ГЕРАСИМОВСКИ

gerasimovski

Герасимовски: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно, се грижиме за сите генерации

Кандидатот за втор мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Тема на денот“ во вестите на ТВ Сител истакна дека фокусот во неговата програма е насочен кон најмладите и највозрасните жители.„За родителите и учениците, во новата програма предвидуваме мерки за значителна заштеда на семејниот буџет. Сите ученици од прво до четврто одделение ќе имаат бесплатен и здрав оброк, а учениците од петто до деветто одделение бесплатна екскурзија низ Македонија,“ рече Герасимовски.Тој потсети дека општината веќе обезбедила бесплатни ранци за првоодделенците и бесплатни униформи.,,Последните четири години вложивме многу и во нашите градинки. Денес условите се подобри и од приватните, а цената е само 1.490 денари. Сите градинки се реконструирани, а ја изградивме и модерната градинка „Пролет,“ која стана пример за сите останати.Во следниот мандат почнуваме со изградба на нова градинка кај Клиничкиот центар, со капацитет за 100 деца и 25 воспитувачки. Планираме воведување на двосменски престој во градинките, за да им излеземе во пресрет на родителите. Веќе имаме успешен пример во „Пепелашка,“ каде функционира двосменска група со ужина, одмор и воспитувач, рече градоначалникот.Посебен акцент Герасимовски стави и на грижата за пензионерите.„Локацијата за нов Дом за стари лица е веќе определена , на Водно, со алтернативна можност во Капиштец. Домот ќе биде изграден на два ката, со вкупна површина од 400 квадратни метри и земјиште од 2.000 квадратни метри. Првично е замислено да биде за 50 лица, но најверојатно оваа бројка ќе биде поголема. Престојот ќе биде со минимална партиципација од 12.000 денари месечно, значително пониска цена во споредба со приватните домови,“ рече Герасимовски.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarylaah24uqqk6504HuTHJ

Герасимовски го отвори штабот во Дебар Маало: Реализиравме над 90 отсто од програмата, одиме на победа

Синоќа во Дебар Маало беше отворен централниот промотивен штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски. Настанот го посетија голем број граѓани и поддржувачи кои со своето присуство ја потврдија довербата и поддршката за неговата кандидатура за втор мандат.Во своето обраќање пред присутните, Герасимовски истакна дека ќе продолжи да работи посветено за Општина Центар и за подобар квалитет на живот на сите жители. Тој потенцираше дека заедно со тимот на најдобар покажале како треба да се води Центар.„Со гордост и со факти кажавме дека во над 90 проценти ја исполнивме нашата програма. Денеска Центар, по мислење на многумина е најдобрата општина во државата. Воведовме нов начин на управување. Слушаме, се консултираме, не има секогаш и насекаде на терен помеѓу граѓаните. Сè што правевме беше единствено за граѓаните на нашиот Центар што го сакаме. Затоа и решив да продолжиме заедно, за да Центар биде уште подобар“, рече Герасимовски.Герасимовски, изјави дека ги има резултатите, програмата, но и енергијата и емоцијата. Тој ги повика сите центарци да продолжи новата испишана приказна во Центар.„Од срце ве повикувам на целосна мобилизација. Ве повикувам на заедничка работа со добра мисла. Ве повикувам да бидеме дел од заедничкиот успех, од заедничката победа за Центар што го сакаме. Да живее Центар, за победа!“, порача Герасимовски.Денеска, кандидатот за градоначалник Горан Герасимовски ќе биде со жителите на Кале, каде што ќе разговара за нивните потреби, предлози и идеи за идниот развој на општината.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryckpf40hut44i6QCOI8c

Герасимовски: Кампањата ја стартуваме со садење дрвја, како симболика за развој и долгорочна грижа за Центар

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката листа Александар Савевски и сите кандидати за советници, кампањата за локалните избори ја почнаа со работа, со садење дрвја во Паркот на Франкофонијата како симболика за развој, за одржливост, за иднина, за долгорочна грижа за Центар.Герасимовски, потенцираше дека во изминатите четири години со доверба од граѓаните се создаде нова приказна во Центар. Со многу работа, со многу љубов, знаење и верба, се развиваше Центар што го сакаме.„Со Вас граѓаните испишавме одлична Програма и конкретни планови. За сите маала, улици и граѓани. Бидејќи за нас најважен е граѓанинот. Со Вас, ја правиме најсилната коалиција, најсилното движење и најдоброто решение за Центар што го сакаме. Како и досега, и во овие денови, со нашиот центарски и најголем тим од 600тини волонтери и поддржувачи ќе влеземе во над 15 илјади домаќинства. Лично и со мојот одличен тим, сакаме да ви ги понудиме најдобрите решенија за сите барања и потреби. Директно и јасно, чесно и одговорно, со план и со највисока почит. Верувам во Вашата мудрост и желба да продолжиме да го градиме Центар што го сакаме. Безбеден. Чист. Зелен. Хуман. Солидарен. Достоинствен. Отворен и модерен. Центар на културата, најдоброто образование и спокојното живеење. Посакувам и ветувам мирна и позитивна кампања. На останатите кандидати им посакувам среќа и желба да бидат дел од новата центарска култура која ја креиравме. Преку позитивна кампања да се натпреваруваме со идеи и проекти. Во Центар немало и не смее да има место за навреди и омаловажувања. Веруваме дека граѓаните повторно ќе го изберат Центар што го сакаме“, рече Герасимовски.Носителот на советничка листа Александар Савевски, истакна дека Герасимовски покажал како најдобро се води општина и како жител на Центар одлучил да ги предводи одличните кандидати за советници, со целосна доверба и поддршка за Горан Герасимовски.„Застанувам зад Герасимовски, затоа што тој и тимот работат за сите, не ги делат луѓето и нудат решенија преку чесна и одговорна работа. Застанувам со него, затоа што тој предводи вистинско граѓанско движење, нова енергија во Центар! Решив да бидам со Горан затоа што како и за мене, и за него, граѓанинот е во центарот, затоа што знае да слуша, да исполнува, знае да обединува и знае да води општина со сите и за сите, без политика и интереси. Центар што го сакаме е за сите, без делби и кавги, со вистинска култура и разбирање. И како доктор и како иден советник, за мене луѓето се најважни. За Центар, за граѓаните, целосно ќе работам. И затоа ја барам подршката да сработиме за Центар што го сакаме“, изјави Савевски.

Скопје | пред 4 месеци

media-library4kr1rin4ksj69Uii80B

(Видео) Центар е преполн со ѓубре – Комунална хигиена не ја врши работата, вели Герасимовски

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски вели дека целата општина е преполна со смет, посочувајќи дека тоа е надлежност на Комунална хигиена, претпријатие под Град Скопје, кое според него, не си ја врши работата.„Нашите хигиеничари доработуваат она што комунална хигиена не го сработела изминатите денови. И по овој мој апел, ќе слушнеме демант од страна на претпријатието, дека навремено си ги завршуваат обврските. Општина Центар е преполна со ѓубре“, вели Герасимовски.

Скопје | пред 4 месеци

IMG_0854

Герасимовски: Денеска поставуваме фотоволтаични панели во училиштето „Св. Кирил и Методиј“

Денес започна поставувањето на фотоволтаични панели во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот Горан Герасимовски утрово го посети ова центарско училиште и им посака успешна работа на екипите задолжени за инсталацијата.„Денеска сме во училиштето „Св. Кирил и Методиј“ каде што ги поставуваме фотоволтаичните панели на нашите кровови. По завршување на поставување на фотоволтаични панели на училиштето „Киро Глигоров“ сега продолжуваме и во другите училишта. Општина Центар е енергетски независна општина, општина којашто е прва и има основано претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар“. Продолжуваме да го користиме сонцето и преку обновливи извори на енергија да ги задоволуваме потребите за струја во нашите училишта и со тоа ги намалуваме сметките на самите училишта“, рече Герасимовски.Со поставувањето на фотоволтаични панели во училиштата се обезбедуваат подобри услови за наставниот процес, се поттикнува еколошката свест кај младите генерации и се создава пример којшто може да го следат и други институции.

Скопје | пред 4 месеци

Gerasimovski-2

„Шанса за Центар“ со критика кон Герасимовски: Популизам пред избори, невладините ги игнорираше целиот мандат

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ жестоко реагира на најавата на актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, дека бара од невладиниот сектор да предложи советник кој ќе ги застапува нивните интереси.„А каде беа тие интереси во целиот негов мандат? Нашите предлози постојано беа игнорирани, одбивани или маргинализирани“, стои во нивната објава. Од иницијативата потсетуваат и на случајот со просторот кај поранешната фабрика „Треска“, за кој велат дека иако инсистирале барем дел од локацијата да се искористи за парк, нивните барања биле саботирани.„Сега, пред избори, одеднаш се сетил на граѓанските организации. Ова не е вистинска грижа, туку чист популизам“, порачаа од „Шанса за Центар“, додавајќи и саркастична понуда: „Еве да возвратиме со љубезноста, го каниме СДСМ да даде нивен предлог кај нас на листа“.Тие ја завршија својата реакција со порака дека очекуваат „фер избори“ и дека ќе се видат со политичките противници на гласање.

Скопје | пред 5 месеци

Gerasimovski-2

Герасимовски на советничката листа ќе стави претставник од граѓанските организации, побара тие да предложат име

Градоначалникот Горан Герасимовски, на средбата со претставници од граѓанските организации, побара од нив да предложат кандидат за советник кој ќе ги застапува нивните права и интереси во идниот општински совет.„Одиме чекор напред, од вас, но и од други групи на граѓани да побараме предлози за да направиме една советничка листа којашто нема да биде само партиска, туку ќе биде и граѓанска. Сакаме да вклучиме што повеќе луѓе од различни позиции, од невладини организации, од здруженија, за да дадат свој допринос во начинот на функционирање и креирање на политиките на општината, се со цел подобрување на условите за живот на нашите граѓани“, рече Герасимовски.Герасимовски истакнува дека Општината покажала треба да биде на граѓаните, а не на политичките партии.Герасимовски потенцира дека Советот функционира одлично и се прифаќаат сите предлози и идеи кои се во интерес на центарци.Покажавме дека општината треба да биде на граѓаните, а не на политичките партии. Во советот функционираме одлично без разлика на советничките групи, од која политичка партија доаѓаат. Сите оние добри проекти без разлика од кого потекнуваат, преку буџетските форуми преку анкетите, преку многуте дискусии и состаноци кои ги имаме ги прифаќаме без разлика од кого доаѓаат“, вели Герасимовски.

Скопје | пред 5 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-26-at-19.28.27_4399b874

Неизвесна трка во Центар: Герасимовски и Ивановска во борба за фотелјата, трет ќе биде Лабудовиќ

Изборната трка за Општина Центар се очекува да биде една од најатрактивните и најнеизвесните на локалните избори. За партиите, оваа општина отсекогаш била престижна позиција, па затоа засега се уште се тактизира со кандидатурите.Сигурен кандидат од редовите на СДСМ е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, кој влегува во трка за уште еден мандат. Иако во партијата постои делумна поддршка за неговата кандидатура, не недостигаат и критики. Герасимовски пред четири години дојде на функцијата од директорската позиција во Државниот завод за индустриска сопственост, без претходно искуство во локалната самоуправа.ВМРО-ДПМНЕ, пак, според информации, ќе го отстапи Центар на својот коалициски партнер ЗНАМ. Се очекува кандидат да биде Мирослав Лабудовиќ, актуелен заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини. Интересно е што Лабудовиќ доаѓа од редовите на СДСМ, што отвора можност трката да се претвори во дуел „СДСМ против СДСМ“. Во комбинација за оваа позиција биле и поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ и екс претседателката на Градската организација на СДСМ Софија Куновска, која, неофицијално, условила да настапи како независен кандидат со поддршка од партиите, но не и како нивни формален избор.Големо внимание привлекува и кандидатурата на поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, која ќе ја претставува платформата „Независни заедно“. Таа веќе добива поддршка од дел од интелектуалната јавност, кои сметаат дека нејзиното антикорупционерско досие може да биде клучен адут во трката. Сепак, објавувањето на нејзината кандидатура беше засенето од полициска постапка – и на денот на објавата ѝ беше врачена кривична пријава, потег кој предизвика бурни реакции и осуди во јавноста.Левица сè уште не објавила со кој кандидат ќе настапи во Центар, а неизвесно е и позиционирањето на ЛДП. На претходните избори тие до последен момент решаваа дали ќе имаат свој кандидат или ќе поддржат друг фаворит, па слично сценарио е можно и овојпат.Аналитичарите сметаат дека во Центар најверојатно нема да биде избран градоначалник уште во првиот круг. Сепак, кои двајца кандидати ќе се најдат во вториот круг ќе биде јасно вечерта на 19 октомври, кога ќе се пресметаат силите на терен.

Скопје | пред 5 месеци

gerasimovski

Герасимовски: „Центар со срце за Кочани, кога е најтешко, мораме да бидеме заедно“

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната 50. Седница, донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Кога е најтешко, да си подадеме рака, да се поддржиме, да покажеме дека хуманоста и солидарноста се најголемата сила што ја имаме. Нашите мисли се со семејствата кои тагуваат и со сите повредени кои се во процес на опоравување. Им посакувам да останат храбри и да не се предаваат, нека знаат дека не се сами", рече градоначалникот Герасимовски.Советниците ја прифатија иницијативата на Герасимовски, испраќајќи силна порака на сочувство и поддршка за сите погодени од големата трагедија, во која згаснаа 62 млади животи, а 200 беа повредени.„Оваа помош не е само финансиска, таа е симбол на блискост, емпатија и искрена грижа. Кочани ја има нашата поддршка – од мене лично, од Општина Центар, од Советот и од сите центарци. Во овие мигови мораме да покажеме дека сме сплотени – еден народ, едно срце", додаде Герасимовски.

Македонија | пред 7 месеци

gerasimovski

Герасимовски: Подготвуваме одлична програма, анкетите ни даваат ветер во грб за втор мандат

Градоначалникот Горан Герасимовски во „Студио 10“ на телевизија 24 информираше дека заедно со тимот подготвува одлична програма, а последните анкети коишто се направени покажуваат солидни резултати кои даваат ветер во грб за втор мандат.„Во моментов сме сконцентрирани да ги реализираме сите оние проекти коишто ги имаме ветено пред граѓаните. Некои се во завршна фаза, некои се на средина на реализација, сконцентрирани сме на нашиот дел на работење и функционирање. Јас и мојот тим подготвуваме одлична програма. Од последните анкети коишто се направени имаме солидни резултати коишто ни даваат ветер во грб да се бориме на овие локални избори. Во овие четири години покажавме дека можеме малку поразлично да функционираме од сите останати општини и дадовме пример како треба да функционира локалната самоуправа. Имаме совет којшто е мешан од повеќе советнички групи од различни политички партии, невладини организации, движења и слично“, рече Герасимовски.Во емисијата, тој истакна дека општината покажала како одговорно се работи во интерес на граѓаните и верува дека сето тоа дава една позитивна слика којашто дава можност повторно да се побара довербата од центарци.

Скопје | пред 7 месеци

Gerasimovski-2

ДЗР констатирал: Општина Центар има 4,5 милиони евра ненаплатени побарувања

Општина Центар, заклучно со 31.12.2023 година има ненаплатени побарувања во износ од 276.569 илјади денари, или 4.482.480 евра, за кои нема утврдено старосна структура и дали постои законска можност за нивна наплата, утврдил Државниот завод за ревизија.Побарувањата по основ на надоместок за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти се евидентирани на денот кога истите се наплатени и не се склучени договори за одложено плаќање доколку надоместокот не е платен еднократно.По основ на комунална такса за користење на просторот за паркирање на моторни возила, Општина Центар побарува од ЈП “Паркинзи на Општина Центар” – Скопје 16.940 илјади денари кои се однесуваат на побарувања од минати години, а за 2022 и 2023 година воопшто не искажува побарувања по овој основ.Во услови на непостоење на прецизни и јасни критериуми, во 2023 година доделени се финансиски средства на спортски здруженија, спортисти-поединци и стипендии за млади таленти во вкупен износ од 2.256 илјади денари, што претставува само 13% од вкупните средства на Програмата за спорт и рекреација, а останатите 15.000 илјади денари или 87%, Општина Центар ги доделила на КК “Работнички“ АД Скопје, при што во изминатите 9 години нема извршено контрола на наменското и законското користење на доделените средства.Општина Центар исплатила 984 илјади денари за адвокатски услуги во месечни паушали, а не врз основа на извештај/ спецификација за преземени активности според Тарифата за наградата и надоместок на трошоците за работа на адвокатите.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-04-at-11.51.14

(Видео) Герасимовски го нападна полицаецот и ги брани ПОЦ за снимката со драмата во Дебар маало

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, се огласи по снимката на социјалните мрежи каде се гледа како пајак службата и полицаецот не креваат непрописно паркирано возило.„Во однос на ова видео кое се шири по социјалните мрежи, крајно некоректни и манипулативни се обидите од некои медиуми да се префрли одговорноста на Пајак службата која професионално си ја врши работата. Отстранувањето на непрописно паркираните возила е по налог на службено овластено лице.  Во случајов нашите вработени воопшто не го стопираат кревањето, туку едноставно чекаат налог од страна на службеното лице, полицаец. По добивање на истиот веднаш постапуваат и го креваат возилото. Тоа впрочем и го објаснува службеникот од ПОЦ во самото видео.Благодарност до екипите на ПОЦ кои неуморно работат на санкционирање на несовесни возачи. Ја поздравувам и активноста на граѓаните кои бараат санкционирање на сите оние коишто со своите возила ги блокираат улиците и велосипедските патеки во Центар. Истовремено, недозволиво е полициски службеник да не сака да си ја врши својата работа. Барам од МВР да ги санкционира полициските службеници кои не постапуваат при очигледни прекршоци. Недозволива е селективноста при казнување на граѓаните“, напиша Герасимовски.По ова, останува отворено прашањето - зошто ваквите појави, вработените во ПОЦ не ги пријавиле до институциите. Овој случај немаше да се разоткрие ако немаше остра и жестока реакција од граѓани.

Скопје | пред 10 месеци

Gerasimovski-2

Герасимовски: Очекувам во најкус рок иницијативата за вандализмот да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници

Градоначалникот Горан Герасимовски очекува иницијативата за вршење општокорисна работа на малолетниците кои вандализираат во најкус можен рок да се преточи во закон, со цел да се намалат ваквите девијантни појави во општините.„Очекувам во најбрз рок нашата иницијатива да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници да ги поддржат новите законски измени за да може да го спречиме вандализмот во општините. По доставувањето на иницијативата од страна на ЗЕЛС до Владата очекувам ресорните министерства да предложат измени на законите што ќе се донесат по брза постапка во Собранието. Вандализмот е проблем кој мора сите ние заеднички, меѓуинституционално да го решаваме. Еве повторно, гледаме вандализам во центарот на градот, кај „Жена парк - Борец“ кадешто се скршени и откорнати клупи со расфрлан отпад. Ова мора да го стопираме“, вели Герасимовски.Иницијативата на Општина Центар беше едногласно прифатена на последната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС и со неа се предвидува да се направат измени на постоечките законски решенија како Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата. Овие измени ќе донесат позитивни резултати кај малолетните вандали.Во многу европски земји како Велика Британија, Луксембург, Шведска, мерката за општокорисна работа на малолетници кои вандализираат се покажала ефикасна за ресоцијализација на младите, едукација за вредностите како одговорност и почитување на јавните простори.

Скопје | пред 11 месец

Gerasimovski-vo-360

Герасимовски: 1735 пензионери ќе добијат по 2.500 денари пред празниците

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека е завршен јавниот повик за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. На овој повик, 1735 пензионери аплицираа за еднократна финансиска поддршка од Општината која ќе биде исплатена до крајот на годината.Герасимовски потенцира дека аплицирањето на 1735 пензионери за еднократна парична помош од 2.500 денари е важен чекор кон обезбедување на поддршка за време на новогодишните празници.„Во период на новогодишни празници кога целото семејство заеднички прославува, овие денови можат да бидат и дополнителен финансиски притисок за пензионерите. Затоа, наша задача е да им го олесниме секојдневието. Интересот за јавниот повик беше навистина голем, верувам дека овие средства ќе им помогнат за празничниот семеен буџет”, вели Герасимовски.Општина Центар продолжува да имплементира проекти преку кои ќе ја зајакнува локалната заедница, но и ќе го подобрува квалитетот на живот на сите граѓани.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-izjava

Герасимовски: Вандализмот да се казнува преку општествено корисна работа

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во однос на вандализмот со оштетување на јавното добро на територија на општината информира дека се отпочнати одредени програми со цел намалување на деликвенцијата и лошото однесување на одреден број жители во општината.„Почнавме одредени програми, за држење обуки и на наставниот кадар. Ќе продолжиме и со учениците за да се подигне свеста. Отпочнавме одредени предлог законски измени со цел да се вметнат поригорозни мерки за прекршување односно оштетување на јавното добро. Законски измени не само во делот на зголемување на казните за оштетување урбана опрема, туку и општествено одговорна работа кадешто би се вклучиле и децата и родителите за да ја подигнеме свеста на што повисоко ниво. Со ова, родителите да одвојуваат и што повеќе време со децата и да ги учат во правилна насока на однесување“, рече Герасимовски.Герасимовски потенцира дека е побарано повторно засилено присуство на полицијата во општината за да се намалат девијантните однесувања на одредени млади луѓе.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања