Промени тема
Контакт

Грипот зема замав, еден починат и нови 3.035 заболени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
272805272_268309175433840_3108812876655375720_n

Извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 17 до 23 месецов покажува раст на заболените од грип. Пријавени се 3.035 случаи на заболени од грип или за 11,3 проценти повеќе во споредба со претходната недела. Пријавен е и еден смртен случај на Клиниката за пулмологија. Починатото лице било на 78 годишна возраст, кое било невакцинирано, и со хронични заболувања.

— реклама —

„Сѐ уште сме во широка географска распространетост, но, со средна активност на вирусот на грип. Се очекува и според историските податоци, постепено намалување и да излеземе од овој период”, изјави д-р Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија во ИЈЗ.

— реклама —
— реклама —

Според анализата на ИЈЗ годинава имаме пријавено повеќе од 17.000 болни од грип, што се должи пред сѐ на некои на мутации на вирусот.

— реклама —

„Тоа на што апелираме уште од почетокот на сезоната, е, почитување на општите мерки на превенција за респираторни заболувања воопшто, каде припаѓа и грипот. Избегнување контакт со заболени лица, избегнување простории каде што има голем број лица, често проветрување на просториите каде што се престојува, слоевито облекување, топло во ладните зимски денови и консумирање свежи продукти богати со витамини и минерали - овошје и зеленчук. Кога би се појавиле симптоми, тогаш да се избегнува контакт со други луѓе, да не ги доведуваат во ризик, да се остане дома, да се пијат многу течности и секако, доколку се чувствува влошување на симптомите, веднаш да се контактира матичен лекар или инфектолог“, рече д-р Кочински.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv97mbmnhbd5m1SmIn7E

ИЈЗ со совети како полесно да спиете во топлите ноќи: На ова особено внимавајте

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
toplo-vreme-768x556

Топлотниот бран е најопасен за повозрасните: ИЈЗ со совети како да се заштитат лицата над 65 години

Македонија | пред 1 месец

toplo-vreme-768x556

ИЈЗ со апел: Пијте повеќе вода и избегнувајте сонце од 11 до 17 часот поради високите температури

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

ИЈЗ: Фекалии и отпадни води се влеваат во Охридското Езеро, но водата е безбедна за капење

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања