Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Не ја одложувајте вакцинацијата против морбили, порачуваат од Институтот за јавно здравје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
morbili

Институтот за јавно здравје ги повика родителите и граѓаните да проверат дали се целосно вакцинирани против морбили и, доколку пропуштиле доза од МРП вакцината, навреме да ја надоместат во надлежните вакцинални пунктови.

— реклама —

Апелот доаѓа поради сè уште недоволниот опфат со МРП вакцината во Македонија, како и актуелната епидемиолошка состојба и регистрираните случаи на мали сипаници во дел од соседните земји.

— реклама —

Од Институтот потсетуваат дека вакцинацијата е најефикасната заштита од морбили и нивното ширење во заедницата. Особено е важно децата да ги примат двете дози од МРП вакцината, согласно Националниот календар за имунизација.

— реклама —

Граѓаните кои не се сигурни дали ги примиле потребните дози треба да го проверат својот вакцинален статус и, доколку имаат пропуштена вакцинација, да ја надоместат.

— реклама —

Од ИЈЗ нагласуваат дека навремената имунизација не го штити само здравјето на поединецот и неговото семејство, туку придонесува и за заштита на целата заедница. Граѓаните се повикани да не ја одложуваат вакцинацијата и да се обратат до најблискиот вакцинален пункт за проверка, имунизација и дополнителни информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv97mbmnhbd5m1SmIn7E

ИЈЗ со совети како полесно да спиете во топлите ноќи: На ова особено внимавајте

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
toplo-vreme-768x556

Топлотниот бран е најопасен за повозрасните: ИЈЗ со совети како да се заштитат лицата над 65 години

Македонија | пред 2 месеци

toplo-vreme-768x556

ИЈЗ со апел: Пијте повеќе вода и избегнувајте сонце од 11 до 17 часот поради високите температури

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

ИЈЗ: Фекалии и отпадни води се влеваат во Охридското Езеро, но водата е безбедна за капење

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања