Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Русија нападна парк во близина на училиште во Украина: Загинаа 13-годишно девојче и жена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library8jp6d7ildh1i5S48UU0

Тринаесетгодишно девојче и една жена загинаа во руски напад врз општината Козјатин, во украинската област Виница. Во нападот биле повредени уште четири лица, меѓу кои три деца, соопштија локалните власти и службите за итни случаи.

— реклама —

Според началничката на Воената управа на областа Виница, Наталија Заболотна, ударот погодил парк меѓу студентски дом и образовна установа. Од Државната служба за вонредни состојби потврдиле дека руски дрон погодил дом на стручно училиште. По ударот се запалиле два автомобила, а пожарникарите го изгаснале пожарот.

— реклама —
— реклама —

Во болница биле примени две петгодишни девојчиња и 16-годишно момче, кои се здобиле со повреди со средна тежина. Медицинска помош добил и 24-годишен маж со полесни повреди.

Заболотна потврдила дека во нападот загинале две лица – 13-годишно девојче и жена, која починала на одделението за интензивна нега во болница. Со ова таа ја исправила првичната информација дека на местото на нападот загинал маж.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryobu75oumfur8cAhY8cv

(Фото) Украина уништи руска воена опрема вредна 70 милиони долари, тврди Зеленски

Свет | пред 26 минути

— реклама —
benzine

Русија ја продолжи забраната за извоз на дизел до јануари 2027 година

Свет | пред 10 часа

media-libraryfbs2tj5qsdjndTjfw97

Русија возвраќа: Од 30 декември воведува визи за црногорските државјани

Свет | пред 1 ден

media-librarycotrkdlsoidr1imd1cr

Најмалку 13 загинати во руски напад врз железнички перон во Украина

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања