Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГРЦИЈА

Нема фотографија

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи, ова се најзагрозените делови од земјата

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака поради невремето кое се очекува во текот на денот.Во пораката се наведува дека од раните утрински часови до пладне се очекува лошо време, како град и грмотевици, пренесува Катимерини.„Избегнувајте преминување на порои и потоци, пеш или со возило, при невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не држете ги вклучените електрични уреди или телефони, бидејќи молњата може да помине низ жиците. „Избегнувајте допирање на водоводни цевки (кујна, бања), бидејќи тие се спроводници на струја“, се наведува во предупредувањето.Исто така, се додава дека ако некој е на отворено за време на невреме, советот е да се држи подалеку од метални предмети, како што се автомобили, велосипеди или опрема за кампување и дека ако некој е во морето, веднаш да излезе.Невреме се очекува и во Тесалија, Островите Споради, централна и источна Стереа (вклучувајќи ја Атика), источен Пелопонез и Евија.Како што јавува ЕРТ, врнежи и невреме се предвидуваат во централните, источните и северните предели, а од вечер се очекува постепено слабеење.Температурите се очекува да се спуштат до 28 степени, додека на Крит температурите ќе достигнат до 31 степен. Во Солун се очекува променливо облачно со врнежи од дожд и повремено силно невреме, а температурите ќе се движат од 20 до 28 степени.

Свет | пред 1 година

1120507507

(Видео) Нападнати три острови во Грција: Пожари на Крит, Хиос и Кос, туристите евакуирани

Се уште горат три пожари кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги локализираат.Пожар избувна на островот Кос во понеделникот и излезе од контрола бидејќи силните ветрови го шират кон Кардамаина, популарно туристичко одморалиште на источниот брег на островот, пренесува Екатимерини. Петмина пожарникари се полесно повредени во операциите за гаснење, а околу 10.000 туристи и жители се евакуирани од областа и сместени во училишта, спортски стадиони и хотели во Антимакија, Мастичари и Мармари.Пожарникарите и камионите беа испратени и од Атина и Родос за да им помогнат на локалните сили да го стават пожарот под контрола. На Хиос, пак, избувна пожар во областа Сидирунди, која се наоѓа на северозапад од островот и е позната по прекрасната средновековна населба, која за среќа се спасила без штета.Дополнителни противпожарни сили беа испратени од Лезбос и Атина за да им помогнат на напорите на локалните служби, така што до утринава пожарот беше ограничен на пошумениот дел на островот и пренасочен од станбените области. Во меѓувреме полесно се повредени пет пожарникари. Надлежните уапсиле и 63-годишен маж кој ненамерно го предизвикал пожарот и е казнет со речиси 9.000 евра, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за подметнување пожар.Третиот шумски пожар беше на Крит, особено во Вианос, на јужниот брег на Ираклион и се уште беснее. Локалните власти на островот превентивно го евакуираа селото Катофиги, додека помош за гаснење на пожарот беше испратена од другите делови на островот.

Свет | пред 1 година

hirsula-696x464-1

Грција е вознемирена: исчезна 14. годишно девојче, постои сомневање дека е киднапирано

Цела Грција е на нозе поради девојчето кое наводно било киднапирано во областа Лариса.Хрисула Хрисовалантос, која има 14 години, исчезнала во четвртокот околу 20:30 часот и постои сомневање дека била киднапирана и пренесена во областа Александрија Иматија. Алармот го вклучила организацијата Детска насмевка која наведува дека девојчето било киднапирано од возрасен.Хрисула е висока околу 1,55 m и тежи 55 kg. Има долга кафена коса и темнозелени очи. Девојчето во моментот на исчезнување носело зелени шорцеви, бела маица и бели влечки.Се замолуваат сите кои имаат информации за Хрисула да ја известат полицијата или здружението Детска насмевка. Граѓаните можат да се јават и на Националната телефонска линија за исчезнати возрасни лица или да поднесат информации преку апликацијата за предупредување за исчезнати лица.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Се огласи таткото на девојчето (13) кое го усмрти гром на плажа на Халкидики

Родителите на девојчето (13), кое рано денеска на плажата на Халкидики го усмрти гром, се во шок и не можат да поверуваат што се случило со нивната ќерка.Според таткото на девојчето, семејните безгрижни моменти се претвориле во кошмар кога гром ги погодил неговата ќерка и сопругата. Девојчето починало на лице место, додека неговата сопруга е повредена.Тој вели дека денеска фамилијарно отишле на пливање и дека кога почнал да врне, излегле од морето. Додека биле на плажа, пред нив удрил гром, а неговата сопруга и ќерката паднале на песокот.„Моето девојче повеќе не стануваше“, вели неутешениот татко.Тој напоменува дека жали што не ја напуштил плажата десет минути порано. Таткото вели дека тогаш неговата ќерка би била жива.Да потсетиме, трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.Треба да се напомене дека на подрачјето на Халкидики денеска времето е лошо со обилни врнежи од дожд.Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.

Свет | пред 1 година

timco-mucunski

Реакција во врска со почитувањето на Договорот од Преспа од Министерството за надворешни работи

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република Северна Македонија, вклучително и од Договорот од Преспа, но потсетуваме дека неговата имплементација е обврска и за двете страни.„Воедно ја реафирмираме подготвеноста за искористување на сите можности кои ги нуди Договорот од Преспа за натамошно јакнење на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.Во целост остануваме посветени на спроведување на европскиот интегративен процес преку доследно заокружување и надградување на започнатите реформи за членството во ЕУ, како наш врвен надворешно-политички приоритет“, велат од Министерството за надворешни работи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Tепачка во најголемиот затвор во Грција: Се сомневаат дека има мртви

Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.Засега не се знае како дошло до тепачката, ниту кој е убиен.Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.Грчките медиуми јавуваат дека „тензијата се уште трае“ и дека чуварите не можат да се приближат.На местото на настанот се испратени екипи на итната помош.

Свет | пред 1 година

toplo-vreme-768x556

„Пеколот“ во Грција одзема животи: Загинаа шест туристи

Поради високите температури, кои достигнуваат и до 40 степени Целзиусови, од почетокот на месецов во Грција загинаа шест туристи, а неколкумина се водат за исчезнати.Последната жртва е 67-годишен Германец, кој е пронајден мртов на островот Крит, соопшти денеска полицијата. Туристот во неделата сам излегол на прошетка во кањонот, а по неколку часа и се јавил на сопругата и и рекол дека не се чувствува добро.„Веднаш беше започната операција за пребарување и спасување и специјална единица за спасување со дронови забележа телo на маж во кањонот Трипити“, изјави полициски претставник за Ројтерс.Спасувачките екипи трагаат и по две Французинки на возраст од 73 и 64 години на островот Сикинос и 59-годишен американски полицаец на одмор на островот Аморгос. Уште еден Американец беше пронајден мртов на грчкиот остров Матраки во Јонското Море минатата недела, а холандски турист беше пронајден мртов на егејскиот остров Самос претходно овој месец.Телото на британскиот ТВ водител Мајкл Мозели беше пронајдено на 9 јуни на Сими, остров во Егејското Море, по четиридневна операција за пребарување со авиони, дронови и чамци. Мозли наводно одел сам на високите температури пред да исчезне.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Трагедија во Грција: Млад фудбалер загина во страшна сообраќајна несреќа

Во тешка сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Грција Статис Хациламброс.Овој фудбалер го носеше дресот на Левадијакос, Панелефсинијакос, додека последен тим за кој настапуваше е Елопијакос.Според неговиот последен клуб, несреќата се случила еден ден пред Хациламброс да наполни 26 години.Наводно, неговото возило излетало од патот и удрило во маслиново дрво.Тој забележа седум настапи во елитното ниво на натпреварувањето.Играше на позицијата лев бек.

Спорт | пред 1 година

martina-zaginata-grcija

Две од девојките се во тешка состојба, убиецот на Мартина заврши каде што припаѓа, објави вереникот на загинатото девојче во Грција

Ристе Илијовски, вереник на Мартина Наумовска која загина во тешката несреќа во Грција, се прости од својата сакана. Тој објави дека и нејзините две другарки се во тешка состојба, како и дека лицето кое ја предизвикало сообраќајката е онаму каде што припаѓа.„Со тешко срце и сили сакам да ги известам сите роднини, пријатели, душегрижници, зависници и душмани дека на вчерашен ден во тешка сообраќајна несреќа од страна на грчки душмани животот го одзеде на нашата најчиста душа, мојата вереница, мојата душа и човек со најголеми човечки особини кој денешно време никој ги нема, Мартина. Нема зборови со кои можам да ви опишам која карпа од човек е ова чупе, чекаме да се разбудиме од овој сон, не остави сите кога најмалку требаше, Господ ни го зеде ангелот кој со пари не се купуваше а повеќе не припаѓа на овој свет“, пишува Илијовски.Во името на фамилијата на загинатата Мартина и неговата, се прости од девојката.„Им посакувам опоравување на другите 3 девојки од кои две се во тешка состајба а за оној кој несовесно ја постигна оваа трагедија и то уби нашето чупе заврши онаму каде што припаѓа. Мартина, ти си нешто што со зборови не се опишува, нема збор во нашиот речник со кој можам да те опишам, храбра а толку мека, не бараше ништо освен љубов и внимание, најубава мистерија која некогаш постоела на овој свет, sвезда која ќе сјае на небото, ангел кој ќе сјае во рајот!Почивај во мир душо моја најсакана!“, додаде Илијовски.

Коментари | пред 1 година

IMG_8813

Вака ќе е цела сезона: Гужва на границата со Грција, а потоа и на обиколницата километарски колони

Гужвите на македонско-грчката граница, односно преминот „Богородица“ станаа постојана слика за време на викендите. Стотици автомобили, долги колони, кои чекаат на четири ленти е сликата и од овој викенд. Според АМСМ се чека од 15 до 20 минути за да се помине границата. Во пракса, според возачите, тоа е и до 40-50 минути стоење во место.Големи гужви летниов период има и при влез во Солун. Поради градежни работи на обиколницата покрај градот, има долги колони.Гужвите се очекува дополнително да ескалираат во екот на сезоната.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-21-at-19.43.31

(Видео) Снимки од несреќата во Солун каде загина Македонка: МНР проверува каква е состојбата на другите повредени

Македонското Минситерство за надворешни работи проверува каква е состојбата на повредените македонски државјани во Грција, кои имаа сообраќајка близу Солун. Во исто време, контактира со грчкото МНР за проверка на идентитетот на загинатата македонска државјанка. За тоа време, во јавноста се појавија и првите снимки, кои сведочат за страшната несреќа.Од нив се гледа смачканиот автомобил. Настраданите се вадени од автомобилите со помош на пожарна, бидејќи вратите биле заглавени. Задниот дел на еден од автомобилите е целосно смачкан. На другиот автомобил, му го нема речиси цел преден дел од возилото.Како што објавуваат грчките медиуми, 30 годишна жена починала, а нејзини две сопатнички на возраст од 27 и 25 години биле пренесени во болница..

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена жена на плажа на Халкидики: Мислеле дека се онесвестила

Неидентификувана жена е пронајдена во четврток попладне во несвест од плажата Полихроно во општина Касандра на Халкидики.Жената била превземена од Брза помош ЕКАВ и пренесена во здравствениот дом Касандра на Халкидики.Набрзо жената била прогласена за мртва.Телото ќе биде пренесено во Солун на обдукција, додека прелиминарната истрага ја врши второто пристаниште Нео Мудани на Централната пристаниште во Солун, пишуваат грчките медиуми.

Свет | пред 1 година

policija-grcija

Пукање во супермаркет во Грција, има мртви: Купувачите панично избегале

Едно лице е убиено, а друго тешко рането во престрелка што се случила во супермаркет во Пиреја кое се случи попладнево.Првите сознанија од истрагата укажуваат дека дошло до пресметка меѓу тројца турски државјани, а клиентите кои биле во продавницата во моментот на инцидентот почнале панично да бегаат заедно со вработените.Едното лице им подлегнало на повредите, додека другото е итно пренесено во болница. Нивниот идентитет не е соопштен. Полицијата приведе еден осомничен."Слушнавме два истрели. Видовме вработени како трчаат и викаат полиција. Клиентите панично трчаа. Бевме преплашени, мислевме дека се работи за терористички напад", велат очевидци.Според информациите, двајца турски државјани влегле во продавницата и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. По нив, трет маж влегол во продавницата, извадил пиштол и почнал да пука.Наводно, убиениот почнал да го влече пиштолот, но не го допрел, бидејќи истрелот го усмртил на лице место.

Свет | пред 1 година

grcija1

Потресни сцени пред куќата на убиената Валерија: Плишани играчки и цвеќиња за малото девојче, се уште нема трага од убиецот

Германската полиција ја продолжува потрагата по одговорниот за убиството на малата Валерија (9), која беше пронајдена мртва во шумата во Дебелно на неколку километри од нејзиниот дом.Засега се уште нема информации за осомничените, но Билд пишува дека полицијата трага по поранешното момче на нејзината мајка Надја, државјанин на Молдавија.Додека трае истрагата за убиството, пред куќата на девојчето се снимени шокантни сцени.По страшното соопштение на полицијата дека малата Валерија е мртва и дека е убиена, граѓаните спонтано почнаа да оставаат цвеќе и да палат свеќи пред куќата на девојчето.Потресните сцени покажуваат и плишани играчки оставени во спомен на девојчето кое исчезна на пат кон училиште.Во градот Дебелно жителите се шокирани од убиството на девојката.Полицијата соопшти дека истрагата се фокусира на најтесниот круг на семејството.Да потсетиме, телото на девојчето беше пронајдено во вторникот во густа шума во Дебелно, на неколку километри од куќата на нејзината мајка. Местото каде што е пронајдено телото е и местото на злосторството, потврдија од полицијата, која се уште не уапсила никого во врска со убиството.

Свет | пред 1 година

grcija

Потресни сцени од погребот на девојката која беше убиена во Грција

Стотици луѓе вчера го испратија девојчето на вечниот одморДевојче (11), кое беше брутално убиено во Грција, вчера беше погребано во родното село, а сцените од погребот се срцепарателни.Малата Василика, за чие убиство се сомничи нејзин роднина (37), до вечниот одмор ја придружуваа стотина луѓе.Блиските на убиената девојка го носеа белиот ковчег со нејзиното тело од нејзината куќа до црквата Свети Анастасиј, каде што беше извршен погребот.Во тажната поворка беа и нејзините пријатели од училиштето и професорите, кои не можеа да ги сопрат солзите. Разделните зборови на нејзината учителка беа потресни.Василики беше среќно дете, полно со планови, а нејзиниот живот застана во миг. Ја убил роднина, бидејќи одбила да има односи со него и се заканувала дека ќе ги тужи неговите родители. Од бес и пикнал шрафцигер во срцето, а потоа и го фрлил телото на нива.За време на погребот одекнуваше лелек."Нека најде правдата моето девојче. Моето девојче не го заслужи ова мачење. Сакам да им порачам на сите мајки на светот да се грижат за своите малечки девојчиња. Не дозволувајте да им се случи истово", рече мајката на Василика во солзи на погребот.По погребот над црквата беа пуштени десетици бели балони, а при внесувањето на телото се слушаше аплауз во чест на убиеното девојче.Да потсетиме, вчера, пред погребот, непознати лица ја запалија куќата на осомничениот за убиството на малата Василики. За среќа, во куќата немало луѓе, бидејќи неговите роднини го напуштиле селото поради страв од одмазда.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања