Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вулин: „Третата светска војна започна со обединувањето на Германија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
vulin

Поранешниот министер и актуелен претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, Александар Вулин, изјави дека Третата светска војна веќе трае подолго време и дека светот сега се наоѓа на работ на нуклеарен судир.

Во интервју за руската новинска агенција РИА Новости, Вулин тврди дека почетокот на новиот глобален конфликт треба да се бара во моментот на обединувањето на Германија, кога, според него, започнала „ревизијата на исходот на Втората светска војна“.

— реклама —

„Политиката на Западот нè доведе до работ на нуклеарна војна – не до Третата светска, која веќе долго време трае, туку до нуклеарна. Потребно е итно да се постигне нов глобален договор и да се признае дека еднополарниот свет е мртов. Само така ќе обезбедиме барем 50 години мир или живот без големи војни“, изјави Вулин.

— реклама —

Тој додаде дека светот мора да се адаптира на „новиот баланс на сили“, каде повеќе не постои единствен глобален центар на моќ.

Во истиот разговор, Вулин потсети на своите поранешни изјави дадени во рускиот град Казан, каде рече дека претседателот Александар Вучиќ се восхитува на Русија и дека тој и Владимир Путин се пријатели.

— реклама —

„Србија се надева дека ќе стане дел од БРИКС – организација што нуди поголема слобода и не бара промена на политичкиот систем или приклучување кон санкциски режими“, истакна Вулин.

— реклама —

Тој додаде дека Србија се чувствува добредојдена меѓу земјите-пријатели на БРИКС, бидејќи тие нудат алтернатива на западниот модел:
„Првпат имаме избор. Мораме да научиме дека можеме сами да избираме. Ова е важно за нас.“

Вулин потенцираше дека Србија ќе продолжи да негува пријателски односи со Русија, а за Вучиќ рече: „Мојот претседател навистина се восхитува на руската историја и култура и е цврст поддржувач на пријателството меѓу двете земји.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Русија официјално се повлече од Европската конвенција за спречување тортура

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Русија на три месеци го забрани извозот на дел од петрохемиските производи

Свет | пред 2 дена

media-libraryobu75oumfur8cAhY8cv

(Фото) Украина уништи руска воена опрема вредна 70 милиони долари, тврди Зеленски

Свет | пред 3 дена

media-library8jp6d7ildh1i5S48UU0

Русија нападна парк во близина на училиште во Украина: Загинаа 13-годишно девојче и жена

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања