ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ГРЦИЈА

rtdzrtdzrtdzrdz-347630

(ФОТО) Македонски автомобил падна во море во Грција

Автомобил со скопски регистарски таблички падна вo море во Неа Каликратија, Грција.На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од автомобилот, кој за среќа бил празен и во несреќата нема повредени.Се апелира туристите да внимаваат каде и како паркираат и задолжително да користат рачна кочница кога паркираат на угорнини.„Предупредување!! Би сакал да го привлечете вниманието на вашите следбеници на паркирање на угорнина. Задолжително рачно, задолжителна брзина и правилно тркалање на тркалата. За жал денеска во Неа Каликратија се случи несреќа кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски таблички“, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

violetovi-meduzi

(ФОТО) Објавена мапа каде се забележани виолетови медузи во Грција

Ако оваа година планирате летниот одмор да го поминете во Грција, бидете внимателни кога пливате во морето, бидејќи во поголем дел во близина на плажите на Егејското море се забележани јата опасни виолетови медузи.Оваа појава на зголемена бројка на виолетовите медузи се должи на климатските промени и зголемено ловење на големи риби, а оваа сезона прво се појавиле во Јонското море, од каде морските струи ги однеле во Егејското море.Виолетовите медузи се со големина од 6 до 10 см, а ако ве испече оваа медуза болката може да трае и од 1 до 2 недели.Грчките медиуми објавија мапа на која се обележани местата каде се забележани овие виолетови медузи.

Магазин | пред 3 години

oliver-varhei

Kако што Грција и Македонија го надминаа нивниот спор, очекуваме Бугарија да го направи истото, вели Вархеји

Денес како што ја славиме четиригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, важно е да се нагласи дека како што Грција и Македонија можеа да го надминат нивниот спор и да го решат со заеднички договор, очекуваме Бугарија да ги зајакне нејзините напори и да го направи истото, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во видео обраќањето на панелот „65 години по Договорот од Рим: Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана?“, во рамки на Преспа форумот за дијалог што се одржува во ОхридВархеји нагласи дека Западен Балкан припаѓа во Европа и лидерите на ЕУ едногласно ја изразија поддршката за европската перспектива на регионот и оти соработка со западнобалканските партнери е геополитички избор на ЕУ.– Ова се тешки времиња за нашите економии, прво се соочуваме со пандемијата со Ковид-19 после се соочивме со руската воена агресија во Украина. Последиците од војната се видливи и пошироко во регионот. Високите цени на енергенсите се предизвици со кои се соочуваме глобално. Ве уверувам дека Западен Балкан останува наш приоритет, ова е причината поради која го вклучивме Западниот Балкан во нашите политики за олеснување на криире со гас и храна. Ќе ја намалиме зависноста од руските фосилни горива, на пример со учество на европската енергетска платформа, исто така го вклучивме Западниот Балкан и за подговеноста за криза со храна, за да координираме за достапноста на храна, истакна Вархеји.Еврокомесарот рече и дека инвестицискиот план за Западен Балкан ќе мобилизира над 30 милијарди евра во следните седум години, со цел, како што рече, за да се зголеми БДП на регионот на два проценти, и ќе се забрза интеграцијата.– Имплеменатацијата на планот е во полн ек, веќе ги подготвивме првите 21 инвестициски планови со вкупна вредност од 3,2 милијарди евра и 1,1 милијарди евра грантови преку ИПА фондови. Веруваме дека со забрзувањето на економскиот инвестициски план се движиме во вистински правец за зајакнување на конективноста за зајакнување на нашите економи позелени и подигитални и така ќе се намали зависноста од руските фосилни горива и ќе се спротивставиме на дезинформациите во регионот. Отвораме можности за младите и жените во општеството за нашите земји и општества да бидат поотпорни, рече Вархеји во видео-обраќањето на Преспа форумот за дијалог во Охрид.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања