Промени тема
Контакт

(Видео) Силно невреме во Грција, тешко е погоден туристичкиот остров Крф

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library9fmtfmu34f2t2F3PtRO

Подрумите и приземјата на куќите се поплавени, автомобилите ги однела надојдената вода, а патиштата се блокирани од свлечишта. Околу 280 милиметри дожд наврнале за неколку часа во регионот околу градот Јанина на северозападот на земјата, соопшти грчката метеоролошка служба.

— реклама —

Училиштата ќе останат затворени во понеделник

Тешко е погоден туристичкиот остров Крф. „Селото Карусадес, во кое живеат 2.000 луѓе, е отсечено од остатокот од светот. Дури и полициската станица е блокирана со тони кал“, изјавил градоначалникот на општина Северен Крф за весникот Катимерини.

— реклама —

Тој додал дека надлежните се надеваат на пристигнување механизација од други делови на државата за да се отстрани калта. Многу патишта на островот се блокирани или уништени. Училиштата во понеделник ќе останат затворени.

— реклама —

Се очекува дождот да продолжи да паѓа и денес во погодениот регион, но не со ист интензитет. На северниот дел од Крф во 2023 година избувнал голем шумски пожар. Метеоролозите сметаат дека сегашните поплави се значително полоши од претходните затоа што нема вегетација која би ја задржала калта и камењата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4lfq8oo179hdaG6vTdl

Во Куманово поднесени 160 барања за обештетување по невремето

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library8iindo7eal7t4MJBibD

(Видео) Невремето го разбранува Охридското Езеро, огромни бранови кај Градиште

Настани | пред 1 месец

media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Ѓорѓиевски: Општините ќе формираат комисии за пријавување на штетите од невремето

Скопје | пред 1 месец

media-library3qndtdmoe1k39q771ua

Колапс на линијата 112: Над 8.300 повици по невремето, ангажирани дополнителни оператори

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања