Промени тема
Контакт

Грција: Евакуациски предупредувања поради ризик од излевање на реката Енипејас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library4n6q59purqebfn13iQu
YouTube/Print Screen

Жителите на селото Иперија во регионот Лариса утрово добиле официјална порака од надлежните служби да се преселат во градот Фарсала поради сериозен ризик од излевање на реката Енипејас, јавува „Катимерини“.

— реклама —

Цивилната заштита ги повикала сите жители кои живеат во близина на речното корито да бидат во состојба на целосна готовност. Во повеќе населени места – меѓу кои Лефкија, Орфанаса, Ампелонас, Филос и Илиас – издадени се истовремени предупредувања за можна превентивна евакуација.

— реклама —
— реклама —

Препораката за Иперија доаѓа поради зголемените водостоји и опасноста од поплави што би можеле да доведат до брзо и неконтролирано излевање на реката. Властите ги повикуваат граѓаните да ги следат упатствата, да избегнуваат движење во близина на реката и да останат подготвени за итна евакуација доколку ситуацијата се влоши.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2p2pm79i6in96Chj9fA

Двајца лекари уапсени во Атина по смртта на познатиот грчки пејач Ѓоргос Мазонакис

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
police_457542992-1-1021x580

Бар на Халкидики се претвори во боксерски ринг: Германец претепан, обвинети двајца Грци

Балкан | пред 3 дена

Grcija-1

Грчката опозиција бара одговори: Атина можеби нема да има пристап до изворниот код на „Ахиловиот штит“

Балкан | пред 3 дена

media-library5nf6f5tq8o927cLxc60

Гркинка роди ќерка од ембрион замрзнат 22 години

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања