ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ГРЦИЈА

Нема фотографија

Трагедија во Грција: Млад фудбалер загина во страшна сообраќајна несреќа

Во тешка сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Грција Статис Хациламброс.Овој фудбалер го носеше дресот на Левадијакос, Панелефсинијакос, додека последен тим за кој настапуваше е Елопијакос.Според неговиот последен клуб, несреќата се случила еден ден пред Хациламброс да наполни 26 години.Наводно, неговото возило излетало од патот и удрило во маслиново дрво.Тој забележа седум настапи во елитното ниво на натпреварувањето.Играше на позицијата лев бек.

Спорт | пред 1 година

martina-zaginata-grcija

Две од девојките се во тешка состојба, убиецот на Мартина заврши каде што припаѓа, објави вереникот на загинатото девојче во Грција

Ристе Илијовски, вереник на Мартина Наумовска која загина во тешката несреќа во Грција, се прости од својата сакана. Тој објави дека и нејзините две другарки се во тешка состојба, како и дека лицето кое ја предизвикало сообраќајката е онаму каде што припаѓа.„Со тешко срце и сили сакам да ги известам сите роднини, пријатели, душегрижници, зависници и душмани дека на вчерашен ден во тешка сообраќајна несреќа од страна на грчки душмани животот го одзеде на нашата најчиста душа, мојата вереница, мојата душа и човек со најголеми човечки особини кој денешно време никој ги нема, Мартина. Нема зборови со кои можам да ви опишам која карпа од човек е ова чупе, чекаме да се разбудиме од овој сон, не остави сите кога најмалку требаше, Господ ни го зеде ангелот кој со пари не се купуваше а повеќе не припаѓа на овој свет“, пишува Илијовски.Во името на фамилијата на загинатата Мартина и неговата, се прости од девојката.„Им посакувам опоравување на другите 3 девојки од кои две се во тешка состајба а за оној кој несовесно ја постигна оваа трагедија и то уби нашето чупе заврши онаму каде што припаѓа. Мартина, ти си нешто што со зборови не се опишува, нема збор во нашиот речник со кој можам да те опишам, храбра а толку мека, не бараше ништо освен љубов и внимание, најубава мистерија која некогаш постоела на овој свет, sвезда која ќе сјае на небото, ангел кој ќе сјае во рајот!Почивај во мир душо моја најсакана!“, додаде Илијовски.

Коментари | пред 1 година

IMG_8813

Вака ќе е цела сезона: Гужва на границата со Грција, а потоа и на обиколницата километарски колони

Гужвите на македонско-грчката граница, односно преминот „Богородица“ станаа постојана слика за време на викендите. Стотици автомобили, долги колони, кои чекаат на четири ленти е сликата и од овој викенд. Според АМСМ се чека од 15 до 20 минути за да се помине границата. Во пракса, според возачите, тоа е и до 40-50 минути стоење во место.Големи гужви летниов период има и при влез во Солун. Поради градежни работи на обиколницата покрај градот, има долги колони.Гужвите се очекува дополнително да ескалираат во екот на сезоната.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-21-at-19.43.31

(Видео) Снимки од несреќата во Солун каде загина Македонка: МНР проверува каква е состојбата на другите повредени

Македонското Минситерство за надворешни работи проверува каква е состојбата на повредените македонски државјани во Грција, кои имаа сообраќајка близу Солун. Во исто време, контактира со грчкото МНР за проверка на идентитетот на загинатата македонска државјанка. За тоа време, во јавноста се појавија и првите снимки, кои сведочат за страшната несреќа.Од нив се гледа смачканиот автомобил. Настраданите се вадени од автомобилите со помош на пожарна, бидејќи вратите биле заглавени. Задниот дел на еден од автомобилите е целосно смачкан. На другиот автомобил, му го нема речиси цел преден дел од возилото.Како што објавуваат грчките медиуми, 30 годишна жена починала, а нејзини две сопатнички на возраст од 27 и 25 години биле пренесени во болница..

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена жена на плажа на Халкидики: Мислеле дека се онесвестила

Неидентификувана жена е пронајдена во четврток попладне во несвест од плажата Полихроно во општина Касандра на Халкидики.Жената била превземена од Брза помош ЕКАВ и пренесена во здравствениот дом Касандра на Халкидики.Набрзо жената била прогласена за мртва.Телото ќе биде пренесено во Солун на обдукција, додека прелиминарната истрага ја врши второто пристаниште Нео Мудани на Централната пристаниште во Солун, пишуваат грчките медиуми.

Свет | пред 1 година

policija-grcija

Пукање во супермаркет во Грција, има мртви: Купувачите панично избегале

Едно лице е убиено, а друго тешко рането во престрелка што се случила во супермаркет во Пиреја кое се случи попладнево.Првите сознанија од истрагата укажуваат дека дошло до пресметка меѓу тројца турски државјани, а клиентите кои биле во продавницата во моментот на инцидентот почнале панично да бегаат заедно со вработените.Едното лице им подлегнало на повредите, додека другото е итно пренесено во болница. Нивниот идентитет не е соопштен. Полицијата приведе еден осомничен."Слушнавме два истрели. Видовме вработени како трчаат и викаат полиција. Клиентите панично трчаа. Бевме преплашени, мислевме дека се работи за терористички напад", велат очевидци.Според информациите, двајца турски државјани влегле во продавницата и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. По нив, трет маж влегол во продавницата, извадил пиштол и почнал да пука.Наводно, убиениот почнал да го влече пиштолот, но не го допрел, бидејќи истрелот го усмртил на лице место.

Свет | пред 1 година

grcija1

Потресни сцени пред куќата на убиената Валерија: Плишани играчки и цвеќиња за малото девојче, се уште нема трага од убиецот

Германската полиција ја продолжува потрагата по одговорниот за убиството на малата Валерија (9), која беше пронајдена мртва во шумата во Дебелно на неколку километри од нејзиниот дом.Засега се уште нема информации за осомничените, но Билд пишува дека полицијата трага по поранешното момче на нејзината мајка Надја, државјанин на Молдавија.Додека трае истрагата за убиството, пред куќата на девојчето се снимени шокантни сцени.По страшното соопштение на полицијата дека малата Валерија е мртва и дека е убиена, граѓаните спонтано почнаа да оставаат цвеќе и да палат свеќи пред куќата на девојчето.Потресните сцени покажуваат и плишани играчки оставени во спомен на девојчето кое исчезна на пат кон училиште.Во градот Дебелно жителите се шокирани од убиството на девојката.Полицијата соопшти дека истрагата се фокусира на најтесниот круг на семејството.Да потсетиме, телото на девојчето беше пронајдено во вторникот во густа шума во Дебелно, на неколку километри од куќата на нејзината мајка. Местото каде што е пронајдено телото е и местото на злосторството, потврдија од полицијата, која се уште не уапсила никого во врска со убиството.

Свет | пред 1 година

grcija

Потресни сцени од погребот на девојката која беше убиена во Грција

Стотици луѓе вчера го испратија девојчето на вечниот одморДевојче (11), кое беше брутално убиено во Грција, вчера беше погребано во родното село, а сцените од погребот се срцепарателни.Малата Василика, за чие убиство се сомничи нејзин роднина (37), до вечниот одмор ја придружуваа стотина луѓе.Блиските на убиената девојка го носеа белиот ковчег со нејзиното тело од нејзината куќа до црквата Свети Анастасиј, каде што беше извршен погребот.Во тажната поворка беа и нејзините пријатели од училиштето и професорите, кои не можеа да ги сопрат солзите. Разделните зборови на нејзината учителка беа потресни.Василики беше среќно дете, полно со планови, а нејзиниот живот застана во миг. Ја убил роднина, бидејќи одбила да има односи со него и се заканувала дека ќе ги тужи неговите родители. Од бес и пикнал шрафцигер во срцето, а потоа и го фрлил телото на нива.За време на погребот одекнуваше лелек."Нека најде правдата моето девојче. Моето девојче не го заслужи ова мачење. Сакам да им порачам на сите мајки на светот да се грижат за своите малечки девојчиња. Не дозволувајте да им се случи истово", рече мајката на Василика во солзи на погребот.По погребот над црквата беа пуштени десетици бели балони, а при внесувањето на телото се слушаше аплауз во чест на убиеното девојче.Да потсетиме, вчера, пред погребот, непознати лица ја запалија куќата на осомничениот за убиството на малата Василики. За среќа, во куќата немало луѓе, бидејќи неговите роднини го напуштиле селото поради страв од одмазда.

Свет | пред 1 година

plaza-grcija

Силен топлотен бран во Грција: Предупредувања поради високите температури, доктори цела низ Атина

Грција беше погодена од првиот топлотен бран во сезоната, кој ги затвори училиштата, како и археолошките локалитети како Актрополис, а лекари се распоредени низ Атина.Како што јави Ројтерс, метеоролозите предвидуваат дека температурата денеска и утре ќе достигне 43 степени Целзиусови. Акропол денеска ќе биде затворен од пладне до 17 часот, а два дена ќе бидат затворени и многу основни училишта и градинки низ државата.Минатата година, високите температури поттикнаа разорни пожари и дождови предизвикаа некои од најголемите поплави досега, според Ројтерс. Високи температури беа забележани минатата година во поголемиот дел од јужна Европа, вклучувајќи ги Португалија, Франција, Шпанија и Италија.Пожарите оваа година во Грција започнаа порано од очекуваното, вклучително и оној во март. По минатогодишните разорни шумски пожари, Грција ги засили подготовките за гаснење пожари, ангажирајќи повеќе персонал и засилувајќи ја обуката за спасувачите.

Магазин | пред 1 година

policija-grcija

„Ја однесов на нива и ја убив со шрафцигер“: Снимен моментот кога 11-годишната девојка влегла во автомобил на нејзин роднина во Грција, потоа била пронајдена мртва

Безбедносните камери го снимиле моментот кога девојка (11) влегла во автомобил на нејзин роднина во Грција, а неколку часа подоцна била пронајдена мртва.Малата Василики Николопулу (11) исчезнала во неделата навечер во 21 часот и 10 минути, а нејзиното семејство ја пријавило за исчезната околу 3 часот по полноќ.За жал, девојката била пронајдена мртва во понеделникот, со убодни рани на вратот. За убиството е осомничен нејзин роднина, кој претходно бил осуден за силување малолетничка. Наводно во полиција го признал убиството.,,Ја однесов на нива и ја убив со шрафцигер“, наводно рекол осомничениот роднина по неговото апсење.Девојчето било пронајдено мртво во месноста Илија, а според локалните медиуми, осомничениот, иако го признал убиството, не навел мотив, пренесува Телеграф.Недолго откако родителите на Василики го пријавиле нејзиното исчезнување, полицијата ги прегледала безбедносните камери, кои го снимиле девојчето како влегува во автомобил. Набрзо било утврдено дека се работи за возилото на нејзина рднина. Во овој момент не се знае дали детето било малтретирано пред убиството, а телото на малата Василика е пронајдено на нива.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес рано утринава ја погоди Грција

Умерен земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Грција, западно од островот Крф, јавуваат грчките медиуми.Земјотресот е регистриран во 6:29 часот по локално време, на 34 километри од островот Отони во Јонското Море, соопшти Атинскиот геодинамички институт.Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6,8 километри.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 1 година

idioti-1

Коѕијас ја критикува грчката Влада поради неспроведувањето на Договорот од Преспа

Никос Коѕијаs, поранешен министер за надворешни работи на Грција во колумна за весникот „Катимерини“ го коментира Договорот од Преспа, кој во последните недели е во главен фокус кај јужниот сосед. Според него, Договорот обезбедува стабилност во регионот и безбедност во Грција. Потоа посочува дека Македонија признала дека нема никаква врска со Александар Македонски, а дека македонскиот јазик е „јужнословенски“.„Договорот од Преспа ги погоди аспектите на либертаријанизмот во својот корен. Пријателот Северна Македонија препозна дека историјата на Славомакедонците започнува дури во 7-ми н.е. век и призна дека тоа нема никаква врска со Македонија на Александар Македонски (член седум од договорот). Според тоа, нивниот јазик нема никаква врска со античка Македонија, туку е јазик, како што пишува во договорот, „јужнословенски“, односно илјада години помлад од македонското кралство“, пишува Коѕијас.Тој го критикува неносењето на протоколите во Грција и тамошната власт, кои пет години се заглавени во грчкиот парламент, па свештениците од Македонија ги нарекува „северномакедонски“.„Владата не само што не ги направи пропишаните меѓувладини дејствија, туку господинот Мицотакис не ни стапна во Скопје. И „Се прашувам“, не се запраша ли еднаш актуелната власт што ќе се случи ако се откаже во пракса, со тоа што го прави или договорот е неорганизиран? И бидејќи се прашувам, може ли некој да ми каже зошто ќе и наштети на Грција да го контролира воздушниот простор на Северна Македонија? Дали е „предавство“ да се донесат овие протоколи што го предвидуваат тоа во парламентот, додека ако Турција ја преземе одбраната над нашата северна граница тоа ќе биде врв на „патриотизмот“ како што некои глупаво тврдат? А подолу, што би се случило со Грција ако ги обучува северномакедонските свештеници, судии, дипломати и повеќе војници од денес? Што би ѝ наштетила на Грција и затоа владата пет години одбива да ги донесе на гласање протоколите-меморандумите за нив и зошто некои луѓе, не знаејќи ни нивната содржина, го сметаат за преговарачка хартија на сметка на друга страна?“, додава Коѕијас.

Свет | пред 1 година

14112019_PVRSM_Zaev_sredba_Micotakis_1

Мицотакис до Македонија: Ќе создадете проблеми, името ви е и за внатрешна употреба

„Ќе ги чекаме официјалните ставови на владата на Северна Македонија, но првите впечатоци се крајно негативни. Во основата на договорот од Преспа беше концептот на едно име, она што ние го нарекуваме ерга омнес, името Северна Македонија да важи за сите, односно да се користи и во странство и во земјата“, изјави премиерот Киријакос Мицотакис во денешно интервју во емисијата „Викенд од 6“ на ЕРТ, одговарајќи на прашање за прашањето поврзано со Договорот со Македонија.„Да потсетам дека не гласавме за договорот од Преспа затоа што изразивме силна резерва за тоа дека со овој договор се гарантира македонскиот етникум и македонскиот јазик. Тоа беше главната причина. Но, за прашањето за името има многу јасно назадување и сакам уште еднаш да испратам порака за предупредување до новата влада да ја смени својата линија отсега па натаму, да ја почитува оваа централна одредба од договорот од Преспа, само да го користи името Северна Македонија во и надвор од земјата, кога се споменува нашиот северен сосед. Во спротивно, сигурно е дека ќе создадат проблеми не само во односите на Грција со Северна Македонија, туку и во односите на Европа со Северна Македонија“, нагласи тој.На прашањето дали има намера да го раскине договорот, тој истакна:„Она што сигурно ќе го направиме е дека нема да ги донесеме на ратификација трите меморандуми произлезени од договорот и сега нашиот став да ја одложиме оваа ратификација е целосно оправдан бидејќи долго време видовме што се случуваше во Северна Македонија. Го слушавме ова вмровски националистичко лудило, знаевме дека ВМРО ќе победи на изборите и сакавме да задржиме некое вистинско преговарачко оружје во случај работите да не одат како што некои очекуваат. Втората работа што ќе ја направиме е - апсолутно ќе ставиме до знаење дека никаков напредок во овој долг марш на Скопје кон Европа не може да се постигне без целосно почитување на договорот од Преспа за прашањето за името.“

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-13.48.07

(Видео) Грчката амбасадорка ја напушти седницата револтирана што Силјановска-Давкова не користела „северна“

Грчката амбасадорка Софија Филипиду заминала од собраниската сала каде свечена заклетва даваше новата претседателка, Гордана Силјановска-Давкова. Кога Силјановска-Давкова при свечената изјава кажуваше Македонија без придавката „северна“, тој излегол од салата.Заминувањето на грчката амбасадорка било во знак на протест, јавува грчки „Катимерини“.Кирјакос Мицотакис упати и предупредување до Скопје, по резултатот од неодамнешните избори.„Со загриженост гледам дел од изјавите на функционерите на ВМРО и ќе го чекам официјалниот став за да видам како ќе се повика на името на својата држава. Јас лично не се согласував со Договорот од Преспа. Но прифатив Договорот во контекст на континуитетот на државата и призна дека и покрај моето несогласување, истите барања постојат и сега од раководството на Северна Македонија да се слушне по изборите, ако тоа се случи, ќе имаме проблеми“, рече премиерот на Грција.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-01-at-10.43.09

(Видео) Првомајско бегство: Се оди за Грција, гужви на граници и долги колони

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во Македонија е околу 15 до 30 минути.На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања