Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГЕРМАНИЈА

avion-krilo

Рајанер и Изиџет се повлекуваат од Германија – помалку летови и повисоки цени за патниците

Ерата на евтините авионски билети во Германија се приближува кон крајот. Двете најголеми европски нискобуџетни авиокомпании, Ryanair и Easyjet, значително го намалуваат своето присуство на германскиот пазар, повлекувајќи дел од флотата и укинувајќи повеќе линии.Како главна причина ја наведуваат високата цена на аеродромските и државните такси, поради кои Германија станала непрофитабилна дестинација за нив. Според нив, овој чекор ќе ја намали конкуренцијата, ќе ги зголеми трошоците за патниците и ќе има негативно влијание врз туризмот.1,8 милиони помалку седишта – најголем удар од RyanairRyanair најрадикално реагира на ситуацијата, исфрлајќи 16 германски аеродроми од својата мрежа и намалувајќи го капацитетот за 1,8 милиони седишта. Градови како Дортмунд, Дрезден и Лајпциг остануваат без летови на оваа компанија, додека Easyjet ја укина домашната рута Франкфурт–Берлин. Извршниот директор на Ryanair, Мајкл О’Лири, со години ја обвинува германската влада за антиконкурентски политики.Обвинувања за заштита на ЛуфтханзаВо фокусот на критиките е германскиот данок на воздушен сообраќај (Luftverkehrsteuer), кој неодамна беше зголемен. Според нискобуџетните превозници, овој данок во комбинација со високите аеродромски такси е наменет за да ја заштити националната авиокомпанија Луфтханза и нејзината нискобуџетна филијала Eurowings. Како што Ryanair и Easyjet се повлекуваат, Eurowings го шири својот пазарен удел на аеродроми како Штутгарт, што критичарите го гледаат како доказ за протекционизам.Прераспределба на флотата и нови пазариЗа Ryanair, авиони се средства што лесно се пренасочуваат кон пазари со подобри услови и пониски давачки. Додека ја намалува својата активност во Германија, компанијата го зголемува присуството во Италија и Шпанија, каде таксите се пониски.Дилема за германската владаБерлин е соочен со тешка одлука – таксите носат значителен приход во буџетот и служат како „зелена такса“ за намалување на авионските патувања, но истовремено ја поткопуваат конкуренцијата. Најмногу ќе загубат патниците и туристичкиот сектор, кои ќе се соочат со помал избор и повисоки цени.

Свет | пред 6 месеци

voz-Germanija

(ФОТО)Трагедија во Германија, во во железничка несреќа загинаа тројца, 50-тина се повредени

Германската полиција од Улм соопшти дека постои сомневање дека свлечиште предизвикано од силното невреме може да е причината за тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на Ридлинген, во сојузната покраина Баден-Виртемберг.Во трагичниот инцидент животот го загубија три лица, а околу 50 се повредени, од кои 25 се здобиле со тешки повреди, информираа германските власти.Меѓу загинатите се и машиновозачот, како и уште еден член на персоналот на државниот железнички оператор Дојче Бан. Инцидентот се случил околу 18:10 часот, кога најмалку два вагони од регионален воз на линијата RE 55 излетале од шините.Возот се движел на релација Зигмаринген – Улм, а несреќата се случила на околу 45 километри југоисточно од Улм, близу границата со Баварија. Во моментот на несреќата, регионот бил погоден од силно невреме.Сликите од местото на трагедијата покажуваат искршени дрвја и делови од возот, вклучувајќи и откината оскана самиот раб на пругата. Екипите за спасување извлекувале патници од делумно превртени вагони, додека од позадина се слушале вознемирувачки крици. Генералниот директор на Дојче Бан, Рихард Луц, најави дека ќе го посети местото на несреќата денес, за лично да се запознае со ситуацијата и да им изрази благодарност на ангажираните служби. Тој упати сочувство до семејствата на загинатите и им посака брзо закрепнување на повредените.Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, премиерот на Баден-Виртемберг, Винфрид Кречман, како и министерот за внатрешни работи, Томас Штробл, кој беше присутен на теренот, изразија шокираност и сочувство за жртвите и нивните семејства.Железничкиот сообраќај на трасата меѓу Мундеркинген и Зигмаринген е целосно во прекин и засега не е познато кога ќе биде обновен.фото: Х

Свет | пред 6 месеци

UNI-Leipzig

Шеријатот полека се воведува на германските универзитети, експертите предуваат на нов сериозен проблем

Германските универзитети сè повеќе пријавуваат активности на сомнителни студентски исламски групи кои ги користат универзитетските простори и ресурси за активности водени од шеријатските правила, вклучувајќи строга родова сегрегација и гостувања на салафистички говорници.Најпознатиот случај доаѓа од светски познатата берлинска клиника „Шарите“, каде што на исламистичката студентска група „МедИслам Колектив“ ѝ беше забрането да одржува какви било активности на кампусот. Причината е што предавањата се одржувале во салите на клиниката со строга одвоеност на мажи и жени, пишува БИЛД.Групата тврди дека разделбата не била задолжителна и покрена петиција против универзитетската администрација, обвинувајќи ја за „антимуслимански расизам“ и „структурна дискриминација“.Поранешниот студент на „Шарите“ и познат вирусолог Јонас Шмит-Ханасит истакнува дека „универзитетите не се места за религиозни паралелни општества“ и дека оваа практика станува политички проблем.Сè повеќе родители веруваат дека во германските училишта постои страв од исламот и дека дури и католичките деца се преобраќаат во ислам од страв од насилни муслимански ученици.Германските универзитети предупредуваат за овој проблем, бидејќи случаи се појавуваат низ цела Германија:Кил: Универзитетот го поништи признавањето на „Исламската студентска група“ (IHG) откако нивните предавања вклучуваа и родова сегрегација.Берлин (FU): Групата FURSA организираше настани со строга поделба на публиката по пол. Беа доделени и награди, меѓу кои и книги од салафистичкиот научник Ибн Кајим.Брауншвајг: „Сојузот на муслимански студенти“ беше прикажан во Москва каде што жените беа целосно одвоени и не беа прикажани свртени кон камерата.Зиген: Исламска група организираше предавање со посебно обележани влезови за мажи и жени. Универзитетот тврди дека не бил свесен за сегрегацијата и најавува построги контроли.Тибинген: Во студентскиот дом на Евангелистите се одржа предавање на тема „Обликување на срцето“, повторно со одвоени мажи и жени.Историчарот проф. Михаел Волфсон се прашува каде води ова: „Кон одделни базени, училишта, кина, ресторани, театри?“Тој заклучува дека овој вид скриена родова сегрегација претставува „цивилизациски и културен чекор назад“.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-09.40.22

(Видео) Инцидент со огномет во Дизелдорф: Повредени најмалку 19 лица, меѓу нив и дете

Најмалку 19 лица се повредени во несреќа со огномет што се случила во петокот навечер за време на саем во германскиот град Дизелдорф.Меѓу повредените има и најмалку едно дете.На местото на настанот интервенирале околу 80 пожарникари и спасувачи. Според досегашните информации, еден од огнометите експлодирал на прениска висина од засега непознати причини.Полицијата ја истражува причината за инцидентот, но првичните проценки укажуваат дека се работи за несреќен случај.Организаторите на најголемиот саем на Рајна – Дизелдорфер Рајнкирмес – ги прекинаа свеченостите предвреме.Во изјава за јавноста, тие изразија длабоко жалење поради несреќата. Портпарол на настанот изјави дека ќе се размислува дали традицијата на огнометот ќе продолжи и наредната година.Саемот, кој е посветен на заштитникот на градот – Свети Аполијнар – започна на 11 јули и требаше да трае до недела.

Свет | пред 7 месеци

tarantuli-kolaz

Запрепастувачко откритие на аеродромот Келн-Бон: Наместо бисквити , шверц на илјадници млади тарантули од Виетнам

Неочекувана пратка која пристигнала од Виетнам и била наменета за примач во регионот Зауерланд, западна Германија, открила морничава содржина – наместо најавените бисквити, германските царински службеници пронашле околу 1.500 млади тарантули.Заплената била извршена пред три недели на аеродромот Келн-Бон, кога при рутинска контрола на пратката тешка седум килограми, службениците почувствувале невообичаен мирис. Тоа веднаш предизвикало сомнежи дека пакетот не содржи кондиторски производи, туку нешто сосема друго.„Забележливиот мирис при отворањето на големиот пакет не беше во согласност со наводната содржина на седум килограми бисквити. Моите колеги на аеродромот редовно се изненадени од содржината на забранетите пакети од целиот свет, но откривањето на околу 1.500 мали пластични садови со млади тарантули во овој пакет ги остави без зборови дури и најискусните меѓу нив“, изјави Јенс Аланд, портпарол на Генералната царинска управа во Келн.Пајаците биле натрупани во мали пластични контејнери и внимателно сокриени во обвивки за колачиња. За жал, голем дел од животните не го преживеале транспортот, што претставува директно прекршување на прописите за благосостојба на животните. За преживеаните тарантули веќе е обезбедено соодветно згрижување.„Ова е невообичаена заплена за германската царина. Тажно е што некои луѓе експлоатираат животни исклучиво заради профит“, додаде Аланд.Против примателот на пратката е покрената кривична постапка. Увозот на животни од земји што не се членки на Европската Унија е строго регулиран и предмет на строги контроли и дозволи.Фото: Hauptzollamt Köln/Главна царинска управа-Келн

Свет | пред 7 месеци

policija-germanija

Крвав напад со нож во Германија – вработен во компанија ранил тројца колеги, усмртил едно лице

Во германскиот град Мелрихштат, утрово се случил напад со нож во една енергетска компанија, при што една жена загинала, а тројца други се повредени, дел од нив потешко – јавува германскиот Билд.Нападот се случил во просториите на фирмата Überlandwerk Rhön, регионален снабдувач со струја. Осомничен е 21-годишен маж, германски државјанин и, според полицијата, и самиот вработен во фирмата. Тој е уапсен на самото место.Загинатата е 59-годишна жена која добила повеќе убодни рани во вратот и горниот дел од телото. Повредени се уште три лица, на возраст од 55 и 62 години, сите колеги на напаѓачот.Полицијата соопшти дека нема опасност за останатите граѓани и оти се истражува мотивот. Инцидентот се води како „внатрешен напад во работна средина“.

Свет | пред 7 месеци

policija-germanija

Хрват пронајден жив по 30 години: Намерно ја лажирал својата смрт и започнал нов живот во Франција

Хрватскиот државјанин Борис Ц. од Виерсен (Северна Рајна-Вестфалија), кој исчезнал во 1994 година, по речиси три децении е пронајден жив во Франција, каде што живее под нов идентитет со ново семејство, пишува Јутарни.хр. Случајот кој со години се водеше како можна жртва на убиство, доби неочекуван и драматичен пресврт.Во времето на исчезнувањето, Борис имал 37 години. Неговиот автомобил бил пронајден во Дизелдорф со траги од крв, кои подоцна било потврдено дека се негови. Германската полиција веднаш претпоставила дека е убиен, а и покрај долготрајната истрага, не бил пронајден. Во 1997 година, неговото семејство официјално го прогласило за мртов.Пресвртот се случил по повеќе од 30 години, кога властите откриле дека Борис всушност живее во Франција. Според информации од државното обвинителство, тој однапред го испланирал своето исчезнување. Признал дека имал сериозни долгови и стравувал од можни последици по себе и семејството, поради што решил да исчезне и да започне нов живот.Клучен доказ во случајот – крвавите траги во автомобилот – се покажале како дел од неговиот план. Властите сега веруваат дека Борис намерно се самоповредил за да создаде убедлив впечаток дека станува збор за насилен криминал. Овие лажни траги ги навеле истражителите на погрешен пат, кој траел со децении.Случајот повторно бил отворен благодарение на германската телевизиска емисија Aktenzeichen XY, која често придонесува за разрешување на стари случаи на исчезнувања и кривични дела. Но, ретко се случува "мртов човек" – особено од Хрватска – повторно да се појави во јавноста жив и здрав.

Свет | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-0420PM

Авион на „Рајанер“ принудно слета во Германија: „Мислев дека ќе се распадне“

Авион на „Рајанер“ што леташе од Берлин до Милано синоќа изврши итно слетување во јужна Германија поради силни турбуленции предизвикани од бура, при што беа повредени девет патници, соопшти полицијата.Според соопштението на баварската полиција, авионот бил принуден да слета во Меминген, околу 113 километри западно од Минхен, поради лоши временски услови. Иако слета безбедно, девет лица на возраст меѓу две и 59 години беа повредени за време на турбуленциите, соопшти полицијата.Една жена се здобила со повреда на главата, нејзиното две и полгодишно дете имало модринки, а 59-годишна жена се пожалила на болки во грбот. Сите три лица се однесени во болница, се вели во полицискиот извештај. Другите патници со полесни повреди биле третирани на местото на настанот.Авиокомпанијата организирала автобуси што ќе ги однесат во Милано бидејќи локалните воздухопловни власти не дале дозвола летот да продолжи од Меминген, додаде полицијата.Патниците опишале страв и паника откако авионот одеднаш се затресол.„Никогаш не сум почувствувал таков страв. Во тој момент помислив дека авионот ќе се распадне!“ еден патник изјави за германски „Билд“.Некои патници не носеле безбедносни појаси за време на турбуленцијата, а според „Билд“, екипажот не давал континуирани инструкции за време на кризата.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-04-at-09.28.35

Во Келн е во тек најголемата евакуација од Втората светска војна, девет училишта и 58 хотели се затворени.

По откривањето на три бомби од Втората светска војна, започна евакуацијата на околу 20.000 луѓе во германскиот град Келн. Полицијата од утрово оди од врата до врата за да провери дали куќите и деловните објекти се празни, додека експертите се обидуваат да ги деактивираат бомбите, јавува Скај њуз.Тоа е најголемата евакуација во овој град од крајот на војната, со оглед на тоа што во понеделник беа пронајдени две американски бомби со тежина од 1000 килограми и уште една со тежина од 500 килограми. Поради нивната големина, потребно е да се огради безбедносна зона во радиус од илјада метри.Девет училишта, 58 хотели, една болница, главното градско собрание и областа во близина на познатата катедрала, која е заштитена од УНЕСКО, се привремено затворени. Отворени се и два приемни центри за граѓаните кои мораа да бидат евакуирани.Градските власти изјавија дека главниот план е да се обидат да ги деактивираат бомбите, но доколку тоа не е можно, алтернативната опција е нивно контролирано детонирање. Во овој случај, потребно е да се огради областа со песок и вода, со цел да се намалат штетите од експлозијата.Властите се надеваат дека пиротехничарите ќе успеат да ги деактивираат бомбите на време, за да можат граѓаните да се вратат дома до вечерта.Се проценува дека околу 1,5 милиони бомби биле фрлени врз Келн за време на Втората светска војна. Експертите веруваат дека околу 20 проценти од нив не експлодирале. Некои од овие направи сè уште лежат под земја, што довело до евакуации неколку пати во текот на годините.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-21-at-08.51.16

Пожар во болница во Хамбург: Тројца мртви, повеќе од 50 повредени

Три лица загинаа во пожар во болница во северниот германски град Хамбург, соопштија официјални лица во неделата. Повеќе од 50 лица се повредени, од кои 16 сериозно, изјави портпарол на противпожарната служба за ДПА.Пожарот избувнал на приземјето од болницата „Маријан“ во текот на ноќта во саботата, пред да се прошири на првиот кат. Според извештаите, пожарот започнал во геријатриското одделение на болницата, кое е специјализирано за грижа за постари пациенти. Причината за пожарот не е позната, ниту пак обемот на штетата.Пожарникарите спасувале луѓе низ прозорците, изјави портпаролот. Вклучени биле околу 160 спасувачи. Пламените биле изгаснати, а делови од зградата биле евакуирани, изјави портпаролот.Болницата има околу 600 кревети и лекува околу 93.000 пациенти секоја година.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-06-at-11.01.34

Неочекуван исход: Германија не успеа да избере канцелар

Лидерот на германските христијански демократи, Фридрих Мерц, не успеа да го освои потребното мнозинство во Бундестагот за да биде избран за германски канцелар во првиот круг од гласањето, што е неочекуван удар за неговата нова коалиција со социјалдемократите.Мерц (69), кој на чело на Христијанско-демократската унија CDU/CSU победи на федерално ниво во февруари и договори коалиција со социјалдемократите (SPD), доби само 310 гласови во Долниот дом на парламентот, објави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер. Му беа потребни најмалку 316 гласови за да биде избран во првиот круг.Клокнер ја прекина седницата за да можат парламентарните групи да одржат консултации за понатамошните чекори.Бундестагот сега има 14 дена да го избере Мерц или друг кандидат за канцелар со апсолутно мнозинство, а нов круг гласање би можел да се одржи уште денес.Христијанските демократи на Мерц ги добија изборите во февруари со 28,5 проценти од гласовите, но им треба барем еден коалициски партнер за да формираат мнозинска влада.Вчера тие потпишаа договор за коалиција со социјалдемократите, кои освоија само 16,4 проценти од гласовите на изборите, што е најлошиот резултат на партијата од крајот на Втората светска војна.„Резултатот од гласањето е огромен и срамен удар за Фридрих Мерц“, пишува Јакуб Крупа од „Гардијан“.„Неговата коалиција на ЦДУ/ЦСУ и СПД теоретски има 328 места во Бундестагот, но Мерц доби само 310 гласови. Тоа е 18 помалку отколку што би се очекувало и шест помалку од апсолутното мнозинство потребно за да се потврди за канцелар. Тајното гласање, се чини, не помина во негова корист.Како што истакнуваат германските медиуми, овој исход никогаш порано не се случил во историјата на Сојузна Република Германија“, додава тој.

Свет | пред 9 месеци

Germanija-eksplozija

Откажани над 3.400 летови, околу 510.000 патници не можат да патуваат: Почна штрајкот во Германија

Синдикатот Верди започна предупредувачки штрајк на 13 германски аеродроми. Вработените во јавните служби на аеродромот, копнениот транспорт и воздушното обезбедување штрајкуваат од полноќ, потврди синдикатот.Здружението на германски аеродроми (ADV) веќе во петокот објави откажување на повеќе од 3.400 летови и околу 510.000 погодени патници. Штрајкови ги погодија аеродромите во Франкфурт, Минхен, Штутгарт, Келн/Бон, Дизелдорф, Дортмунд, Хановер, Бремен, Хамбург, Берлин-Бранденбург и Лајпциг-Хале. На аеродромите во Везе во Долна Рајна и Карлсруе/Баден-Баден, на штрајк се повикани само вработените во областа на безбедноста на воздухот.Верди веќе во голема мера го парализираше аеродромот во Хамбург на почетокот на празничната сезона со неочекуван штрајк за одржување на авионот во неделата.Вработените на погодените аеродроми кои се опфатени со колективниот договор за јавни услуги се повикани на штрајк во понеделник, како и околу 23.000 вработени во копнените услуги на главните германски аеродроми. Верди на тој начин сака да му даде поголемо значење на барањето за зголемување на платите за осум отсто, или најмалку 350 евра.Дополнително, Верди ги повика вработените во безбедноста на воздушниот сообраќај да излезат на еднодневен штрајк. Станува збор за вработени кои контролираат патници, персонал, стоки и товар или работат во сервисни области. Верди преговара со здружението на работодавачи БДЛС за нов рамковен колективен договор кој би ги подобрил условите за работа на професионалците за воздухопловна безбедност.Синдикатот сака да го зголеми притисокот врз работодавачите. Следната рунда преговори е закажана за 26 и 27 март 2025 година. Федералната асоцијација на компании за безбедност на авиокомпании (BDLS) силно ги критикуваше штрајковите, сметајќи ги како доказ за „претерувања на синдикатот“.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-23-at-11.35.18

Германците гласаат: Фаворитот вети „поместување на десно“, АфД поддржана од Маск очекува историски успех

Германските гласачи денеска излегуваат на гласање на општите избори на кои конзервативците се фаворити по кампањата потресена од подемот на екстремната десница и драматичното враќање на американскиот претседател Доналд Трамп. Гласачките места беа отворени во 8 часот, а право на глас имаат повеќе од 59 милиони Германци. Првите проценки врз основа на излезните анкети се очекуваат по затворањето на гласачките места во 18 часот.Наводниот нов канцелар Фридрих Мерц вети цврста промена надесно доколку биде избран за да ги врати гласачите за екстремно десничарската антиимиграциска Алтернатива за Германија (AfD), која очекува рекорден резултат по серијата смртоносни напади за кои се обвинуваат барателите на азил.Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја искористи можноста за време на гласањето да им се заблагодари на изборните помагачи, од кои во Германија има околу 675.000. Тој ги повика и граѓаните со право на глас да гласаат.„Искористете го своето право на глас, излезете на гласање и одлучувајте за иднината на нашата земја со мислата дека вашиот глас може да биде одлучувачки“, рече Штајнмаер додека гласаше во берлинското училиште кое, како и многу други во Германија, служи како избирачко место оваа недела.Клучното гласање во најголемата економија на Европската унија доаѓа во време на тектонски промени во американско-европските односи предизвикани од директното обраќање на Трамп до рускиот претседател Владимир Путин, заобиколувајќи ја Европа, за да се стави крај на војната во Украина.Низ Европа, сојузниците на НАТО се загрижени за иднината на алијансата, никаде повеќе како во Германија, која напредуваше под безбедносниот чадор предводен од САД.Сепак, на Мерц може да му бидат потребни многу недели за да се договори за коалициска влада, што ќе доведе до уште поголема политичка парализа во Берлин во таков тензичен период.Во необичен развој на настаните во услови на поларизирана кампања, АфД уживаше поддршка од внатрешниот круг на Трамп, при што милијардерот Илон Маск ја пофали како единствената партија што ја „спасува Германија“.

Свет | пред 1 година

germanija-bundestag

Односот меѓу САД и Европа е завршен, тврди германски пратеник

Вербалниот напад на Доналд Трамп врз Украина е „целосен неуспех“ за трансатлантската алијанса, тврди висок германски пратеник.„Ова е чист говор на Кремљ - и на Путин -“, рече Мајкл Рот, претседател на комисијата за надворешни работи на германскиот парламент, откако американскиот претседател го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски „диктатор“ и застана на страната на рускиот наратив за тоа зошто започна војната, пренесува Политико.Во утринската емисија на германскиот ЗДФ, Рот денеска изјави дека е изненаден што „ја слушна оваа пропаганда од Белата куќа“.Рот, член на Социјалдемократската партија, која заостанува зад конзервативните демохристијани во анкетите пред националните избори во недела, исто така го опиша новиот тон на американската влада како „најлошото можно сценарио“.„Трансатлантската врска е завршена“, додаде Рот, нагласувајќи дека зголеменото усогласување на Трамп со Путин ја остава Европа „сама дома“ и ја спречува да ги бара „најдобрите опции“ - сега има само најлошото од најлошото.Острите зборови на Трамп кон Зеленски предизвикаа бранови на бес кај европските политичари.Клучните европски лидери побрзаа да го уверат украинскиот претседател за нивната континуирана поддршка, а германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Зеленски е избран за претседател на Украина. „Володимир Зеленски е избран за шеф на државата на Украина. Неможноста да се одржат регуларни избори среде војна е во согласност со украинскиот устав и изборните закони. Никој не треба да расправа поинаку“.

Свет | пред 1 година

olaf-solc

Шолц: Украина не е виновна за руската агресија

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја истакна важноста да се задржи отворена перспективата за членство на Украина во Европската унија, а во исто време силно ги отфрли обвинувањата дека самата Украина е виновна за руската инвазија.„Украина не смее да се задржува во својата одлука да биде демократска, независна нација на нејзиниот пат кон Европа“, рече Олаф Шолц.Тој ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Украина е единствена виновна за руската инвазија.„Украина не е виновна. Ние во Европа инсистираме на тоа“, рече Шолц.Тој рече дека секој иден договор меѓу Русија и Украина треба да дефинира дека на Украина и е дозволено да поседува силна армија.По состанокот САД-Русија во Саудиска Арабија и изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција минатиот викенд, Германија ги отфрли обидите да се одлучи за судбината на Украина без учество на Европската унија.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања