Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Обвинувања за забрана на македонски песни во Лерин: прекинат настап поради пеење на македонски јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryn5rqug6i6pb3bbnJfg3

Претседателот на Здружението „Виножито“, Павлос Воскопулос Филипов, преку објава на социјалните мрежи обвини дека градоначалникот на Лерин пред два дена насилно го прекинал празничниот настан откако музичката група „Ентопика“ започнала да изведува македонски народни песни.

— реклама —

Според Воскопулос Филипов, интервенцијата на локалната власт не била случајна, туку претставува дел од поширока политика насочена кон саботирање и ограничување на јавната употреба на македонскиот јазик на градските културни настани. Тој наведува дека на музичарите им било дозволено да свират традиционална музика, но не и да пеат песни на македонски јазик, што, според него, јасно укажува на дискриминаторски пристап кон јазичниот идентитет.

— реклама —

„Ова не е изолиран инцидент, туку порака дека македонскиот јазик е непожелен во јавниот простор, дури и во културен и празничен контекст“, посочува Воскопулос Филипов во својата реакција, оценувајќи дека ваквите постапки претставуваат директен удар врз основните човекови и културни права.

— реклама —

Настанот во Лерин доаѓа во чувствителен политички момент, откако премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека „го вратил името“ на државата, алудирајќи на тоа дека и лидерот на СДСМ почнал јавно да ја именува земјата без придавката „северна“. По овие изјави следеше реакција од грчкото Министерство за надворешни работи, кое потсети дека Преспанскиот договор е обврзувачки и не дозволува, како што беше наведено, „фалсификување“ на договореното име.

Во таков контекст, случајот со прекинатиот музички настап дополнително ги отвора прашањата за слободата на културно изразување, јазичните права и односот на локалните власти кон македонскиот идентитет во Грција, особено во јавни и официјални настани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8btf7qj004gjaE20JAc

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Халкидики

Балкан | пред 11 час

— реклама —
police_457542992-1-1021x580

Шест мигранти осомничени за напад и силување во Солун, жртвата ја фрлиле во морето

Балкан | пред 1 ден

bura-696x391

Црвен аларм во девет области во Грција поради силни бури и обилни врнежи

Балкан | пред 3 дена

media-library9d89q3t0mfujbtKeKQ9

Првиот човек на грчката кошарка поднесе оставка поради скандал

Спорт | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања