Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГРЦИЈА

media-librarylmsdt2uk3mqd6LvpsBN

Неколку земјотреси ја погодија северна Грција – најсилниот со јачина од 4,8 степени кај Атос

На полуостровот Атос (Света Гора) утрово беа регистрирани четири земјотреси, при што најсилниот достигна јачина од околу пет степени според Рихтер, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот бил лоциран во Егејското Море, на приближно десет километри јужно од манастирот Хиландар, на длабочина од околу пет километри.Надлежните соопштија дека засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.

Свет | пред 5 месеци

8029060-e1677742791659-1000x560-1

Силен земјотрес во Грција: потрес од 5.5 степени

Силен земјотрес со прелиминарна јачина од 5.5 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Егејското Море во Грција, доцна вечерва во 00:27 часот по локално време (23:27 часот по македонско време).Според првичните податоци на сеизмолошките центри, епицентарот на потресот бил лоциран во морето, на околу 45 километри североисточно од главниот град Атина.Она што особено загрижува е што земјотресот се случил на многу мала длабочина од само 5 километри, што обично предизвикува поинтензивно тресење на површината.Потресот бил силно почувствуван во поширокиот регион на Атика и главниот град Атина, предизвикувајќи вознемиреност кај локалното население.Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. Сеизмолозите напоменуваат дека податоците за јачината и локацијата се уште не се официјално потврдени и можни се мали измени.

Свет | пред 5 месеци

5-2

(Видео) Продолжен викенд на плажа во Грција

Продолжениот викенд и денеска донесе метеж на граничните премини кон Србија и Грција. На преминот Табановце утринава за влез и излез од земјава се чека околу 30 минути, а на преминот Богородица за излез од државата колони возила чекаат од 40 минути до еден час, информира Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).Ова е втор ден по ред како патниците се соочуваат со поголеми задржувања, особено на излез кон Грција.На останатите гранични премини нема подолги чекања, велат од АМСМ.Зголемена фреквенција на возила се бележи и на патиштата низ земјата, што се должи на летните одмори и дополнителниот слободен ден од продолжениот викенд.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-05-at-10.31.07

(Видео) Од утрово започнаа гужвите на граничниот премин „Богородица“ за излез кон Грција

Од рано утринава, започнаа гужвите за излез од Македонија кон Грција преку граничниот премин „Богородица“. Граѓаните објавуваат фотографии на кои се гледаат колони возила како чекаат да поминат граница. Оваа фотографија е направена утрово во 08 часот:[caption id="attachment_347506" align="alignnone" width="1038"] Screenshot[/caption]Следната снимка е направена во 10:30 минути:Ова навестува дека голем број Македонци, продолжениот викенд ќе го продолжат покрај море.

Македонија | пред 5 месеци

janko

(Видео) „Среде Солун оро играме“ - Колумбиецот Јанко со мала провокација

Колумбиецот Јанко одамна го освои вниманието со својата љубов кон македонската песна. Со секое негово изведување ја носи нашата музика поблиску до срцата на луѓето, потсетувајќи нè колку е убава и уникатна нашата култура. Неговата искреност и посветеност се причина што многумина со восхит го следат – и не случајно, бидејќи навистина стана амбасадор на македонската песна далеку од татковината.

Магазин | пред 5 месеци

8029060-e1677742791659-1000x560-1

Затвор и високи казни за мигранти со одбиен азил во Грција

Парламентот во Грција изгласа нов закон со кој лицата чијашто апликација за азил е одбиена, а не ја напуштаат земјата во рок од две недели, ќе се соочат со кривични санкции – казна затвор од две до пет години.Министерот за миграции Танос Плеврис изјави дека државата и понатаму ќе обезбедува азил за оние што ги исполнуваат критериумите за меѓународна заштита, но најави и засилени казни за нелегален престој и влез. Според новите одредби, за илегално влегување во Грција се предвидува парична казна до 10.000 евра и затвор до две години.Овој законски пакет предизвика бројни реакции. Судии го оценија како претерано репресивен, додека здруженијата за мигранти го нарекоа расистички и нелогичен, посочувајќи дека земјата се соочува со сериозен недостаток на работници во земјоделството, градежништвото и туризмот.Истовремено, економисти и експерти за демократија предупредуваат дека мерките за одвраќање на нелегалната миграција мора да бидат проследени со отворање легални канали за работна миграција, бидејќи без тоа грчката економија ќе се соочи со уште поголеми предизвици.

Свет | пред 5 месеци

grk

(Видео) Херојски подвиг - млад Грк со СУП-даска спаси татко и неговите две деца од давење

Во Епаноми кај Солун викендов се одиграла вистинска драма со среќен крај, кога силните морски струи одвлекле две деца-туристи од Романија и нивниот татко кон отворено море. Случајно, на плажата се нашол млад човек со СУП-даска, кој успеал да го спаси таткото и да спречи трагедија, пренесе „Катимерини“.Инцидентот се случил во неделата попладне на плажата Калогрија. Двете деца, на возраст од 13 и 15 години, биле однесени од морето, а нивниот татко, обидувајќи се да ги спаси, останал целосно исцрпен и во опасност да се удави. Сцената ја забележал Евангелос Папајоану, кој сурфал во областа и веднаш им пришол.„Сурфав во областа и се враќав на брегот кога слушнав вресоци од морето. Се свртев и видов две деца, момче и девојче, во далечината, како повикуваат помош. Се приближив до нив и кога ги прашав што се случува, ми рекоа дека пливаат долго време и дека не можат да излезат“, раскажал Папајоану за грчките медиуми.Тој им објаснил дека пливаат спротивно од струјата и им кажал во која насока да се движат за брановите да им помогнат. „Не можев да повлечам двајца луѓе на даската и кога им реков дека ќе бидам со нив за да излеземе заедно на брегот, ми рекоа: ‘Ајде да одиме, одете да му помогнете на нашиот татко’“, вели Папајоану.„Веднаш почнав да гледам наоколу, но на почетокот не го видов. Се качив на даската и потоа го видов две или три секунди, бидејќи тонеше и се враќаше на површината“, опишува младиот херој.„Беше полусвесен, во паника, во шок. Не можеше да дише. Штом ме виде, малку се крена, ја зграпчи даската, но не можеше добро да се држи, се лизгаше, кашлаше и повраќаше вода. Го држев за рацете некое време за да може да се потпре на даската, бидејќи немаше сила, човекот беше целосно исцрпен“, додаде тој. По пет минути таткото се соземал, па заедно со Папајоану успеале да излезат на брегот.На плажата ги чекале децата, кои веќе успеале да испливаат и со прегратки му се заблагодариле на спасителот.„Јас и моите пријатели веќе бевме подготвени да тргнеме. Веќе бев на едно возење со даската и во последен момент решив да ја извадам камерата од автомобилот и да одам на друго возење за да снимам видео и да му го испратам на еден пријател. Оваа приказна се случи затоа што доцнев пет до десет минути до автомобилот“, вели Папајоану, додавајќи дека неговото присуство било „чиста среќа и случајност“.

Свет | пред 6 месеци

Grcija-pozar-manastir

(Видео) Разорни пожари во Грција: Евакуирани цели села и болници, уништени се целосно големи природни области

Манастири, болници, села и големи природни области се меѓу најпогодените од разорните шумски пожари кои од Ахаја се протегаат сè до Закинтос. Огнената стихија принуди на итни евакуации во бројни заедници, а некои здравствени установи, меѓу кои и детската болница „Караманданио“ во Патра, беа испразнети како мерка на претпазливост.Најкритични точки во моментот се регионите Превеза, Хиос и Закинтос, каде пожарникарите и волонтерите водат непрекината борба со повеќе фронтови истовремено. Во околината на Патра, евакуирани се уште четири зони, а екипите работат да го спречат приближувањето на пламените јазици кон густо населените делови од градот.Во Превеза, жителите на Старата и Новата Филипијада мораа да ги напуштат своите домови, а на Закинтос беа испразнети четири населени области. Системот 112 испрати предупредувања со наредби за итна евакуација.Силните ветрови, екстремните температури и сушата дополнително го влошуваат гаснењето на пожарите, додека густиот чад и портокаловата светлина на хоризонтот ја откриваат сериозноста на катастрофата.Во Патра, пламенот го зафати манастирот „Агиос Николаос“, каде што се запали покривот. Пожарникари, калуѓерки и волонтери вложуваат огромни напори да го спасат објектот, додека дел од населението на градот веќе е евакуирано.Нов пожар се појави и во населбата Гори, како и во прифатниот центар за мигранти во Филипијада, кој, според министерот за имиграција и азил Танос Плеврис, бил евакуиран уште во вторник вечерта. Ситуацијата во Филипијада и селата во општина Зирос останува критична.И покрај воздушната поддршка, пламените јазици повторно се разгоруваат и зафаќаат делови од населбите. Локалните жители, волонтери и пожарникари успеале да спасат голем број домови во последен момент. Човечки фактори – без разлика дали од невнимание или намерно палење – често се меѓу причините за избувнување на ваквите пожари, кои покрај материјалната штета претставуваат и сериозна закана за човечки животи.

Свет | пред 6 месеци

Aleksandra-Joanidu

Грчката професорка Јоаниду: Не постои ниту еден Грк кој во странство би се претставил како Македонец

Професорката на Одделот за балкански, славистички и ориентални студии при солунскиот Универзитет „Македонија“, Александра Јоаниду, во интервју за „Дојче веле“ на македонски јазик вели дека реакциите во Грција околу македонскиот јазик „попуштиле“ и дека табуата околу „македонското прашање“ полека се разградуваат.„Можеби поради Преспанскиот договор, а можеби и затоа што на луѓето им е преку глава од темата. Сѐ уште има поединци кои реагираат жестоко, но тие се сѐ повеќе на маргините на општеството“, изјави Јоаниду, која со години ги проучува македонските говори во северозападна Грција.Таа потсети дека на ланската конференција за македонскиот јазик во Солун, нејзиниот тим истакнал дека името на јазикот и идентитетот се потврдени и од Грција и од меѓународната заедница преку Преспанскиот договор.„Смешно е и апсурдно да се бара да не се споменува македонскиот јазик. Не постои ниту еден Грк кој во странство би се претставил како Македонец, ниту пак постои грчки јазик кој се нарекува ‘македонски’“, нагласи таа.Во однос на Македонците во Грција, Јоаниду оцени дека Преспанскиот договор е „амбивалентен“ затоа што го избегнува признавањето на етнички и јазично различното население во земјата.„Правото на самоопределување е основно човеково право. На грчките државјани со македонска етничка свест и јазик не смее да им се забрани да се нарекуваат Македонци и да го зборуваат македонскиот јазик“, изјави професорката.

Свет | пред 6 месеци

plaza-grcija

Српски турист пронајден мртов на плажата Неа Пори во Грција

Српски државјанин на 44-годишна возраст бил пронајден во бесознание на плажата Неа Пори во областа Пиерија, Грција. Иако спасувачите веднаш интервенирале и се обиделе да му помогнат, мажот подоцна бил прогласен за мртов.Настанот се случил во средата наутро, пренесуваат грчките медиуми.Според информациите од крајбрежната стража, на лицето прво му била укажана прва помош на самото место, по што со возило на Итната медицинска служба (ЕКАБ) бил префрлен во здравствен центар, каде што била констатирана смрт.Четвртата единица на пристанишната полиција од Платамонас, која е дел од Централната пристанишна управа на Солун, ја води прелиминарната истрага за случајот. Наредена е обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.Причините за трагичниот исход сè уште не се утврдени.Ова е уште една од серијата несреќни случаи ова лето на грчките плажи во кои животот го загубија туристи.

Свет | пред 6 месеци

bankomat

Добри вести за граѓаните кои летуваат во Грција: Нови и поправични правила за вадење пари од банкомати

Добри вести за граѓаните кои летуваат во Грција: Нови и поправични правила за вадење пари од банкоматиГраѓаните кои летово се на одмор во Грција, омилената летна дестинација, ќе имаат придобивки од новите правила што стапуваат на сила од 11 август и се однесуваат на користењето на банкомати. Со овие измени, значително се намалуваат трошоците за провизии при подигање готовина.Измените, предложени од министерот за национална економија и финансии на Грција, Киријакос Пјеракакис, предвидуваат укинување на одредени надоместоци и поставување горни граници за други, со што ќе се намалат трошоците за граѓаните.Што точно се менува:Без провизија во општини со само еден банкоматВо општините и нивните населени места каде што постои само еден банкомат – без разлика дали е сопственост на банка или приватна фирма – нема да се наплатува провизија при подигање пари. Ова овозможува бесплатно користење на банкомати таму каде што нема други алтернативи.Бесплатно подигање пари помеѓу грчки банкиКорисниците на картички издадени од грчки банки што се дел од меѓубанкарскиот систем „Дијас“ (како Eurobank, Piraeus Bank, National Bank, Credia, Optima) ќе можат да подигаат пари од банкомати на други грчки банки без да плаќаат провизија. Ова не се однесува на картички издадени од странски банки, ниту на картички од системот VIVA.Без провизија кога банката има врска со сопственикот на банкоматотКога банкоматот е во сопственост или управуван од фирма со која банката има деловна или сопственичка поврзаност, нема да се наплатува надоместок за подигање пари. На пример, ако банкоматот е од компанијата Cashflex, а картичката е од Piraeus Bank, поврзаноста меѓу нив овозможува бесплатна услуга.Провизија најмногу до 1,5 евро во други случаиАко корисник на грчка картичка подигнува пари од банкомат на независен оператор (на пример Euronet, Cashflex), а нема деловна врска со издавачот на картичката, највисоката дозволена провизија е 1,5 евро по трансакција. Ова ограничување не важи за странски картички – кај нив важи политиката на домашната банка, без горна граница.Дополнителни олеснувањаНовите правила овозможуваат и бесплатен увид во состојбата на сметката, како и подобра координација меѓу банките и операторите на банкомати при трансфери на средства.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-31-at-11.23.42

(Видео) Невреме во Халкидики: Поплавени улици во Неа Флогита, силни бранови во Ханиоти

Силно невреме го зафати полуостровот Халкидики, при што обилните врнежи предизвикаа поплави во туристичките места. Членови на групата „Грција инфо“ на Фејсбук, кои престојуваат во Неа Флогита, споделија фотографии од поплавени улици,што го отежнува движењето низ местото.Дополнително, на социјалните мрежи се појави видео од Ханиоти, на кое се гледаат големи и силни бранови во морето, предизвикани од нестабилното време.Според метео-најавите, нестабилноста ќе продолжи и во текот на денот, со облачност и повремени врнежи. Туристите се повикуваат да бидат претпазливи, да ги следат временските прогнози и да избегнуваат движење на отворено во ризични зони.

Свет | пред 6 месеци

grcija-pozar

(Видео) Евакуирани 55 деца поради голем пожар во западна Грција, огнот се движи кон планината Вунаса

Шумскиот пожар што избувна во близина на Дескати предизвика итна евакуација на летен камп со 55 деца, откако огнената стихија почна брзо да се шири кон планинскиот предел Вунаса.Како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, ситуацијата на теренот е крајно сериозна, а пожарот се движи во насока на Гревена. Превентивната евакуација на децата била спроведена вчера, заради опасноста што ја претставуваше приближувањето на огнот.Градоначалникот на Дескати, Димитрис Котас, потврди дека сите деца се на сигурно, нагласувајќи дека мерката била преземена навреме. Тој додаде дека ситуацијата е комплицирана, бидејќи пожарот е надвор од контрола, но изрази надеж дека наскоро ќе биде локализиран.Во гаснењето се вклучени 45 пожарникари со 11 противпожарни возила, поддржани од три тимови од 8-та специјализирана единица за итни интервенции (Е.М.О.Д.Е.). Воздушна поддршка обезбедуваат два хеликоптери, а ангажирани се и локалните власти и волонтери со цистерни за вода.Иако засега нема непосредна опасност за населени места, жителите во околните региони се предупредени да бидат подготвени за можни евакуации. Пожарот се проширува во густо пошумена област западно од градот Катерини, што дополнително ја отежнува интервенцијата.

Свет | пред 6 месеци

grcija-1

(ФОТО/ВИДЕО) Горат и куќите, во Грција и Турција пожарите оставија пустош, илјадници се евакуирани, температурите некаде надминуваат 50 степени

Илјадници граѓани во Грција и Турција беа принудени да ги напуштат своите домови поради жестоките шумски пожари што беснеат на повеќе локации, поттикнати од силни ветришта и екстремно високи температури.Температурите во југоисточна Европа веќе седми ден по ред надминуваат 40 степени Целзиусови, а грчките спасувачки служби, според премиерот Киријакос Мицотакис, водат „титанска битка“ за ставање на огнот под контрола.„Сите државни механизми се активирани за борба против повеќекратни шумски пожари. На оние кои го изгубиле својот имот, им порачувам – државата е со вас“, изјави премиерот.Во Грција, единаесет региони се под голема закана од пожари, а властите побараа поддршка од земјите членки на Европската унија за справување со огнените фронтови.Иако пожарот кај Крионери, североисточно од Атина, во кој беа повредени двајца пожарникари, е ставен под контрола, ситуацијата во Месинија, во југозападниот дел на Пелопонез, и на островот Китера сè уште е критична.Огнената закана е присутна и на островите Евија и Крит, каде жителите добија налози за итна евакуација.Неколку подрачја се под црвен аларм – категорија 5, што е највисоко ниво на предупредување во земјата, поради опасните временски услови што ја претворија земјата во сув и запалив терен.Националната опсерваторија во Атина измери рекордни температури: 45,8 степени во Месинија во петокот и 45,2 во Амфилохија во саботата.Во неделата, меѓународна помош пристигна во форма на чешки и италијански пожарникарски тимови, кои се приклучија на напорите за гаснење, со фокус на островот Китера.Во Турција, југоисточната покраина Ширнак забележа нов температурен рекорд од 50,5 степени Целзиусови, надминувајќи го претходниот од 49,5 од август 2023 година.Повеќе од 1.700 лица беа евакуирани откако пожарите се приближија до Бурса, четвртиот по големина град во Турција, каде загинаа четворицаОпозицискиот пратеник Орхан Сарибал ја опиша ситуацијата како „апокалипса“. Над 1.100 пожарникари се бореа со вкупно 76 пожари кои избувнале во рок од 24 часа. Турција со недели се соочува со катастрофални пожари, предизвикани од екстремните температури.фото: France24/YouTube Print Screen

Балкан | пред 6 месеци

akropol

Топлотен бран ги погоди Грција и Турција, затворени најголемите туристички атракции

Грција и Турција се погодени од силен топлотен бран со температури над 40 степени Целзиусови во текот на денот.Температурите се веќе над 30 степени наутро, а ноќите исто така не се пријатни. Властите предупредија дека условите ќе се влошат и очекуваат да бидат уште полоши во четврток и петок.Грција воведе забрана за секаква работа на отворено во текот на најжешкиот дел од денот за да ги заштити ранливите работници, вклучително и во градежништвото, земјоделството и испораката. Само возачите на достава во климатизирани возила смеат да работат.Температури до 45 степениТуризмот е исто така погоден. Акрополот во Атина редовно е затворен во најжешкиот дел од денот за да се заштитат посетителите и вработените од топлотен удар и проблеми со циркулацијата.Турската метеоролошка служба издаде предупредување поради екстремна топлина што ќе трае до петок. Во Дијарбаркир, на југоистокот од земјата, се очекува температурите да достигнат 45 степени, а во Анталија и по должината на егејскиот брег околу 40.Властите ги повикаа граѓаните, особено децата и постарите лица, да остануваат дома за да ги избегнат здравствените ризици поврзани со жештината.фото: Unsplash

Балкан | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања