(Видео) Вооружена жена упадна во германска болница, застрелана по повеќечасовна опсада
Шеесет и петгодишна вооружена жена вчера упадна во болницата Луизен во Ахен, Германија, по што следеше повеќечасовна полициска опсада. На крајот жената е тешко ранета и на носилки изнесена од објектот. Полицијата соопшти дека никој друг во болницата не е повреден.„Бидејќи не реагирала кога и пришла полицијата, полицајците употребиле огнено оружје за да ја прекинат опасната ситуација“, се вели во полициското соопштение.Полицијата испратила специјалци на местото на настанот откако 65-годишната жена, која била од блискиот град Ешвајлер, влегла во болницата во понеделникот попладне со пиштол и нешто што изгледало како експлозив. $bp("Brid_09630551", {"id":"26456","width":"762","height":"429","video":"1573129","autoplay":0,"shared":true});Откако влегла во болницата им се заканувала на вработените во ординацијата за физиотерапија внатре во болницата и се забарикадирала во една од собите, информираат од полицијата. Подоцна во областа е откриен чад. Весникот Билд објави дека жената поставила пиротехнички средства во болницата.Полицијата, пожарникарите и претставниците на болницата одбија да ги коментираат овие наводи. Болницата, во која има речиси 400 пациенти и 1.600 вработени, беше евакуирана, како и околината.Полицијата денеска објави извештај во кој наведува дека се претпоставува дека 65-годишната жена имала самоубиствени намери. Според полицијата, таа наводно влегла во клиниката околу 17 часот со пиштол, за кој подоцна било утврдено дека е празен. Откако вработената успеала да го земе оружјето, жената се забарикадирала во собата на пациентот и го фрлила бенгалот во ходникот во близина на операционата сала.Околу 22:38 часот, таа ја напуштила просторијата со појас со експлозив. Таа потоа се стрча кон полицајците со, како што соопшти полицијата, сомнителен предмет. Како што дознава Билд, 65-годишната жена наводно го запалила нејзиниот стан во Ешвајлер. Инспекторите го пронашле писмото што таа наводно го оставила и откриле дека појасот со експлозив бил лажен.Теренот и улицата на клиниката вчера од доцна попладне беа опколени од силни полициски сили, а хеликоптер кружеше над областа. На местото на настанот пристигнала и пиротехничка единица.
Свет | пред 1 година