Промени тема
Контакт

Грција ја одби екстрадицијата на Ацо Боцевски – Циганот: Случајот по 28 години падна поради застареност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryucraki02mr362L3j5ab

Судот во Солун донесе одлука дека Ацо Боцевски, познат и како Циганот, нема да биде предаден на македонските власти, иако беше баран со европска потерница за убиство извршено пред речиси три децении. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека предметот е застарен според тамошното законодавство, а поради тоа судиите ја укинале и мерката притвор.

Боцевски, кој сега има 60 години, беше уапсен во мај годинава во Катерини, по долгогодишно бегство. Тој беше осуден во Македонија на 15 години затвор за убиство на 37-годишен маж во ноември 1997 година, но пред издржувањето на казната успеал да избега во Грција.

— реклама —

Според документите доставени пред солунскиот суд, убистваото се случило така што Боцевски намерно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од автомобилот за да ја провери штетата, тој пукал кон него и го усмртил. Една година подоцна била донесена правосилната пресуда со која добил 15 години затвор.

— реклама —

Во својата изјава пред судот, Боцевски посочил дека по три месеци поминати во притвор бил пуштен на слобода, а потоа заминал за Грција со важечки пасош. Тврдел и дека во тој период работел во обезбедувањето на тогашниот претседател Киро Глигоров и дека постоеле политички причини поради кои, како што рекол, бил на мета. Денес, според неговото сведочење, во регионот Пиерија води мал приватен бизнис со соби за издавање.

— реклама —

Судскиот совет оцени дека казната изречена пред повеќе од 20 години е застарена според грчките закони, поради што барањето за екстрадиција од Северна Македонија е одбиено.

https://skopje1.mk/koj-e-uapseniot-vo-grcija-27-godini-begalec-15-godini-kazna

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2p2pm79i6in96Chj9fA

Двајца лекари уапсени во Атина по смртта на познатиот грчки пејач Ѓоргос Мазонакис

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
police_457542992-1-1021x580

Бар на Халкидики се претвори во боксерски ринг: Германец претепан, обвинети двајца Грци

Балкан | пред 3 дена

Grcija-1

Грчката опозиција бара одговори: Атина можеби нема да има пристап до изворниот код на „Ахиловиот штит“

Балкан | пред 3 дена

media-library5nf6f5tq8o927cLxc60

Гркинка роди ќерка од ембрион замрзнат 22 години

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања