Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГЕРМАНИЈА

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Дрон предизвика хаос на аеродромот во Берлин

Пренасочување на летовите и вистински хаос предизвика дрин на аеродромот во Берлин.Имаше прекини oд два часа во воздушниот сообраќај, дојде до доцнења и пренасочување на летовите.Во тој период беа пренасочени 11 летови, од кои четири авиони слетаа во Лајпциг, четири во Дрезден и три во Хамбург.Откажани се два лета за Лондон, Бирмингем и Стокхолм.Многу други авиони кружеа над Берлин чекајќи дозвола за слетување.Иако аеродромот е повторно отворен за сообраќај, воведена е промена во ноќните летови.Бројот на инциденти со дронови на германските аеродроми драматично се зголемува. Според извештаите, сообраќајот на аеродромот во Минхен бил нарушен и во октомври поради сличен инцидент.

Свет | пред 3 месеци

vulin

Вулин: „Третата светска војна започна со обединувањето на Германија“

Поранешниот министер и актуелен претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, Александар Вулин, изјави дека Третата светска војна веќе трае подолго време и дека светот сега се наоѓа на работ на нуклеарен судир.Во интервју за руската новинска агенција РИА Новости, Вулин тврди дека почетокот на новиот глобален конфликт треба да се бара во моментот на обединувањето на Германија, кога, според него, започнала „ревизијата на исходот на Втората светска војна“.„Политиката на Западот нè доведе до работ на нуклеарна војна – не до Третата светска, која веќе долго време трае, туку до нуклеарна. Потребно е итно да се постигне нов глобален договор и да се признае дека еднополарниот свет е мртов. Само така ќе обезбедиме барем 50 години мир или живот без големи војни“, изјави Вулин.Тој додаде дека светот мора да се адаптира на „новиот баланс на сили“, каде повеќе не постои единствен глобален центар на моќ.Во истиот разговор, Вулин потсети на своите поранешни изјави дадени во рускиот град Казан, каде рече дека претседателот Александар Вучиќ се восхитува на Русија и дека тој и Владимир Путин се пријатели.„Србија се надева дека ќе стане дел од БРИКС – организација што нуди поголема слобода и не бара промена на политичкиот систем или приклучување кон санкциски режими“, истакна Вулин.Тој додаде дека Србија се чувствува добредојдена меѓу земјите-пријатели на БРИКС, бидејќи тие нудат алтернатива на западниот модел:„Првпат имаме избор. Мораме да научиме дека можеме сами да избираме. Ова е важно за нас.“Вулин потенцираше дека Србија ќе продолжи да негува пријателски односи со Русија, а за Вучиќ рече: „Мојот претседател навистина се восхитува на руската историја и култура и е цврст поддржувач на пријателството меѓу двете земји.“

Свет | пред 3 месеци

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

НАТО алармиран, расте тензијата во Балтикот: Руски брод и неидентификувани дронови

Голем десантен брод на руската морнарица се усидрил во близина на германскиот брег на Балтичкото Море, предизвикувајќи загриженост меѓу членките на НАТО кои веќе се во состојба на зголемена будност поради повторените руски повреди на воздушниот простор на Алијансата.Станува збор за „Александар Шабалин“, брод од составот на руската Балтичка флота, кој пред шест дена се усидрил во близина на влезот во заливот Либек. Тој е позициониран на еден од најфреквентните морски правци што води кон теснецот Фемарн Белт, клучна врска меѓу Балтичкото и Северното Море, и е јасно видлив од германскиот остров Фемарн.Бродот го следат германскиот патролен брод „Бамберг“ и дански поморски патроли, а германската морнарица од базата во Кил испратила и брод за поддршка – „Верра“. Германската полиција потврди дека рускиот брод се наоѓа надвор од територијалните води на Германија, со што формално не ги прекршува домашните ниту меѓународните поморски прописи.Ова не е првпат „Александар Шабалин“ да биде забележан во регионот. Во септември бродот бил усидрен во близина на данскиот теснец Лангеланд, а во истиот период биле забележани и неидентификувани дронови над данска воена база, иако досега нема докази дека бродот е поврзан со тие инциденти.Присуството на рускиот брод доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и НАТО. Од 10 септември, Москва повеќепати го нарушила воздушниот простор на неколку членки на Алијансата, меѓу кои Полска, Романија, Естонија, Данска, Франција и Германија.Поради ваквите инциденти, американскиот претседател Доналд Трамп на 23 септември изјави дека земјите на НАТО треба да оборат руски летала што ќе влезат во нивниот воздушен простор. Слично реагираше и литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиене, која потсети на случајот од 2015 година кога Турција собори руски авион Су-34 кој само 17 секунди се задржа во нејзиниот воздушен простор.Според „Блумберг“, НАТО преку дипломатски канали го предупредил Кремљ дека е подготвен решително да одговори на идни провокации, вклучително и со уривање на летала. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, таквите изјави ги оцени како „опасни и неодговорни“.Во почетокот на октомври, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека дроновите забележани над европски воени и инфраструктурни локации може да се резултат на „инфилтрација од Русија“, но не ја потврди директната вмешаност на Москва.

Свет | пред 3 месеци

Germanija-eksplozija

Политички шок во Германија – избодена новоизбраната градоначалничка на Хердеке

Градоначалничката на германскиот град Хердеке, на западот на земјата, е тешко повредена откако била нападната со нож пред својот дом, јавуваат германските медиуми.Полицијата соопшти дека нападот се случил околу пладне, кога 57-годишната социјалдемократка Ирис Шталцер се наоѓала пред влезот на својата зграда. По нападот успеала да се довлечка до станот, каде што се онесвестила.Во моментот на инцидентот во домот биле нејзините посвоени деца – 15-годишен син и 17-годишна ќерка – кои веднаш ја повикале полицијата. Според сведочењето на момчето, мајка му била нападната од неколку непознати лица на улицата.Шталцер, која е адвокатка специјализирана за работно право, станала градоначалничка во септември, победувајќи во вториот круг од локалните избори со 52,2 проценти од гласовите.Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази шок и загриженост по нападот.Примивме вест за овој грозоморен чин во Хердеке. Се плашиме за животот на градоначалничката Ирис Шталцер и се надеваме на нејзино целосно закрепнување. Моите мисли се со нејзиното семејство“, напиша Мерц на социјалната мрежа X.Полицијата ја истражува позадината на нападот и сè уште не е познато дали станува збор за политички мотив.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Германија: Планот на Трамп е „единствена можност“ за мир на Блискиот Исток

Германија „одлучно ќе се посвети“ на спроведување на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, соопшти германското Министерство за надворешни работи, оценувајќи дека станува збор за „единствена можност“ за постигнување траен мир.Претходно денеска, Трамп објави дека Израел „се согласил со почетната линија на повлекување споделена со Хамас“. „Штом Хамас ја потврди, прекинот на огнот веднаш ќе стапи во сила, ќе започне размена на заложници и затвореници, а ние ќе создадеме услови за следната фаза на повлекувањето“, изјави Трамп, додавајќи дека тоа ќе значи приближување кон „крајот на оваа тримилениумска катастрофа“.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, пред неговото заминување за Катар, рече дека Германија е „за брза примена на американскиот план“, кој претставува „единствена можност“, нагласувајќи дека е неопходна „итна меѓународна соработка“ со европските и арапските земји.Берлин ќе понуди „конкретна поддршка“ како партнер за хуманитарна помош, стабилизација и обнова. „Станува збор за стабилизација на регионот со трајна безбедност за сите, политичка перспектива за Палестинците и конечно нормализирање на односите меѓу сите држави и Израел“, изјави Вадефул.Во Кaиро денеска се очекува да започнат непосредни преговори меѓу израелски и палестински претставници за планот на Трамп, кој предвидува прекин на огнот, ослободување на сите живи заложници и предавање на телата на убиените.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази надеж дека тоа ќе се случи „во следните денови“, откако Хамас делумно го прифати планот. Вадефул денеска ќе се сретне со катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман Ал-Тани за „итно ослободување“ на преостанатите заложници – меѓу кои, како што потврди Берлин, има и германски државјани.Министерот ќе учествува и на состаноците на Советот за соработка во Персискиот залив во Кувајт, каде ќе се разговара за улогата на ЕУ и земјите од регионот во поддршката на мировниот процес.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryd75r7m54g94reXqzV87

Случаи на сексуално насилство и апчиња за силување забележани на Октоберфест

Во првата недела од светски познатиот фестивал на пиво Октоберфест во Минхен се зголемил бројот на девојки и жени кои побарале помош во споредба со претходната година. Иницијативата „Безбеден Октоберфест за девојки и жени“ забележала 197 случаи, во споредба со 181 лани, според организаторите.Во шест случаи постоело сомневање дека на гостинките им биле дадени апчиња за силување. Организаторите предупредуваат дека бројот на непријавени случаи е многу поголем.Многу од оние кои побарале помош биле од странство, главно од САД, а две третини биле помлади од 30 години.Во 12 случаи посетителките побарале помош поради сексуално или физичко насилство, додека 14 случаи биле поврзани со напади на паника предизвикани од големите толпи или проблеми со менталното здравје.Октоберфест оваа година трае од 20 септември до 5 октомври. Според портпаролот на градот Минхен, на првиот ден имало 300.000 посетители. Цената на литар пиво надминува 15 евра.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.07

Германскиот министер: Планот на Трамп за Газа е единствена шанса што не смее да се пропушти

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа претставува единствена можност за завршување на војната и дека не смее да се остави неискористена.„Американскиот план за Газа нуди единствена можност за крај на овој ужасен воен судир. Тој им дава надеж на стотици илјади луѓе во Газа кои страдаат од бруталниот конфликт и незамисливите хуманитарни тешкотии. Конечно, носи надеж и за Израелците и за Палестинците дека оваа војна наскоро би можела да заврши“, изјави Вадефул.„Хамас мора да ја искористи шансата“Според него, шансата не смее да се пропушти:„Хамас мора да ја искористи оваа прилика“, нагласи Вадефул, повикувајќи ги сите што имаат влијание врз движењето да преземат конкретни чекори.Тој изрази благодарност до претседателот Трамп, до арапските држави во регионот и до другите муслимански земји кои ги поддржуваат мировните напори.Германскиот министер додаде дека Берлин е подготвен да даде конкретна поддршка на планот, оценувајќи дека тој би можел да го отвори патот за поширок процес на помирување на Блискиот Исток. Вадефул најави дека за време на викендот ќе ја посети регијата во таа насока.

Свет | пред 4 месеци

nato-mrezi

НАТО со порака до Москва: „Никој нема да остане сам“

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека ниту една држава-членка на НАТО нема да биде оставена сама да се соочува со, како што ги нарече, руските провокации во форма на бран хибридни напади.„Русија сака да ја тестира нашата решителност и да предизвика немири. Тоа е опасно и мора да добие јасен и единствен одговор“, рече Вадефул на прес-конференција во Варшава, каде настапи заедно со полскиот министер Радослав Сикорски и францускиот колега Жан-Ноел Баро, пренесе „Ројтерс“. Тој додаде дека „НАТО ќе го штити секој педа од територијата на сојузот“ и дека „никоја членка нема да биде препуштена сама на заканите“.Алијансата во септември ја активираше мисијата „Источна стража“ за зајакнување на одбраната на источниот фронт на Европа, по упадите на руски дронови во полскиот воздушен простор. Минатата недела, во Данска беа забележани неколку беспилотни летала во близина на аеродромот и клучна инфраструктура во Копенхаген, поради што најпрометниот аеродром во нордискиот регион беше затворен неколку часа.Русија ги негира наводите дека нејзини дронови и борбени авиони го прекршиле воздушниот простор на земји членки на НАТО.

Свет | пред 4 месеци

germanija-zname

Можно шпионирање и саботажа: Дронови над Шлезвиг-Холштајн

Министерството за внатрешни работи на германската покраина Шлезвиг-Холштајн соопшти дека во текот на ноќта се забележани дронови и се истражува нивната можно шпионирање и саботажа.Поради неодамнешните инциденти во Данска и други европски земји, Шлезвиг-Холштајн е во блиска и континуирана соработка со федералната влада и германските вооружени сили, изјави министерката за внатрешни работи на покраината, Сабине Цетерлин-Вак.Во последните недели, руски дронови биле забележани над Полска, каде повеќе од 20 борбени дронови ја преминале границата на 9 и 10 септември 2025 година, што довело до подигање на НАТО авиони, а неколку дронови биле соборени.Во Естонија, на 19 септември, три руски борбени авиони МиГ-31 незаконски влегле во воздушниот простор на земјата на 12 минути, предизвикувајќи итна интервенција на НАТО силите. Естонскиот министер за надворешни работи го оцени инцидентот како „непристојно дрски“, а Русија ги негираше сите намери.Во Данска, неодредени дронови биле забележани над аеродромите во Копенхаген и Олборг на 22 и 25 септември, предизвикувајќи привремено затворање и одложување на летови. Данската премиерка Мете Фредериксен ги оцени инцидентите како „најсериозен напад врз критична инфраструктура“ и ги поврза со руските активности во регионот. Иако данските власти не пронашле конкретни докази за вмешаност на Русија, дроновите ги нарекоа дел од „професионална акција“ и предупредија на висок ризик од саботажа.Инцидентите во Данска, Полска и Естонија се дел од поширока низа прекршувања на воздушниот простор во Европа, вклучувајќи ја и Романија, што доведе до повеќекратни повици од НАТО за консултации според Член 4 за безбедност. Русија ги отфрли сите тврдења за намерни инциденти како „неосновани“, но европските лидери ги гледаат како провокации кои ја тестираат издржливоста на Алијансата.НАТО го засили присуството на воздушните патроли на источниот дел на алијансата, со помош од Велика Британија, Франција и Германија, со цел спречување на понатамошна ескалација.

Свет | пред 4 месеци

media-library0rd15k8600t163h0DsY

Гигантот Bosch укинува илјадници работни места за да заштеди 2,5 милијарди евра

Германскиот индустриски гигант Bosch планира да отпушти околу 13.000 работници, главно во Германија, откако минатата година веќе укина повеќе од 10.000 работни места.Најпогодени ќе бидат погоните поврзани со автомобилската индустрија, а откази ќе има и во седиштето на концернот. Од Bosch појаснија дека станува збор за „неопходни чекори“ со кои годишно треба да се заштедат 2,5 милијарди евра.Како главни причини се наведуваат кризата во германската автомобилската индустрија и потребата од заштеда за инвестиции во нови технологии поврзани со електрификацијата на возилата и развојот на автономниот транспорт.Технологиите на иднината, како електромобилноста или автономните возила, носат голема шанса, но нивната експанзија драстично доцни“, изјави директорот на Bosch, Стефан Грош, додавајќи дека побарувачката сѐ повеќе се преферира надвор од Европа.Bosch веќе минатата година започна со укинување на работни места во секторот за автомобилска индустрија и тогаш отпушти околу 10.000 работници.Во четвртокот беше претставена и т.н. Есенска проценка на економскиот раст во Германија, која предвидува раст во следните две години, делумно благодарение на најавените државни инвестиции. Сепак, економистите предупредуваат дека тоа е краткорочен ефект и дека на Германија ѝ се потребни темелни структурни реформи, бидејќи извозот бележи постојан пад.

Свет | пред 4 месеци

ukraina-kiev-1

Германскиот шеф на дипломатија: Европа мора да „порасне“ и посилно да ја поддржи Украина

Европа мора да преземе поголема одговорност и да ја зајакне својата поддршка за Украина, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, коментирајќи ја најновата изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев може да си ја врати целата окупирана територија.Во интервју за радиото „Дојчландфунк“, Вадефул рече дека Трамп сфатил оти неговите напори не го убедиле рускиот претседател Владимир Путин да го запре војувањето.„Европејците повеќепати рекоа дека мора да ‘пораснеме’ и да станеме посуверени. Затоа треба да видиме што можеме сами да постигнеме – а можеме многу повеќе. Не сите европски држави го исполнија ветеното кон Украина. Мора да разгледаме и нови финансиски и воени опции“, нагласи германскиот министер.Изјавата на Трамп ја оцени како добра за Европа и Украина, бидејќи претставува признание дека досегашните напори со Путин не дале резултат.Европски дипломати за „Ројтерс“ коментираа дека изјавите на Трамп може да се толкуваат како сигнал дека САД постепено се повлекуваат и дека прашањето Украина станува „европска обврска“.„Изгледа како да се опростува, но тоа може да се смени уште утре. Во секој случај, за нас е јасно – знаеме што треба да правиме“, изјавил еден западноевропски функционер.Иако САД остануваат најголемиот поединечен донатор за Украина, од враќањето на Трамп во Белата куќа Вашингтон инсистира Европа да преземе поголем дел од товарот во сопствената одбрана. Тоа веќе се гледа преку зголемените воени буџети на европските членки на НАТО и преку зајакнатата противвоздушна поддршка за Киев.Европската унија во меѓувреме разгледува план замрзнатата руска имовина да се искористи за дополнителна помош за Украина, како и воведување нови санкции кон Москва.

Свет | пред 5 месеци

kineski-voeni-avioni-6

Германија: Пресретнат руски воен авион Ил-20 близу воздушниот простор на НАТО

Германската делегација при НАТО соопшти дека денеска пресретнале руски воен авион Ил-20 кој летал во близина на воздушниот простор на Алијансата без летен план и без активиран транспондер.Како одговор, германски ловец „Eurofighter“ полетал од воената база Лааге за да го следи леталото и да обезбеди контрола на ситуацијата.Овој инцидент се случува само неколку часа по нарушувањето на естонскиот воздушен простор од три руски МиГ-31 авиони, што дополнително ги зголемува тензиите меѓу НАТО и Русија.

Свет | пред 5 месеци

putin-vojna

Москва остро до Западот: Секој војник во Украина е цел за уништување

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека доколку западни воени сили бидат распоредени во Украина, тие ќе се сметаат за легитимни цели на руските напади.„Ако се појават некакви трупи таму, особено сега за време на воените операции, ние тргнуваме од тоа дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување,“ рече Путин на економскиот форум во Владивосток.„А доколку се донесат одлуки што водат кон мир, долгорочен мир, тогаш едноставно не гледам никаква смисла во нивното присуство на украинска територија, точка,“ додаде тој.Оваа изјава доаѓа еден ден по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во Париз соопшти дека 26 земји се обврзале да ѝ дадат на Украина посвоени безбедносни гаранции по завршувањето на војната, меѓу кои и меѓународни сили на копно, море и воздух.Иако Макрон не откри кои држави конкретно се понудиле да испратат свои трупи, познато е дека Франција и Велика Британија се меѓу нив. Во исто време, Германија најави зголемување на поддршката преку обука и вооружување на украинските сили, но остана воздржана за можноста да испрати војници. Италија и Полска, пак, јасно соопштија дека нема да распоредат свои трупи во Украина.Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ исто така потврди дека хрватски војници нема да бидат испратени во Украина, нагласувајќи дека таква опција никогаш не била разгледувана, иако земјата е дел од Коалицијата на волни, која вклучува околу триесетина држави, меѓу кои и Канада и Австралија.

Свет | пред 5 месеци

crtez

Алексеј заврши во руски затвор поради антивоен цртеж на ќерка му, Германија му ја одби визата

Алексеј Москалјев и неговата ќерка Маша, кои избегаа од Русија откако тој беше затворен поради нејзиниот антивоен цртеж, се соочуваат со нова неизвесност. Германија, земјата каде што се надеваа дека ќе најдат безбедно засолниште, го отфрли нивното барање за хуманитарна виза, суспендирајќи ја програмата за руски дисиденти. Нивната судбина, како и онаа на стотици други противници на режимот на Путин, сега е под знак прашалник, објавува Euronews.Приказната започна со цртеж од тогашната шестоодделенка Маша Москалев. На него беше прикажано светло сонце, украинско знаме и женска рака која се штити од руски ракети, со слоганот „Не за Путин, нема војна“. Цртежот стана вирален, но имаше сериозни последици за семејството. Самохраниот татко Алексеј помина речиси две години во затвор поради „дискредитирање на руската армија“. По неговото ослободување, тие успеаја да избегаат во Ерменија, земајќи го само цртежот со себе.Во Ерменија, вели Алексеј, тие нашле гостопримство. „Добронарни луѓе, прекрасен град“, вели тој за „Еуроњуз“, додавајќи дека жителите на Ереван понекогаш ги препознаваат и им нудат поддршка. Сепак, чувството на безбедност е кревко. „Во Ерменија има руска воена база“, објаснува Алексеј. „Имало обиди за киднапирање на непожелни луѓе, руски опозиционери... А потоа има и гонење и затворање“.Германија ги затвора своите вратиСо надеж за нов почеток, семејството Москалев аплицираше за хуманитарна виза во Германија. За разлика од азилот, таквата виза би им овозможила веднаш да почнат да работат и да се интегрираат во општеството. Сепак, следеше шок. Германското Министерство за внатрешни работи ја суспендираше оваа програма.Портпаролот на министерството потврди за „Еуроњуз“ дека целта на сегашната влада е „колку што е можно повеќе да ги прекине доброволните федерални програми за прифаќање“. Тој објасни дека „прифаќањата според Законот за престој, кој дозволува влез од политички причини, најчесто се суспендирани“. Иако постојат исклучоци за итни случаи, одлуката е исклучиво на министерството.Алексеј беше шокиран: „Се обративме кон земја која е поврзана со демократијата, слободата на говорот. Се обративме не толку за помош, колку за заштита од тиранијата што се случува во мојата земја, од диктаторскиот режим, од репресијата што ме прогонува мене и мојата ќерка“.За семејството Москалјев, враќањето во Русија не е опција. Алексеј се сети на зборовите на еден разузнавач за време на неговото последно испрашување: „Ќе бидете под надзор до крајот на животот. Често ќе ве посетуваме. Никогаш нема да ви дадеме мир“. Заканите брзо се остварија. Денот по нивното ослободување од затвор, полицијата се обиде да влезе во нивниот дом, по што активистите ги советуваа веднаш да ја напуштат земјата.Додека чекаат исход од ситуацијата со Германија, Франција се споменува како можна алтернатива. Сепак, Париз ја заострува и својата миграциска политика поради страв од руска шпионажа. Иако прифаќа дисиденти, процесот е неизвесен.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

По самитот во Анкоридж – Берлин воздржан, дипломати со критики: „Очигледно 1:0 за Путин“

Германската влада зазеде претпазлив пристап по самитот на Алјаска меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, пренесе dpa.Според извори во Берлин, канцеларот Фридрих Мерц бил постојано информиран за случувањата во Анкоридж, а неговиот тим одржувал активна комуникација со меѓународните сојузници. Трамп изјави дека ќе ги извести европските партнери за исходот од разговорите, но не прецизира кога.Иако темата Украина беше во фокусот на очекувањата, двајцата лидери споделија малку детали, без конкретен напредок околу можен прекин на огнот.Со остра реакција настапи поранешниот шеф на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Исчингер. На „Х“ тој напиша: „Нема вистински напредок – очигледно 1:0 за Путин – нема нови санкции. За Украинците: ништо. За Европа: длабоко разочарување.“Исчингер истакна дека Путин добил црвен тепих и симболична победа, додека Трамп, според него, не извлекол ништо значајно.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања