Годинава поголем број на болни од грип отколку лани во истиот период
Според извештајот на ИЈЗ од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани 56 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела. Сепак, како што е наведено во извештајот, бројот на заболени од грип годинава е поголем, за разлика од ланската година во истиот периодЗа споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица - зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 сезони, се регистрира намалување од 10,5 отсто, појаснија од ИЈЗ.Најмногу има во Гостивар - 20 и Куманово - 15, а потоа во Прилеп - 7, Тетово и Радовиш - по 5, Струмица и Македонски Брод - по 2.Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 48 лица, лица над 65 години - 5, од 5-14 години - 2 лица и од 0-4 години - едно лице. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=22,03/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грипот изнесува 244, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи бил зголемен за 64,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрирало зголемување од 21,9 отсто.Според ИЈЗ, вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот препорачува вакцинација на целото население, особено на лица од ризичните групи, а тоа се постарите лица над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници.
Македонија
|
пред 4 месеци