежниот инспектор, за враќање на земјиштето во првобитна состојба, тоа се прави денеска“, рече Герасимовски.Штетата на улицата која пропадна поради градилиштето – треба да ја санира инвеститорот. Ако тоа не го направи до крајот на рокот, штетата ќе ја санираат „Улици и патишта“, а ќе се фактурира на фирмата инвеститор.„Има неколку казни од вкупна вредност 12.000 вредност. Во судска постапка е дадена, истата мора да се плати“, рече Герасимовски.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Герасимовски ќе реконструира 14 улици во првата година

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување на утринската програма на Сител ТВ „Ја сакам Македонија“, најави инфраструктурна градежна офанзива во општината. Во првите 7 месеци од годината реконструирани се 5 улици: „Орце Николов“, ул. „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, ул. „Црвена вода“, ул. „ Дебарца“ и ул. „Светиниколска“ во Маџир Маало, со вкупна површина од 7600 м2.„Може да се пофалиме дека првите седум месеци имаме 5 реконструирани улици. Ветив дека за оваа година ќе имаме 14 и не секогаш сѐ зависи од нас, вклучително и брзината на работењето. Во моментов се реконструираат неколку улици во ваша близина, но поради врнежливото време, една недела не можеше да се асфалтираат, поради што беа стопирани градежните работи. Но од денеска се продолжува и за брзо време и тие ќе бидат реконструирани“, изјави Герасимовски.Герасимовски истакна дека во моментов општината работи на реконструкција на уште седум други улици меѓу кои ул. „Партизанска“, ул. „Ристо Шишков“, ул. „Станбена улица три“, ул. „Станбена улица два“ и пристапна улица „102 а“ ( сите три ја сочинуваат „Адвокатската улица“), ул. „Петар Поп Арсов“, ул. „Рајко Жинзифов“, а наскоро започнува и првата фаза од реконструкциите на улиците „Козара“ и „Ленинова“.Општина Центар интензивно работи на инфраструктурните проекти, со цел да обезбеди безбедност на улиците како за учесниците во сообраќајот, така и за пешаците.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања