Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЈЗ

Toploten-bran

Екстремни горештини од утре го зафаќаат регионот – здравствените власти апелираат на внимателност кај најранливите!

Македонија се подготвува за нов, интензивен топлотен бран кој се очекува да го зафати целиот регион. Под влијание на многу топла воздушна маса од јужните краишта, од утре па сè до средината на наредната недела, земјава ја очекува период со исклучително високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) преку официјален допис.Времето ќе биде претежно сончево со слаба до умерена облачност, а температурите речиси насекаде ќе надминуваат 30°C. Во одредени делови од земјата термометрите ќе покажат и над 40°C. Според најавите, неделата попладне и вечерта може да донесе краткотрајна нестабилност со локални врнежи и грмежи.Во пресрет на жештините, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати сериозни препораки, особено насочени кон заштита на повозрасните граѓани, хронично болните и другите ризични групи.Според ИЈЗ, повозрасните лица треба да избегнуваат директно изложување на сонце и физички активности на отворено, особено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува носење светла, лесна и памучна облека, капи со широк обод, очила за сонце и задолжително користење заштитен крем со УВ фактор од најмалку 30 кога се излегува надвор.Исто така, важно е да се внесува повеќе течност од вообичаено – најдобро обична вода – и да не се чека до појава на жед. Се апелира на избегнување алкохол, пијалаци со кофеин и екстремно студени напивки, кои може да предизвикаат шок за телото. Доколку лицето има медицински препораки за ограничен внес на течности, неопходно е претходно да се консултира со лекар.Во делот на домашните активности, ИЈЗ советува да не се користат шпорети, рерни и други извори на топлина во најжешкиот дел од денот, бидејќи тоа дополнително ја зголемува температурата во затворените простории.– Хронично болните лица, особено оние со срцеви, белодробни и невролошки заболувања, мора строго да се придржуваат до овие насоки и редовно да ја земаат својата терапија – порачуваат од Институтот.Во случај на било какви промени во здравствената состојба, граѓаните треба веднаш да се јават кај својот избран матичен лекар – се наведува во соопштението.

пред 7 месеци

sonce-so-termometar

ИЈЗ со препораки за претстојниот пеколно топол бран

Оваа недела не очекува пеколно топло време, сончево и топло време со температури до 39 степени.Со препораки за заштита излезе Институтот за јавно здравје за почитување на мерките за заштита на здравјето на популацијата , а посебно на ранливите групи на население во услови на високи температури.ИЈЗ предлага разгледување на можноста за потенцијално работење онлајн, флексибилно работно време, двократно работење или надополнување на изгубеното работно време. ИЈЗ препорачува избегнување на работа на отворено во периодот од 11 до 17 часот, почести паузи и постојано конзумирање на течности и електролити.За вработените, ИЈЗ препорачува урамнотежена исхрана, внесување минимум два литра вода дневно, избегнување алкохол и кофеин, и внесување електролити при засилено потење.За целата популација ИЈЗ препорачува редовен одмор, доволно спиење, туширање, носење лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капи и крем со УВ фактор 30+ при работа на отворено. Клучно е и препознавањето на симптомите на топлотен удар како што се вртоглавица, замор, вознемиреност, повраќање.При симптоми на топлотен удар веднаш да се повика 194 или 112. Лицето треба да се префрли во разладена просторија, да легне хоризонтално со подигнати нозе, да се лади со ладни облози и прскање со вода како и да не се дава терапија додека не пристигне лекарска помош. Ако лицето е во бессознание, да се постави во странична положба.

Македонија | пред 8 месеци

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Пеколно топло, ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Температурите растат и нема најава за заладување.Институтот за јавно здравје објави низа препораки за заштита на населението од потенцијално опасните ефекти на топлотните бранови. Апелот е насочен кон сите граѓани, со особен фокус на најранливите категории – постари лица над 60 години, деца, бремени жени, хронично болни, лица со прекумерна тежина, оние со ментални нарушувања и граѓани кои се подложени на специфични терапии.ИЈЗ предупредува дека ризикот од здравствени компликации е најголем кај оние кои работат или престојуваат на отворено во текот на најжешките делови од денот.Ова се препораките од ИЈЗ:-Избегнувајте престој на сонце од 11 до 17 часот.-Облечете лесна, широка облека во светли бои; носете капа со широк обод и очила за сонце.-Престојувајте во климатизирани простории, кога е можно.-Ако морате да бидете надвор, одмарајте често во сенка и избегнувајте директна изложеност на сонце.-Пијте доволно течности – вода пред сè – и не чекајте да се појави жед.-Никогаш не оставајте луѓе или животни во паркирани возила, дури ни за кратко.-Туширајте се со млака вода или ставете ладни облоги на телото.-Лицата со хронични болести строго да ги следат препораките и редовно да ја земаат терапијата, по консултација со матичен лекар.Институтот предупредува: ако некое лице покажува знаци на топлотен удар – како што се топла и сува кожа, болки во стомакот или губење на свест, веднаш да се повика итна медицинска помош на броевите 194 или 112.

Македонија | пред 8 месеци

272805272_268309175433840_3108812876655375720_n

Грипот зема замав, еден починат и нови 3.035 заболени

Извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 17 до 23 месецов покажува раст на заболените од грип. Пријавени се 3.035 случаи на заболени од грип или за 11,3 проценти повеќе во споредба со претходната недела. Пријавен е и еден смртен случај на Клиниката за пулмологија. Починатото лице било на 78 годишна возраст, кое било невакцинирано, и со хронични заболувања.„Сѐ уште сме во широка географска распространетост, но, со средна активност на вирусот на грип. Се очекува и според историските податоци, постепено намалување и да излеземе од овој период”, изјави д-р Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија во ИЈЗ.Според анализата на ИЈЗ годинава имаме пријавено повеќе од 17.000 болни од грип, што се должи пред сѐ на некои на мутации на вирусот.„Тоа на што апелираме уште од почетокот на сезоната, е, почитување на општите мерки на превенција за респираторни заболувања воопшто, каде припаѓа и грипот. Избегнување контакт со заболени лица, избегнување простории каде што има голем број лица, често проветрување на просториите каде што се престојува, слоевито облекување, топло во ладните зимски денови и консумирање свежи продукти богати со витамини и минерали - овошје и зеленчук. Кога би се појавиле симптоми, тогаш да се избегнува контакт со други луѓе, да не ги доведуваат во ризик, да се остане дома, да се пијат многу течности и секако, доколку се чувствува влошување на симптомите, веднаш да се контактира матичен лекар или инфектолог“, рече д-р Кочински.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-20-at-13.09.09

Се намалува бројот на заболени од грип: избегнувајте да седите во простории со повеќе луѓе, проветрувајте и грејте дома

Оваа и претходната недела има намалување на заболени од грип. Но, ако бројките на заболени се споредат со истиот период од минатата година - тие се драстично зголемени. Во сезоната 2024-2025 година, вкупен број на случаи на грип е 14.340, во споредба со истиот период минатата година бројот бил 11.921. Ова значи дека бројот на пријавени случаи е за 20,3% повеќе. Досега, нема смртни случаи од грип и инфуенца.„Бројката во овој период е значително повисока, од минатата година. Среќа, имаме втора недела по ред намалување“. 1.494 лица се од 15 до 64 години, 655 лица се деца од 5 до 14 години, 289 се лица од 65 години и 288 лица се деца од 0 до 4 години. Најмногу пријавени, 616 лица во Скопје, 286 лица во Битола, во Куманово 149, Струмица 202“, рече директорката на ИЈЗ Марија Андоновска.Директорката додаде да се следат препораките, а тоа значи да се избегнуваат простории каде има повеќе луѓе, да проветруваат, да затоплуваат, да мијат раце. За заболените, треба да остнаат дома, децата да не одат во училиште, да немаат контакт со здрави лица.

Македонија | пред 1 година

272805272_268309175433840_3108812876655375720_n

Бројот на заболени од овчи сипаници во пораст

Овчите сипаници - најчесто регистрирано акутно заболување во месец декември минатата година се овчите сипаници или познати како варичела. Вкупно има 1 025 лица, стои во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје.„Овие бројки се сериозен показател за состојбата со заразните заболувања во земјава. Порастот на овчите сипаници, како и зголемената бројка на сексуално и крвно преносливи инфекции, бараат засилени превентивни мерки“, велат од ИЈЗ.Во споредба со истиот период минатата година, бројот на пријавени случаи пораснал за 4,6%, а во однос на десетгодишниот просек, порастот изнесува 8%.„Овој тренд укажува на потребата од редовна вакцинација и зголемена јавна свест за рано препознавање и превенција“, децидни се од Институтот.Во месец декември евидентирани се и 6 случаи на Ковид-19. Но ова не е реална бројка бидејќи граѓаните не се тестираат и често сами се лекуваат.Забележани се 7 случаи со сифилис, 6 со вирусен хепатит Б, 5 со вирусен хепатит Ц и 4 со инфекција со хламидија.Од ретките заболувања има 4 случаи на голема кашлица и 2 на заразни заушки.Еден случај на СИДА завршил со смрт.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

Кај две бебиња регистрирана голема кашлица изминатава недела

Три нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 01 до 07.11.2024 година, објави Институт за јавно здравје.Пријавени се 2 случаи од Скопје и еден од Кратово.„Два од случаите се на возраст под 1 година, невакцинирани и еден над 50 години со непознат вакцинален статус“, велат од ИЈЗ и додаваат дека двајца се хоспитализирани.Во 2024 година се регистрирани 1.154 лица, заболени од голема кашлица.Најголем број од заболени лица се регистрирани на територијата на Скопје (70,5%), а заболени се регистрирани и во 22 други градови низ Македонија.„Од вкупниот број на регистрирани случаи (1.154), 731 случаи (односно 63,3%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација“, стои во известувањето од Институтот за јавно здравје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-11.35.22

Драма во ИЈЗ: Вработен ги исклучил коморите со реагенси!

Вчера (31.07.2024) околу 17 часот во СВР Скопје од Институт за јавно здравје било пријавено дека во временскиот период од 14.30 до 16.00 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести.Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања