Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГРЦИЈА

evzoni-greece

Убава вест за оние кои нова година ќе слават во Грција: Земјоделците нема да протестираат на граничните премини

Сите кои планираат патување во Грција за новогодишните празници ќе можат непречено да минуваат низ граничните премини и автопатите во следните три дена. Грчките земјоделци решија привремено да ги прекинат блокадите до петок, со цел да им овозможат полесно патување на граѓаните.Граничниот премин Евзони, кој изминатите четири дена беше затворан во повеќечасовни интервали, од денеска до петок ќе биде постојано отворен за сообраќај. Иако тракторите и понатаму остануваат паркирани во близина, тие нема да ја попречуваат проодноста.Сепак, протестите не се стопирани – земјоделците најавуваат дека тракторите ќе останат распоредени долж патиштата низ земјата, додека по празниците ќе одлучат како ќе продолжат со активностите.Во недела напладне, кај патарината Малгара во близина на Солун, е закажан голем состанок на претставници од сите блокади во Грција, на кој ќе се крои понатамошната стратегија.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg32mpdnrjmrj1EDeO9f

Прифатете го напредокот, отфрлете ја цензурата, грчка пратеничка го критикува градоначалникот на Лерин кој забрани македонски песни

Грчка пратеничка остро го крититикува градоначалникот на Лерин, кој прекина прослава поради македонска песна„Прифатете го напредокот, отфрлете ја цензурата.Не смее да се дозволи мракот и национализмот да го потисне културното наследство, традицијата и уметничкото изразување на нашата заедница”, рече Пети Перка, пратеничка во грчкиот парламент од изборната единица Флорина.Таа од говорница во грчкиот парламент, остро го критикуваше градоначалникот на Лерин Василеос Гианакис заради цензура пред одржувањето на традиционалниот локален „Празник на огновите“ во ЛеринМузичката група „Ендопика”, која требаше да настапи на плоштадот била спречена од градоначалникот да изведува македонски песни.Перка го повика градоначалникот да се помири со напредокот и нагласи дека демократијата и културата ги прифаќаат музиката и јазикот, а не ги потиснуваат.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn5rqug6i6pb3bbnJfg3

(Видео) Обвинувања за забрана на македонски песни во Лерин: прекинат настап поради пеење на македонски јазик

Претседателот на Здружението „Виножито“, Павлос Воскопулос Филипов, преку објава на социјалните мрежи обвини дека градоначалникот на Лерин пред два дена насилно го прекинал празничниот настан откако музичката група „Ентопика“ започнала да изведува македонски народни песни.Според Воскопулос Филипов, интервенцијата на локалната власт не била случајна, туку претставува дел од поширока политика насочена кон саботирање и ограничување на јавната употреба на македонскиот јазик на градските културни настани. Тој наведува дека на музичарите им било дозволено да свират традиционална музика, но не и да пеат песни на македонски јазик, што, според него, јасно укажува на дискриминаторски пристап кон јазичниот идентитет.„Ова не е изолиран инцидент, туку порака дека македонскиот јазик е непожелен во јавниот простор, дури и во културен и празничен контекст“, посочува Воскопулос Филипов во својата реакција, оценувајќи дека ваквите постапки претставуваат директен удар врз основните човекови и културни права.Настанот во Лерин доаѓа во чувствителен политички момент, откако премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека „го вратил името“ на државата, алудирајќи на тоа дека и лидерот на СДСМ почнал јавно да ја именува земјата без придавката „северна“. По овие изјави следеше реакција од грчкото Министерство за надворешни работи, кое потсети дека Преспанскиот договор е обврзувачки и не дозволува, како што беше наведено, „фалсификување“ на договореното име.Во таков контекст, случајот со прекинатиот музички настап дополнително ги отвора прашањата за слободата на културно изразување, јазичните права и односот на локалните власти кон македонскиот идентитет во Грција, особено во јавни и официјални настани.

Свет | пред 1 месец

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

(Видео) Чекале со саати на Дојран и на Евзони! Протестите на грчките земјоделци предизвикаа километарски колони

Протестите на грчките земјоделци вчера предизвикаа сериозни застои на граничните премини „Евзони“ и „Дојран“. Поради блокадите што ги поставија земјоделците, со часови беше онеспособено нормалното одвивање на сообраќајот, а колоните возила чекаале до доцна во ноќта за да влезат во земјава.Според информациите, протестот на грчките земјоделци е дел од нивните континуирани барања за поголема поддршка од грчката влада, при што блокирањето на меѓународните премини повторно беше искористено како форма на притисок.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

Нормализиран сообраќајот кон Грција: Отстранета блокадата на ГП Евзони

Од синоќа во 21:00 часот е целосно отстранета блокадата за влез и излез во Грција, со што сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е нормализиран и се одвива без дополнителни ограничувања.На државните патишта сообраќајот генерално се одвива непречено, иако на повеќе локации коловозите се влажни, а видливоста е намалена поради појава на магла. На патниот правец Гајре – Попова Шапка видливоста се движи меѓу 30 и 40 метри, додека на планинскиот премин Пресека е намалена на 100–150 метри.Потсетуваме дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, независно од моменталните метеоролошки услови. Обврската ќе важи до 15 март 2026 година.Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту при влез ниту при излез од државата.АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание се бара на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде е можно појавување одрони. Најризични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица, согласно претходната одлука, останува затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4n6q59purqebfn13iQu

Грција: Евакуациски предупредувања поради ризик од излевање на реката Енипејас

Жителите на селото Иперија во регионот Лариса утрово добиле официјална порака од надлежните служби да се преселат во градот Фарсала поради сериозен ризик од излевање на реката Енипејас, јавува „Катимерини“.Цивилната заштита ги повикала сите жители кои живеат во близина на речното корито да бидат во состојба на целосна готовност. Во повеќе населени места – меѓу кои Лефкија, Орфанаса, Ампелонас, Филос и Илиас – издадени се истовремени предупредувања за можна превентивна евакуација.Препораката за Иперија доаѓа поради зголемените водостоји и опасноста од поплави што би можеле да доведат до брзо и неконтролирано излевање на реката. Властите ги повикуваат граѓаните да ги следат упатствата, да избегнуваат движење во близина на реката и да останат подготвени за итна евакуација доколку ситуацијата се влоши.

Свет | пред 2 месеци

media-librarye9t4471rnltpdsjfyiz

(Видео) Бурата „Адел“ ја потопи Атика: Грција под црвен аларм, невремето се шири низ целата земја

Силниот циклон „Адел“ го зафати регионот Атика во Грција, предизвикувајќи интензивни врнежи и град кој предизвика штети на повеќе локации. Дел од областа се најде под вода, а надлежните служби прогласија највисок степен на предупредување – црвен аларм.Метеоролозите прогнозираат дека денес и утре дождови и грмежи ќе ја зафатат практично целата земја, додека стабилизирање на временските услови се очекува дури од недела.Најсилните врнежи се очекуваат во западните и северните региони, каде што невремето може да биде проследено со град и со пориви на ветер кои ќе достигнат многу високи брзини.Цивилната заштита соопшти дека сите служби се подготвени да реагираат доколку има потреба и апелираше граѓаните да бидат внимателни.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryucraki02mr362L3j5ab

Грција ја одби екстрадицијата на Ацо Боцевски – Циганот: Случајот по 28 години падна поради застареност

Судот во Солун донесе одлука дека Ацо Боцевски, познат и како Циганот, нема да биде предаден на македонските власти, иако беше баран со европска потерница за убиство извршено пред речиси три децении. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека предметот е застарен според тамошното законодавство, а поради тоа судиите ја укинале и мерката притвор.Боцевски, кој сега има 60 години, беше уапсен во мај годинава во Катерини, по долгогодишно бегство. Тој беше осуден во Македонија на 15 години затвор за убиство на 37-годишен маж во ноември 1997 година, но пред издржувањето на казната успеал да избега во Грција.Според документите доставени пред солунскиот суд, убистваото се случило така што Боцевски намерно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од автомобилот за да ја провери штетата, тој пукал кон него и го усмртил. Една година подоцна била донесена правосилната пресуда со која добил 15 години затвор.Во својата изјава пред судот, Боцевски посочил дека по три месеци поминати во притвор бил пуштен на слобода, а потоа заминал за Грција со важечки пасош. Тврдел и дека во тој период работел во обезбедувањето на тогашниот претседател Киро Глигоров и дека постоеле политички причини поради кои, како што рекол, бил на мета. Денес, според неговото сведочење, во регионот Пиерија води мал приватен бизнис со соби за издавање.Судскиот совет оцени дека казната изречена пред повеќе од 20 години е застарена според грчките закони, поради што барањето за екстрадиција од Северна Македонија е одбиено.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9fmtfmu34f2t2F3PtRO

(Видео) Силно невреме во Грција, тешко е погоден туристичкиот остров Крф

Подрумите и приземјата на куќите се поплавени, автомобилите ги однела надојдената вода, а патиштата се блокирани од свлечишта. Околу 280 милиметри дожд наврнале за неколку часа во регионот околу градот Јанина на северозападот на земјата, соопшти грчката метеоролошка служба.Училиштата ќе останат затворени во понеделникТешко е погоден туристичкиот остров Крф. „Селото Карусадес, во кое живеат 2.000 луѓе, е отсечено од остатокот од светот. Дури и полициската станица е блокирана со тони кал“, изјавил градоначалникот на општина Северен Крф за весникот Катимерини.Тој додал дека надлежните се надеваат на пристигнување механизација од други делови на државата за да се отстрани калта. Многу патишта на островот се блокирани или уништени. Училиштата во понеделник ќе останат затворени.Се очекува дождот да продолжи да паѓа и денес во погодениот регион, но не со ист интензитет. На северниот дел од Крф во 2023 година избувнал голем шумски пожар. Метеоролозите сметаат дека сегашните поплави се значително полоши од претходните затоа што нема вегетација која би ја задржала калта и камењата.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryq43mfsn01m4v7WoQ73T

Украина обезбеди увоз на американски гас од Грција за да ги покрие потребите за време на зимата

Украина обезбеди увоз на американски течен природен гас (ЛНГ) од Грција за да ги покрие зимските потреби од декември до март следната година, изјавија во неделата грчки и украински претставници за време на посетата на претседателот Володимир Зеленски на Атина. Украина ќе увезува гас преку гасовод што минува низ Балканскиот Полуостров за да обезбеди критични количини по руските напади врз енергетската инфраструктура и постројките за производство на гас.Грчката гасна компанија DEPA и украинската државна компанија Нафтогаз во заедничко соопштение наведоа дека договорот стапува во сила од декември. Зеленски на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека испораките ќе започнат во јануари.Грција станува извор на енергетска безбедност„Се зафатуваме со обнова секојпат кога Русите ја уништуваат енергетската инфраструктура и постројките за производство на гас, но тоа навистина бара многу време, напор и опрема. А кога станува збор за гасот, ни е потребен увоз за да ја надоместиме нашата уништена домашна производство“, им изјави Зеленски на новинарите.„Грција станува обезбедувач на енергетска безбедност за вашата татковина“, му порача Мицотакис на Зеленски, додавајќи дека договорот ќе придонесе за независноста на Европа од рускиот гас.Во пресрет на посетата на Грција, Зеленски изјави дека Киев обезбедил две милијарди евра од европските партнери и банки за увоз на гас, со гаранција од Европската комисија, како и од украинските банки.

Свет | пред 3 месеци

zelenski

Зеленски во посета на Грција, грчката полиција забрани протести во Атина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Атина и ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис.Посетата на Зеленски на Атина, од безбедносни причини, официјално беше соопштена утрово.Од грчката полиција соопштија дека од безбедносни причини, од 6 часот утрово до 22:00 забранети се собири и протести во центарот на Атина и во неколку блиски населби.Зеленски на Икс најави дека во Грција доаѓа за да потпишат договор за увоз на природен гас.

Свет | пред 3 месеци

media-library4gd043m8cgmdaFkVzJZ

Евростат: Секој десетти работник во Грција живее во ризик од сиромаштија

Податоците на Евростат за сиромаштијата покажуваат дека Грција се наоѓа меѓу првите пет земји во Европската унија со најголем ризик од сиромаштија кај вработените. Според најновите статистички податоци, 10,7 отсто од лицата кои имаат работа, односно еден од десет работници, се во опасност да живеат под прагот на сиромаштија.Кога станува збор за машката популација, ситуацијата е уште потешка – дури 13 отсто од мажите се во ризик од сиромаштија, што ја поставува Грција на второто најлошо место во Европа, заедно со Бугарија, веднаш зад Романија која има 14,4 отсто.Кај жените, состојбата е нешто подобра. Грција се наоѓа на 14-тата позиција со 7,6 отсто, што е подобар резултат во споредба со Италија, Швајцарија и Франција.Публикацијата на Евростат „Клучни факти за условите за живот во Европа 2025“, објавена во септември, дава поширока слика за тоа како живеат Европејците денес. Најголем раст на приходите е забележан во Романија – дури 162,2 отсто, а значително зголемување имале и Бугарија, Полска, Хрватска, Унгарија и балтичките земји.Спротивно на тоа, три земји бележат пад на приходите во истиот период: Грција со намалување од 25,8 отсто, Италија со 2,8 отсто и Франција со 1,7 отсто.

Свет | пред 3 месеци

media-library2opifr5cv6uvcO3AETS

Грчката пошта затвора над 200 филијали

Грчката пошта направи остар рез и промени во работењето. Околу половина од филијалите на Грчката пошта (ЕЛТА) низ целата земја ќе бидат затворени од понеделник, 3 ноември.Според „Катимерини“, било одлучено трајно да се прекине работата на 204 филијали, од вкупно 456 што моментално се во сопственост на државната поштенска компанија.Оваа драстична мерка се спроведува за справување со тешката финансиска криза на државното претпријатие.

Свет | пред 3 месеци

media-librarytqoi9p7cbdct9n8Cmy6

(Видео) Балкон се урна во Грција – жена за влакно избегна смрт

Безбедносните камери во грчкиот град Лаврио забележале момент кога балкон од двокатна зграда се урнал и за малку не усмртил жена што минувала по тротоарот.Несреќата се случила вчера попладне, околу 15 часот, во зграда во која се наоѓа многу посетена аптека. Прво дел од парапетот се одвоил и паднал врз конструкцијата, по што целиот балкон се урнал на улицата пред аптеката.Жената која во тој момент минувала на неколку сантиметри од местото на падот имала среќа да остане жива и поминала само со полесни повреди. Големи парчиња бетон паднале од висина од околу два метра, предизвикувајќи значителна материјална штета и на четири паркирани возила.

Свет | пред 4 месеци

grcija-migranti

Морска трагедија во Грција: Потонал чамец со 38 мигранти, четворица загинати

Четири лица, меѓу кои и едно дете, се удавија откако нивниот чамец потонал во близина на грчкиот остров Лезбос, во Егејското Море, недалеку од турскиот брег, соопшти грчката крајбрежна стража.Патролен брод извлекол од морето тела на две жени, еден маж и едно девојче, а полупотонатиот чамец бил пронајден во близина на карпестиот дел од брегот на островот.Триесет и четворица патници успеале да допливаат до брегот, каде што биле пронајдени од полицијата. Потрагата по преживеани е прекината, откако мигрантите изјавиле дека во чамецот имало вкупно 38 лица, што значи дека нема исчезнати.Грчките власти не открија од кои земји потекнуваат мигрантите. Лезбос е една од главните влезни точки во Европската унија за бегалци од Блискиот Исток, Африка и Азија. Многумина се обидуваат да ја преминат опасната морска рута од Турција до грчките острови во мали и несоодветни чамци, што често завршува со трагичен исход.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања