Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГРЦИЈА

media-libraryuofcu9nivrb5djWzDm1

(Видео) Хорор во Солун: Пронајдени човечки остатоци завиткани во тепих, пластика и стара облека – сомнежи за сериски убиец

Грчката полиција во Солун отвори широка истрага за можен сериски убиец по бруталните убиства на две жени, случај што предизвика шок и страв во јавноста.Истрагата доби драматичен пресврт кога во зграда во населбата Менемени беа пронајдени човечки остатоци од 43-годишна жена, завиткани во тепих, пластика и стара облека. По ова откритие, полицијата ги уапси сопственикот на зградата (52) и неговиот соработник (50), кои се сметаат за клучни осомничени.Според грчките медиуми, единицата за организиран криминал во Северна Грција веќе повторно разгледува повеќе од 10 нерешени исчезнувања и убиства, најмногу во западниот дел на Солун, што дополнително ја подгрева теоријата за можен сериски убиец.Случајот се поврзува со убиствата на Вики Кутаки (43) и Марија Ангелакуди (47), а под лупа повторно е ставена и смртта на 27-годишната Деспина Георгиаду, која исчезна во 2022 година, а беше пронајдена мртва во 2023.Нејзиниот татко јавно изјави дека неговата ќерка била задушена на начин сличен на другите жртви, што дополнително ги засили сомнежите кај истражителите.Полицијата сега ги чека резултатите од лабораториските анализи на облеката и другите предмети пронајдени во зградата и на локациите поврзани со осомничените. Истражителите веруваат дека токму биолошките траги би можеле да откријат дали зад случајот стои поширока серија злосторства.Приватниот детектив Џорџ Цукалис проценува дека веројатноста овој случај да се поврзе со други исчезнувања е „над 90 проценти“.Според првичните наводи од истрагата, главниот осомничен првично признал дека заедно со свој пријател ја оттурнал жртвата и ѝ ја затворил устата додека таа била силувана, по што починала од задушување. Подоцна, тој го повлекол признанието.За второто убиство, наводно изјавил дека ја задавил Марија затоа што гласно зборувала на телефон. Телото, според истражните информации, со месеци било чувано во зградата пред да биде фрлено.Истражителите проверуваат и особено вознемирувачка можност, дека осомничениот користел киселина на база на хлор за побрзо распаѓање на телата. Оваа теорија би можела да објасни зошто дел од исчезнатите лица никогаш не биле пронајдени.Одбраната, пак, ги отфрла сите обвинувања. Адвокатот на 52-годишникот тврди дека неговиот клиент и сообвинетиот не се виновни и дека осомничениот не го разбрал документот што го потпишал поради ниското ниво на писменост.Истрагата продолжува, а грчката јавност со внимание ги следи новите откритија што би можеле да покажат дали Солун со години крие серија брутални убиства.

Свет | пред 4 дена

Zemjotres

Земјотрес од 4,2 степени го погоди југозападниот дел на Пелопонез

Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди југозападниот дел на Пелопонез рано утринава, соопштија властите. Не се пријавени материјални штети или повредени лица.Земјотресот се случил на девет километри западно од Гаргалиани, во близина на крајбрежниот град Пилос, на длабочина од 11,4 километри.

Свет | пред 5 дена

avion-poletanje-let

Силниот ветер го парализираше воздушниот и морскиот сообраќај во Грција

Силни ветрови што дуваат низ Грција предизвикаа нарушувања во авионскиот и поморскиот сообраќај.Во текот на ноќта, девет летови до и од Солун беа пренасочени кон други аеродроми, бидејќи ветерот беше премногу силен за безбедно слетување. Подоцна ветровите ослабнаа, но неколку летови сепак беа одложени.Ниту еден брод не заминуваше од пристаништето во Волос кон Спорадските острови, ниту од Кавала кон Тасос.Се очекува ветровите да ослабнат, а ново невреме се прогнозира за петок.

Свет | пред 6 дена

media-librarymrvl71uh7i0e0AfRRvF

Таксистите во Атина протестираат против новиот закон за нулта емисија

Грчките таксисти во Атина започнаа тридневен штрајк, против предлог-законот кој предвидува од јануари 2026 новите такси возила во Атина и Солун да бидат возила со нулта емисија.Возачите се противат на „насилниот транзит“ кон електрични возила, повикувајќи се на недоволна инфраструктура за полнење. Во Атина постојат само 31 брзи полначи.„Вложивме во нови возни паркови и ги намаливме емисиите,“ изјави Парис Орфанос, секретар на синдикатот.Иако 270 сопственици на такси годинава треба веднаш да ги заменат возилата, законското решение предвидува привремени исклучоци.

Свет | пред 1 седмица

media-librarya0e88dqp0qcgcHcSrQ3

Трактори на улиците на Атина: Грчките фермери денес на протест пред Парламентот

Фермери од цела Грција ќе се соберат во петок попладне во централна Атина, поради протест кој е закажан на плоштадот Синтагма, а организаторите најавуваат паркирање на десетици трактори пред Парламентот.Според најавите, фермерите ќе почнат да пристигнуваат околу 15 часот, а главниот митинг е закажан за 16 часот. Тие планираат да останат цела ноќ и да заминат до пладне в сабота.Синдикатите, кои претходно исто така закажаа протест на истото место против владиниот закон за колективни договори, најавија дека ќе останат на плоштадот за да ја покажат солидарноста со фермерите.Властите најавија сообраќајни ограничувања во централна Атина и на главните автопати во регионот Атика поради конвојот.Фермерите велат дека нивните клучни барања остануваат непроменети: намалување на трошоците за производство, гарантирани цени за земјоделски производи, измени во регулативата на државниот осигурителен систем ЕЛГА и целосна компензација за загуби на културите. Тие истакнуваат дека овие прашања биле разгледани, но не решени во последните средби со премиерот Киријакос Мицотакис.

Свет | пред 1 седмица

media-librarymsn9c48i8mbl1HUoAAJ

Грчки остров нуди куќа и 18.000 евра, но потребно е да исполните неколку услови

Светот сè повеќе се соочува со феноменот на депопулација. Демографскиот пад, стареењето на населението и миграциите кон урбаните центри оставаат зад себе празни села, места без деца и градови со тивки плоштади. Овој тренд е особено изразен во руралните делови на многу европски земји, каде бројот на жители се намалува од година во година, а заедниците полека ја губат животната енергија.Денес низ светот постојат бројни програми кои ги поттикнуваат преселбите во послабо населените области. Така, на пример, италијанската Тоскана нуди до 32.000 долари за оние кои се подготвени да се преселат во оддалечени и напуштени места, како дел од стратегија за оживување на локалните заедници.Сепак, постои и една помалку позната, речиси бајковита дестинација која нуди слична можност. Ако некогаш сте сонувале за живот во странство или нов почеток на сосема поинакво место, со финансиска поддршка, грчкиот остров Антикитера може да ве заинтересира. Сместено помеѓу Крит и Пелопонез во Егејското Море, Антикитера нуди автентичен дух на Грција, но во атмосферата на мало и интимно место.Ако идејата за преселба на грчки остров ви звучи привлечна, вреди да се знае дека постои посебен програм за семејства кои сакаат да се населат на Антикитера за да се зголеми бројот на жители. Островот денес има само 24 постојани жители, додека во текот на летото тој број се зголемува на околу 40, пишува Greek City Times.Пред четириесет години Антикитера имала околу 300 жители, но бројот со текот на времето драстично се намалил, што довело до иницијатива за доселување на нови семејства. Програмот го води Грчката православна црква на Китера, која поставила јасни критериуми за учество.Каква е АнтикитераАнтикитера е остров прекриен со ридови, песочни плажи и пештери кои сè уште чекаат да бидат истражени. Гужвите речиси и да не постојат, загадувањето на воздухот е минимално, а климата е блага и пријатна поголемиот дел од годината. Животот на островот се одвива со побавен ритам, далеку од стресот карактеристичен за градовите, со мир и тишина кои денес е тешко да се најдат.Кој стои зад програмата и кој може да се пријавиИницијативата за доделување бесплатни куќи и 18.000 евра ја покренала Грчката православна црква на Китера. Програмот е наменет за многу ограничен број луѓе и следи строги услови. Вкупно ќе бидат избрани пет семејства, а секое од нив мора да има најмалку четири деца. Предност ќе имаат кандидати со корисни знаења и занаети, како што се пекарство, риболов или други вештини важни за животот на малата заедница.Предизвици на животот на оддалечен островИ покрај финансиските стимули, животот на Антикитера носи и одредени предизвици типични за изолирани острови. Оддалеченоста може да го отежне пристапот до здравствена заштита, образование, културни содржини и пошироки деловни можности. Островот е поврзан со секојдневна бродска линија, а патувањето трае околу два часа. Постојат и мали воздушни линии со повремени летови за Атина, што значи дека Антикитера не е целосно изолирана, но пристапот до услуги може да биде ограничен и повремено неизвесен.Овие мерки не се изолиран случај, туку дел од поширока стратегија со цел поттикнување на позитивни демографски движења и спречување на иселувањето на младите. Програмот првично е започнат во регионот Еврос, на североистокот на Грција, блиску до границата со Турција, а планирано е негово проширување и на други рурални области погодени од намалување на бројот на жители.Иако износите на стимулансите сами по себе не се огромни, нивното значење лежи во симболиката и долгорочната стратегија. Тие испраќаат јасна порака дека демографската обнова не е само бирократски поим, туку реална можност за оние кои сакаат да започнат ново поглавје од животот, далеку од градската гужва, меѓу ридовите, полјата и тишината која има своја вредност.Во многу случаи, ваквите понуди доаѓаат со дополнителни бенефиции, како пристап до земјиште, локална инфраструктура или олеснети услови за развој на мали бизниси. Целта не е само да се донесат нови жители, туку да се изградат одржливи заедници кои можат долгорочно да опстанат и растат.За пријава е можно да се контактира локалната управа преку нивната официјална интернет страница.

Магазин | пред 2 седмици

media-librarydfks938691ls6Bw4X56

Грчката полиција разби мрежа за производство и шверц на илегални цигари

Грчката полиција соопшти дека разбила криминална група која на индустриско ниво произведувала и шверцувала илегални цигари, управувала три фабрики, вршела извоз на дел од продукцијата и вршела трансакции вредни милиони евра, користејќи исклучиво готовина за да избегне откривање, објави Катимерини.Во серија акции изведени во петокот и саботата во пошироката област на Атина, во соседната Вија и на островот Евиа, уапсени се 26 лица, меѓу кои двајцата претпоставени водачи на мрежата. Издадени се потерници и за уште 13 осомничени, меѓу кои и полицаец. Се верува дека групата била активна најмалку од 2018 година.Полицијата откри три фабрики за производство и пакување цигари, шест складишта и камиони. Конфискувани се повеќе од 14 милиони цигари, 20 тони тутун, 1,2 милиони евра готовина, оружје – вклучувајќи автомат, 14 пиштоли и четири пушки, повеќе од 1.600 куршуми, како и слика во стилот на грчкиот уметник Алексис Акратикаис.Нелегалните цигари биле пакувани во фалсификувани брендови и претставуваат сериозен ризик за здравјето на потрошувачите.Осомничените се товарат за членство во криминална група, фалсификување, перење пари и прекршоци по законот за оружје и царински прописи. Само за количествата конфискувани при рацијата, даноците би изнесувале повеќе од 7 милиони евра.

Свет | пред 2 седмици

media-library53b3df214ta5dMFvp79

5-годишно девојче во критична состојба по пад во фонтана во Грција, родителите уапсени

Властите планираат да ги доведат пред јавен обвинител родителите на петгодишно девојче поради несреќниот инцидент во кој детето паднало во фонтана под нејасни околности во атинското предградие Калитеа, соопшти грчката полиција.Детето го спасиле припадници на патролната единица DIAS, кои биле алармирани од локални жители околу 20:30 часот во неделата, во Плоштадот Давaки. Полицајците го извлекле девојчето од фонтаната и ѝ пружиле прва помош.Иако била повикана амбуланта, девојчето било пренесено во Детската болница „Аглаиа Киријаку“ со полициско патролно возило пред пристигнување на брзата помош.Лекарите успеале да ја реанимираат по околу 40 минути интензивни напори, а детето останува во критична состојба и е интубирано на одделот за интензивна нега.Грчката полиција продолжува со истрага за околностите на инцидентот, а 26-годишниот татко и 23-годишната мајка се уапсени под обвинение за занемарување на дете.

Свет | пред 2 седмици

micotakis

Мицотакис најавува продолжување на конструктивниот дијалог со Анкара

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, изјави дека ќе се обиде да ги надгради последните дипломатски достигнувања меѓу Атина и Анкара, и покрај долгогодишните тензии меѓу двете ривалски земји во Егејското Море, во интервју за магазинот Foreign Policy, пред неговата посета на Турција следната среда.Мицотакис потенцира дека Грција признава еден главен спор меѓу двете страни: дефинирањето на морските зони во Егејското Море и источниот Медитеран.„Оваа разлика постои со децении. Но сметам дека во последните години работевме конструктивно за да ги намалиме тензии и да признаеме дека, дури и ако не можеме да го решиме овој голем проблем, кој не е решен со децении, можеме сепак да имаме работна соработка, конструктивна соработка на одредени полиња“, рече Мицотакис.„Ќе патувам во Анкара, ќе ги изнесам нашите многу јасни точки во врска со нашиот главен спор, но исто така ќе се обидам да ги надградам достигнувањата што ги постигнавме во изминатата година.“

Свет | пред 2 седмици

sergej-lavrov

Лавров обвинува: Грција ја уништи соработката со Русија и ja поддржува Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, обвини дека Грција ја „распарчила“ соработката со Русија градена со децении и дека се вклучила во „агресивни анти-руски изјави“.„Со започнувањето на специјалната воена операција [во Украина], Грција ја прекина соработката со Русија што се градела многу децении. Цел спектар на руско-грчка соработка – од политика и економија до култура и хуманитарни прашања – беше распарчен. По речиси четири години, официјалната политика на Атина кон нашата земја не се промени“, изјави Лавров, цитирајќи го соопштението на руската амбасада во Грција.Според пост на социјалните мрежи на амбасадата, Лавров го обвини и грчкото раководство дека испраќа оружје во Украина, кое, според него, се користи против цивили во регионот Донбас, „иако таму живеела голема грчка дијаспора со векови“.„Атина не ја зема предвид состојбата на своите сонародници кои живеат таму, одржуваат врски со Грција, имаат роднини таму, и постапките на Атина создаваат не само бројни проблеми, туку и директни закани за нивниот живот и здравје“, рече Лавров.Според соопштението на амбасадата, Киев „методично го притиска грчкото раководство да пренесе високоефикасни руски и советски системи за противвоздушна одбрана во Украина, и покрај способностите на Грција за одбрана“.

Свет | пред 2 седмици

media-librarylo4njbljcovu5eHiSnh

Војник од грчката армија уапсен за шпионажа, се сомничи дека оддавал тајни на странска суперсила

Припадник на вооружените сили на Грција беше уапсен во четврток под сомнение дека оддавал доверливи информации на „трети страни“, а според сознанија на грчките медиуми, дел од информациите наводно биле проследувани до странска суперсила која се смета за голем ривал на Соединетите Американски Држави, пишува Екатимерини.Осомничениот, чие име не се објавува, наводно извршувал „клучна“ функција во системот и се товари дека се обидувал да регрутира и други лица во потенцијална шпионска мрежа.Тој подолг период бил под надзор на Националната разузнавачка служба на Грција (ЕЈП), која го следела неговото однесување со месеци пред апсењето. Според информациите од истрагата, властите реагирале откако било забележано значително засилување на неговите активности.Истражителите тврдат дека тоа вклучувало зголемен обем на информации што ги споделувал, како и обиди да стапи во контакт со други припадници на војската со цел да обезбеди пристап до чувствителни материјали.Надлежните институции посочуваат дека протекувањето на информациите можело да претставува сериозен ризик за националната безбедност. Засега не се објавуваат детали за природата на доверливите материјали ниту за идентитетот на лицата или државите на кои им биле доставувани.

Свет | пред 2 седмици

micotakis

Мицотакис ќе се сретне со Ердоган во Анкара на 11 февруари

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара во среда, на 11 февруари, потврди портпаролот на владата Павлос Маринакис во четврток.„Грција ја прифаќа оваа дискусија со вера и увереност, секогаш водена од меѓународното право и со апсолутно никаква намера да отстапи,“ изјави Маринакис на прес-конференција во Атина.Портпаролот го повтори долгогодишниот став на Атина дека постои само едно суштинско прашање помеѓу двете соседни земји: делимитацијата на ексклузивната економска зона (EEZ) и континенталниот шелф.„Повторно нагласуваме дека имаме само едно прашање со Турција – определувањето на EEZ и континенталниот шелф – и никогаш нема да ставиме прашања за суверенитет или нашите ‘црвени линии’ на маса,“ рече Маринакис.

Свет | пред 2 седмици

media-library4chr2dn0jjis7x9Re5f

(Видео) Крф под удар на торнадо: поплави, паднати дрвја и прекин на сообраќајот

Грчкиот остров Крф го погоди торнадо, кој уништи еден киоск и предизвика штета на крововите на куќите. Невремето што го зафати Крф предизвика паѓање дрвја и прекин на струја, пренесува грчкиот ERT.Пожарникари и тимот на Цивилната заштита брзо излегоа на терен, отстранувајќи предмети што ветерот ги однел и чистејќи ја патната мрежа од паднати гранки.Во Кавададес едно дрво паднало на кабли, што предизвикало прекин на струја во голем дел од северозападниот дел на Крф.Сличен проблем се случил и во Периволиу, каде поради ветровите дрво паднало на мрежата, што резултирало со двочасовен прекин на струја.Сообраќајот на приморскиот пат бил прекинат неколку часа, бидејќи морето поради ветровите се излило на коловозот.Летот на компанијата Егеија кон аеродромот „Јоанис Каподистриас“ морал да следи алтернативна рута и слетал со задоцнување.Истовремено, силни врнежи ја погодија и Кефалонија, каде што беа забележани поплави.Поради неповолните временски услови, бродовите остануваат пристаништата на Закинтос и Кефалонија.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryk42r745vkb74750Y5G9

Разбиена романска мрежа за трговија со луѓе: Жртви принудувани да питачат во Атина

Единицата за борба против организиран криминал на грчката полиција, во координација со американската служба за истраги на Министерството за внатрешна безбедност (HSI), разби романска мрежа за трговија со луѓе која експлоатирала ранливи лица, принудувајќи ги да питачат на улиците во Атина.Властите уапсија тројца осомничени водачи на групата и идентификуваа уште седум романски државјани кои наводно биле вклучени во операцијата. Според соопштението на грчката полиција (ЕЛАС), групата од 2021 година таргетирала најмалку 12 свои сограѓани од Романија, кои биле намамени во Грција со лажни ветувања за добро платени работни места во градежништво или фабрики.Откако ќе пристигнеле во Атина, жртвите – често избирани поради екстремна сиромаштија или ограничени социјални врски – биле сместувани во пренатрупани станови и им биле одземани личните документи. Трговците со луѓе користеле закани и измислени долгови за да ги држат под контрола, принудувајќи ги жртвите со часови да питачат на прометни раскрсници и семафори низ регионот Атика.За време на рациите, таканареченото „грчко ФБИ“ заплени повеќе од 4.800 евра во готовина, потврди за парични трансфери и тетратки со евиденција за активностите на групата.Дванаесетте жртви сега се под грижа на специјализирани невладини организации. Грчките власти соопштија дека тесно соработуваат со романските институции за да идентификуваат дополнителни жртви, додека тројцата осомничени се предадени на јавен обвинител.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryvt0p6tgmurm3csp4MeS

Преживеаните мигранти даваат детали за смртоносниот инцидент кај Хиос

Грчките власти се фокусираат на сведоштва од преживеаните мигранти додека ја истражуваат смртоносната несреќа кај островот Хиос во вторникот навечер, при што животот го загубија 15 лица, по судирот помеѓу патролен брод на граничната стража и брз чамец кој превезувал мигранти.Според граничната стража и други извори запознаени со истрагата, инцидентот не бил снимен на видео. Иако на патролниот брод имало инсталирано камера, екипажот не ја активирал во моментот на настанот.Властите исто така испитуваат дали операторот на чамецот за криумчарење мигранти бил Мароканец, кој е меѓу преживеаните. Спасените мигранти – сите Авганистанци, освен Мароканецот кој се истражува како клучен осомничен – рекле на граничната стража дека операторот на чамецот зборувал арапски. Сепак, тој сè уште не е формално идентификуван, бидејќи преживеаните рекле дека имал качулка и неговите црти на лицето не биле јасно видливи.Преживеаните биле сослушани неформално од граничната стража, а некои се верува дека дале и формални изјави. Според информациите од истрагата, некои мигранти рекле дека патролниот брод им насочил светилка пред чамецот за криумчарење да се судри со него.Други изјавиле дека не виделе што се случило и се нашле во вода по судирот.Штабот на граничната стража соопшти дека чамецот наглo свртел десно и удрил во десната страна на патролниот брод.Во врска со недостатокот на видео-снимки, извори од граничната стража рекле дека дури и ако камерата на бродот била активирана, веројатно не би го забележала инцидентот, бидејќи камерите се наменети за снимање на долги растојанија, а не за блиски средби.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања