Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГЕРМАНИЈА

sun-setting-silhouette-electricity-pylons

Германија нуди еден милион евра за информации за екстремистите што предизвикаа масовен прекин на струјата во Берлин

Германија објави награда од еден милион евра за информации што би довеле до апсење на осомничените крајно левичарски милитанти, чиј подметнат пожар на почетокот на овој месец предизвика масовен прекин на снабдувањето со електрична енергија во Берлин. Полицијата трага по членовите на групата „Vulkangruppe“, која ја презеде одговорноста за нападот, јавува Euronews.Поради пожарот околу 45.000 домаќинства и 2.200 компании на југозападот на германската престолнина останаа без струја речиси една недела, во средината на зимата. Тоа беше најдолгиот прекин на снабдувањето со електрична енергија во градот од крајот на Втората светска војна. Крајно левата „Vulkangruppe“ во повеќе интернет-објави истакна дека нивната цел била да нападнат индустрија на фосилни горива, а не да предизвикаат прекин на електрична енергија.Германскиот министер за внатрешни работи, најави решителен одговор при објавата на наградата. „Нашите безбедносни служби ќе бидат значително засилени во борбата против левиот екстремизам“, рече тој. „Сметам дека е соодветно да се истакне сериозноста на ситуацијата со награда од ваков размер.“Полицијата ќе започне јавна кампања за собирање информации и промовирање на наградата, вклучувајќи делење летоци и поставување постери во берлинскиот метро.Самопрокламираната Vulkangruppe е активна од 2011 година и извршила повеќе подметнувања на пожари во Берлин и околината.Групата е одговорна и за подметнатиот пожар во 2024 година, кој го запре производството во фабриката на „Тесла“ во Берлин. Прекинот на снабдувањето, предизвикан од пожарот што го погодил високонапонскиот кабелски сноп, откри безбедносни пропусти во клучната инфраструктура на германската престолнина.

Свет | пред 4 седмици

lekovi-apteki

Германија најавува пониски даноци за лекови и повисоки за алкохол и тутун

Касата за задолжително здравствено осигурување на Германија (ДАK) предлага од 2027 година да се зголемат даноците за алкохол и тутун, со цел да се надомести финансискиот недостиг што би произлегол од планираното намалување на данокот на додадена вредност за лекови и медицинска опрема. Како што пренесува агенцијата ДПА, данокот за овие производи треба да се намали од сегашните 19 на седум проценти.Германското Министерство за здравство проценува дека ваквата мерка ќе создаде дефицит во здравствениот фонд, кој би изнесувал повеќе милијарди евра. Со цел стабилизација на финансиите, министерката за здравство Нина Варкен формираше експертска комисија која до март треба да предложи конкретни мерки за одржливост на здравствениот систем.Владата најави дека до крајот на годината ќе изготви предлог за сеопфатна реформа. Претседателот на ДАK, Андреас Шторм, оцени дека работата на комисијата претставува значајна можност за темелно преиспитување и обновување на германската здравствена политика, како и за постигнување поширок општествен консензус околу неопходните промени.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryqgskisbp0jun12Nq4mb

До 6.000 евра субвенции за електрични автомобили: Германија ги отвора вратите и за кинеските производители

Германија повторно го менува курсот кога станува збор за субвенциите за електрични возила и најавува нова програма за поттикнување вредна дури 3 милијарди евра.Целта е јасна – заживување на продажбата на електрични автомобили, која нагло опадна по укинувањето на субвенциите кон крајот на 2023 година.Новиот програм предвидува субвенции во износ од 1.500 до 6.000 евра, во зависност од цената на возилото, приходите на домаќинството и бројот на членови во семејството.Според проценките, буџетот би требало да биде доволен за поддршка на околу 800.000 возила.За разлика од некои други европски земји, Германија нема да прави разлика меѓу домашните и странските производители. Субвенциите ќе бидат достапни за сите брендови, вклучително и за кинеските.Министерот за заштита на животната средина, Карстен Шнајдер, изјави дека нема докази за преплавување на пазарот со кинески возила и дека германските производители се доволно конкурентни.Програмата ќе важи до 2029 година, а апликациите ќе можат ретроактивно да се поднесуваат од 1 јануари 2026 година. Се очекува онлајн-порталот за пријавување да биде пуштен во употреба во мај, додека конечните услови ќе бидат прецизирани подоцна во текот на годината.Најголема корист од субвенциите се очекува да имаат домаќинствата со ниски и средни приходи.Претходниот систем на субвенции беше укинат поради буџетски проблеми, што веќе во 2024 година доведе до пад на продажбата на електрични автомобили од дури 27 проценти.Новиот пакет мерки вклучува и продолжување на даночните олеснувања за електрични возила до 2035 година, што за државата ќе значи околу 600 милиони евра помалку приходи.Сето ова укажува дека новата германска влада се залага за попостепен и пофлексибилен премин кон електромобилност, иако на ниво на Европската Унија сè уште трае дебатата за иднината на забраната на моторите со внатрешно согорување.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryqbsek08md0nn9MiFq3W

Германија го протера заменикот на рускиот воен аташе

Германија го повика рускиот амбасадор на информативен разговор поради апсењето на осомничена руска шпионка, а истовремено донесе одлука за протерување на руски дипломат кој, според истрагата, ѝ служел како контакт. Од германското Министерство за надворешни работи порачаа дека ваквото постапување е директен одговор на, како што го оценија, агресивното дејствување на Русија.Министерот за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Германија нема да толерира шпионажа на своја територија, особено кога во такви активности се вклучени лица со дипломатски статус, нагласувајќи дека ваквите постапки мора да имаат конкретни последици.Германските власти соопштија дека Илона В., германско-украинска државјанка, била уапсена поради сомнение дека шпионирала за руската воена разузнавачка служба ГРУ. Како нејзина контактна точка е наведен заменикот на воениот аташе на Русија во Берлин, на кого осомничената му доставувала информации поврзани со воените активности во Германија, со посебен фокус на состојбите поврзани со војната во Украина.Според истрагата, Илона В. во повеќе наврати му овозможила на рускиот дипломат пристап до различни политички настани користејќи лажен идентитет. Информациите за активностите на Бундесверот ги добивала преку двајца поранешни припадници на германските вооружени сили, против кои исто така е покрената истрага.Германските безбедносни служби наведуваат дека од почетокот на руската агресија врз Украина, Москва значително ги интензивирала своите разузнавачки активности во Германија, особено во рамки на таканареченото хибридно водење војна и шпионажа, што, според Берлин, претставува сериозна закана за националната безбедност.

Свет | пред 1 месец

lopta-fudbal

Политиката му се заканува на Мундијалот 2026: Германија најавува можен бојкот поради Трамп

Пет месеци пред почетокот на Светското првенство 2026, ФИФА со зголемена загриженост следи неочекуван политички фронт што би можел сериозно да го загрози најголемиот фудбалски турнир во историјата.Станува збор за Мундијал со рекордни 48 репрезентации и три земји-домаќини – Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада – но и за контроверзи кои од ден на ден добиваат сѐ поголеми размери.Американскиот претседател Доналд Трамп, кој повторно се врати во Белата куќа, предизвика силни реакции со инсистирањето САД да го анектираат Гренланд, оправдувајќи ја идејата со „прашања од национална безбедност“. Оваа најава ги вклучи алармите во Европа и наиде на остри реакции од Данска, Европската Унија и НАТО.Од Германија пристигна одговор од Јирген Харт, пратеник од Христијанско-демократската унија и близок соработник на канцеларот Фридрих Мерц. Во интервју за „Билд“, Харт изјави дека дури и бојкот на Светското првенство би можел да се разгледа како крајна мерка за притисок врз Трамп да ја преиспита својата позиција околу Гренланд.Иако нагласи дека верува во дипломатско решение, Харт не ја исклучи можноста за симболичен чекор со сериозни последици. Влогот е огромен – Германија, четирикратен светски шампион (1954, 1974, 1990 и 2014), е една од најпрепознатливите фудбалски сили во светот и нејзиното евентуално отсуство би значело милионски финансиски удар за ФИФА и за земјите-домаќини.Во јавната дебата се вклучи и британскиот новинар Пирс Морган, кој на социјалните мрежи провокативно предложи повеќе европски репрезентации – меѓу кои Англија, Франција, Шпанија, Германија, Италија и други – да го суспендираат учеството на Светското првенство додека траат трговските спорови со администрацијата на Трамп.Иако засега сѐ е во рамки на шпекулации, евентуален бојкот би бил вистински земјотрес за организаторите. ФИФА, со Џани Инфантино на чело и со неговите познати блиски односи со Трамп, би се нашла пред одлука со историски размери.

Спорт | пред 1 месец

media-libraryqkd6bvftg02ndOxZnwy

Германија ja гради најмоќна војска во Европа, во Франција се шири чувство на страв

Историското вложување на Германија во вооружените сили во Франција се следи со восхит, но и непријатност. Во Париз расте загриженост дека политичкото тежиште на Европа се поместува кон исток, додека Берлин ги зголемува трошоците за одбрана на нивоа што сојузниците тешко можат да ги следат.Берлин се обврза да потроши повеќе од 500 милијарди евра за одбрана до 2029 година и да ја достигне новата цел на НАТО од 3,5 отсто од бруто-домашниот производ шест години пред предвидениот рок. Иако НАТО го поздравува јакнењето на Германија, во некои европски престолнини повторното издигнување на Бундесверот како доминантна сила предизвикува преиспитување, пишува Блумберг.Ова е особено изразено во контекст на рекордниот раст на поддршката за крајно десната, националистичка партија во Германија, што буди стравови дека проевропската влада не може да се зема здраво за готово.Непријатност во ПаризВо Франција, единствената нуклеарна сила во Европската Унија и земја со една од најсилните армии, расположението е поделено. Од една страна се чувствува олеснување што Германија презема поголем товар во одбранбените прашања, но истовремено расте вознемиреност дека германската индустрија би можела да го надмине францускиот одбранбен сектор. Оваа информација ја потврдија четворица француски функционери.Францускиот пратеник во Европскиот парламент Франсоа-Ксавие Белами изјави: Франција е во кревка позиција, а фактот што Германија со ваква решителност се обврзува, природно ќе создаде динамика што може да нè остави настрана. Домашната кревкост ја слабее француската геополитичка тежина.Белами, член на Европската народна партија, се залага за пристап купувај европско и смета дека Франција, како еден од водечките светски извозници на оружје, треба да се насочи кон извоз во европските соседи. Мораме да бидеме доследни, рече тој, додавајќи дека Франција долго време се жалела дека товарот го носи сама.Промена на европската рамнотежаСпоред Клаудија Мајор, виша потпретседателка на Германскиот Маршалов фонд, Германија по историските конфликти се задоволувала со споредна политичка улога, дури и додека нејзината економија јакнела. Сега, додека повторно се вооружува, тежиштето на континентот се поместува кон Берлин, што предизвикува нервоза во Франција.Постоеше широко прифатена рамнотежа во Европа дека Франција ќе биде геополитичка сила, а Германија економска сила, рече Мајор. Германија не сакаше да биде политички гигант. Сега таа станува и едното и другото и вложува напори новата моќ да ја вгради во европските рамки. Тоа ја става Франција во тешка позиција. Нивната вознемиреност кажува повеќе за самата Франција отколку за Германија.Под водство на канцеларот Фридрих Мерц, Германија ги укина строгите ограничувања за задолжување за одбранбени трошоци со цел да обезбеди средства за повторно вооружување и за одвраќање на Русија. Иако нордиските земји, Балтикот и Полска исто така значително вложуваат во одбраната, малку држави можат да се мерат со германската брзина и обем. Наспроти тоа, традиционалните одбранбени сили како Франција, Италија и Шпанија имаат ограничен фискален простор за поголемо зголемување на трошоците.Военото јакнење на Германија е тесно координирано со сојузниците. За време на посетата на Берлин во декември минатата година, генералниот секретар на НАТО Марк Руте ја пофали Германија, велејќи: Ова е токму онаа решителност што ни е потребна за да ја обезбедиме нашата безбедност. Германија води со пример.Несогласувања околу заедничките проектиИ покрај соработката, се појавија и точки на раздор. Кога поранешниот канцелар Олаф Шолц ја претстави Иницијативата Европски небесен штит, замислена за зајакнување на противракетната одбрана, Франција се почувствува исклучена. Фрустрациите дополнително пораснаа по најавата за купување 35 американски борбени авиони Ф-35 за 10 милијарди евра наместо европски летала. Иако под Мерц набавката на американско оружје е забавена, одбранбената соработка со Франција и натаму е сложена.Најамбициозниот европски одбранбен проект, развојот на борбен авион од шеста генерација, се наоѓа пред распад. По години преговори, индустриските партнери – француската компанија Дасо и Ербас, која ја претставува германската страна – не успеаја да се договорат за поделбата на производството.Нова стратешка улога и погледи од соседствотоНовата воена сила ѝ дава на Германија поголемо влијание во рамките на ЕУ и НАТО. Во Полска подемот на Германија внимателно се следи, но, како што изјави вицепремиерот Радослав Сикорски, сè додека Германија е членка на ЕУ и НАТО, повеќе се плашам од германската одбивност кон вооружување отколку од германската војска.Германија е и индустриски и економски најдобро позиционирана да обезбеди таканаречени стратешки овозможувачи, како противвоздушна одбрана, вселенски разузнавачки податоци и логистика. Европа во моментов за тие способности речиси целосно се потпира на САД.Се надеваме дека Германија дополнително ќе ги развива стратешките овозможувачи за сојузот, изјави генералот Маркус Лаубентал, еден од највисоките германски генерали во НАТО. Од перспектива на НАТО, и во поглед на знаењето и индустрискиот капацитет, има смисла да се работи со клучните европски сојузници. Заедно сме посилни. Треба да можеме да се договориме за барањата и да испорачуваме побрзо, бидејќи како корисник ми се потребни.Политичка неизвесност во БерлинИ покрај сè, германската внатрешна политика предизвикува нервоза во Европа. Крајно десната партија Алтернатива за Германија води во некои анкети и би можела да оствари значителни победи на локалните избори во источна Германија оваа година. Иако Клаудија Мајор напоменува дека популистички политичари јакнат и на други места во Европа, комбинацијата од воена моќ и политички екстремизам предизвикува посебна загриженост.Постои сè поголема вознемиреност што би можело да се случи со оваа исклучително силна германска воена моќ доколку Алтернатива за Германија го преземе политичкото водство, изјави Јана Пуглиерин од Европскиот совет за надворешни односи.

Свет | пред 1 месец

media-libraryh7cqfsgbejjgaVJdFvc

Британија, Франција и Германија: Руското користење на „Орешник“ е ескалација

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија го оценија руското користење на балистички проектил со среден дострел „Орешник“ во западна Украина како „ескалирачко и неприфатливо“, се наведува во соопштението од разговорот што во петокот го објави кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер.Стармер во петокот разговарал за состојбата во Украина со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, при што тројцата лидери изразиле загриженост поради последните потези на Москва.Русија потврди употреба на „Орешник“Русија потврди дека употребила проектил со среден дострел „Орешник“ во напад врз западна Украина, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија. Ова е втор ваков напад врз Украина во кој е користено ова оружје.Москва тврди дека нападот е изведен како одговор на, како што го нарекува, „терористички напад“ на Киев врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин на 29 декември 2025 година. Украинските власти ги негираа овие обвинувања, оценувајќи ги како лажни тврдења чија цел е да се оправдаат нападите врз владини објекти во Киев.ЕУ: Обид за заплашување на сојузницитеНеколку дена по самитот на кој европските земји се обврзаа да понудат трупи за Украина во случај на прекин на огнот, а САД поддржаа обезбедување безбедносни гаранции за Киев, Европската унија порача дека Русија се обидува да ги заплаши украинските сојузници.„Извештајот за руската употреба на ракетата ‘Орешник’ претставува јасна ескалација против Украина и е наменет како предупредување до Европа и САД“, напиша високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, на социјалната мрежа Икс. Таа повика на зајакнување на противвоздушната одбрана и на „зголемување на цената на оваа војна за Москва, вклучително и преку построги санкции“.Проектил со можност за нуклеарна боева главаРусија првпат ја употреби ракетата „Орешник“ во ноември 2024 година, кога беше погоден украинскиот индустриски град Днипро. Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека западните системи за противвоздушна одбрана не се способни да ја пресретнат оваа ракета и предупреди дека таа може да погоди цели и во западна Европа.Западни воени аналитичари, пак, предупредуваат дека „Орешник“ е способен да носи нуклеарна боева глава, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедносната состојба во регионот.

Свет | пред 1 месец

policija-germanija

Драма во болница во Германија: Пациент усмртен при полициска интервенција

Германската полиција усмртила 33-годишен пациент за време на сериозен безбедносен инцидент во Универзитетската болница во градот Гисен, во сојузната покраина Хесен, откако тој им се заканувал и физички нападнал членови на медицинскиот персонал.Според информациите, пациентот во попладневните часови започнал напад врз вработените во болницата користејќи нож, поради што персоналот веднаш побарал итна полициска интервенција. По пристигнувањето на полициските екипи на местото на настанот, мажот станал исклучително агресивен и продолжил да се заканува со оружјето.Јавното обвинителство во Гисен и Криминалистичката полиција на Хесен соопштија дека полицајците биле принудени да употребат огнено оружје за да ја заштитат сопствената безбедност и животите на присутните. Пациентот бил тешко ранет и и покрај обидите за медицинска помош, починал на лице место.Надлежните институции најавија целосна истрага за утврдување на сите околности околу инцидентот, вклучително и законитоста и пропорционалноста на употребената сила. Болницата засега не излезе со дополнителни детали, а случајот предизвика силна јавна реакција во Германија, особено во однос на безбедноста во здравствените установи.

Свет | пред 1 месец

media-libraryd7tq64m14e01ejWjEG7

Германија под лупа: обвинувања дека АфД собира податоци од интерес за руските служби

Германската десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) се соочува со сериозни обвинувања дека ги користи своите пратенички прашања како алатка за собирање информации што би можеле да бидат од интерес за руските разузнавачки служби, објави бриселскиот портал Politico.Според написот, пратеникот на АфД во парламентот на германската покраина Тирингија, Ринго Милман, во повеќе наврати поднесувал прашања до регионалната влада поврзани со транспортот на западно оружје кон Украина, како и со локалните системи за одбрана од беспилотни летала. Токму ваквите прашања предизвикале реакции кај центристичките политички партии, кои сметаат дека со тоа се настојува да се откријат чувствителни безбедносни информации што би можеле да ѝ користат на Москва.Министерот за внатрешни работи на Тирингија, Георг Мајер од Социјалдемократска партија на Германија, изјави дека АфД покажува „неверојатно голем интерес за критичната инфраструктура и безбедносните служби“, што, според него, отвора сериозни прашања за мотивите на партијата.Од АфД ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека не дејствуваат по налог на Кремљ, нагласувајќи дека нивните пратенички прашања се легитимен дел од парламентарниот надзор и демократската контрола врз извршната власт.Сепак, случајот дополнително ја продлабочува дебатата во Германија за влијанието на Русија врз европските политички партии и за границата меѓу легитимната парламентарна активност и потенцијалното загрозување на националната и регионалната безбедност.

Свет | пред 2 месеци

mk-nato-6

Германскиот министер за одбрана предупредува: Путин не сака директна војна со НАТО, туку да го разниша одвнатре

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не тежнее кон директна војна со НАТО, туку има за цел постепено да ја ослаби Алијансата одвнатре и да го поткопа нејзиното единство.Во интервју за германскиот весник Die Zeit, Писториус оцени дека не верува оти Москва планира фронтален судир со НАТО, но предупреди дека стратегијата на Кремљ е насочена кон разорување на довербата, солидарноста и решителноста меѓу сојузниците. Според него, Русија континуирано ја тестира издржливоста на Алијансата преку политички притисоци, дезинформации и индиректни безбедносни закани.Германскиот министер нагласи дека нема индикации оти Русија покажува подготвеност да ја заврши војната во Украина и дека одговорноста за прекин на конфликтот лежи исклучиво кај Путин.„Тој е единствениот што може веднаш да ја запре војната“, порача Писториус, додавајќи дека сите други дипломатски напори остануваат без резултат сè додека Москва не покаже реална волја за мир.Изјавите на Писториус доаѓаат во период на зголемени безбедносни тензии во Европа и засилени дебати во рамки на НАТО за потребата од поголема кохезија, заедничка одбрана и отпорност на внатрешни поделби, кои, според Берлин, претставуваат една од главните цели на руската надворешна политика.

Свет | пред 2 месеци

media-librarylenla4lvof1f2eR0mo4

Германија се откажува од приемот на Авганистанците што чекаат во Пакистан, можно е до крајот на годинава да бидат вратени на талибанскиот режим

Иако голем број Авганистанци со месеци живеат во пакистански пансиони финансирани од германската држава и имаа добиено уверувања дека ќе бидат хуманитарно примени, Берлин сега ја повлекува таа понуда. Како што пренесува Дојче веле, овие луѓе ќе добијат официјално известување дека „повеќе нема политичка волја“ нивниот прием да се реализира.Портпаролката на германското Министерство за внатрешни работи, Соња Кок, потврди дека околу 640 лица што се наоѓаат на територијата на Пакистан веќе немаат перспектива да заминат за Германија, иако тоа претходно им било ветено во рамките на програмите за заштита од талибанскиот режим. Новата влада на канцеларот Фридрих Мерц реши да ги укине повеќето програми за преселување воспоставени од претходната коалиција.Претходната влада предвидуваше прием на активисти за човекови права, новинари, жени што се соочуваат со прогон и други ранливи категории. Новиот министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, ги нарече тие обврски „прашања наследени од минатата влада“ и ги стопираше.Одлуката првпат ги погоди и луѓето кои работеле за германските институции во Авганистан. Хуманитарната организација „Кабул-Луфтбрике“ потврди дека околу 130 од нив – за кои веќе била донесена позитивна одлука – добиле известивање во кое се наведува дека приемот е одбиен. Пораката, испратена од агенцијата ГИЗ, наведува дека нема правен основ за прием според член 22 од Законот за престој.Според податоците што ги даде Кок, од останатите 220 локални работници, само 90 ќе можат да поднесат барање за прием. Добриндт изјави дека Германија ќе ги исполни само оние ветувања кои претставуваат правно обврзувачка одлука и нагласи дека сите кандидати мора да минат безбедносна проверка. До април 2025 година, Германија има прифатено околу 4.000 локални соработници и речиси 15.000 членови на нивните семејства.Ситуацијата станува итна, бидејќи пакистанските власти предупредуваат дека на крајот од годината би можеле да ги предадат Авганистанците на талибанскиот режим. Иако неколку стотици лица се преселени по промената на владата, околу 1.000 луѓе и понатаму се заглавени во неизвесност.Повеќе од 250 организации – меѓу кои „Хјуман рајтс воч“ и „Про азил“ – упатија отворено писмо до министерот Добриндт, барајќи веднаш да се обезбеди прием за ранливите семејства. Хелен Резен од „Про азил“ изјави дека ова ќе биде „испит за кредибилитетот и човечноста“ на германската влада.Иако засегнатите нема веднаш да останат без сместување, како што потврдува Соња Кок, германските власти нудат и опција за враќање во Кабул – потег што многумина го доживуваат како ризичен, со оглед на безбедносната ситуација под талибанска контрола.Дојче веле наведува дека во моментов околу 1.800 Авганистанци сè уште се надеваат дека Германија ќе најде начин да ги спаси.

Свет | пред 2 месеци

brod1

Патнички брод со 137 лица удри во мост во Баварија

Патнички брод со 137 лица удрил во мост на каналот Мајна–Дунав, во германската покраина Баварија, соопшти полицијата. Несреќата се случила доцна синоќа, додека пловилото се приближувало кон градот Дитфурт, околу 70 километри југоисточно од Нирнберг.Според полицијата, кабината на кормиларот била превисока и при пловењето удрила во мостот, предизвикувајќи значителна материјална штета. И покрај силниот удар, меѓу 137-те патници и членовите на екипажот нема повредени.Проценките се дека штетата би можела да достигне и до 100.000 евра. Бродот засега нема дозвола да продолжи со пловењето додека трае истрагата и процената на безбедноста.

Свет | пред 2 месеци

media-librarym2tninoqt3u13earXuf

Германија размислува за враќање на руската енергија: „Ни требаат достапни цени.“

„Дебатата за односот кон Русија не се води само во АфД, туку и во ЦДУ, особено околу можниот (повторен) увоз на руски енергенти“, анализира DW.Премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер, изјави дека Германија треба да ја разгледа можноста за продолжување на испораките на енергија од Русија, со цел да се обезбедат достапни цени за Европа. Тој смета дека Русија треба „долгорочно повторно да стане трговски партнер, без создавање нова зависност“.Кречмер веќе порано се залагал за поблиски односи со Русија, но неговите ставови се критикувани од партискиот колега Родерих Кизеветер, кој нагласува дека Русија секојдневно бомбардира украински домови и инфраструктура, па таквите изјави се контрапродуктивни и опасни за безбедноста.Раководството на ЦДУ и германската влада досега одбиваат било какво приближување кон Русија, истакнувајќи дека само Москва може да ја запре војната во Украина. Пред конфликтот, Русија беше важен снабдувач на енергенти за Германија, но денес увозот на руски гас и нафта е стопиран, а ЕУ планира да го укине целосно до 2027 година.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2024-09-29-at-09.31.09

Берлинска полиција уапси сириски државјанин осомничен за подготовка на терористички напад

Полицијата во Берлин уапси 22-годишен сириски државјанин под сомнение дека планирал терористички напад во главниот град на Германија, соопшти во неделата германското државно обвинителство.Според информациите на германскиот весник Bild, осомничениот, идентификуван како Абдала Р., наводно подготвувал самоубиствен напад со експлозив на засега непозната локација во Берлин. Тој пристигнал во Германија во 2023 година и поднел барање за азил, кое му било одбиено, но поседувал привремена дозвола за престој.При претрес на три адреси на кои бил пријавен, полицијата пронашла материјали за изработка на експлозивна направа. Германските медиуми објавија дека Абдала Р. бил поврзан со Исламска држава. Уапсен бил во саботата попладне во берлинската населба Нојколн, позната по бројното арапско население.Настанот повторно ја отвори дебатата во Германија околу прашањето дали мигрантите треба да се враќаат во Сирија. Министерот за внатрешни работи, Александер Добриндт, се залага за засилени депортации на сириски државјани кои извршиле кривични дела или уживале т.н. супсидијарна заштита поради граѓанската војна. Поддршка за овој став даде и германскиот канцелар Фридрих Мерц.Сепак, министерот за надворешни работи, Јохан Вадепфул, по неодамнешната посета на Сирија, изјави дека депортациите не се можни поради степенот на разурнување во земјата, што предизвика остри несогласувања во рамките на владата.

Свет | пред 3 месеци

media-library0lmq13liji0p6nakrwv

Јордан и Германија: Мировните сили за Газа треба да имаат мандат од ОН

Јордан и Германија денес се согласија дека меѓународните сили, кои ќе бидат распоредени во Газа според мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, треба да имаат мандат од Обединетите нации (ОН).„Меѓународни стабилизациски сили“ се предвидени со договорот кој на 10 октомври доведе до кревко примирје меѓу Израел и палестинскиот Хамас, по две години разорна војна предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.„Мандатот мора да биде заснован на јасна правна основа во меѓународното право“Според условите на овој договор, коалицијата на стабилизациски сили ќе се состои главно од арапски и муслимански земји и ќе биде распоредена во Газа за да ја надгледува безбедноста и почитувањето на примирјето за време на повлекувањето на израелската војска.„За овие стабилизациски сили ефикасно да ја извршуваат својата мисија, сите се согласуваме дека тие мора да имаат мандат од Советот за безбедност“, изјави јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади на заедничката прес-конференција со неговиот германски колега Јохан Вадефул во Манама, главниот град на Бахреин.Вадефул исто така ја поддржа идејата за мандат на ОН за овие меѓународни сили, кој мора да биде заснован на „јасна правна основа во меѓународното право“. „Тоа е многу важно за земјите кои сакаат да испратат свои војници во Газа и за Палестинците. Германија, исто така, сака јасен мандат за оваа мисија“, рече тој.„Јордан нема да испрати војници во Газа“Јорданскиот претставник појасни дека неговата земја нема да испраќа војници во Газа. „Премногу сме вклучени во ова прашање и не можеме да распоредиме сили“, рече тој, додавајќи дека Јордан е подготвен да ги координира и да соработува со тие сили.Идејата за меѓународни сили без мандат на ОН предизвика контроверзии, а експертите минатиот месец предупредија дека тоа би значело „израелската окупација да се замени со окупација предводена од САД, што е спротивно на палестинското самоопределување“.ОН со децении издава мандати за меѓународни мировни сили во регионот, особено во Либан. Мисијата УНИФИЛ, со околу 10.000 мировници, делува како тампон-зона меѓу Израел и Либан од 1978 година, а нејзиниот мандат треба да заврши во 2027 година.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања