Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГРЦИЈА

grcija-plaaza

Грција на удар од топлотен бран: Температури над 44°C од утре

Грција од утре влегува во екстремен топлотен бран што ќе трае најмалку до петок, предупреди денес Националната метеоролошка служба во Атина. Температурите во некои делови на земјата се очекува да надминат 44 степени Целзиусови во наредните 24 часа.Причина за екстремната жештина се исклучително топлите воздушни маси кои пристигнуваат од Африка и се движат кон Грција и поширокиот балкански регион, јавува весникот „Катимерини“.Според официјалната прогноза, температурите во текот на работната недела ќе бидат до 10 степени повисоки од просекот за истиот период во изминатите децении (1991–2020), што предизвикува дополнителна загриженост кај властите и граѓаните.

Свет | пред 7 месеци

afroditi

„Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“ - изјава на грчка европратеничка пред гласањето на извештајот

На вчерашната пленарна дебата во Европскиот парламент, што ѝ претходеше на денешното гласање за Извештајот за напредокот на Македонија, грчката европратеничка Афродити Латинопули изнесе навредлива и провокативна реторика, негирајќи го македонскиот јазик и идентитет.„Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“, изјави Латинопули од европската група на крајната десница (ECR), додека ги поддржуваше бугарските ставови за историјата, јазикот и националноста на македонскиот народ.Во нејзиниот говор, таа рече:„Дојдовме до точка каде што честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите. Нивната реакција е исправна бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект и нивната националност е бугарска. Ако сакате мир и добри односи на Балканот, историјата мора да се обнови, инаку пристапот кон ЕУ нема да се случи ниту во нивните соништа. Македонија е една и таа е грчка.“Изјавата предизвика реакции и на социјалните мрежи, особено поради фактот што дојде во момент – токму во пресрет на денешното гласање за Извештајот за Македонија, кој беше усвоен со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, но во финалната верзија од текстот беа отстранети референците на „македонскиот јазик и идентитет“.Овој развој на настаните дополнително ги отвори прашањата за рамнотежата меѓу политичкиот дијалог во Европскиот парламент и заштитата на националниот и културниот интегритет на земјите-кандидати, како што е Македонија.

Македонија | пред 7 месеци

pozar-1

Грција се бори со огромен пожар на Евија

Пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот на грчкиот остров Евија, кој зафати шуми и принуди две села на евакуација, соопштија пожарникарите во саботата.Повеќе од 160 пожарникари, 46 камиони и пет авиони се распоредени на југот на Евија, источно од Атина, за да го изгаснат пожарот што избувна доцна во петокот, изјави за Ројтерс претставник на противпожарната бригада под услов на анонимност. Евија беше на списокот на неколку грчки региони во состојба на висока подготвеност поради бујните ветрови кои се очекуваа во саботата. Властите во раните утрински часови наредија евакуација на селото Цакехои и крајбрежното сезонско населено место Лимнионас.Јужна Евија е ретко населено подрачје со планини, земјоделско земјиште и популарни одморалишта.Новиот пожар е последен во низата шумски пожари што оваа недела ги поттикнаа силни ветрови и суви услови, додека поголем дел од Европа беше зафатен од топлотен бран на почетокот на летото, кој властите го поврзуваат со најмалку осум смртни случаи на континентот.

Свет | пред 7 месеци

Santorini

Силен земјотрес го стресе тлото на популарен грчки остров

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини.Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил во морско подрачје 13 километри југозападна од селото Аркесини на островот Аморгос.Епицентарот бил на длабочина од 11,1 километри. Засега нема пријави за материјална штета.фото: Unsplash

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-15.36.40

(Фото) Голем пожар на Ситонија: Туристите од Вурвуру се евакуираат кон Никити

Голем шумски пожар избувна денеска во близина на туристичкото место Вурвуру на вториот крак на Халкидики – Ситонија, во реонот Ливари. Грчките власти издадоа итна наредба за евакуација на туристите и локалното население кон местото Никити, додека пожарот се шири со голема брзина поради ветерот и топлото време.На терен се распоредени 65 пожарникари со 20 возила и два пешадиски тима, а гаснењето се поддржува и од воздух со осум авиони и еден хеликоптер, што сведочи за сериозноста на ситуацијата.Преку системот 112 граѓаните добија порака за итно повлекување од погодената област. Поради опасноста, патот од Ормос Панагиас кон Вурвуру е затворен.Грчките служби апелираат сите кои се во близина да останат смирени, но и будни, и строго да ги следат инструкциите за евакуација. Нема информации за повредени, но пожарот сè уште не е ставен под контрола.

Свет | пред 7 месеци

lokumades

Мафија со популарните локумадес во Грција: Криминална банда во Ситонија се заканувала по живот и ги уценувала другите продавачи

Судот во Грција го прогласи за виновен 42-годишен маж, кој бил главен во мафијата со крофни, за уцените и заканите во текот на летото 2021 година и тој доби затворска казна од 16 години. Како што јавуваат грчките медиуми, криминалната група вршела изнуди за контрола на продажните места на крофни, кои туристите ги знаат како локумадес. Тоа се случувало на плажите во Ситонија, на вториот крак од Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.Во текот на летото 2021, грчката полиција разбила криминална група во која освен водачот, учествувале уште 11 други лица, а сега, дел од нив биле ослободени, дел прогласени за виновни со парична казна.Криминалната група за да биде единствена која продава на преполните плажи, користела методи и практики на уцени, односно во најмалку седум случаи употребиле закани по живот, нанесувале телесни повреди и употребиле огнено оружје против други продавачи на крофни, како и кон сопственици на угостителски објекти на плажите, а дополнително принудувале странски државјани да продаваат крофни со минимална заработка.Мафијата со лукумадес, како што наведуваат грчките медиуми, принудувала странските државјани да продаваат 500-600 крофни дневно по цена од две евра, набавниот износ бил половина евро, исто толку добивал и продавачот, а криминалните групи имале дневен профит од 500-600 евра.фото: Unsplash

Актуелно | пред 7 месеци

IMG_5168

Затвор за водачот на ,, Локумадес” мафијата

Познатите грчки локумадес – крофни, кој се главна посластица на грчите плажи се вносен бизнис, па за превласт се борат и со уцени,42-годишник доби 16 години затвор од Апелациониот кривичен суд во Солун, под обвинение дека е водач на криминална група, која вршела изнуда и уцена за контрола на продажбата на крофни на прометните плажи на Ситонија, на вториот крак на Халкидики.Судот го прогласи за виновен за бандитско рекетирање.Тој беше ослободен од обвинението за обид за убиство против ситен трговец и трговија со луѓе, поврзани со условите за работа на странските ситни трговци.Во истрагата било утврдено дека криминалната група, која броела 12 члена, спроведувала вистинска кампања на заплашување и насилство за да воспостави монопол врз продажбата на крофни на плажите.Полициската истрага за активностите на таканаречената „Локумадес мафија“ започна по откривањето на обид за убиство на продавач на крофни во Никити, но за ова обвинетиот беше ослободен.Тој пред судот ги негираше сите дела.Грчката полиција во 2021 година разби криминална група во која освен водачот, учествувале уште 11 други лица. Дел од нив се ослободени, а дел добиле парична казна.

Свет | пред 7 месеци

slika-nesreka-grcija

(Видео) Страшна трагедија во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Две лица – татко и неговиот 13-годишен син – го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во саботата попладне на стариот магистрален пат Солун – Верија, во близина на делницата меѓу Халкидони и Лудија. Според информациите на грчките медиуми, патнички автомобил со четиричлено семејство под сè уште неразјаснети околности се судрил со камион со македонски регистарски таблички.Несреќата се случила околу 16 часот. 44-годишниот возач на автомобилот починал на самото место, додека неговиот 13-годишен син им подлегнал на повредите кратко по судирот. Во возилото се наоѓале и 43-годишната мајка и нивниот 9-годишен син, кои со тешки повреди биле пренесени во болницата „Гениматас“ во Солун.Возачот на камионот, 34-годишен државјанин на Македонија, не е повреден во несреќата, но е уапсен веднаш по настанот. Против него е поведена истрага, а надлежните органи утврдуваат под кои околности дошло до фаталниот судир.Според роднини на настраданото семејство, тие се враќале од Солун кон своето село Пела кога се случила трагедијата. Веста ја потресе целата локална заедница, а семејството и пријателите се во шок од загубата.

Свет | пред 7 месеци

tragedija-vo-grcija-19-godishen-makedonec-go-zagubi-zhivotot-na-plazha-vo-hanioti01

Млад Македонец се удави во Грција по срцев удар, спасувачот од Ханиоти сведочи за трагедијата

Македонец на возраст од 19 години почина по давење во морето на плажата Ханиоти, на првиот крак на Халкидики. Момчето било извлечено во бессознание од вода и итно пренесено во здравствената установа во Касандра, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.Според информациите од грчката Крајбрежна служба, до нивната канцеларија во Неа Мудања било пријавено дека млада машка личност е извлечена без свест од морето во попладневните часови.Спасувачка присутна на плажата веднаш започнала со реанимација, користејќи автоматски дефибрилатор, а во спасувањето помогнале и неколку капачи. За кратко време пристигнал и волонтер-спасувач, кој продолжил со оживување заедно со тимот од Итната медицинска помош.Во емотивна објава на социјалните мрежи, спасувачот напиша дека се бореле да го вратат младиот човек во живот, но борбата завршила безуспешно. Момчето било пренесено со амбулантно возило до здравствениот центар, каде што неговата смрт била официјално потврдена.Тој на Фејсбук сподели потресна објава:„19-годишно дете…19-годишен ангел…19-годишен несреќен млад човек од Македонија кој имаше срцев застој по давење на централната плажа во Ханиоти…Имаше брза реакција на спасувачот од областа, или кој и да го извлече младиот човек со помош на неколку капачи, и ја започна постапката за реанимација.Повикот беше примен во 16:45 и за 2 минути пристигнав на местото и почнав да му помагам на спасувачот да го вратиме детето во живот.Имаше брз одговор од екипите од брза помош кои ја продолжија борбата, но за жал, без посакуваниот резултат…Го транспортиравме детето до здравствениот центар, а јас бев во амбулантното возило со болничар и правев реанимација до болницата, додека возачот возеше брзо и внимателно колку што можеше. За жал, лекарите ја констатираа смртта на детето.Луѓе, сè што можам да му посакам на светот и на вас е да бидете во добро здравје бидејќи, за жал, животот е краток.“Телото на момчето ќе биде пренесено во Судска медицина во Солун, каде ќе се изврши обдукција, а грчките власти спроведуваат истрага за причините за трагичната смрт.

Свет | пред 7 месеци

grcija-dok

(Видео) Драма на грчка плажа, медицинско лице од Србија спаси петгодишно дете од Македонија

Вистинска драма се одвивала на плажа во Грција во петокот. Четиригодишно девојче од Македонија имало срцев проблем.За среќа на плажата во Неа Врасна бил и медицинскиот техничар од Србија, Саша Костиќ кој со брза интервенција го спасил детето.За „Утро на Прва”, раскажува што се случило.Во моментите кога можела да се случи трагедијата бил на плажата со синот и видел како родителите го изнесуваат девојчето без свест. Му помогнала и колешка, докторка.„Видовме дека детето е во критична ситуација, дека моменти се во прашање.Веднаш почнавме со реанимација”, вели Костиќ.Кога стигнала брза помош, девојчето веќе било во свесна состојба.Тој вели не се размислувава тогаш, го оставил и своето тригодишно дете за да помогне.Родителите на малата Ирина се бескрајно благодарни за помошта која го спасила животот на нивното дете кое сега е во стабилна состојба и за неколку дена ќе излезе од болница.

Свет | пред 8 месеци

policija-grcija

Го врзал, му ја затворил устата и го убил – судот одобри екстрадиција на Македонецот во Германија

Грчкиот Апелационен суд во Солун донесе одлука за екстрадиција на 34-годишен државјанин на Македонија во Германија, каде што се товари за грабеж и убиство на 81-годишен маж во градот Библис. Информацијата ја објави весникот „Катимерини“.Според германските медиуми, убиството се случило на 9 февруари. Два дена подоцна, телото на жртвата било пронајдено во неговиот стан на улицата Линденштрасе, откако роднините се загрижиле што не се јавува. Обдукцијата потврдила насилна смрт, а истрагата ја презеле обвинителството во Дармштат и криминалистичкиот оддел во Хепенхајм.Германските власти соопштија дека околностите упатуваат на свирепо убиство. За случајот е формирана специјална истражна единица под кодно име „1002“, составена од над 20 полицајци. Активирана е и телефонска линија за потенцијални сведоци.Осомничениот 34-годишен Македонец бил уапсен во мај на граничниот премин Евзони, за време на рутинска полициска проверка, при што било утврдено дека е предмет на европска потерница. Според германското обвинителство, тој престојувал во Германија на службено патување со група сограѓани, а сместувањето било организирано токму кај жртвата. Токму таму, осомничениот и неговите соизвршители го врзале мажот, му ја затвориле устата и го ограбиле, што, според обвинението, довело до негова смрт поради задушување.Пред судот во Солун, осомничениот побарал да не биде екстрадиран, со образложение дека доколку остане во Грција, неговото семејство од Велес полесно ќе може да го посетува. Сепак, судот го одбил барањето и ја одобрил екстрадицијата во Германија, каде што ќе се соочи со тешки обвиненија.

Македонија | пред 8 месеци

5-2

(Видео) Големи гужви и колони кон Грција, поради продолжениот празничен викенд

Грчките плажи и овој продолжен викенд ќе бидат полни со македонски туристи. Празнично, најмногу гужва има на граничниот премин „Богородица“.Се чека и по повеќе од час, а колоните се километарски. Најбројни се возилата со македонски регистарски ознаки, како и српски возила.Истата слика ќе биде во текот на целиот летен период. Секоја година, граѓаните се жалат бидејќи граничните контроли течат споро, граѓаните и со часови седат во возилата, дури и кога температурите се надпросечно високи.Гужви се очекуваат и во недела, кога граѓаните ќе се враќаат назад.

Македонија | пред 8 месеци

policija-4141

Кој е уапсениот во Грција: 27 години бегалец, 15 години казна

Ацо Боцевски, во подземјето познат како „Циганот“ e Македонецот кој е уапсен по речиси три децении бегство. Него денеска го лоцирала и лишила од слобода грчката полиција во градот Катерини, потврди македонското Министерство за внатрешни работи.Боцевски беше во бегство од 1998 година, кога наместо да отслужи 15 години затвор за ладнокрвното убиство на Сеат Ибраими, исчезна под сомнителни околности додека беше во домашен притвор. За него беше распишана една од најстарите и најозлогласени меѓународни потерници.Крвавиот настан што го внесе Боцевски во криминалната историја се случи во ноември 1997 година, среде бел ден, во центарот на Скопје. По кратка автомобилска потера, Боцевски излегол од „корветата“, го стигнал Ибраими, кој со „мерцедесот“ излетал од патот и испразнил цел шаржер врз него. Убиство со потпис – ладнокрвно, брутално и пред очите на градот.Со денешното апсење, правдата конечно му се доближува. Од МВР најавуваат дека ќе следи процедура за негова екстрадиција во Македонија, каде го чека неиздржаната затворска казна.

Македонија | пред 8 месеци

alkaloid-grcija

Грчките медиуми за грчката драма во Скопје

Одлуката на ракометниот клуб АЕК да не се појави на реванш натпреварот против Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп во Скопје предизвика лавина реакции во грчката јавност и медиуми. Потегот на АЕК, кој го правда со третманот на нивните навивачи, се слави како „одбрана на честа“, но во Македонија се доживува како класичен бојкот со политичка и навивачка позадина.„Браво претседателе!“, „Честитки Папастаматис!“, „Вака се брани честа“ – со вакви пораки грчката јавност го поздрави потегот на АЕК, кој одби да се појави на реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот куп против Алкалоид во Скопје.АЕК тврди дека нивните навивачи биле условени: или ќе влезат сите што тргнале со автобуси од Атина, или никој. Тие инсистираат на спортското правило според кое 10% од капацитетот на салата треба да биде резервирано за гостинска публика – што за „Борис Трајковски“ значи околу 650 луѓе.Македонската полиција, по безбедносна проценка, одлучи дека е невозможно да се обезбеди влез за толку голем број навивачи.Навивачката група „Оригинал 21“ од Атина излезе со соопштение: „Ова беше голем момент за клубот. Играчите се откажаа од европски трофеј за да нè поддржат. За нас, тие веќе се победници. Нашето правило ‘сите или никој’ не е каприц – тоа е животен став.“Грчките медиуми пренесуваат дека на АЕК му биле доделени само 190 билети, наспроти очекуваните 1.000. Дел од автобусите со навивачи биле вратени на Евзони, по што клубот ја информирал ЕХФ дека нема да излезе на терен.Алкалоид одговори со соопштение: „Натпреварот не се одигра бидејќи противникот одлучи да не игра“.Натпреварот останува „во воздух“, а исходот зависи од одлуките на ЕХФ.

Спорт | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-10.40.34

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер го погоди грчки Крит, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени се случи во четврток наутро во близина на градот Елунда на островот Крит во Грција, пишува новинската агенција Ројтерс.Германските геонаучници соопштија дека се случил на длабочина од 77 километри.Досега нема извештаи за смртни случаи, повредени или голема материјална штета.Грчките пожарникари се во состојба на готовност.Областа околу грчкиот остров Крит е една од сеизмолошки најактивните во Европа.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања